IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Константин Кајшаров - Тино
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Константин Кајшаров - Тино

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака Обратен редослед
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Константин Кајшаров - Тино
    Испратена: 14.Март.2013 во 15:48
........."bozhjiot choek" ne zema pari....намигнување
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 14:45
Лугето во мака се склони да бараат помош на различни места со надеж дека нивниот проблем ке се реши брзо и во нивна полза.
Тука настапуваат дилетантите од типот на Тино,а и многу други слични на него.
Во контакт се со луѓе од различен профил и добиваат информации за роднини,пријатели,непријатели,партнери,бизнис соработници но најбитни им се извлечените информациите врзани за професијата особено информации врзани за идни бизнис планови.
Ова е особено битно за Спасителот бидејки тоа е начинот со кој се доаѓа до нови клиенти кои потоа ке се навлечат во кругот ,а тоа означува добивка - извлечени лесни пари од жртвата.
Кога Тинчо ке акумулира информации за некоја особа,а нив ги добил од неговите пријателите или роднините за кој таа не е ни свесна ,нареден потег е да се наведи истата таа особа за која се има доволен број на информации да ги посети сеансите на Исцелителот ,а овој наоружан со информации од прва рака веке добива кај скептичниот клиент Лик на Месија,откровение за кое тој не знаел дека ти било акнато во Македонијата.
Затоа ако сакате да дознаете дали гакичките на девојката со која долго време разговарате на нет и се црвени ,бордо или црни не одете кај Тинчо,подобро прашајте сами зошто ке ви останат и пари за луд провод.



Изменето од Alekxandar - 14.Март.2013 во 14:46
Кон врв
Alcinov Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 27.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alcinov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 04:21
Веројатно сте слушнале за Константин Кајшаров, таканаречениот исцелител. Можеби сте ги гледале неговите емисии на ТВ, можеби сте ги слушале неговите песни, сте ги гледале видеата на кои тој наводно лечи луѓе и истерува демони. А можеби пак некој од вас бил и заведен од неговите учења, па посегнал по неговите методи на исцелување и неговите книги. Човекот организира цели настани на кои присуствуваат поголем број на луѓе, издава книги, видеа, печали пари на маката на луѓето кои навистина имаат потреба. Човекот има оформено свој центар во кој ги врши своите ткн. исцелувања и изгонувања на демони, за што наплаќа висока сума пари. Исто така, тој го има создадено учењето таканаречено ,,Светиот Шепот’’ и има напишано повеќе книги со духовна тематика. Има завршено студии по Кинезитерапија во Бугарија, а потоа и магистрирал на истата тематика. Од она што го има објавено за себе ќе дојдете до заклучок дека човекот се смета себеси за христијанин. Во некои од неговите предавања цитира зборови од Библијата. Неупатените лесно ќе му поверуваат на неговите лаги дека е Божји пратеник. Од она што можев да го видам, Кајшаров е харизматична личност и има значителен број на следбеници. И верувам дека дел од овие луѓе навистина го сметаат него за човек испратен од Бога да лечи, да поучува и да менува животи. Но, да видиме, дали навистина е така? Дали Константин Кајшаров е од Бога или не е? За луѓето кои се негови следбеници ова е многу важно прашање. Препорачувам овој текст да го објавите на вашите профили за да можат луѓе да бидат информирани и да станат свесни за заблудите кои овој човек ги проповеда. Се чувствувам повикан да го одбранам она во кое верувам, да укажам на погрешните учења кои овој човек ги шири и да ги предупредам моите сограѓани. Се надевам дека ова ќе допре до многумина, ќе информира и ќе заштити од сите негови манипулации.
Пред да зборувам конкретно за Кајшаров, да видиме што зборува Библијата за лажните учители? Преку Библијата јасно сме преупредени дека ќе дојдат лажни учители. Еве некои цитати од Библијата:
,,Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните.’’ (Исус во Евангелието по Матеј 24:24);
,,А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.И мнозина ќе појдат по нивните нечистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен. И, побудувајќи ве од користољубивост, ќе ве привлекуваат со ласкави зборови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.’’ (Второ Послание на апостол Петар 2:1-3).
Раната Црква имаше проблеми со лажните учења и лажните учители, па апостолите пишуваа против нив бранејќи ја вистинската вера (прочитај ги Посланијата до Галатјаните, 2. Коринтјаните, Колосјаните, Посланијата на апостолот Јован, како и Посланието на Јуда- за да дознаеш повеќе за лажните учења и учители уште во тие времиња).
Како да ги препознаеме лажните учители? Исус рече: „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?’’ (Евангелие по Матеј 7:15,16) Исус знаеше дека ќе дојдат лажни пророци, луѓе кои ќе го заведуваат народот и искористуваат. И даде многу едноставен начин како да ги препознаваме: преку нивните дела! Апостолот Павле исто така предупреди за ова: ,,Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.’’ (Дела на апостолите 20: 29,30). Според ова можеме да заклучиме дека Библијата јасно зборува дека ќе се појават лажни учители и ќе заведат луѓе по нив, а дека нив ќе ги препознаеме по нивните плодови како и по искривените учења.
Но, Кајшаров се претставува како христијанин! Да се нарекува христијанин може секој, да цитира стихови од Библијата може и самиот сатана. Всушност, токму така сатаната Го искушуваше Господ Исус- цитирајќи му стихови од Стариот Завет. Сатаната добро го познава Словото Божјо и е многу лукав и спремен да го цитира и да го толкува на погрешен начин. Значи, со самото тоа што тој се нарекува христијанин и со неговите учења во кои цитира делови од Светото Писмо не може да речеме дека со сигурност овој човек е од Бога. Еве што рече Господ Исус: ,,Не секој што Ми вели: ,Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. Мнозина ќе Ми речат во оној ден ,Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме? ‘И тогаш Јас ќе им кажам: ,Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!’’ (Евангелие по Матеј 7:21-23).

Потоа, Кајшаров наплаќа значителна сума за пари за услугите кои ги нуди. На неговиот сајт ќе прочитате дека иако не ги продава неговите молитви, сепак за да ги добиете (во ткн. Терапија со молитвата Светиот Шепот) морате да купите други услуги кои се продаваат. Дури човекот направил и пакет на услуги кои можете да ги купите и така ќе добиете ,,гратис’’ молитва со светиот шепот. Исто така, доколку сакате ,,мастер Кајшаров’’ да го ,,излечи’’ вашето дете, тој нема да ви наплати за терапијата со светиот шепот но затоа вие морате од него да купите некакви играчки по цена од 1000 денари (првиот пат кога ќе го посетите), а потоа секој нареден пат- 700 денари. На неговиот сајт јасно стои дека доколку сакате да имате консултации со Кајшаров треба да уплатите 3100 денари на сметка или да купите книги или цд-иња во вредност од 3100 денари, а консултациите траат НАЈМНОГУ половина час! Би сакал да го запрашам Кајшаров: каде тоа во Библијата ќе најде дека Исус или Неговите апостоли наплаќале за било каква услуга? Колку пари му наплати Исус на Никодим за разговорот кој го имаа? Каде е спомната некаква си ,,терапија со светиот шепот’’? Што воопшто е ,,светиот шепот’’? Дали може да најде Библиска основа за ова учење? Се разбира дека ,,молитвата на светиот шепот’’ не постои во Библијата, ниту е спомната, ниту е практикувана, ниту некаде има инструкции како истата да биде спроведена. Едноставно- ,,молитвата на светиот шепот’’ е измислица на Кајшаров. Господ Исус им заповеда на Своите ученици: ,,И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!’’ (Евангелие по Матеј 10:8) Бесплатно добивте- бесплатно давајте! Според сведоштвото на една жена од Србија, после долгиот пат додека да стигне до Скопје и до неговиот центар, Кајшаров поминал со нејзе само половина час по што таа била избркана од страна на некоја асистентка на ,,исцелителот’’. Третманот ја чинел 40 евра. Потоа платила уште 50 евра за некаков семинар, од кој се разбира- ништо не добила! Но, нејзините 90 евра завршија во џебот на Кајшаров и неговите соработници! Голем број од нашите сограѓани работат половина месец за тие пари, а Кајшаров и неговите ги заработија со минимален труд. Други сведоштва по форуми велат дека Кајшаров може да ви наплати неколку илјади денари за консултации од десетина минути! Во секој случај, без многу шпекулации можеме да заклучиме дека Кајшаров и неговите дневно заработуваат неколку стотини евра. ,,Бесплатно добивте, бесплатно давајте’’- им заповеда Господ Исус на Неговите ученици. И Неговите вистински ученици до ден денешен вака постапуваат- ја шират верата, помагаат колку можат, без притоа никому да наплатат. Очигледно Кајшаров не припаѓа во оваа група.

Во делот кој следи ќе се позанимавам со погрешното учење кое го шири Кајшаров и како тоа е спротивно на основите на Христијанската вера.
Според податоците објавени на неговиот сајт, Кајшаров добил откровение од Исус Христос. Во неговото ткн. откровение од Исус Христос на Кајшаров му е објавено:
,, Секој што ќе Го повика Божјото Име ќе биде спасен.
Спасени се сите само и единствено преку Воскресението на Господ Исус Христос.
Божјото Име, Семоќниот Создател, Спасител наш, Утешител на сите,
Сеприсутниот Вседржител е Господ Исус Христос,
секој што верува во Него го отвара своето срце за Господовата Исусова Христова благодат.
Како прво, ,,Секој што ќе го повика Божјото име ќе биде спасен’’ е цитат од Библијата и е сосема точен. Тоа е Библиска вистина!
Но, дали Библијата навистина учи дека ,,Спасени се сите’’- како што вели Кајшаров според неговото ткн. откровение? Зошто тогаш воопшто Библијата зборува за пеколот? Кој би бил во пеколот ако сите се спасени? Според теоријата на Кајшаров ќе излезе дека не е важно човек да верува и да се покае, не е важно човек да се труди да живее свет живот- затоа што СИТЕ се спасени! Неговото ткн. откровение е контрадикторно на основните начела на христијанската вера. Ќе ви цитирам некои стихови од Библијата на кои Кајшаров се дрзнал да им се спротивстави:
,,Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.’’ (Исус во Евангелието по Јован 3:16). Во овој стих Самиот Исус јасно кажува дека оние кои ќе поверуваат нема да загинат туку ќе имаат вечен живот, но оние кои не поверувале нема да бидат спасени, туку ги очекува казна.
,,Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ,Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!’’ (Исус во Евангелието по Матеј 25:41)- овде Исус јасно зборува дека некои луѓе ќе добијат вечен оган, а не дека сите ќе добијат вечен живот како што тврди Кајшаров.
Еве што проповедаа апостолите за Исус Христос: ,, и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.” (Дела на апостолите 4:12). Спасението е исклучиво преку вера во Исус Христос, но секој оној кој ќе одбие да поверува во Него нема да биде спасен- иако Кајшаров тврди дека добил вакво откровение. Исто така, во едно од неговите видеа објавени на интернет ќе видите дека тој негира дека постои Божја казна. И не се сомневам дека тоа важи за оној ,,бог’’ кој тој си го создал. Неговиот ,,бог’’ е чиста љубов- тој никого не мрази, никого не казнува. Но, нашиот Бог, Богот Кој се објави во Исус Христос и преку Библијата не е таков Бог! Иако Бог се објавува како љубов (1. Јованово Послание 4:8,16) сепак, тоа не значи дека Бог не го мрази гревот или дека Бог не го подготвил пеколот за грешниците кои нема да се покајат. Јас знам дека ова е тешка порака и не е атрактивна за проповедање во 21иот век. Знам дека многумина ја одбиваат затоа што сакаат да си живеат како што си живеат и досега во своите похоти и гревови без да размислуваат за казната која ги очекува. Но, ова е пораката која ја проповеда Библијата! Бог е истовремено свет Бог и Бог Кој е љубов! Не можеме да побегнеме од Неговото вистинско откровение дадено преку Библијата. Без разлика на тоа што вели измамникот Кајшаров, ќе бидат спасени само оние кои поверувале, додека оние кои не се под плаштот на милоста Божја, оние кои не го прифатиле Исус Христос за свој Спасител и Господ- ќе бидат казнети.
Продолжуваме со уште една нелогичност на Кајшаров. Во неговото ткн. откровение тој дознал дека ,, Спасени се сите само и единствено преку Воскресението на Господ Исус Христос.’’ Откако веќе зборував за првиот дел од оваа изјава (,,Спасени се сите’’), сега ќе обрнам внимание на вториот дел од оваа негова изјава: ,,само и единствено преку Воскресението на Господ Исус Христос.’’Лажниот учител Кајшаров го извртува Словото Божјо. Имено ние не сме спасени преку воскресението на Господ Исус Христос, туку преку Неговата смрт! Како прво, Словото Божјо вели дека казната за гревот е смртта (Послание до Римјаните 6:23)! За нашите гревови ние заслужуваме смрт, но наместо нас Исус Христос ги зеде нашите гревови на Себе и ја плати нашата казна. Еве како запишал апостолот Павле: ,,Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата’’ (Прво Послание до Коринтјаните 15:3). Поентата е јасна: Исус мораше да умре за ние да живееме! Ние сме спасени преку смртта Негова, а не преку Неговото воскресение! Иако Кајшаров учи поинаку, сепак ние треба да Му веруваме на Зборот Божји, а не на Неговите манипулации.   
На неговиот сајт најдов некои податоци за како се одвиваат неговите терапии. На прашањето ,,Што значи терапијата со молитва Светиот Шепот?’’ еве дел од одговорот: ,,Константин Молитвата Светиот шепот ја насочува кон Господ Исус Христос и потоа Божјата Љубов проникнува во пациентите, исцелувајќи ги, преобразувајќи ги, вдахнувајќи ги во животот.’’- Никаде, НИКАДЕ во Светото Писмо нема да сретнете дека Божјата љубов проникнува во некого на молитвата на некој друг човек. Точно е дека Бог ќе го прими човекот кој повикал кон Него и дека таквиот човек ќе биде спасен... но, доколку беше толку лесно луѓето да бидат допрени од Божјата љубов тогаш апостолите ќе го правеа тоа! Верата, надежта и љубовта не доаѓаат во човечкото срце на нечија туѓа заповед или молитва. На пример, апостолите никаде не се молеа за Светиот Дух да продре во нечие срце. Напротив, тие проповедаа покајание и крштевање- што значи лична одлука на секого! Не може Кајшаров да се моли и вие да добиете Божја љубов! Тој не е господар на Господ! Тој не може да Му заповеда на Оној Кој е Се’моќен! Господ е апсолутно суверен и Тој единствено одлучува кон кого ќе се смилува а кон кого не! Уште помалку пак треба да платите за да ја добиете Божјата љубов. Не можете да платите толку колку што треба да се плати за да ја добиете, затоа што Божјата љубов е дар од Бога, а не некаков материјал кој Кајшаров може да го продава и распределува како што сака.
Наредно прашање и одговор за терапијата со ткн. свет шепот е: ,,Што се случува во текот на терапијата со молитва?’’ Одговорот гласи: ,, Во текот на оваа молитвена терапија се случува човекот за кого е направена молитвата, да падне на душеците, да има различни реакции (пример: плачење, викање, смеење, вртоглавица, блажина, олеснување, инспирација), кои доаѓаат од мигот кога Божјата Љубов ќе проникне низ човекот и сé што го угнетувало човекот излегува надвор од него, а доколку човекот е здрав тогаш навлегува во состојба на блаженство.’’ Значи, внимавајте! Според Кајшаров Божјата љубов предизвикува плачење, викање, смеење, вртоглавица, како и блажина, олеснување, инспирација. Доколку ги побарате на интернет видеата од неговите исцелувања и егзорцизми ќе видите сцени кои по малку потсетуваат на сцените од филмот ,,Егзорцизмот на Емили Роуз’’- тресења, паѓања, повраќање, додека Кајшаров изведува некакви движења со рацете над неговите ,,пациенти’’. Никаде во Библијата нема да сретнете дека Исус или пак Неговите апостоли се бореле со демоните како што тоа наводно го прави Кајшаров. Тие ги изгонуваа демоните со силата на Божјиот Збор. Нема да најдете никакви борби со демоните во Библијата, како што Кајшаров сака да не’ убеди. Едноставно, демоните бегаа пред Словото Божјо! Ниту пак луѓето кои беа исцелени од Исус и од апостолите имаа потреба од многу терапии. Сето тоа се случуваше во еден чин, по што човекот беше исцелен. Но, за Кајшаров ова не важи. Тој си има свои принципи со кои заработува многукратно повеќе, а на крајот состојбата на човекот е и полоша отколку првичната.
Генерално, целата дејност на Кајшаров е завиена во мистицизам. Почнувајќи од неговиот изглед, изворот од каде се здобил со ваквите ,,моќи’’, како и неговата измислица ,,светиот шепот’’ која е доволно мистична сама по себе. Неговото учење е една комбинација на источните учења, христијанството, хороскопот, анимизмот... На сајтот Кајшаров е претставен како носител на Божјата љубов- наводно тој преку молитвата истата ја пренесува! Доколку на ова ја додадеме и неговата идеја за изградба на село (ткн. проект Света Мугра)- заедница која ќе овозможи живот во заедништво и хармонија, сплотеност и љубов; и доколку ова го споредите со ,,Рускиот Исус’’- Висарион (ве молам побарајте на интернет, ќе дознаете повеќе за самонаречниот Месија кој и денес живее во Русија) нема да најдете некоја голема разлика. Сметам дека Кајшаров е на пат, слично како и неговиот ,,колега’’ Висарион, за неколку години од сега да тврди дека тој е Месијата, Самиот Христос! Да се молиме ова да не се случи и тој како и неговите следбеници да дојдат до вистината, приклонувајќи се кон Црквата која со векови го проповеда Зборот Божји и го покажува патот кон спасението.
Од сето ова како заклучок можеме да изведеме дека: Библијата ги навестува лажните учители и ги дава нивните карактеристики- тие ќе поучуваат спротивно од Библијата и нивните плодови јасно ќе зборуваат за нивните личности. За жал, Кајшаров проповеда погрешна теологија- неговото учење е спротивно на Библијата! Тој ги наплаќа своите услуги за кои вели дека ги врши во Христовото име и на тој начин ја злоупотребува верата и наивноста на луѓето кои имаат потреба од помош. Сметам дека третманите кои тој ги врши не само што не ги ослободуваат луѓето од нивните демони, туку баш напротив мислам дека тој самиот соработува со демонските сили. Нека во периодот кој следи Кајшаров и неговите следбеници бидат во нашите молитви- да Го молиме Бог да им ја открие вистината, да се покајат и да се вратат кај Него.
За крај, ќе завршам со зборовите на апостол Павле запишани во Првото и Второто Послание до Тимотеј
,, А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења’’
,, Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки.’’
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2012 во 16:56
мене не ми е јасно како е воопшто можно луѓе да веруваат во „моќите“ на човек, кој наплаќа за да ги демонстрира (општо зборено)... чисто се надевам дека некогаш ќе преовладее разум во светов околу овие работи
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2012 во 07:58
Изгледа Константин - Тинчо многу ги слуша DOORS и нивното песниче - Waiting For The SUN, ама најубаво е за да му се зголеми нивото на енергија а неговите клиенти да доживеат Катарза,прво да испушат една добра марихуана ,да ја слушаат песната најмалку 10 пати со ред и од најблискиот мост да се фатат за рачина и кога ке го здогледаат првиот сончев зрак сите со се Тинчо да се фрлат од мостот .
Во тој момент сите проблеми ке ги снема и спиритистите ке постанат Гуру слично како Тинчо.

Изменето од Alekxandar - 12.Септември.2012 во 08:02
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2012 во 06:56
Ај да раскажам за Тино и неговите легендарни дела, ми раскажуваше комшиката моја од Скопје летово кога бев дома.

Им наплаќал ( не знам колку ) за да ги води на Кокино на изгрејсонце, да им ја префрлел енергијата од сонцето на неговите идолопоклоници.

А најако било кога ги водел у Струга, исто на изгрејсонце, ги терал да влегуваат во вода, во езерото, истите сеанси како на Кокино им ги правел.

Брреееееејјјј глуп народ 
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 22:47
Баба ми викаше - Додека има овци ќе има и волнане зборувам

Се плаќа ли 40 евра за пола саат "консултации"?
За 40 евра во Скопје 3 пати човек ќе посети приватен психијатар, па веројатно повеќе ќе му помогне него Тино и неговите спиритуални ...чуда.
Да помагаше овој Тино во земјава сите ќе беа излечени од ..што уште не..сите ќе беа со осмех од 6ка до 6ка, сите ќе ја чувствуваа енергијата..во воздухот. Ама нееее, Тино е посебен.
Иако се е во главатанамигнување

А да, ќе заборавев...

Днес не му верувај на никого, уште ли не ве научија?не зборувам


Изменето од Santijago - 11.Септември.2012 во 22:51
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
gospodepomiluj Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Септември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospodepomiluj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 21:45
Pozdrav svima u Makedoniji
sada sam se logovala na ovaj sajt jer mi je interesantna tema:Konstantin Tino Kajšarov

se nadevam deka nema da se lutite sto pišuvam srpski jazik bidejki slabo znaem makedonski,ama se razbiram
Ja sam dolazila u Skoplje na seminar i terapije kod Konstantina,jer sam pre toga čitala njegovu knjigu "Sveti šapat" i mnogo mi se ta knjiga dopala.Mnogo problema sam imala i mislila sam da je on pravi iscelitelj.Ama kad sam videla da on naplaćuje pre 2 godine- 40 evra za nas iz Srbije,posumnjala sam u njega...
Putovala sam 10 sati do Skoplja(cela noć),mnogo umorna sam stigla do Centra"Konstantin".Bila sam pola sata na konsultacijama,posle toga došla je na vrata kancelarije mnogo neljubazna njegova asistentkinja i kazala da moram da izađem!skoro me isterala ;beše mi mnogo teško..no,kad mi uzeše sve pare što sam imala,sve 40 evra koliko sam imala u džepu..A ja sam mislila da je on human čovek...no posle toga kao što mi je rekao došla sam na seminar,gde se prolazi INICIJACIJA,proces preobraze u duhovni život,gde se ceo život menja u ime Isusa Hrista (kako je on pisao u knjizi)
NO;NIŠTA SE NOVO TAMO NIJE DESILO...MNogo sam razočarana što su mi i seminar naplatili 90 evra...Ja sam mnogo siromašna..a on,ako je toliko vidovit kao što sam kaže,kako je moguće da ne vidi da sam nezaposlena i da nemam pare

Sramota!

p.s..Moram da budem iskrena i kažem da poznajem ljude kojima je Tino pomagao i oni se hvale na terapije...No, nije toliko problem što meni nije pomogao već što uzimaju pare od siromašnih ljudi koji moraju da pozajmljuju pare od drugih ljudi,da bi mogli da prežive
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 21:43
Инаку да се вратиме на темата. Кај Тино осетив некаква енергија, но не толку јака како што на пример имам осетено кај Ласте (биоенергетичар во Сингелиќ кој сам си кажува дека не лечи рак и чија енергија тече низ мене без да ме допре) и кај еден извонреден тип американец Мичел Меј (Mitchell May).
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 21:37
Originally posted by pHp pHp напиша:

Види, вежбам јога од 12 години. Вкупно 18 години практицирам јога. Чакри како ќе се вртат и на која страна е твоја (авто)сугестија.


Навистина ли по толку години вежбање јога не си го осетил вртењето на твоите енергетски тркалца?

Се надевам дека утре ќе имаме шанса да збориме во живо.
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 15:01
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Originally posted by pHp pHp напиша:

Чакри како ќе се вртат и на која страна е твоја (авто)сугестија.


Не се сложувам дека е автосугестија. Автосугестијата свесно ја практикувам за други работи веќе три децении. Затоа и можам да тврдам дека ова не е автосугестија.


Ок.


Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Originally posted by pHp pHp напиша:

Уште повеќе што ти ги имаш почуствувано само 7-те чакри, а вкупно ги има 246 во целото енергетско тело.


Никаде не наведов дека имам осетено седум чакри. Всушност имам осетено само три, кај срцето, вратот и пределот на она што го нарекуваат трето око со нејзината еманација на темето во форма на полумесечина.


Токму реферира на системот на 7 чакри. Зошто немаш "осетено" на пример нешто како спинално вртење на колената. Тие две чакри на пример изобилуваат со енергија многу "посилна" од онаа на Anahata (срцето).

Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Originally posted by pHp pHp напиша:

Дека се активираат на свети места е мит, кој ја прати јогата. Тоа едноставно не е точно.


Јас за оваков мит немам слушнато. Ти зборувам од лично искуство, а твое е да веруваш или да не веруваш.
Можеби лошо се изразив. Поголемиот дел од луѓето веруваат дека чакри се активираат на свети места. Свети места во јога не постојат. Се е свето, според јогата, секоe место на планетава, универзумот и целата Креација е света, каде и да си. Чакри се активираат било каде (можеби бизарен пример, но и во канализација се активираат и тоа е свето место).


Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Originally posted by pHp pHp напиша:

Во христијанска црква anhata не е посебно активирана, тоа е лична верба и радост која ја чувствуваш во срцето, не е поврзана со anahata, напротив со сосема друга чакра која не се наоѓа во пределот на срцето.

А која мудра ја прави Исус кога благословува со рацете? Христијанството е религија на срцето. Без двоумење.

Точно, христијанството е религија на срцето и нема никаква врска со чакри, ниту пак со јога. Напротив, не е христијански да се практицира јога, додека пак верувањето во чакра системот и нивната активација, за христијанството е грев. (некои по-ортодоксни тврдат дека е сатанизам). Интересно е што јогата воопшто не е религија, а и Исус никаде не ја спомнува, ниту пак користи термин чакра или пак енергетски центар.


Originally posted by pHp pHp напиша:

Чакри не се чувствуваат, тие се доживуваат, на внатрешно ниво, дали се "отворени".


Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Тогаш според твојата терминологија, ги имам доживеано.

Прекрасно е нели?
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2012 во 18:53
Originally posted by pHp pHp напиша:

Чакри како ќе се вртат и на која страна е твоја (авто)сугестија.


Не се сложувам дека е автосугестија. Автосугестијата свесно ја практикувам за други работи веќе три децении. Затоа и можам да тврдам дека ова не е автосугестија.


Originally posted by pHp pHp напиша:

Уште повеќе што ти ги имаш почуствувано само 7-те чакри, а вкупно ги има 246 во целото енергетско тело.


Никаде не наведов дека имам осетено седум чакри. Всушност имам осетено само три, кај срцето, вратот и пределот на она што го нарекуваат трето око со нејзината еманација на темето во форма на полумесечина.

Originally posted by pHp pHp напиша:

Дека се активираат на свети места е мит, кој ја прати јогата. Тоа едноставно не е точно.


Јас за оваков мит немам слушнато. Ти зборувам од лично искуство, а твое е да веруваш или да не веруваш.


Originally posted by pHp pHp напиша:

Во христијанска црква anhata не е посебно активирана, тоа е лична верба и радост која ја чувствуваш во срцето, не е поврзана со anahata, напротив со сосема друга чакра која не се наоѓа во пределот на срцето.


А која мудра ја прави Исус кога благословува со рацете? Христијанството е религија на срцето. Без двоумење.

Originally posted by pHp pHp напиша:

Чакри не се чувствуваат, тие се доживуваат, на внатрешно ниво, дали се "отворени".


Тогаш според твојата терминологија, ги имам доживеано.
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2012 во 13:28
Originally posted by saguaro saguaro напиша:

Ова што ти го набројуваш, не е она на што јас мислам.
Јас ти зборувам за уште посуптилна енергија. Не е точно дека не може да се осетат чакрите. Едно време додека вежбав јога и те како ги осеќав, посебно во периодот кога бев вегетеријанец. Имаат и точно определена страна на која се вртат. Посебно повеќе се активираат на свети места. На пример во христијанска црква речиси секогаш ми се активира чакрата на срцето.

Слично е и со биоенергетичарите. Во зависност од биоенергетичарот, јас чуствувам струење на енергија и тоа без да ме допрат. Дури и по телефонски контакт. И тоа не е воопшто умислено или фантазирање.

Има луѓе кои ова не го осеќаат.   


Види, вежбам јога од 12 години. Вкупно 18 години практицирам јога. Чакри како ќе се вртат и на која страна е твоја (авто)сугестија. Чакра може да биде повеќе или помалку отворена. Инаку сите чакри на секое лице се "активирани" кај сите луѓе. Уште повеќе што ти ги имаш почуствувано само 7-те чакри, а вкупно ги има 246 во целото енергетско тело. Дека се активираат на свети места е мит, кој ја прати јогата. Тоа едноставно не е точно. Се активираат било каде, нема никаква посебност во светоста на местата, луѓето или слично такво. Во христијанска црква anhata не е посебно активирана, тоа е лична верба и радост која ја чувствуваш во срцето, не е поврзана со anahata, напротив со сосема друга чакра која не се наоѓа во пределот на срцето. Ако веќе одиме на тема светост и чакра активација, тогаш најблиску до такво нешто е sahasrara (крунска чакра или "световна" која соодветствува на фрекфенцијата на звукот Амен,Амин, Ом, Адонаи, Јахве, Јох и слично). Чакри не се чувствуваат, тие се доживуваат, на внатрешно ниво, дали се "отворени". Не во вид на физичка сензација.
Кога говориме за енергија, аналогијата со чакрите, важи и овде. Не се чувствува како сензација, не како пецепција на физичка дразба. Се доживува, на т.н. "духовно" ниво. Како што се доживува љубовта. Љубовта е емоција, внатрешна, психичка, физичките сензации (пријатноста) се последица на доживувањето. Физичка сензација без внатрешно доживување на отворена чакра = на илузија и автосугестија.
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2012 во 12:48
Ова што ти го набројуваш, не е она на што јас мислам.
Јас ти зборувам за уште посуптилна енергија. Не е точно дека не може да се осетат чакрите. Едно време додека вежбав јога и те како ги осеќав, посебно во периодот кога бев вегетеријанец. Имаат и точно определена страна на која се вртат. Посебно повеќе се активираат на свети места. На пример во христијанска црква речиси секогаш ми се активира чакрата на срцето.

Слично е и со биоенергетичарите. Во зависност од биоенергетичарот, јас чуствувам струење на енергија и тоа без да ме допрат. Дури и по телефонски контакт. И тоа не е воопшто умислено или фантазирање.

Има луѓе кои ова не го осеќаат.   
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.