|
Фито терапија |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Август.2010 во 17:00 |
Глуварче
Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки и е од фамилијата Asteraceae. Тоа е повеќегодишна билка со жолти цветови. Глуварчето успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места. Глуварчето цвета од март до октомври. Допирот со свежиот млечен сок може да предизвика алергиска реакција на кожата. Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Глуварчето е природен лек и за многу заболувања. Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје. Латинскиот назив на глуварчето е Taraxacum. Во превод тоа значи „дива салата“, бидејќи неговите здрави листови оддавна се ценети во исхраната. Глуварчето е познато по својата лековитост. Но, тоа е и многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места. Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино. Коренот од глуварчето има сложен хемиски состав. Млечниот сок од глуварчето содржи: хетерозиди, јагленохидрати, минерали, и други корисни состојки, па често се користи за лекување на камен во жолчната кеса, камен во бубрегот, за атеросклероза и многу други заболувања. Глуварче за чистење и јакнење на организмот На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Ваквата салата или чистиот сок од глуварче ја прочистуваат крвта, ја подобруваат крвната слика, како и го чистат организмот од наталожените отрови. По ваквото чистење на организмот доаѓа до ублажување на реуматските симптоми и исчезнување на многу кожни заболувања, кои се често последица на загаденоста на организмот со токсини. Глуварче како природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство кое помага во нормализацијата на размената на материите во организмот. Со тоа, глуварчето делува благотворно при некои заболувања, како на пример при: гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност. Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а глуварчето во Германија и Полска се користи и како природен лек против каменот во бубегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања. Глуварчето за подобар апетит и подобро варење на храната Листовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли. Горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и го подобруваат варењето на храната. Исто така, глуварчето, како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето на жолчката. Глуварчето како природен лек за црниот дроб и жолчната кеса Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчната кеса, за лекување на камен во жолчната кеса, како и како природен лек за колит (воспаление на дебелото црево), жолтица, запек... Коренот се собира во пролет, кога е најсочен, а листовите се берат пред цветањето на билката. Глуварчето како сировина за добивање на лекови Во современата медицина и во фармацевтската индустрија, коренот од глуварчето се користи како сировина за добивање на лекови, бидејќи истражувањата и фитохемиските студии покажале дека тој содржи: горчлив гликозид тараксицин, полисахариди, инсулин, сахароза, белковини и многу други корисни материи. Глуварчето како додаток на јадењата Младите листови од глуварчето може да се додаваат и на други свежи салати, да се ставаат во чорби, да се од нив прават вкусни и здрави сосови и да се додава на месото печено на жар. Правите гурмани тврдат дека закиселените или маринирани цветни пупки од глуварчето се одлични за правење на разни вкусни и здрави сосови и преливи. Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол дена, бидејќи прекумерната доза може да ги оптерети органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количини, глуварчето е еден од најјаките лекови од природата. За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еукалиптус
Еукалиптусот е долговечно зимзелено дрво, разгрането, високо над 50 метри. На едно дрво се наоѓаат два вида гранки, односно лисја. Еукалиптус По потекло, еукалиптусот е од Тасманија и Австралија, Но, денес се одгледува во многу земји со топла клима. Постојат преку 700 врсти на аукалиптус, а најголем број од нив доаѓаат од Австралија, додека мал број на врсти успеваат во Нова Гвинеја и Индонезија. Лековити својства Се користат исушени листови од дрвја стари над 3 години. Од нив се прави и етерично масло. Лисјата може да се собираат во секое време, бидејќи билката е зимзелена, но за лековити се сметаат само оние собрани кога цветаат дрвјата. Собраните листови се тврди, дебели, кожести, ситно брадавичести, со копјестојајцевиден изглед и свиткани во вид на срп. Имаат специфичен мирис, а вкусот им е ароматичен и горчлив. Етеричното масло се добива со дестилација со водена пара на сувите листови и цветни пупки. Тоа е составен дел на разни препарати за лекување на ревматските заболувања. Етеричното масло од еукалиптусот обично се користи како лек за смирување на воспалението на горните дишни патишта и како средство за полесно изфрлање на слузта, односно за полесно искашлување. Се користи и како течност за испирање на устата. Често етеричното масло влегува во составот на препаратите за нега и хигиена на забите. Во ароматерапијата, маслото од еукалиптус се користи за намалување на болка, за лекување на депресија, за ублажување на астма, артрит, главоболка и како помош при откажување од пушење. Најчесто маслото од еукалиптус може да се купи без лекарски рецепт, но во тој случај лицето треба внимателно да се придржува на советите на неговиот лекар и да ги прочита упатите на производот, затоа што прекумерна количина од ова масло може да предизвика сериозни последици. Еукалиптусот не им се препорачува на трудниците, доилките, малите деца и доенчињата, осебно не во близнина на лицето и горните дишните патишта. Еукалиптусот, исто така, може да предизвика алергиски реакции. Затоа доколку лицето е склоно кон алергии, треба претходно да се консултира со својот лекар. Во случај на појава на алергиски знаци, треба веднаш да се престане со користење на маслото од еукалиптус и лицето веднаш да се јави на лекар. Кај лицата кои секојдневно користат одредени лекови, по препорака на доктор, комбинирањето на еукалиптусот и одредени врсти на лекови (на пример: седативи, антидепресиви или лекови за дијабет) може да доведе до здравствени потешкотии, па затоа е потребно тие лица претходно да се консултираат со својот лекар. Чајот од билката се дава при воспаленија на горните дишни патишта (бронхит, бронхијална астма, трахеит, фарингит, ларингит и слично). Чајот од еукалиптус се препорачува и при воспаление на мочните патишта, бидејќи делува антисептично и антивоспалително. Чај од листови од еукалиптус: А лажица суви лисја се попаруваат со 300 милилитри врела вода и садот се остава да стои покриен 20 минути. Се процедува и се пие по 100 милилитри, 3 пати на ден. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бреза – лековита билка
Брезата (betula pendula) е билка со тенки, витки гранчиња и бела мазна кора, која може да се лупи на листови, тенки како лист хартија. Безата може да израсне од 10 до 25 метра во височина. Цветните реси се долги 3-4 sm, а се развиваат заедно со лисјата. Постојат две врсти на бреза: бела или обична бреза и цветна или северна бреза. Во фитотерапијата и двата вида на бреза имаат еднаква вредност и примена. За лек се собира сокот, ресите, листовите и кората. Сокот се вади кон крајот на февруари и во март. Лисјата се бераат во пролет, кога се млади и потполно развиени. Тие имаат специфичен мирис и горчлив вкус. Лисјата треба да се сушат на ладно и проветрено место, а никако на сонце. Брезовите лисја содржат околу 8% танин, околу 8% шеќери, малку етерично масло, смола, горчливи материи, сапонозиди и друго.Кората се собира во пролет и есен. Брезата е една од најдобрите диуретични билки, со многу јако дејство. Од пупките и листовите на брезата се припрема чај, кој е еден од најдобрите природни диуретици. Тој помага во исфрлањето на вишокот на водата од организмот, помага во намалувањето на отоците, кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите. Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тпј и помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото. Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта. Чајот од брезовите лисја не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој посебно се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање. Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла кислеината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест. Во пролет, кога ќе почнат да циркулираат соковите, се пробушува дупка во брезовото стебло. После тоа , дупката се затвара со дрвен клинец. Од едно стебло може дневно да се собере околу 4- 5 литри сок, а околу 170 литри во сезона. Честото бушење на едно исто стебло штетно делува на дрвото, му се намалува отпорноста према габичните инфекции. Брезовиот сок е богат со шеќер, па доколку го загреваме до вриење, се добива брезово вино. Сокот и виното од бреза се одличен природен лек за лекување на атеросклероза, гојазност, бубрежни каменчиња и други бубрежни заболувања. Природни рецепти од бреза Чај против водена болест: 5 g листови од бреза, 5 g рузмарин, 5 g листови коприва, 10 g коњско опавче (equisetum arvense) и 10 g листови од боровинка. Една лажица од оваа мешавина се прелива со 2 децилитри врела вода. Оладениот чај може да се заслади со мед. Чај против ревматизам и гихт: Применете иста количина на листови од бреза, листови коприва и кора од крушина (Rhamnus frangula). Чајот пригответе го и пиете го исто како и во претходно наведениот рецепт. Пролетно чистење на организимот: Од стеблото на брезата се исцедуваат 5-6 лажици сок и се меѓа со козјо мелко и мед, или со малку вино. Овој напиток се пие во пролет за прочистување на крвта. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
nansy
Нов член Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ехинацеа
Латинско име: echinacea angustifolia, echinacea purpuerea Опис: ехинацеата е билка од фамилија Asteraceae. Има шупливо стебло со висина од 50-100 цм. Долгнавестите листови се прекриени со ситни влакненца. Цветот е љубичаста боја. Ехинацеата ја користеле Индијанците за различни болести. Во медицинска употреба е од 1887 година, за лечење многубројни болести (од прехлада до посериозни вируси). Уште во 1930-та година во Германија започнале современи истражувања за лековитите дејства на оваа билка. Потекло: потеклото на ехинацеата е Северна Америка, но денес поради нејзините лековити својства таа се одгледува ширум светот. Лековит дел од ехинацеата: во медицината се користи коренот од ехинацеата, како и надземниот дел од билката кој се бере за време на цветањето. Лековито делување: делува како јак имуностимулатор, го појачува одбрамбениот систем на огранизмот, преку зголемено производство на поголем бројот на антителата и леукоцитите во крвта. Ехинацеата е јак противотров. Делува против воспалително и зајачува. Посебно делува врз спречување на ширењето на бактериите и ги стимулира производните ткива кои лечат и затвараат рани (рани на кожа : акни, чир, воспалени исекотини, егземи, воспалени кожни жлезди, убод од инсекти). Исто така ги стимулира бубрезите и црниот дроб во процесот на детоксикација. Се применува и за лечење инфективни болести. Се косристи и против детски болесто, херпеси, грип, воспалени синуси, бронхит, и други болести на дишните патишта. Помага и во воспалена простата и бешика. Истражувањата покажале дека полисахаридите, масните киселини и глугозидите кои се присутни во коренот на ехинацеата делуваат како природен антибиотик и како голем чистач на комплетниот крвоток. Ехинацеата е моќен анти канцероген рефламатор. Најинтензивни научни експерименти со оваа билка почнале да се прават пред помалку од дваесет години, но сеуште не е направен целосен список на нејзините благотворни дејства врз здрав организам. Сепак, докажано е дека нејзиниот состав е богат со кортизонски активности, од каде се објаснува нејзината ефикасност кај прочистувањето на крвните садови и зголемувањето на белите крвни зрца, во борбата против прогресот на канцерот ,како и во брзото зараснување на раните. Антибиотското дејство овозможува оздравување и опоравување после вирусно боледување. Ехинацеата го блокира хијалуронидаж, ензим кој ги произведува бактериите стрептокока, страфикока, пнеумокока. Активните својства на ехинацеата немаат непожелни појави. Затоа се советува нејзина употреба како превентива. Сосотјби при кои ехинацеата дава значајни приобивки се: • ослабен имунитет • прехлада, респираторна инфекција • грип • цир • инфекции на устата • сепсис |
|
малите нешта го прават животот убав !!!
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕЧКИНО ГРОЗЈЕ
Мечкино грозје при воспалени мочни патишта При терапија со препарати од мечкино грозје треба да се избегнува кисела храна Воспалението на мочниот меур предизвикано од бактерии се нарекува цистит. Симптоми на ова заболување се честото мокрење, печење при мокрење, чувство на непријатност и притисок над срамната коска. Многу често при мокрење, особено при крај на мокрењето, се јавува остра болка, а понекогаш и крв, односно гној во урината. Кај жените циститите се почести од повеќе причини. Специфичната градба на женската уретра, а особено нејзината должина (околу 3 см) условува непосреден контакт со вагината и надворешната средина. Од друга страна, при бременост и менопауза се создаваат поголеми предиспозиции за инфекција на мочниот меур. Кај постарите мажи многу често циститот се јавува како последица на аденом на простатата. Можна компликација при подолготрајни цистити е воспаление на бубрезите. Циститот се разликува од воспалението на бубрезите по тоа што никогаш не е проследен со покачена температура. Едно од најпознатите растенија што се користат при воспаленија на мочните патишта е мечкиното грозје (Arctostaphylos uva ursi). Тоа е зимзелена, многугодишна, разгранета грмушка, висока 20 до 50 см, која расте и кај нас на планински места со песоклива и каменлива почва. Нејзините лисја се карактеристични по тоа што се изразито дебели, кожести и имаат облик на лопатка, при основата се стеснети. Во фитотерапијата се употребуваат лисјата, кои се собираат кога билката цвета - од мај до август. Најважно дејство на таа билка е уроантисептичното (ги уништува патогените микроорганизми во уринарниот тракт). Лековитото дејство на билката при воспаление на мочните органи се надополнува и со нејзиното диуретично дејство (го засилува излачувањето на урина). Значајно е да се напомене дека при употреба на чај од оваа билка урината треба да има базна реакција, а тоа ќе се постигне кога пред употребата на чајот ќе се испие 1 кафена лажица сода бикарбона. Активните состојки на оваа билка се арбутин и метил-арбутин, кои само во базна средина преминуваат во хидрохинони, кои се, пак, носители на антисептичкото дејство. Затоа пациентите се советуваат да избегнуваат внесување на кисела храна (кисело овошје) за време на терапијата со оваа билка. Чајот се подготвува кога една чајна лажица исушени и здробени лисја се прелеваат со 250 мл вода и се варат 5 минути. Потоа треба да отстои 20 минути. Дневно се пијат по 2 чаши. Пациентите со чувствителен желудник или тие што страдаат од гастритис и чир треба да го подготвуваат чајот без варење, на следниов начин: една супена лажица здробени лисја се прелеваат со 2 чаши студена вода, се остава да отстои цела ноќ и потоа се процедува. Таа доза е за 24 часа и се пие постепено во мали количества. Со избегнување на варење на чајот се спречува ослободувањето на материи што ја дразнат лигавицата на желудникот и на цревата. ............... |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брокула - екстремна доза витаминиМалку по малку, но почнавме брокулата да ја внесуваме во нашата исхрана. Дали во супа, сварена или похувана, се среќава во рестораните. Нејзиниот вкус е близок до оној на карфиолот, а нејзината енергетска вредност оди до крајност. Состав на брокулата: Витамини: А, Ц, Е, Б, а особено Б9. Минерали: калциум, магнезиум, железо, бета-каротен, фолна киселина. Полезна за органите: Ги штити цревните слузници. Лесно се вари, содржи растителни влакна што влијаат во одржувањето на цревната флора. Одлична е за здравјето на срцето. Крвните садови стануваат еластични со што се подобрува циркулацијата. Таа го поттикнува производството на ензимите што го штитат срцето од оштетувања. Ја одржува функцијата на белите дробови. Белите дробови може да се оштетат и од обичен грип, доколку тој стане хронична болест или прерасне во пневмонија. Особено во ерата на свинскиот грип, белите дробови се изложени на најголем ризик. Но, состојката во брокулата, позната како сулфорапан, ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Го штити мозокот. При повреди на мозокот доаѓа до оштетување на значајни протеини. Истражувањата покажале дека брокулите ја намалуваат загубата на функциите на тие протеини. Заштитните својства ѝ се препишуваат на состојката сулфурафан. Се бори со болестите: Дијабетес. Брокулата е најголем извор на хром кој е неопходен за намалување на шеќерот во крвта. Ако дневно дијабетичарите треба да внесат 25 милиграми хром, само во 100 грама брокула има 22 милиграма. Рак. Со оглед на тоа што е антиоксиданс кој влијае експресно, брокулите го забавуваат оштетувањето на клетките што настанува под дејство на слободните радикали. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и може да го поттикнат самоуништувањето на клетките на ракот. Стрес. Одлично се справува со стресот и депресијата. Им се препорачува на сите луѓе, особено на децата во развој, спортистите и на трудниците (поради фолната киселина). Причината е нејзиниот состав кој се одликува со висок процент на витамини и минерали. Слабеење на видот. Секојдневното изложување на УВ-зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите може да го заштитат окото од УВ-зрачењето со јачина шест. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Brunette
Нов член Регистриран: 02.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АЛОЕ ВЕРА
Алое вера е растение кое најверојатно потекнува од северна Африка, Мадагаскар и Арапскиот Полуостров. Ова растение се споменува уште во Стариот Завет 6000 години пред Исус. Се смета за лековито. ОПИС: Алое вера е билка која содржи повеќе од 280 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3-4 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller, што ја открил ботаничарот Милер на островот Барбадос. Целосно развиеното растение во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри. Листовите се распоредени во форма на розета. Младите листови растат внатре високо, надворешните претставуваат стари листови. Еден лист тежи 1,5-2 килограми. Корењата на алое вера се релативно кратки и лежат само на земјата. Тоа е и причината што алое вера има потреба од многу вода. Но природата тука се обезбедила со многу големи резерви на вода и храна во форма на внатрешен безбоен гел. ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА: Рецепти со алое вера се пронајдени и на месопотамските глинени плочки 2200 години пред наша ера, во градот Нипур. Напишан опис за лековитото дејство на алое вера е пронајден во стариот Египет меѓу колената на една мумија на папирус од 1550 година п.н.е. Ова растение е пренесено во Азија 400 години п.н.е. Грчкиот лекар Целзиус, алојата ја вовел во медицината 50 години п.н.е. Во записите од ова време ова растение се споменува како семоќно, чудесно растение. Како кралско и свето растение, Алојата ја почитувале и со успех ја употребувале фараони, Индијанци, Кинези, Јапонци, како и многу други народи и племиња, потоа Индира Ганди,Наполеон Бонапарт, Александар Велики, Колумбо, Хипократ и други. Првиот подетален опис за лековитите својства на ова растение го дал Диоскорида (68-41 п.н.е). За растението пишувал дека носи мирен сон, го чисти стомакот, ги лечи изгорениците и многу други болести. Подоцна станува многу значајна во медицината на стариот Рим. Во Кина, алое вера почнува да се користи меѓу 800-700 година п.н.е, особено за лекување на болестите на кожа, синуси, грозници и грчеви кај децата. Се смета дека шпанските мисионери го донесле ова растение во новиот свет во 15 и 16 век. Ја саделе околу католичките мисии, а домородците ја користеле како универзално средство за лекување на Карипските Острови во Централна и Јужна Америка. До 19 век се објавени стотици трудови, каде доктори и лаици од цел свет го опишуваат лековитото дејство на алое вера. Во Америка во 1820 година, официјално е прифатено како средство за заштита на кожата. Заинтересираноста на имунолозите и онколозите во последно време е многу зголемена поради добрите резултати од истражувањето во доменот на имуномодуларното, антитуморското и антиалергиското делување на одделни компоненти кои ги содржи ова растение. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА АЛОЕ ВЕРА: На Флорида во 1912 година е основана прва комерцијална плантажа на алое вера. За хумани цели се берат само сосема зрелите листови по нивната 4,5 годишна старост. На ширината на листовите влијаат повеќе фактори, како ветер, временските прилики како и другите надворешни фактори. На плантажите на jужен Тексас, околу долината на реката Рио Гранде, садниците на алоја се садат во редови, на оддалеченост од 60-70 сантиметри, што овозможува модерна, моторизирана обработка, берба и навремено транспортирање. НАЈПРЕПОРАЧУВАНО ЗА: - јакнење на имунитетот - Содржи природен против-воспалителен ефект. - Има позитивни резултати кај луѓе со стомачно-цревни и кожни проблеми, како и кај артритис - одличен кај алергии Изменето од Brunette - 02.Декември.2009 во 16:47 |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РУЗМАРИН... Lat. Rosmarinus Officinalis Потекло: вирее околу Медитеранот. Изглед: грмушесто растение со зимзелени, игличести листови и светло сини цветови. Расте до висина од 1,5-2 метри. Има многу силна арома и дрвенест вкус. Легенда: се смета дека името го добил од латинскиот збор „ros marinus“, што во превод значи: морска роса. Легендата вели дека цветовите од бели станеле сини откако Богородица ја закачила својата наметка на дрво рузмарин додека бегала со Исус од војниците на Ирод. Претставува симбол на љубовта и затоа е неизоставен дел од свадбените веселби. Видови: Постојат само два вида од ова растение. Едниот вирее околу Медитеранот, а другиот го има само во јужна Шпанија и Северна Африка. Примена во исхраната: многу добро оди со риба, месо од живина, говедско и свинско месо. Рузмаринот го зајакнува вкусот на доматите, спанаќот, сирењето, јајцата, печурките. Можете слободно да го мешате и со магданос, мајчина душица, ловоров лист. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жалфија
Латинскиот назив на целиот род Salvia потекнува од латинскиот збор „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2000 години ја ценеле и ја користеле за лечење. Во фитотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сивобеличести поради присуството на нежни влакна. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки – во мај и јуни.... Делотворноста на лисјата се должи, пред се, на присуството на етерско масло (1.5 - 2.5 отсто), кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Во лабораториски услови е докажано дека етерското масло ги уништува бактериите Eshericia colli, Schigela sonei, Salmonela, а нешто послабо дејство против бактериите од групата на стафилококи и стрептококи. Таа е ефикасна и во уништување на некои видови на габи како: cadida albicas, cadida krusei, cadida pseudotropicalis, torulopsis glabrata и cyptococcus eoformas. Поради ваквото дејство, жалфијата е корисна билка за лекување воспаленија и инфекции на слузниците во устата, непцата, грлото. При овие заболувања се препорачува гаргара со концентриран чај: 2 супени лажици иситнети суви лисја се попаруваат со 500 мл жешка вода. Садот стои покриен 20 до 30 минути, а потоа се процедува. За да биде лекувањето успешно, мора да се прави гаргара редовно, на секои 3 часа. Жалфијата ги омекнува слузните секрети од воспалените слузници на дишните органи, односно полесно можеме да ги искашламе. Поради тоа против бронхит може да се пие чај од жалфија. Чајот се припрема со 1 супена лажица суви лисја и 500 мл вода. Се пие три пати на ден по 150 мл. Треба да се избегнува долготрајно пиење чај од жалфија бидејќи етерското масло на жалфијата содржи токсична супстанција тујон. Сувите лисја се употребуваат и како зачин бидејќи ги подобруваат вкусот и мирисот на храната, а го потпомагаат и нејзиното варење. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
xereras
Сениор Регистриран: 15.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 151 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ooooooooo bjonse src.. blagodaram korisna informacija za aronijata a baknezi i za drugite koleski.. mislam deka treba da se nasocime pove;e kon naturalniot nacin na ishrana hemijava ne unisti ve giskam site ,, |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШипинкаШипинката (или шипка) е вид на роза која е широко распространета низ целиот свет. Уште се нарекува „кучешка роза“ што е директен превод од научното латинско Шипинката (или шипка) е вид на роза која е широко распространета низ целиот свет. Уште се нарекува „кучешка роза“ што е директен превод од научното латинско име (Rosa Caninaиме (Rosa Cani).Шипинката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Расте во секакви предели со умерена контитнентална клима, но забележливо е тоа што грмушките кои растат на поголема надморска висина даваат поголеми плодови. Младите гранки се покриени со боцки, како и кај другите рози. Цветот е розев, кој дава мали црвени овални плодови по кои шипинката е најмногу позната. Плодот од шипинка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со Витамин Ц и сите продукти од шипинка се меѓу најдобрите извори за овој витамин. Плодовите остануваат на дрвото за време на зимата, откако ќе отпаднат лисјата. Најпогодни за берење се во јануари−февруари, по што се сушат и се чистат од семките. Понатаму исушениот плод може да се употребува на разни начини. Шипинката е широко распространета по сите планини во Македонија. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мајчина душица
Мајчина душица е ситен зеленкаст лист што расте како ниска грмушка. Листовите се употребуваат свежи или сушени, (како прав). Имаат силен мирис, но и нежен вкус, кој на моменти потсетува и на нане...Се користи и при лекување бронхопневмонија, бронхијална астма, ларингит и туберкулоза Иситнета мајчина душица во свежа состојба натопена како кашичка се употребува за компреси при лечење рани, против загнојување.
Поради големата содржина на тимол, мајчината душица може да покаже и надразнувачко дејство врз лигавицата на желудникот. Затоа не се препорачува долготрајна употреба кај болни со чир на желудник или на дванаесетпрсното црево. Тимолот треба да се дозира внимателно и при бременост. Ефикасно средство и за... Алкохоличари што имаат желба да се одвикнат од пиење може да почнат со третман со чај од мајчина душица според следниот рецепт: Една рака мајчина душица се залива со 1 литар врела вода, се покрива и се остава 5 минути. Се процедува и се става во термос. Ова количество треба да се испие за 1 ден постепено - се пијат мали количества секој половина час. Третманот трае најмалку 15 дена, а притоа се намалува и нервната напнатост. При заболување на црниот дроб (цироза) кај алкохоличари корисно е да се спроведува помошна терапија за детоксикација. Треба да се приготви чајна мешавина од 4 лажици жалфија, 8 лажици жолт кантарион, 5 лажици мајчина душица, 4 лажици ајдучка трева, 3 лажици лист и корен од глуварче и 10 лажици лист од коприва. Од оваа мешавина се подготвува чај - 3 лажици од мешавината се преливаат со 700 мл вода и се остава 2 часа. Се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно...!!! |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кантарионот е најпознат лек против депресија. Неговите блескаво жолти цветови симболично ја претставуваат моќта на сонцето да ги избрка темните сили. Нивното антидепресивно дејство особено се цени и во конвенционалната медицина. Кантарионот веќе стотици години наназад се користи орално за третирање на состојби на депресија, потиштеност, анксиозност, како и болка во желудник.
Облогите од кантарион или малото од кантарион надворешно се користи за третирање на рани, изгореници, каснувања од инсекти и слично.
Треварите ја препорачуваат кај раните кои тешко заздравуваат, бидејќи го забрзува просецот на регенерирање на кожата. Кога се користи за лечење на депресија, кантарионот не е „брз“ лек. Со него нема да постигнете моментален резултат, но дава одлични резултати. Растението му помага и на телото и на душата да закрепне, преку поставување на темелите за целосното лекување. По правило чајот се пие трипати на ден. Првите резултати ќе ги забележите после една до две седмица. Обично еден третман трае три до шест месеци. Дури и да забележите подобрување после еден до два месеца, не се препорачува да се прекине со третманот, бидејќи лекувањето нема да биде целосно. При нормалната употреба не се забележани некои негативни ефекти, но кантарионот влијае на ефикасноста на некои други медикаменти, особено на апчињата за контрацепција, лековите против тумор или оние за третирање на ХИВ-вирусот. Затоа е неопходно да се консултирате со лекар пред да почнете со третманите со кантарион. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Brusnice najzdraviji izvor hranePostavljeno: 19.12.2007
Bobice pozitivno deluju na infekcije mokraćnih puteva, snižavaju 'loš
holesterol' i poboljšavaju 'dobri holesterol'.
Pomažu kod srčanih bolesti i sprečavaju kvarenje zubi. Brusnice poseduju svojstva od ogromne koristi po zdravlje, zapravo to se voće smatra jednom od najzdravijih vrsta hrane. Lekari rade, kako je javio Glas Amerike, na otkrivanju sve više karakteristika tog voća i uzroka zbog kojih bi njihov hemijski sastav mogao smanjiti prekomernu upotrebu antibiotika. Američki Nacionalni institut za zdravlje finansira istraživanja o uticaju brusnica na srčane bolesti te o drugim pozitivnim svojstvima toga kiselog voća. Sok od brusnica već se odavno koristi kao domaći lek protiv infekcije mokraćnih puteva. Naučnim studijama delotvornost brusnica u lečenju tih infekcija je i službeno dokazana, ali tek je nedavno otkriveno zašto. Profesor Terri Camesano, inženjer hemije na institutu Worcester Polytechnic u saveznoj državi Massachusetts, predvodila je istraživanje kojem je cilj bio otkriti učinak hemijskih veza u brusnica na molekularnom nivou. Rezultat je bio otkriće hemijskog spoja koji menja strukturu bakterije Escherichia coli, uzročnika infekcije mokraćnog sistema. Količina soka brusnica potrebna da se spreči infekcija je vrlo mala, kaže Camesano. Svega jedna čaša dnevno! Osim toga, pozitivan učinak po zdravlje nije ograničen samo na infekcije mokraćnih puteva. Brusnice mogu, kako kaže, smanjiti "loš holesterol" te poboljšati "dobri holesterol". Osim toga, mogu smanjiti i rizik od srčanih bolesti, sprečiti kvarenje zuba, te pomoći u lečenju čira i raka želuca. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |