![]() |
|
Новости од областа на уметноста,културата |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | ||||||
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 25.Септември.2011 во 11:17 |
|||||
и тука сме имале Македонче во трката.
Се работи за дизајн на постер за детска балетска претстава при Англискиот националниот балет. Од пријавените над триста идејни решенија од цел свет, делиме второ место ![]() Изменето од ПодВодно - 25.Септември.2011 во 11:45 |
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Прилеп е рај за сликарите и за скулпторите ![]() Наталија Баженова и нејзината ќерка уметничката Ана Ремига од Москва работат инспирирани од прилепската околина, од населбата Варош, па среќаваме мотиви од манастирот "Св. Архангел Михаил", камената карпа "Слонот", тема "Ангел". Наталија е третпат овде. Нејзина прва љубов се портретите, но слика и пејзажи. Потсетува на портретот на Тоше Проески, кој го создала пред две години. Вели, ја слушала неговата музика и насликала три негови портрети. Еден има во Москва, еден во Центарот за современа ликовна уметност и еден подарила во Манастирот "Св. Преображение" над Крушево. Баженова има богата меѓународна биографија и високи награди во Русија, а заедно со нејзината ќерка Ана Ремига биле дел и од Ликовната колонија во Вевчани. Убавините на колониите е што се разменуваат искуства, се пренесуваат впечатоците од нив во различни земји и, преку сликањето, се доживуваат земјите и културите во нив. Тоа е еден вид ликовна или, како што вели, народна дипломатија. За Македонија вели оти е добра земја, еколошки чиста, со љубезни граѓани, со многу стара историја, но со многу сиромашни жители |
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
30 уметници и 13 солисти за стартот на Скопско лето к*ратор на изложбата "Бендисај го или батали го" е Викторија Васева- Димеска, а на концертот во МОБ ќе диригира Бисера Чадловска
|
||||||
![]() |
||||||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Најверојатно тука е најсоодветно да се одбележи на форумов Македонскиот павиљон во Венеција.Годинава претставен од авторот Жарко Башески со инсталацијата "LEAP"
![]() |
||||||
![]() |
||||||
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
на канал 103 почнува Свирачиња на Томче
вечерва гостин со својата поезија е Снежана Стојчевска ДОБРА Е!!! ![]() ajde baby, стегам палци ![]() |
||||||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
||||||
![]() |
||||||
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ќојме вечер на Архангел??????????????
![]() |
||||||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
||||||
![]() |
||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Кејт-д-грејт на радио ![]() За оние кои ја сакаат нејзината поезија, вечерва може да ја слушаат на Стотројка радио (Канал 103). Почнува во 00:00 часот, ќе биде гостинка во емисијата СВИРАЧИЊА: Тома Димовски ![]() |
||||||
![]() |
||||||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Вевчани подготвено за овогодинешниот карневал..........
ќе биде весело............ ![]() ![]() Ноќта на 13 наспрема 14 јануари
православните христијани ја прославуваат Старата Нова година или
Василица. Во духот на традицијата, се почитуваат различни обичаи и
обреди поврзани со нејзиното прославување. Ќе ве потсетиме на некои од
нив. На Василица, исто како и на Бадник, се собира семејството на
вечера, но наместо лепче, вечераат пита или зелник во кој се наоѓа
паричка. Оној што ќе ја добие паричката се верува дека ќе има среќа во
текот на целата година. Од слични причини потекнуваат и верувањата дека
на Василица треба да се играат игри на среќа, карти или коцкарски игри,
за да ја ставите среќата на тест. Оној што ќе победи, ќе има среќа во
годината пред него.
Но, најинтересен обичај поврзан со
прославата на Старата Нова година е Вевчанскиот карневал. Со традиција
од речиси 1.400 години, карневалот претставува извонреден спој помеѓу
паганското и современото. Се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и
секоја година е во сè поголем број, па така годинава, освен вевчанските
василичари, се очекуваат и голем број гости од Бугарија, Србија, Босна
и Херцеговина и Турција. А дека Вевчанскиот карневал е препознатлив
белег на културата и традицијата и во светски рамки говори и фактот
дека од 1993 година е член на Здружението на европските карневалски
градови.
Ако се прашувате зошто
василичарските маски се толку страшни и впечатливи одговорот ќе го
добиете веднаш. Во православната религија деновите помеѓу Христовото
раѓање, Божиќ, на седми јануари и неговото крштевање во реката Јордан
на 19 јануари се сметаат за некрстени денови. Токму во тој период се
верува дека на земјата шетаат духови, лоши сили и демони, кои луѓето со
помош на страшните маски се обидуваат да ги избркаат.
Типично за секој карневал, така и на
вевчанскиот постојат карактеристични маски што се повторуваат секоја
наредна година. И тоа зет и невеста (симбол на плодноста), нивниот
заштитник Глупиот Август, музичари и ѓаволи. Од нив највпечатлива е
маската на Глупиот Август, која, по обичај, ја добива млада машка
личност и со доза на агресивност ги брани зетот и невестата од
ѓаволите. Името на Глупиот Август потекнува уште од антиката и
претставува своевидна пародија на некогашните владетели.
Сепак, она што го прави карневалот
постојано интересен и атрактивен се останатите маски, што се појавуваат
само еднаш и се одраз на креативноста и инвентивноста на оние што ги
создаваат, кои целата година живеат и се подготвуваат за овој настан. ![]() |
||||||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Македонски фотографии во Индија
![]() Ова е, инаку, нејзина втора самостојна изложба, и следува по истата поставка од април минатата годинава во Дом на млади во Штип. Ирена Мила е добитник и на минатогодишната награда "Живко Јаневски" за најдобра лајф фотографија на Фото салон - Куманово 2010, а нејзини фотографии се примени и наградувани на повеќе интернационални и македонски натпревари. Самостојна изложба во Скопје авторката планира во првата половина од годинава. |
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Бугаринот Димитров со прва награда
![]() Димитар Атанасов од Бугарија ја доби првата награда за карикатура на возобновениот втор Меѓународен фестивал на хуморот и сатирата "Ин Виница веритас", кој започна завчера во Виница. Жирито, чиј претседател беше Братислав Димитров, наградата ја додели во конк*ренција од над 100 учесници од цела Југоисточна Европа. Второнаграден е Србинот Горан Челичанин, додека третата награда отиде во рацете на домашниот карикатурист Мирослав Ѓорѓиевски - Миро. "Ин Виница веритас" започна да се одржува во деведесеттите, па беше прекинат и возобновен лани. Годинава е побогат со содржини и доби меѓународен карактер. Манифестацијата се затвора утре, кога ќе бидат прикажани уште две театарски претстави, едната бугарска и едната стенд ап на Сашко Коцев. И.Ст. |
||||||
![]() |
||||||
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
ne e novosto no e nesto sto v ecno ke trae
![]() |
||||||
![]() |
||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Гоце Смилевски ми е еден од омилените македонски писатели и посебно се радувам што е добитник на ваква престижна награда од саемот на книгата во Франкфурт. Браво за Гоце! ![]() Престижна награда на ЕУ за Гоце СмилевскиПисателот Гоце Смилевски е добитник на наградата за литература на Европската Унија за романот „Сестрата на Сигмунд Фројд“. Одлуката е соопштена вчера на Саемот на книгата во Франкфурт на кој, како гостин, присуствува Гоце Смилевски
|
||||||
![]() |
||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Од 13.05.2010 четврток, до сабота 15.05.2010 во Драмски Театар и Дом на АРМ со почеток во 20ч. ќе се одржат вечери на Унгарски танци. Гостуваат танцови групи од Сегедин и Будимпешта. Првите две вечери во Драмски Театар ќе има модерен балет, додека последната вечер(сабота) во Дом на АРМ ќе има народен танц.
Влезот е беспалтен. Изменето од Majkl - 12.Мај.2010 во 01:04 |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Будење“
Охрид, 8 август (МИА) - Расказот со наслов „Будење“ на авторот потпишан под шифрата Осветлувач е добитник на наградата „Живко Чинго“ што секоја година традиционално ја доделува локалната самоуправа во Охрид. Наградата во износ од 30 илјади денари на авторот ќе му биде врачена на 13 август, на манифестацијата „Денови на Живко Чинго“ што по 21. пат ќе се одржи во родното место на овој познат македонски писател селото Велгошти кај Охрид. Најдобриот расказ од доставените 52 авторски дела едногласно бил избран од тричленото жири во состав Славе Ѓорго Димовски, Венко Андоновски и Кристина Николовска. Членовите на жирито на денешната прес - конференција изразија задоволство од квалитетот на понудените трудови, со препорака до општинските власти во Охрид да издвојат средства за објавување на уште два понудени расказа и тоа „Земја“ и „Другарка ми Лиле Боголиева“ доставени без шифра. На малата свеченост што се одржа денеска во општината, градоначалникот Александар Петрески на авторот Александар Лазов, му ја врачи наградата за најдобар расказ на конк*рсот што објавен по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од смртта на големиот охридски и македонски писател, Живко Чинго. Наградата во висина од 30.000 денари Лазов ја доби за расказот “Будење“ кој стручното жири го оцени како најдобар......... ![]() ![]() Доделена наградата за најдобар расказ Венко Андоновски истакна дека квалитетот на пристигнатите авторски творби е добар знак дека се подига нивото на манифестацијата посветена на Живко Чинго......... ![]() Изменето од bijonse1 - 02.Ноември.2009 во 18:23 |
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |