|
Кронова болест |
Внеси реплика |
Автор | |||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Март.2016 во 20:29 |
||||||||
КРОНОВАТА БОЛЕСТ ИЗЛЕЧЕТЕ ЈА САМИТЕТешките хронични инфламаторни (воспалителни) болести на дебелото црево се вбројуваат во две големи групи и тоа: Улцеративен колитис и Кронова болест. Овие две болести се многу слични меѓу себе по симптоматологија, па затоа и на многу лекари им е тешко да ги разграничат. Она што му недостасува на „современото дијагностицирање“ кај повеќето доктори е одбивањето да ја поврзат болеста со храната како причина за нејзино појавување. Истото се случуваше во минатото, кога цигарите не се поврзуваа со болестите на белите дробови, или алкохолот со болестите на црниот дроб. Но, ако сега медицината ја потврди поврзаноста на цигарите со болеста на белите дробови, на алкохолот со болеста на црниот дроб, зошто не би требало да се поврзе исхраната со болеста на дебелото црево? Ова дотолку повеќе што се знае дека дебелото црево е орган преку кој се исфрлаат најтоксичните „преработки“ од храната, и во некои случаи на опстипација, тие се задржуваат во него со денови. Дефинитивно, хроничните инфламаторни болести на дебелото црево, каде спаѓа и Кроновата болест, се резултат на неправилната исхрана на болните. Значи, и лекувањето треба да се базира на начинот на исхрана. Истражувањата, правени на различни делови од светот, покажаа дека овие болести се јавуваат кај луѓето кои јадат таканаречена „западњачка“ калорична храна. Резултатите покажаа дека болните од овие болести во својата исхрана користеле премногу млеко и млечни производи, месо и рафинирана храна. Застапеноста на зеленчук и овошје била минимална. Мрсната храна, каде спаѓа и растителното масло за јадење, е поврзана со зголемен ризик од појава на болеста. Тоа значи дека за да се спречи болеста, но и за да се лекува, треба од исхраната да се исфрлат сите концентрирани масти. Хидроген-сулфидите се исто така токсични за клетките на дебелото црево. Тие се создаваат во цревото преку работата на цревните бактерии кои ги разградуваат аминокиселините што содржат сулфур. Такви аминокиселини има најмногу во животинската храна, односно во месото, сирењето, рибата, но нема во толкави количини во растителната храна. На пример, туната содржи дванаесет пати повеќе сулфур отколку компирот. Разумен заклучок од сето изнесено погоре е дека животинската храна придонесува за појавата на болеста, и тоа затоа што таа содржи голема концентрација на масти, не содржи растителни влакна, содржи алергени, протеини кои го „збунуваат“ имунолошкиот систем на организмот, па затоа тој се насочува и кон сопствените ткива. Содржи големи количини на сулфурни аминокиселини, чии метаболити се токсични за ткивата на дебелото црево. Болните од Кронова болест чувствуваат подобрување на состојбата кога од храната ќе ги исфрлат сите животински протеини. Една студија која е работена со пациенти што консумирале замена за млеко кое немало никакви млечни протеини, и со пациенти кои консумирале замена за млеко кое содржело млечни протеини, покажала: „Оние пациенти кои внесувале замена за млеко без млечни протеини бележеле подобрување и повлекување на симптомите на Кроновата болест за 75%, додека оние пациенти кои внесувале замена за млеко кое содржело млечни протеини, бележеле повлекување на симптомите на болеста за само 36%“. Студиите покажаа дека две третини од пациентите кои боледувале од Кронова болест и поминале на здрава исхрана, немале проблеми со симптомите на болеста и се чувствувале многу подобро дури и после две години. Една друга студија, која е работена со 93 пациенти болни од Кронова болест, покажала повлекување на симптомите на болеста за само две недели, кај 84% од испитаниците кои поминале на здрава исхрана. Најголема нетолерантност болните покажуваат спрема млекото и млечните производи и некои видови житарки. Болните од Кронова болест страдаат од чести исцрпувачки проливи (кај некои и до дваесет и повеќе пати на ден). Оние кои поминуваат на здрава исхрана, односно од мрсна поминуваат на немрсна храна, се ослободуваат од проливите за два до три дена. Болните од Кронова болест обично имаат оштетување на крајните делови на тенкото црево, кое е одговорно за реапсорпција на жолчката што била излачена од црниот дроб. Како резултат на тоа, жолчните киселини не се реапсорбираат, туку се транспортираат во дебелото црево, каде што вршат иритација на неговата слузница, чија последица е крварење на слузницата со појава на крвави и мукусни проливи. Од друга страна, луѓето кои не консумираат доволно растителна храна, немаат доволни количини на фибер, кој е исто така отстранувач на жолчните киселини од дебелото црево. Како и да е, неизбежен е фактот дека Кроновата болест е резултат на неправилна исхрана на луѓето и треба да се лекува со промена на начинот на исхрана. Најпрво болните од Кронова болест треба да се ориентираат кон немрсна храна, што значи елиминација на сите концентрирани масти од храната (животински и растителни), а да консумираат скробна храна, зеленчук и овошје. Имено, лекувањето треба да започне само со неколку видови дозволена храна:
- варени скробни растенија: кафеав ориз, компир, зимска тиква;
- варен зеленчук: аспарагус, артичок, цвекло, брокула, целер, кељ, спанаќ, тиквичка;
(да се избегнува кромид, зелена пиперка, ѓумбир, ротквици, домати)
- варено овошје: јаболко, банана, цреши, праски, сливи, круши;
(да се избегнува овошје како цитрони, мандарини, портокали, киви, лимони)
Од зачини може да се употребуваат само малку сол, доколку не е „забранета“ заради други проблеми. Тоа значи дека не треба да се користат ниту оцет, ниту црн пипер, некакви преливи за салати, лимонов сок и сл.
Од пијалаци треба да се користи само чиста или филтрирана вода. Може да се користи и природна минерална вода.
После една недела од ваквата исхрана, болните ќе почувствуваат значително подобрување. После тој период се додава по еден вид храна повеќе и се следи реакцијата на организмот. Доколку се јави негативна реакција, болниот треба да знае дека таквиот вид на храна е непожелен за неговиот организам. Доколку се јави реакција на новата додадена храна, се чека една недела со „тестирање“ на друга храна, за да му се даде време на организмот да се стабилизира од реакцијата, односно да се стабилизира после алергиската реакција. Доколку при вклучување на одреден вид храна не се јави реакција на организмот за одредено време (обично тоа се случува за неколку часа), значи тоа не е храната „виновна“ за проблемите со болеста. |
|||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Примери дека не си единствена.....
Zivimo u Jordanu, a mom sinu- sada 17 godina- su dali dijagnozu da ima Kronovu bolest skoro pre dve godine. Hvala Bogu da ga nisu operisali, a sad mora da neprekidno uzima sledece lekove: Pentaza i Imuran. Prilicno mu je bilo dobro, a uskoro vec nesto mu ne prija da jede, i ne oseca se dobro. Puno vam hvala na sve informacije sto ste predali, pa gotovo sto se tice inshrane. Dobila sam savet: neki pacijenti su poceli sa izlecenjem tako sto su poceli dnevno da koriste biljku k*rKUMA. k*rkuma se na latinskom zove Curcuma domestica ili Curcuma longa. k*rkuma potice iz porodice djumbira, a raste u Indiji i Kini. Potrazite je u boljim prodavnicama zdrave hrane ili da vam neko donese iz inostranstva. Sto se tice ishrane, samo dijetalno, nista pohovano, przeno u dubokom ulju,nista sa aditivima,znaci nista suhomesnato,virsle i sl. Nista sa zaprskom, pretezno spremati sa maslinovim uljem. Ne smeju nikakvi teski kolaci sa cokoladom i orasima. Nista od povrca koje moze da nadima.npr.socivo,boranija grasak i sl.Moze piletina, riba kuvana ili dinstana,krompir,pirinac,sargarepa, kao cuspajz laksi ili corba.Mogu kompoti, laki kolaci od voca i patispanja ili keksa sa malo pudinga npr.Moze jaje, ali vise rovito da bude. Multivitamini pod obavezno jer creva ne mogu da uzimaju sta im treba iz hrane. U Februaru smo saznali za inekcije pod nazivom: Humera, da li bi neko mogao da me obavesti ako su te inekcije pod zdravstvenog osiguranja? Jako su skupe, a svi lekari ovde u Jordanu tvrde da su efikasnije od ostalih lekova. Ovde se krece cena jedne inekcije oko 1000 evra... Jako bi vam bila zahvalna ako nas neko moze uputiti.. Zvanicno imam kronovu bolest od novembra 2004.godine, ali pitanje je kada se ona zaista pojavila. Evo upravo dok ovo pisem imam tekobe, na zalost tako je to u nasem zivotu, ali da predjem na stvar. Upocetku su mi kolonoskopijom pronasli na nekih 15 cm dubine od rektuma zapaljenje u duzini od oko 4-5 cm i patoloskim pregledom je potvrdjeno da imam kronovu bolest (namerno sam napisao malim slovima, jer ne zasluzuje da ima tu privilegiju ). Taj uzorak sam poslao u Novi Sad u Sremsku Kamenicu i tamo je potvrdjena ista bolest. Od terapije sam koristio lek 5ASA, Pronizon i Omeprol, ali stvar se nije poboljsala. Doduse ja sam iz Subotice, a bolnica i doktori no comment. Odlezao sam dva puta u subotickoj bolnici u roku mesec dana da bi me na kraju poslali u Beograd na Bezanijsku kosu. Tamo sam lezao 35 dana i doveli su me u red. E sada, kao sto sam vec rekao, ta upala na 15-ak cm je na nesrecu bas na delu gde se crevo prislanja na besiku, pa mi je upala presla i na nju, ali ne u vidu kronove, vec obicne upale nastale bakterijom eserihija koli i stvorio mi se cistitis unutar besike. Takodje u tom periodu su mi pasazom tankog creva pronasli deformacije i na njemu sto u tom trenutku nisu mnogo uzimali za ozbiljno. U remisiji sam bio od maja 2005 do novembra 2007 od kada su tekobe ponovo krenule, ali sada sam ih osetio na drugom mestu. Mesecima sam pokusavao dijetama i terapijom da prekinem tegobe, ali uzalud. Otisao sam na VMA u Beograd kod dr. Dodera i tamo mi je uradjena pasaza tankog creva i pronadjeno suzenje istog u duzini od oko 10 cm. E tu nastaje moj problem. Inace od 2005 nemam problema sa debelim crevom. Tada mi je izmenjena terapija i poceo sam da pijem Salofalk 3x2, Ciprocinal 2x1, Orvagil 3x1, Probiotik 1x1. Ni ova terapija mi nije pomogla. Tacnije poboljsanja su dolazila u vidu nedelju dana dobro pa ponovo tekobe. Naravno, uz tu terapiju sam jeo samo kuvano meso, supe, razna variva, a ako sam nesto pekao to je bilo na maslinovom ulju i nista. Nakon toga mi se stanje drasticno pogorsalo da sam opet zavrsio u subotickoj bolnici gde mi se pocelo davati u sklopu postojece terapije i lek Budosan koji je izuzetno skup, kutija 6500 dinara, ali ako vam doktor ispise placate ga 20 dinara. Nakon 5 dana u bolnici stanje mi se drasticno poboljsalo i to je trajalo, verovali ili ne citave 3 nedelje, da bi mi se evo stanje ponovo pogorsalo. Iz cele ove price sam shvatio jednu stvar, a to je kada dodje do suzenja tankog creva pomoci nema osim operacije, jer vam nijedan lek nece prosiriti creva. Pokusavao sam svom doktoru da objasnim da zelim operaciju, a odgovor je bio NE jer moze nakon toga da se pojavi ponovo, na sta sam ja rekao, a moze i da se ne pojavi na sta je on slegao ramenima. Sve u svemu, prelazim kod drugog doktora koji mi je predlozio operaciju i rekao da to nije komplikovana operacija i po svemu sudeci podvrgnucu se njoj, jer ovako vise ne mogu da zivim. Punih 8 meseci sam bukvalno vezan za krevet, ne mogu nigde da idem, zaostajem na poslu mnogo, moja majka to strasno tesko podnosi kao i moja devojka i zalim je sto mora da ima takvog decka sa kojim je 8 godina a vreme je za svadbu, ali koliko god meni i njoj bila teska odluka ako se ovo nastavi moracemo se razici. Ne zelim da budem neciji teret u zivotu. Mozda ce neko osuditi ovakav stav, ali ovakav zivot treba osetiti na svojoj kozi. Evo par reci o kronovoj bolesti, odnosno ishrani kada je imate. Istina je da ne postoji odredjena ishrana i svaki doktor ce vam reci jedi sve pa sta ti smeta, ostavi. Potpuno netacno. Jednu stvar moraju svi da razumeju,a to je da kronova bolest nije bomba na fitilj pa kada ga zapalite ona odmah eksplodira. Postoji na hiljade sastojaka i suspstanci koje sadrzi 90% nase ishrane i koje smetaju ovoj bolesti, ali nikako se nece desiti da pojedete (kada ste u remisiji) rostilj i da vam odmah ujutro krenu tegobe. Naprotiv, kao i sve sto postoji na ovoj planeti, tako i ova bolest ima svoju granicu izdrzljivosti. Dok ste u remisiji jedete skoro sve ( ima onih koji jedu i ljuto i piju alkohol pa nista). E kada bolest dostigne svoju granicu izdrzljivosti, ona bukne neverovatnom brzinom. I sta sada, ja treba da razmisljam sta sam ja to jeo protekle 2-3 godine. Cista glupost. Ovu pricu moze da potvrdi i vase iskustvo. Kako to da ste u remisiji jeli rostilj, pohovano meso, pomfrit, kolace, pasulj, riblje corbe, kobasice i kulenove, pili mleko, koka kolu i alkohol pa nista i onda nakon izvesnog vremena boooom. E to je ta granica izdrzljivosti. Ipak vrlo je vazno znati kako se ponasati kada bolest proradi i to je nas jedini problem, a ne lupanje glave o jelovniku u remisiji. Kada se bolest probudi, ako je u ekstremnom obliku sa jakim bolovima, bolnicko lecenje je neminovno, a ako se ne izrazava tako jako onda je potrebno odmah postupiti po pravilu: obavezno 2-3 dana nista ne jesti (osim bistrih supa, pasiranog povrca iz supe i mnogo tecnosti) jer je bitno odmoriti creva od mase koja prolazi kroz njih i koja vrsi pritisak na upaljeni deo. Nema efekta piti terapiju za ublazavanje upale ako je hranom podsticete. Naravno, uvek je potrebno posavetovati se sa doktorom. U svakom slucaju moramo se pomiriti sa time da cemo celog zivota ziveti sa ovim i jako je vazno to shvatiti zrelo i odgovorno i biti psihicki vrlo jak. Takodje moramo shvatiti da nikada vise necemo moci ziveti kao sto zive zdravi ljudi i moramo biti spremni za mnogo odricanja u zivotu. Imam dovoljno dug staz sa ovom bolescu, jer ona mi je pronadjena kao sto sam rekao u novembru 2004, ali moje prve tegobe su pocele u novembru 2002, stim sto im tada nije radio aparat za kolonoskopiju pa su napamet dali dijagnozu "bakterijsko zapaljenje creva". Ja sada tenutno imam tegobe vec 8 meseci i sada sam pre tri dana presao na ishranu tipa sve pasirno u blenderu, puno tecnosti i terapija, ali kao sto sam vec rekao, imam suzenje na kraju tankog creva i tu nista ne pomaze osim operacije koju cu verovatno uskoro uraditi. Za sva pitanja i eventualno razmenjivanje iskustava pisite na zavisapopovic@yahoo.com Pozdrav svima koji se bore sa ovom opakom bolescu i zelim svima da sto pre naviknete na ovakav zivot i da sto duze provodite veme u remisiji. лилица еве ти линк на специјален форум во кои сите искажуваат искуства со КРОНОВА БОЛЕСТ.... http://www.doktor.co.yu/forum/viewtopic.php?t=18889 поздрав !!! бијонсе1 Изменето од bijonse1 - 15.Јуни.2009 во 20:20 |
|||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
КРОНОВА БОЛЕСТ е хронично воспалителен процес на тенкото црево,се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленијата, се јавуваат многу ранички, чиреви на sидот на цревото(улцерации) што меѓу себе се оделени со здрав зид, понекогаш се јавуваат и анални ФИСУРИ, се чувствува повремени или трајни болки пропратени со многу столици (до 4о дневно), лажни нагони за во клозет, во столицата има многу слуз, често и крв и кашасти состојки. Се губи доста во тежина се слабее брзо и слично. Хроничните автоимуни заболувања како улцерозниот колит, грануломатозниот колит или Кроновата болест Овие долготрајни хронични заболувања се проследени со слузести и слузесто-крвави празнења, со грчеви и болки во стомакот. Симптомите при овие заболувања се пролив или запек, слуз или крв во изметот, прекумерно испуштање гасови, кркорење на цревата итн. При манифестација на секој од овие симптоми, а особено при крв во изметот, треба веднаш да се оди на лекар и да се дијагностицира за што се работи. Прогласување априори хемороиди од болниот или од матичниот лекар и давање терапија на невидено е голема грешка затоа што тука можат да се превидат многу сериозни заболувања и да се пропушти оптималната фаза за лекување. Треба да се направи ректален преглед, а потоа да се преземат другите анализи: ректоскопијата, колоноскопијата, иригографија, ехо-томографијата, биопсија, испитување на изметот на паразити и бактерии, лабораториски анализи и на основа на овие сознанија се поставува дијагноза и почнува терапијата. Ако се работи за улцерозен колит или за Кронова болест, почетното лекување е со соодветни лекови со медикаментозни клизми, надоместување на електролитите и белковините и со тоа во голем процент се постигнува долгогодишна ремисија. Ако дојде до компликации - преплет на цревата, масивно крвавење, појава на стенози и фистули, тогаш се препорачува хируршка интервенција. Употребата на животински масти, лути храни со многу зачини, алкохол, мешункаста храна што создава многу гасови треба во акутната фаза да се избегнува. Не треба да се јадат сувомесни производи, особено чадени, пикантни сосови и сл. Треба храната повеќе да биде варена, а помалку пржена и печена. Производи од ориз, компир, особено компир-пире, пасирани моркови, пилешко месо, млечни производи, особено јогурт, кравјо сирење треба да се употребуваат во акутната фаза за полека да се премине на друга храна, но во помали количества. Храната треба добро да се џвака. Треба да се јаде повеќепати на ден по помали количества, а не одеднаш големи порции што цревата не можат да ги преработат. Изменето од bijonse1 - 15.Јуни.2009 во 20:04 |
|||||||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Видов.
|
|||||||||
Кој бара ќе најде.
|
|||||||||
Marijaana
Група Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 52 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Се надевам линков ќе ти помогне, содржи одговори на дел од твоите прашања.
|
|||||||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Има ли некој на форумот што боледува од оваа болест? Ме интересира за колку време му поставија дијагноза и што потоа? Кои лекови се користат, има ли лек за оваа болест?
|
|||||||||
Кој бара ќе најде.
|
|||||||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |