|
Античките градови во Македонија |
Внеси реплика |
Автор | |
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Септември.2009 во 12:17 |
Go najdov od kade e eve uste eden izvadok
Значи, зошто ја подржувам тезата на големите носители на македонската историја дека постои јасен дисконтинуитет помеѓу Словенска и Античка Македонија: прво, не постои никаква усна или пишувана народна традиција, народно творештво што би нè упатиле на тој период. Нема ниту една народна песна или народна приказна на која се сеќаваме од нашето детство што ќе ни разбуди носталгија по тоа време; второ, јазикот што претставува еден од основните кодови на која било нација е јасна гранка која припаѓа на јужно-словенските јазици фундирани врз база на Старословенскиот јазик. Во последно време сме опсипани од информации дека ваму или таму пронашле неколку збора на Антички Македонски јазик, а тие никако да ни бидат презентирани. Претставувањето на јазикот на Хунзите и Калашите како близок по структура на Македонскиот литературен јазик е духовна карикатура без коментар. Да не ги споменувам вицевите кои нe упатуваат на потеклото на имињата на Пакистан и к*рдистан, кои за жал до вчера беа третирани како серизони аргументи во експанзијата на Македонскиот јазик. Во тој контекст е и приказната за каменот од Розета. Ете, никако да го видиме конечниот превод на фамозниот среден текст на Антички Македонски јазик. Патем, само да споменам дека тој е преведен уште пред времето на Шампињон и дека врз база на тој превод Шампињон ги превел Хиероглифите, така што и преводот на вториот текст и преводот на Хиероглифите врз основа на вториот текст од страна на Шампињон денеска се во употреба. Значи, преведуваме текст што веќе е преведен, правејќи уште една мистификација. Конечно, во македонскиот денешен јазик нема ниеден латински збор освен интернационализмите. Римјаните го латинизирале целиот Медитеран. Во таа смисла Влашкиот јазик е соодветен пример, а Албанскиот содржи околу 30% латински зборови. Чудна работа, како во нашиот јазик нема никаква лингвистичка трага од ниту едно зборче. Токму непостоењето на латински зборови во сите словенски јазици на Балканот е еден од најочевидните докази дека Словените се населиле подоцна; и трето, да извршиме анализа на историските факти. Кај нас е отворена расправа дали Античките Македонци се Грци или не. Владее настроение дека ако докажеме дека не се Грци, небаре по автоматизам негрчкото потекло на Античките Македонци го потврдува нашето Античко потекло. Забораваме исто така дека историјата од тоа време на овие простори познава три големи етнички супстрати-Елини, Траки и Илири. Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез. Митовите за доаѓањето на Античките Македонци го опишуваат нивното движење од традиционоалните Грчки земји кон нивната локација околу Солун и Пела. |
|
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kakov post od vesnap .ne znaev deka postoela vakva tema
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.focus-news.net/?id=f12956
Фокус: Има ли ископувањата на бугарски средновековни градови, кои сега се надвор од границите на земјата? Иван Петринска: работна е на Скопско кале, на Тетовско кале, на Прилеп. Пронајдени се претежно делови од тврдината ѕид. Во Македонија има една особеност, додека беше Југославија таму Средновековие практично не се работеше, бидејќи ако се работеше е јасно што ќе излезе - 100 процентова Бугарија. Ако се работеше, го работеа Хрвати и Срби. НМИ и јас бевме првите бугарски археолози, кои работевме на тврдината на Битола во 1994 година За жал само една година, потоа работите политички се влошија. Од десетина-дванаесет години во Македонија започнаа да работат средновековни објекти, пред тоа се работеше многу ограничено, на пример, Прилеп и Демир Капија. Ние за еден месец доста работа свършихме во Битола. Работи се многу интензивно во Охрид. Ситуацијата таму е многу различна, со финансиите. Археолошките ископувања се финансираат директно од буџетот на владата, дури не поминуваат во Министерството за култура. Во Охрид се работи со големо количество работници, открива се средновековен град, но нивната главна цел засега е чисто политичка. Таа е апсолутно недоказуема научно. Да се докаже врска со античкото население - ова не може да се случи, бидејќи досегашните студии за Вардар, по Струма и Места покажаа недостаток на каква и да било континуитет меѓу средновековните и античкото население. Тоа се области целосно уништени во доцната античност. Има еден период, во кој никој не живее таму, бидејќи поминуваат сите варвари и беснеат регионот и таму не може да се живее. По усядането на словенското население, то навистина нема ништо со античкото население. Колегите во Македонија многу добро знаат оваа атмосфера и знаат дека тоа што им се става како политичка задача е не доказуемо. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преку изградената култура и нејзините сведочења можеме да ја следиме и судбината на државата.Тоа ќе ни одземе многу време и простор во овој случај но во ова сегашно време,со обѕир на повампирените националисти на Балканот,потребно е да им се каже на таквите дека се на крив пат. Времето течело за соменатите народи,но течело и за останатите за нивните соседи,па ние во понатамошното наше излагање ќе се обидеме преку историјата на Македонија да ги следиме и фактички состојби на останатите народи на Балканот.Споменавме дека Македонија го добила името по синот на Дионис,кој се викал Македон и кој бил назначен од Дионис за крал на Тракија и тогашната територија што се викала Ематија,по името на Ематион,крал што владеал со Ематија област во Паонија-Пеонија,како што наведува Јустин во книга седум во Филиповата историја.Рековме дека од самото конституирање на државата Европа во денешниот континент главно на три дела,три родоначелства Гали,Келти и Илири. Родоначалството на Илириј видовме дека се додржало до Тројанската војна и од самиот почеток на создавањето на македонската империја.Речиси иста таква геополитичка состојба е затекната при навлегувањето на Римјаните. Дали денес ние македонците како една од најстрите цивилизации дојдовме до ситуација да граѓанините на Македонија,и нејзините животи владее историска борба за опстанок на фамилијата,градовите,селата. Во ваква ситуација на ,,беда,,беда која неслучајно на македонскиот народ е наметната со кој се ограничува и често онемогучува македонецот да ја шири македонската култура во јавноста,а воедно да даде голема подршка на културните делатности,во случајот со нас,каде и весниците,медиумите,новинарите се контролирани.Зошто! Дали само затоа што треба македонецот да ја докаже вистината за постоењето на Македонија,а со неа и нашето постоење,нашата историја,нашиот културен апарат.Кој се плаши од нашата вистина! Дали денес со докажување на нашата вистина галеничето на Е.У.Грција ке остане без своја култура,историја,културен апарат,бидејки денешна Грција е земја која вештачки е створена,со украдена историја од македонскиот народ. Зарем нашиот живот денес треба да ни помине некој друг да ни се меша во се.Потребна ли ние на нас македонците и денес миграција! Дали миграцијата не го спасила македонецот од изумирање многу пати во историјата. Кога римјаните ги освоиле овие простори,најголемиот дел од македонската популација бива протерана. Големо патишествие било тоа. За време на владение на Рим со народот македонски е доста пишувано и од нашите автори,но и од римски автори и речиси е позната нивната цел за секого,како и нивните методи за постигнување на таа цел,која македонецот ја насетува преку влијанието што го наметнува јужниот сосед наш и обединета Европа. Ако ја погледнеме денес ѓеополитичката карта на Балканот,многу нешта ќе ни бидат јасни зошто така постапувал Рим,а денес Е.У. Се наметнува прашањето дали се навистина овие народи што го населуваат Балканот дојденци од Карпатитепод името Славјани-Словени,или пак тоа е постепено вградувано во свеста на нашиот човек додека се уште бил под власт на источното-римско царство,односно Византија порано,а и континуирано до денешни дни од грчките власти и нивните ментори. Дали навистина подлегнала одеднаш тоа толку силно иммперија (Илирско-Македонска) на притисоците на нееманципираните и неписмените племиња на кои дури не им се знаат ниту водачите,а ниту пак кралевите,ниту пак од кои земји доваѓаат? Згора на тоа,поради тоа што биле толку хумани,некој се досетил да им состави азбука и писмо за да го приспособи на нивниот говор.Биле итри,досетливи и на сите територии што ги освоиле формирале држави со нови имиња,но не се опредилиле за постапка како нивните претходни кралеви на Македонија и го оставиле името неѓибнато. Според кажувањата и видувањата на некои автори за тој дел од Историјата,на дојденците многу им се бендисал фолклорот,обичаите,имињата,празниците на тукашните и си ги присвоиле.Не одеднаш,туку постепено во тек на неколку векови,како да од почетокот на нивното навлегување на Балканот па до целосното освојување не требало да општат меѓу себе и не требало да вршат работи што подразбираат култура,економија,политика.Или пак сето време им минувало во изучување на културата и достигнувањата во економијата и политиката и откако го постигнале тоа се појавуваат како еманципиран фактор на Балканот? Значи, по навлегувањето на Славјаните на Балканскиот Полуостров одеднаш или во време од три до четири века ги снемува Автаријатите,Перхебите,Дарданците,Паонците-Пеонците,Траките,Трибалите,Скодрите,Диорсите,Јасонците,кои го прифатиле името Македонци,едноставно кажано сите од лозата на кралот Илириј. Можеби како што изгледа,Рим им ја подготвил територијата на дојденците за нивно непречено навлегување. За престјот на Римјаните на Балканските простори постојат многу пишани книги во кои ќе најдеме,ако ги читаме,многу факти што сведочат за како што рековме порано,нивните намери,но и за самото практицирање на власта.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За престјот на Римјаните на Балканските простори постојат многу пишани книги во кои ќе најдеме,ако ги читаме,многу факти што сведочат за како што рековме порано,нивните намери,но и за самото практицирање на власта. Римскиот историчар Ливиус или Тит Ливиј (56годп.н.е..до 17год.п.н.е.)во своето дело,,Декади,една Историја на Рим,,(од 140глави сочувани се 35). Во една од сочуваните глави наведува: ,,Го преместуваа кралскиот дворец Пела на еден вештачки,со ѕидини опкружен остров,што се навоѓал во мочуриштето,кое било блиску до градот. Набљудуван од далеку островот изгледал дека е поврзан со градот,меѓутоа всушност бил ооделен од градот со една преместена река.Јохан Хан(1811-1869)германски правник и за времето на кралот Отан во Грција служел во грчкато министерство за правусудство,потоа преминал во австриска дипломатска служба и долги години бил австриски конзул во Јанина и Сира.Овој патопис во 1858год.проучувајќи ги ,,Декади една Историја на Рим,,од римскиот историчар Тит Ливиј се сомнева на денешната локација за нашата престолнина, како што сите знаема дека е лоцирана во Еѓејска Македонија во Грција и вели:,,Ова опишување не му одговора на градот што се навоѓал меѓу изворот наречен Пела и нагорната површина кај често опишуваниот единствен столб,затоа што таа површина е премногу одалечена од мучуриштата,а 20мин. Југоисточно од изворот Пела кај ритчето кај селото Јениќој,кое што е вештачко,за кое што зборува Leake,(Travels in Northern Greece,стр. 261) не мочевме да бараме.Така значи,ние бевме приморани одредувањето на македонскиот кралски дворец да им го препуштиме на други. Се согласуваме дека Пела е град во Македонија во областа Ематија,што Филип втори Македонски го избрал за престолнина.Александар трети Македонски се родил во него. Значи, Римјаните намерно го занемериле овој град за да не будат сеќавања на големите македонски кралеви. Први кои го разурнале главниот град на Филип биле Галите пред Римјаните,оставки ги урнатините на Пела на една височинка налегната кон запад и водата што ја опкружуваат.Престолнината Пела денес ова здружение на грашани ја лоцира во градот Виница,град во источна Македонија на лпкалитетот Виничко Кале.За до докажиме дали се во право треба да се предизвикаат денес институциите и заедно со нив да го доистражат овој голем локалитет во градот Виница источна Македонија.Основа на ова истажување би требало да биде изворот Пела.Кога сме кај изворите да напомениме дека на места каде има извор на чиста и студена вода,местото било зачтитувано со изградба на пагански храм,бидејки водата претставува плодност,изобилство,живот;додека недостигот на вода значи глад,пустош,смрт.Ваквото драгоцено богатство се препишува на народното верување за посебна дарежливост на боговите,биле подигнати храмовите да служат за безбедно чување на богатството и како споменици за даровите.Значи изворот Пела ни е како локатор за градот кој што ѓе не одведе до кралската престолнина Пела изградена од кралот Филип втори Македонски.Несомнено дека на изворот Пела се наоѓа храмот или Акрополата на древната Сана,или Големата Мајка Ника. Ваквата Акропола граничела со градот,изградена на височинка на рид што е опкружен со морето и господари над заливот и вештачкото изградено пристаниште од персискиот цар Ксеркс први за морепловни објекти.Оваа Акропола е поврзана со уништувањето на гробница,каде се наоѓал полуразурнат саркофаг за време на првата крстоносна војна.Камењата на гробницата биле направени од гранитен камен и биле доги и дебели без цемент,каде имало покрив.До ден денес никој од археолозите во целиот свет нема потврда кој бил погребан овде од поновата историја.Пред крстоносните војни најдовме матерјал за жена која во оваа Акропола кадила темјан,за душата на спасителот,поврзано со верата,надежта и љубовта.Запаленото кандило и Темјанот го обавуваше жената за бесмртност на оној кој што бил погребан овде во оваагробница.Понатаму градот треба да го лоцираме на на место меѓу изворот наречен Пела,односно југо-источно од споменатиот извор каде се наоѓал Акрополата.Од градот потоа во правец Исток од 4-6км. се наоѓа кралската престолнина Пела.Оваа Акропола која се наоѓала на изворот Пела за време на христијанството ке биде забележана и по караницата,кудењето,на жителите со апостол Павле кога им го предавал евангелието.Каде е вистинска локација на оваа Акропола,дали е тоа денешен Ефес,во Турција или градот Ерисо како што ни го преставува нашиот јужен сосед,останува самиот читател да се увери.Нашите сомнежи се дека Акрополата се навоѓа во Р.Македонија и чека да биде откриена. Знаеме дека со поразот на македонската фаланга во третата македонско-римска војна во 168год.п.н.е.е ставен крај на отпорот на потомците на Илириј. Претходно во 315год.п.н.е.од Касандар,македонски цар,син на Антипатар кој се оженил со Тесалоника,сестра на Александар Македонски и го ликвидирал целото семејство на нашиот Александар трети Македонски,го гради градот околу Пидна, Терма и му го дава името на жена му Тесалоник.Македонскиот цар Персеј бил поразен покрај Пидна,им се покорил на Римјаните и ,под нивна доминација,станал главен град на цела Македонија.Тој служел како главен штаб на сенатот и на партијата на Помпеј Секст(кој по убиството на Цезар,влегол во Рим и станал проконзул на поморските сили.Влегол во борба со Октавијан,бил поразен и избегал во Милет каде бил убиен во 35год.п.н.е.)Тој ја избрал странката-партијата на Октавијан и Марк Антониј и го добил како награда името на слободен град.За време на трите први века од христијанскиот период и дури по подигањето на Цариград,градот бил главен на целиот регион опфатен меѓу Јадранското и Црното Море,а неговото население достигнало до 220 000 жители.Во третиот век од н.е. бил подигнат во статус на римска колонија за да го заштитува царството од инвазијата на Варварите.Се посетуваме на страшниот масакр нареден од Теодисиј Велики(346-395)кој во 390год.од н.е.наредил да се заколат 7000 граѓани на овој град.Архиепископ од Милано,еден од отците на латинската црква по име Св.Амброзиј кој наредил императорот Теодисеј први јавно да се покае.Од шестиот до осмиот век.од н.е.градот издржал повеќе крвави битки со Словените.Во 904год.тој бил заземен и опљачкан од Сарацените(Шпански муслимани,Арапи и Маври-кој за време на Кртоносните војни така ги викале и азијатските муслимани,особено од Палестина),Норманите(северни луѓе главно од Норвешка,Данска и Шведска)под водство на Танкред(легендарен јунак од Првата крстоносна војна.Се истакнал во борбите за заземањето на Ерусалим во 1099год.Станал кнез на Галилеја.)го освоиле во 1185год.и се однесувале варварски кон неговите жители.Во почетокот на тринаесетиот век.од н.е.тој поминал под доминација на маркизите Монтеферат(благородничко семејство од Ломбардија,еден од водачите на четвртиот крстоносен поход-1202,кој помогнал да се заземе Цариград,а потоа станал крал на истоимениот град)Градот подоцна е продаден на Веницијанците, и на крај завземен од Турците во 1430год.Св.Павле им го препорачал христијанството на граганите на овој град,и им упатил две религиозни писма.Градот е сметан како главен град на христијанството на исток,бил наречен ,,Православен град,,
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ваквото драгоцено богатство се препишува на народното верување за посебна дарежливост на боговите, биле поди- гнати храмовите да служат за безбедно чување на бога- тството и како споменици за даровите.
Значи изворот Пела ни е како локатор за градот кој што ѓе не одведе до кралската престолнина Пела изградена од кралот Филип Македонски. Несомнено дека на изворот Пела се наоѓал храмот или Акрополата на древната Сана, или Големата Мајка - Ника. Ваквата Акропола граничела со градот, изградена на височинка на рид што е опкружен со морето и господари над заливот и вештачкото изградено пристаниште од персискиот цар Ксеркс први за морепловни објекти. Оваа Акропола е поврзана со уништувањето на гробница, каде се наоѓал полуразурнат саркофаг за време на првата крстоносна војна. Камењата на гробницата биле направени од гранитен камен и биле долги и дебели без цемент, каде имало покрив. До ден денес никој од археолозите во целиот свет нема потврда кој бил погребан овде од поновата историја. Пред крстоносните војни најдовме матерјал за жена која во оваа Акропола кадила темјан, за душата на спасителот, поврзано со верата, надежта и љубовта. Запаленото кандило и темјанот го коростеше жената за бесмртност на оној кој што бил погребан овде во оваа гробница. Понатаму градот треба да го лоцираме на место меѓу изворот наречен Пела, односно југо-источно од споменатиот извор каде се наоѓала Акрополата. Од градот потоа во правец Исток од 4-6км. се наоѓа кралската престолнина Пела. Оваа Акропола која се наоѓала на изворот Пела за време на христијанството ке биде забележана и по караницата, куде- њето, на жителите со апостол Павле кога им го предавал евангелието. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Античка Македонија во периодот, седумдесеттина години пред Филип Македонски се наоѓала на просторот над Олимп, така што издолжувајќи се во полумесечина над Пела, свртува кон Солун, завршувајќи негде кај Халкидик. Во наредните години преку разни притисоци и династички спојувања се проширила приближно до денешната Грчко-Македонска граница. Тоа проширување се нарекува Горна Македонија. Понекогаш намерно се прават грешки дека Горна Македонија практично е нашата Република Македонија, но и Долна и Горна Македонија географски буквално се наоѓаат во денешна Грција со исклучок на земјата на Ленкистидите која бива освоена дури од Филип. Нетрпението меѓу основната Македонија и Горна Македонија продолжува перманентно, а исто така има многу извори што потврдуваат дека Горномакедонците етнички се разликуваат од Долномакедонците. Значи, ако направиме етничка фотографија на Република Македонија наспроти Античка Македонија, одвај некои села близу грчката граница ќе можат да се повикаат на таа традиција. Но каква е состојбата во нашата Македонија? Во Охридско и во некои делови од западна Македонија имаме Илири; во источна Македонија вклучително и цела Пиринска Македонија, без никаков историски прашалник-Траки; на север, вклучително и нашиот главен град Скопје во период од илјада години пред и по Александар-Дарданци и акцентирани 60% од денешната Република Македонија-Пеони,(најверојатно тракиска гранка)
Паоните биле тракиска гранка е војводо војводо исто како денес македонецот да има албанска гранка.Во контекст на овој текст доволно е само да се докаже за кралската престолнина Пела и сите теории на овие заговарачи против Македонија,а верувајте ми ги има многу во Македонија како него ,,квази војводата е се им пага во вода,тогаш не знам каде ке се скријата од ризилот кога со докази ке им се докаже а сите грагани ке се секаваат на вакви текстови не само од него. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |