|
Флуор - Тивок убиец |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Декември.2009 во 13:49 |
Audiofil, а си помислил ли ти каква храна јадел тој човек, па немал потреба да ги мие забите? Порано многу повеќе се јадела сурова, непреработена, нерафинирана храна што бара повеќе џвакање а со самото тоа се чистат и забите... дали си забележал дека кога јадеш обработена храна - слатки, смоки и слично - се останува на забите затоа што таа храна буквално се топи во уста и затоа останува на забите и тие многу полесно се расипуваат? Дали си забележал дека кога џвакаш повеќе, кога јадеш нешто потврдо, значи овошје со лушпа, корки тврд, црн леб - на забите нема наслаги? Тврдата храна и џвакањето овозможуваат самочистење на забите како природен процес, а тоа денес ни е оневозможено, а и самите избегнуваме поцврста храна која освен што ги чисти забите преку процесот на џвакањето, овозможува и правилен раст и развој на вилиците и правилното поставување на забите во нив... денес скоро и да нема дете кое не носи апаратче за исправување на забите, било мобилно или фиксно - а тоа е така затоа што децата не сакаат да џвакаат, па следствено имаат неправилно поставени заби, кои исто така се и кариозни...
флуорот е една од основните состојки во глеѓта на забите и неговото присуство во пастите за заби овозможува заштита на тој дел од забите, заедно со калциумот - без разлика што флуорот во големи количини е токсичен, во оние минимални количини во кои го има во пастите е многу корисен - а за да се избегне акумулацијата на флуор во организмот, пастата за заби НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГОЛТА! И тоа е стриктно наведено на амбалажата! Сепак, на крајот, изборот е ваш, дали ќе си ги миете забите или не... мое е како стоматолог да објаснам дека флуорот има навистина корисен ефект за забите, посебно ако се зема во период на нивното формирање - истиот период во кој се земаат и матичните клетки, но тоа е веќе друга тема.... |
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Паста без флуор не е паста за заби ,Флуорот е штетен за деца помали од 3 години и не е препорачан,Флуорот исто така е штетен ако го примаш во поголеми количини може да предизвика несакани дејства иначе во пастата што содржи флуор не е штетна и е сосема доволно колку му треба на човекот па на крај краева ако не бил флуорот сите ке сме биле без заби
|
|
nansy
Нов член Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
forever living products...od tamu ja zeam jas...no preku distributeri samo se zimala!!! |
|
малите нешта го прават животот убав !!!
|
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da te prasam kade moze taa pasta da se kupi bidejki podolgo vreme baram pasta bez fluor i nikako da najdam.
|
|
nansy
Нов член Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
decki eve jas koristam pasta bez fluor ...na baza na aloe...ja rasprikazuvam na site zatoa sto sum prezadovolna...no iskrejna da bidam ne prestanava da koristam kolgate...ednash vo 3 dena se mijam so kolgate....a celo ostanato vreme so ovaa Aloe Vera Bright Tootgel ...taka se vika....mi ja preporaca drugarka koja so pastava ima izleceno pocetna faza na paradentoza i nepca koi krvarat i gnojat...
ima eden mnogu dobar test koi go vidov za pastava...na casa za voda namackaa obicna pasta so fluor...edna minuta ja triea...na kraj ja izmija so voda...ostana fleka na casata...istoto go poftorija so ovaa pasta ne ostavi fleka da se cudish prvite znaci posle mienje se pogolem % na maznost i cistina na zabite...stvarno sozdava zastiten sloj na koj tesko se lepi hrana...smokite kako najleplivi so edno pominuvanje na jazik vrz zabite pagjaat.... ubdelivo najdobrata do sega spored mene mozebi e malku poskapa od drugite normalni pasti so fluor...no jas ja koristam 2 meseci a ni pola ja nemam iskoristeno ...malku se stava :) ekonomicna e !!! Изменето од nansy - 13.Декември.2009 во 20:07 |
|
малите нешта го прават животот убав !!!
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj sega bidi pameten, sto da se pravi
jas potpisav za malata da prima fluorizirano mleko
citajki ovde me faka panika
dali dobro postapiv
|
|
apce
|
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj malku razmislete logicki.Na kogo mu odgovara decata da imaat zdravi zabi?Samo na decata i na nikoj drug.Sto ke se sluci ako site deca imaat zdravi zabi?Nikoj nema da gi poprava na stomatolog so sto stomatolozite ke propadnat zaedno so nivnite ordinacii a nalgolemite farmacevtski kompanii koi se pod kontrola na Rotsild i ostanatite dinastii koi go kontroliraat svetot ke gubat milijardi evra bidejki nema da proizveduvaat lekovi za stomatolozite.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=51D29FD6D7784B4D901123B17415C035
Osven preku pastite za zabi,sega decata direktno kje vnesuvaat fluor i preku mlekoto |
|
mmomirovski
Сениор Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Evenstar, значи вака, никој не рече дека флуорот е лош и нефективен но во поголема мерка, односно ако орално се прима, преку млеко, вода итн, буквално го намалува коефицентот на интелегенција(има правено истражување), мислам дека беше во Флорида, САД, откако трудот бил прифатен и објавен во некое познато списание за медицина одма ја отпуштиле, ќе се обидам да ја најдам статијата или барем нејзиното име ќе го најдам тука и ќе го пастирам тука. Исто се правени истражувања за остеосаркома мислам дека се викаше ракот на коските, како причинетел е пронајден флуорот. Потоа, намалување на густината на самите коски. Факт е дека Сталин и Хитлер ги користел за да ги смири затворениците во принудните кампови. Во Прозак, ако не се лажам еден од галвните состојки е флуорот.. На крај краева, имаш интернет изгуглај... Предизвикува стерилитет... Сепак малце по малце се прават наслаги во телото од флуор, значи тој не се промива целосно од телото, можеби краткорочно и моментално не делува лошо(освен тие што се сензитивни на флуор). На крај краева зошто не се мисли и на нив, да се предупреди, дека може некој да е пречуствителен на флуор. Сите позитивни работи ги изнакажаа, а некако негативните никако, па макар и биле минимални. Многу интересна работа е како сите што ќе кажат нешто против Нешто што е мејнстрим, по дефиниција се исмева, а ако тоа дојде од дотогаш угледен научник се обидува да се дискредитира. На крај краева скоро цела Европа не ја флуорира водата и користи слични флуоризирани работи, додека во САД каде што 70 проценти од водата е флуоризирана, па не гледам некоја голема разлика меѓу нив во пробелмите со забите. Има многу, многу работи, што не само доведуваат до сомнеж до целата работа, ќе се согласам со Бијонси, практилно до зомби го доведува човекот. А што се однесува за Марија Магдалена, мое мислење е дека немаш направено никаква грешка...
На 25 минута од видеото, поконретно за намалување на коефицентот на интелегенција кај луѓето поради конзумирање на флуорот и како била отпуштена заради тоа, кој сака може да изгугла поконкретно ќе најде инфорамации. Fluoride Deception Изменето од mmomirovski - 24.Јуни.2009 во 21:38 |
|
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бијонсе, немој да читаш и веруваш се што пишува на интернет... има многу луѓе кои пишуваат вакви сензационалистички работи, се со цел да создаваат страв меѓу луѓето, а тоа важи за се, не само за флуорот...
од сето она што го имаш пастирано горе, единствено е точно ова Флуорот (од латински fluere, со значење да тече) е хемиски елемент со симбол F . Во својата елементарна изолирана (чиста) форма, флуорот е отровен, блед, жолто-зелен гас со хемиска формула F2. Како и другите халогени елементи, молекуларниот флуор е многу опасен; тој причинува неколку видови хемиски изгореници при контакт со кожата Важни карактеристики Чистиот флуор (F2) е корозивен бледожолт гас кој е моќно оксидационо средство.Тој е најреактивниот и најелектронегативниот од сите хемиски елементи, и брзо формира соединенија со повеќето други елементи. Дури и во темни, ладни услови, флуорот реагира експлозивно со водородот. Тој е толку реактивен што стаклото, металите, па и водата, како и некои други супстанци, горат со светол пламен во проток од флуорски гас.На влажен воздух тој реагира со водата и ја формира исто така опасната флуороводородна киселина а за останатото - не можам да тврдам колку е точно она што го пишувале во тие книги како “Контрола на умот“ и слични... ќе испадне дека си ја бранам струката или не знам што... како што наведов погоре, јас лично, како стоматолог, сум против флуоризацијата на водата или млекото, има и многу подобри начини да се спречи масовната појава на кариес, само треба време и трпение, особено со народ каков што е нашиов... Она што си го напишала, дека водата за пиење содржи флуор во концентрација од 1,2 ппм не е точно... не содржи секоја вода за пиење толку флуор, туку само во одредени подрачја, а тоа секако дека има одраз врз забите и коските, а може да се спречи со избегнување на таа вода... обично водата за пиење содржи минимални концентрации на флуор, а некаде и воопшто ја нема... а за живата во пломбите - тоа важеше за порано, кога рачно се мешаа тие пломби и рачно се одредуваа, а сега е избегнато штетното дејство со точното дозирање во капсулите кои се мешаат со помош на машина - и точно е дека се поцврсти и потрајни од белите пломби - да не мислиш дека белите пломби не се штетни? Напротив, од искуство на многу стоматолози е докажано дека можат да предизвикаат и некроза на забната пулпа, по народски кажано, одумирање на живецот. Затоа јас ќе кажам, најважна е превентивата, значи спречувањето на кариесот, а користењето на флуорот е еден од начините на кои тоа се постигнува, пред се затоа што флуорот ИМА УЛОГА ВО ИЗГРАДБАТА НА РЕШЕТКАСТАТА СТРУКТУРА НА ЗАБНАТА ГЛЕЃ, заедно со калциумот која на тој начин станува поотпорна на дејството на киселините создадени од бактериите, и затоа е најефикасен токму во бременоста, односно кај малите деца.. а флуорот во пастите има одредена улога со своето локално дејство, кое сепак не е исто како она на флуорот кој што е внесен во периодот кога се формирале забите... а искрено, од самиот флуор кој секако е канцероген, како и впрочем повеќето хемиски елементи, штетата е многу помала отколку од на пример, пушењето, пиењето, дрогирањето и слично... |
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова не е се. Тоа е само капка во океанот наречен флуоридна измама. Кога ќе ви кажат дека пастата за заби е добра затоа што содржи флуор и стоматолозите ја препорачуваат, помислете што си правите себе. Тоа што си правите себе, тоа ќе си го тргате, но дали имате право тоа да им го правите на сопствените деца? Сега кога го знаеш ова немој да се преправаш дека не го знаеш................ Ако не верувате во горе напишаново, проверите на интернет има многу нешта напишано за ова.............. Изменето од bijonse1 - 20.Јуни.2009 во 22:15 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Флуорот (од латински fluere, со значење да тече) е хемиски елемент со симбол F . Во својата елементарна изолирана (чиста) форма, флуорот е отровен, блед, жолто-зелен гас со хемиска формула F2. Како и другите халогени елементи, молекуларниот флуор е многу опасен; тој причинува неколку видови хемиски изгореници при контакт со кожата Чистиот флуор (F2) е корозивен бледожолт гас кој е моќно оксидационо средство.Тој е најреактивниот и најелектронегативниот од сите хемиски елементи, и брзо формира соединенија со повеќето други елементи. Дури и во темни, ладни услови, флуорот реагира експлозивно со водородот. Тој е толку реактивен што стаклото, металите, па и водата,
како и некои други супстанци, горат со светол пламен во проток од
флуорски гас.На влажен воздух тој реагира со водата и ја формира исто така опасната флуороводородна киселина Деновиве почнаа да го „збогатуваат“ млекото на децата со флуорирање, па да Ви преставам некои работи кои може да ве образуваат во таа насока. Флуорот е отров кој спречува кариес, а патем ги убива луѓето. Оние кои нема да ги убие, ги прави зомби. Секојдневно нё бомбардираат на телевизијата дека пастите за заби содржат флуор, а тој спречува појава на кариес. Зошто тие силни потплатени стручњаци не ни кажат за флуорични заби или коски, а тоа е многу, навистина многу посериозно од кариес. Еве што најдов на интернет за ова: „Забелешка за стоматолозите“ Стоматолозите не се во незнаење кое се граничи со глупост. Ова може да изгледа така од нивните акции. Стоматолозите убиле повеќе луѓе од 1950 наваму, во однос на сите војни заедно во историјата. Стоматолозите се опијанети и измамени од Естаблишментот. Тие се употребени како пиони да ја пљачкосаат и убијат нашата цивилизација во име на нивните поддржувачи во Естаблишментот преку скриена операција наречена Флуоридна измама. Стоматолозите знаат од нивните студии по биохемија дека флуорот е најсмртоносниот отров познат на човештвото.“ Јас би додал дека уште, замислете си, уште употребуваат метал Жива кој е најотровниот метал и ни го вградуваат во пломбите, заедно со уште еден отровен материјал Сребро. Да не зборувам за помалку отровните, но не и штетните бакар и останати метали употребени во стоматолошката пракса. Пред десетина години бев на една гатачка која сите ја славеа. Сакав да го видам тоа чудо, и, еден ден отидов до кај неа и ја прашав што ќе ми каже. Таа ми кажа дека еден мој роднина нагазил нешто или поминал, поминува на место каде што има некој друг фрлено жива. Јас се насмеав и ја прашав, а што е со сите други кои поминуваат на тоа место. Таа уште пошироко се насмеа и рече дека сите што поминуваат од таму ќе бидат затруени, но најмногу тој на кого му е направена магијата. Кога се насмеа во нејзината уста „прекрасно“ беа сместени неколку црни пломби. Јас уште посилно се насмеав и не можев, а да не и` кажам: - И тебе ти направил некој црна магија ама тоа не можеш да го видиш. И тоа многу посилна од таа на мојот роднина. - Што зборуваш глупости, момче? - Не, бабе, не зборувам глупости. Сигурен сум во тоа. - Сакаш да кажеш дека и ти си гатач и тоа подобар од мене? - Не, туку сакам да кажам дека јас го гледам тоа. - Како можеш ти да видиш нешто кога јас сум заштитена од сите магии? - Просто, бабе, со очи. Во твојата уста има толку жива да отруе стотина луѓе или да им се направи магија. Твојот забар е поголем магичар од тебе. Образложението
на забарите е дека таквите пломби се потрајни, подобро лежат и не
паѓаат. Поголема глупост од ова не е ни флуорот и флуорирањето на
водата, како и флуорните капсули во школите, и оние за трудниците. Повеќе од половината жители на Соединетите Американски Држави пијат флуорирана вода која доведува до рак и артритис. „Ракот на крвта води до флуоридот во десетгодишното истражување од Националната Токсиколошка Програма од УС Департментот (Министерството) за Здравје и Човечки Услуги“. Оваа сензационална вест е откриена во ексклузивниот извештај на Медицинскиот Гласник (?Medical Tribune?), на 28. Декември 1989., но постојано се занемарува/пренебрегнува (игнорира) од јавните гласила (медиумите). Исто така, Проктер и Гембл изработувачот на Крест (флуорната паста за заби) преставил студија на U.S. Public Health Service, покажувајќи дека флуорот е тестиран позитивно како предизвикувач на рак употребен и во најмала концентрација. Чарлс Елиот Перкинс истражувач хемичар пратен во Германија за да се погрижи за I.G. Farben Chemical Industries
после Втората Светска војна, кажува дека доза на флуор е употребена да
ги направи луѓето послушни, смирени и покорни на владата. Тој пишува: „Од десната страна на тилот од левата страна на мозокот има мала зона на мозочно ткиво кое е одговорно за индивидуалната сила на спротивставување на доминација. Повторувајќи ги дозите на флуор со време, малку по малку ја намалува индивидуалната сила за отпор со бавно труење, опијанувајќи ја оваа зона на мозочно ткиво и правејќи го потчинет на оние кои сакаат да владеат со него. Овој план ми го кажа германски хемичар кој беше службеник (официјален) во I.G. Farben Chemical Industries и во врвот на Нацистичкото движење од тоа време. Извадоци од книгата „Контрола на свеста“ од Џим КИТ "Consciousness control"of Jim Keith, edition J. M. „Внимвавајте при користење на флуорот“ Треба да се забележи нешто интересно, подоцна на научниците од ЦИА, од одделот КОНТРОЛА НА СВЕСТА, употребуваат како нацистите сигурни целни групи за нивните експерименти. Тие се спроведувани на етничките малцинства, странците, душевните пациенти, затвореници, луѓето со сексуални пореметувања, зависници и неизлечиви болни. Се забележува врската на нацистите и Британската хемиска контрола на свеста. Чарлс Елиот Перкинс е еден од најпознатите индустриски хемичари во САД. Тој е пратен од Владата на САД да помогне во преземањето на германскиот индустриски џин И.Г. Фарбен после Втората Светска војна. Во писмото кое Перкинс го напишал на 2. Октомври 1954. година до Ли донацијата за здравствена заштита и истражување во Милвоки, Висконсин, тој вели: „Идејата за флуорирањето на водата е донесена од рускиот комунист Креминов од Русија во Англија. Во триесетите години Хитлер и германските нацисти ја гледале иднината на светот контролиран од нацистичата филозофија и Пангерманизмот ... Германските хемичари направиле план на долг период за масовна контрола, тој е предаден на Германскиот генералштаб и прифатен од нив. Овој план ја разгледува можноста за контрола на населението на сите полиња преку додавање на хемикалии во водата за пиење.. На овој начин тие може да го контролираат населението во сите подрачја, како психолошка, здравствена и контрола на раѓање (жените ги прави јалови, неплодни, стерилни) и т.н. Во овој план на масовна контрола, натриумфлуоридот зазема значајно место. За да биде прифатена флуоризацијата, најдобро е да се посочи дека таа е за доброто на децата и нивните заби. Ако постои вистинска мамка, полесно ќе биде прифатена. Вистинската причина за флуоризацијата е да се намали отпорот кај масите против контролата и губењето на слободите... На тилот на левата половина (хемисфера) од мозокот постои мал дел на мозокот, кој е одговорен за силата на индивидувалниот отпор за доминација. Повторувани дози на многу мали количини на флуорид после некое време го намалуваат отпорот за доминација со бавно труење и анестезирање на овој дел од мозокот. Човекот го прави подложен на контрола ... Овој план ми го раскажа германски хемичар кој во тоа време бил соработник во хемиската индустрија и почитуван член на Нацистичката партија. Го забележав ова заради неговата сериозност и искреност на научник кој зад себе има 20 годишен период на истражување во областа на хемијата, биохемијата, психологијата и патологијата на флуоридите. Секој кој ќе пие флуорирана вода една година или повеќе, никогаш повеќе нема да биде истиот, ни ментално ни физички.“ Prof. Dr. Abderhalden: „Најголемиот број на болести се резултат на неправилната работа на ензимскиот систем. Флуорот може докажано да направи штета кај 24 ензими. „ Dr. W. Oelschlaeger, Universitaet high home: „Концентрацијата на 1,2 ппм планираната концентрација на флуор кај питката вода е многу висока. Оштеување на здравјето, особено кај децата, кај старите и кај болните, не може да биде исклучена, затоа треба да се отфрла флуоризацијата на водата за пиење. Научни факти за Биолошките Ефекти на Флуоридот 1.Флуоридите ја попречуваат синтезата на колагенот што доведува до негово разложување во коските, тетивите, мускулите, кожата, ‘рскавичното ткиво, белите дробови и трахејата. ајјјјј сеа ??? Изменето од bijonse1 - 20.Јуни.2009 во 22:10 |
|
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hmmm,,, vremeto ke pokaze
ke vi kazam nesto za alkoholot- imase porano edna naucna studija koja vkease deka vlijanieto na alkohoolt ima J obrazno vlijanie- t.e deka zafdravo vo mali kolicini , a stetno vo golemi, pomalku stetno ako voopsto ne se pie. I..opp za nekjolku godini pokacuvanje naq brojot na pijanicite vo Francija za 30%.. Taka sto treba da bideme pretpazlivi vo nekoi raboti Pozdrav |
|
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |