|
Колитис |
Внеси реплика |
Автор | |||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Октомври.2009 во 19:38 |
||
Изменето од bijonse1 - 11.Октомври.2009 во 19:54 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
„Дијастоп“, нов лек за дијареја на „Алкалоид“ Нашата најголема фармацевтска компанија „Алкалоид“ деновиве го
промовираше „дијастоп“, нов препарат за дијареја. Станува збор за
ефикасен пробиотик кој успешно дејствува при дијареја, гасови и при
надуеност, што се особено актуелни во овој летен период. Овој пробиотик
е врз база на спори од бактеријата бацилус суптилис ИП 5832, кои ги
решаваат проблемите на нарушената цревна рамнотежа, со што позитивно
дејствува на цревната микрофлора која е одговорна за правилното варење
на храната. Овој препарат е сосема безбеден за употреба кај сите
возрасти, без контраиндикации и несакани ефекти. |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Колитис е општ израз за воспалителни болести на долниот дел на
дигестивниот тракт, поточно на цревата, вклучувајќи ги и Кроновата болест и
хроничниот улцерозен колитис.
Кај улцерозниот колитис во дебелото црево се создаваат мали улкуси (чиреви) и други воспаленија, кои со тек на време се разгоруваат и се манифестираат со појава на крвави измети или проливи што можат да бидат значително болни. Обично се јавува кај млади, возрасни пациенти, но ова заболување може да се јави на која било возраст и е поврзано со разни други нарушувања: од очни тегоби, па се до артритис во зглобовите на рацете и на нозете. Болеста се манифестира со следниве симптоми: болка во пределот на стомакот, чести, упорни празнења или проливи, проследени со појава на крв или гној, температура, замор, слабост, намалување на телесната тежина, болки и осетливост во зглобовите. Нападите кај улцерозниот колитис обично се повторуваат, а опасноста од појава на карцином на дебелото црево забрзано се зголемува по 8-10 години од појавата на болеста. Иако постојат повеќе теории што ја објаснуваат можната причина за појавата на ова заболување, ниту една од нив не дава конечен одговор поткрепен со цврсти, научно докажани факти. Многу болести даваат симптоми како улцерозниот колитис, на пр. труењето со салмонела. Дури и при земање на некои видови антибиотици, како амоксицилин, клиндамицин, тетрациклини, можат да предизвикаат симптоми како кај колитисот, но со престанок на терапијата симптомите исчезнуваат. Дијагнозата се воспоставува со преглед на дебелото црево со сигмоидоскоп - растеглива цевка што се вовлекува во дебелото црево, но често се користи и биопсија - со земање на дел од слузницата на дебелото црево за цитолошка анализа на клетките под микроскоп. Мајката природа за секоја болест создала и лек. За нарушена функција на цревата и за отежнато варење на храната природен лек се ферментираните јужни овошја папајата и гуавата. Папајата е овошје на долговечноста - вели една стара кинеска мудрост. Во Порторико ја нарекуваат "ванти", што значи здравје, т.е. "тиквичка на здравјето", а во Куба - "витаминска бомба" - поради изобилството витамини, ензими, аминокиселини, минерали и други важни биоактивни супстанции, кои се присутни како во плодот така и во листовите, младите фиданки и во коренот на ова благородно растение. Гуавата е лековито, тропско овошје што може да биде складирано само за кратко време, па во трговијата речиси и го нема, а свежи листови има само во тропските земји. Од листовите и од плодот на недозреаната папаја и гуава можат да се произведуваат ферментирани производи. Со тоа, продуктот ја задржува живата пробиотска сила, а хемиските средства, конзервансите и преголемите загревања стануваат непотребни. Во многу земји се користи ферментираната папаја со гуава. Процесот го разви научникот Јосе Перко, кој успеа гуавата и папајата да ги направи способни за долготрајно складирање со помош на ферментацијата со помош на комбухата. Во процесот на ферментацијата таа продуцира пробиотици, витамин Б, фолна киселина, глук*ронска киселина, млечна киселина. "Гуава-папаја концентратот" содржи висока концентрација на млечна киселина, која пак е природен конзерванс. Утврдено е дека папајата и гуавата во своите лековити својства одлично се надополнуваат, а збогатени со различни лековити материи (бозел, лимон, зелен чај) се постигнува поширок спектар на дејствување. Папајата и гуавата се богати со ензими што ја забрзуваат дигестијата. Причината зошто папајата им помага на толку луѓе во варењето лежи во тоа што нејзините разложувачки ензими, папаин и chymopapai, дејствуваат во многу широко pH-подрачје. Гуавата, пак, со својата особина да стега, го намалува бројот на течни и болни празнења на цревата. Со соодветен режим на исхрана без лактоза и богата со растителни влакна, умерена физичка активност и со редовна употреба на ферментирани ензимски производи, во голема мера можат да се ублажат тегобите од улцерозниот колитис. При таква терапија доаѓа до смирување на воспалените црева и до подобрување на општата здравствена состојба на пациентот. Емоциите (бес, гнев, лутење, страв) можат да предизвикат телесна болест, или да ја влошат веќе постоечката. Значи, тоа се болести во кој психичкиот фактор игра значајна улога. Према Franc Aleksander (1950 г.) класични психосоматски болести: Гастродуоденален улкус Улцерозен колитис ХТА Хипертиреоза Бронхијална астма Хроничен полиреуматизам на зглобовите Неуродерматитис Денеска, према МКБ: Алергиски реакции; ангина пекторис; ангионеуротичен едем; аритмии; ХТА; бронхијална астма; гастродфуоденален улкус; диабетес меллитус; хиперинсулинизам; хипертиреоза; иритабилен колон; кардиоспазам; мигрена; болни менструални пореметувања; мукозен колитис; неуродерматитис; пилороспазам; пруритусани; реуматоидни артритис; регионален ентеритис; тахикардија; туберкулоза; улцерозен колит; уртикарија. |
|||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |