|
Борење и стил |
Внеси реплика |
Автор | |
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Септември.2009 во 14:49 |
Se iscezna so tekot na vremeto, se sekavas li pred nekoja godina koga imase i borac legnat na grb pa protivnikot mu se kacese, pa prodolzuva borbata od taa pozicija...
Toa poveke go nema. |
|
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така.Постои борење слободен стил кое е предходница на борење грчко римски стил.Ке образложам повеќе за слободниот стил по што потоа лесно може да се направи споредба.Онака како сум изучувал...борењето слободен стил (кое единствено се негуваше во Македонија,која е и колевка на борењето) располага со разновидна техники,и тоа познава техники во стоење,и техники во партер.Слободниот стил на борење познава и техники со нозе и на нозе (секаков вид на сопнувања,лостови со нозе на нозе,со раце на нозе - во стоење и партер)(Којзнае можеби ова било предходница на современата ѓу-ѓуцу).Додека како самиот назив што кажува грчко-римскиот начин на борење(кое се утемелува покасно од слободниот стил), не практикува вакви техники,туку е строго ограничен на борење од тло каде противникот се доведува од стоење во партер-на тло,и се изоставени одредени техники.Но сето ова во модерно време еволуира и се воведуваат современи правила се со цел да се намалат повредите.А со воведувањето на натпреварување и со правила на борење се редуцира фондот на техники.Своевремено имаше книга од македонски автори со назив „Борење слободен стил“,која може да се каже беше учебник за борењето во Македонија.
Можеби поинтересно би било да потражиш на Википедија-енциклопедија.Сигурно има повеќе информации. Поздрав. Изменето од Љупчо - 10.Септември.2009 во 11:53 |
|
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Борењето го има мислам дека во два стила, едниот го учев до пред неколку месеци, отакако се повредив престанав да го изучувам овој спорт...
Го учев слободниот стил! Може да ми објасни некој каков е Грчко-Римскиот стил? |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОРЕЊЕ - ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИТЕ ВО ФБСМ СТАНАА КАКО ШПАНСКА САПУНИЦА Бисерот одложен!? Во два дена две прес-конференции и двете на иста тема само со
различна содржина. По завчерашната која ја одржа в.д. претседателот
Чедо Николовски и најави дека Бисерот ќе се одржи викендов во
Пробиштип, вчера контраудар, од раководството кое не ги признава
промените од членовите на УО каде претседател е Шабан Сејдиу. Ваквиот
начин на работа с$ повеќе наликува на шпанските сапуници во безброј
продолженија. Засега само три, ќе има ли крај? |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОРЕЊЕ - ПО ПОВОД "МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР" ФБСМ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Македонија со две селекции По повод претстојниот 32. меѓународен турнир во борење "Македонски бисер", вчера, во Сојузот на спортови на Скопје Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) преставувана од новото раководство, од в.д. претседател Чедо Николовски, смена која е верификувана и во Централниот регистар на РМ, одржа прес-конференција.Беше речено дека оваа година "Бисерот" ќе се одржи во Пробиштип (27 - 29 јуни), а ќе настапат околу 50 - тина борачи од Унгарија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија, кои се сигурни, додека Грција, Албанија и Израел иако се поканети с$ уште се неизвесни. Нашата земја ќе биде презентирана со две екипи, "А" и "Б" селекција, што значи со 14 бодачи - по еден во категорија. "Со оглед дека борењето се наоѓа во криза, која е евидентна, одлучивме од оваа година Бисерот да го одржуваме во различни градови со цел да ја анимираме јавноста и во помалите средини, да го вратиме нивото на борењето првенствено во клубовите. Ова е само една од мерките со кои сакаме најтрофејниот спорт да се врати на сарите патеки. Што се однесува до Пробиштип, имаме поддршка и од локалната самоуправа, што за нас како федерација значи многу", рече Николовски. На пресот беше загатнато и прашањето околу неодамнешната смена во ФБСМ, за што говореше Глигороцв. "Смената на раководството се случи пред две недели, кога се одржа Вонредно собрание. Од 13 клубови колку што првично беа присутни - 11 со полномоштва, два ја напуштија седницата, се побара смена на комплетното раководство, што и се стори. Причини за ваквиот чин има многу. Делегатите најмногу беа револтирани од фактот што во олимписка година Собранието доцни 6 месеци, што е недопустиво. Втора работа е лошата финансиска состојба, долгови по разни основи (неплатени хотели, подготовки, исклучени телефони, делегати, судии, невратени средства кон селектори, тренери, набавка на телефони без одлука...), не функционирање на комисиите... Сепак, мора да нагласиме дека добар дел од проблемите вклучувајќи и дел од финансиите се наследени. Не постои тенденција некој да го оцрниме за другиот да биде прав. Смената беше неминовна за работите да тргнат на подобро. Ако не покажеме резултати и ние ќе си одиме. Колку можеме ќе туркаме", истакна Глигоров. "Наша задача, во нареднот период ќе биде да овозможиме перманентна присутност на нашите борачи на турнирите кои сметаме дека се значајни. Тоа се ЕП за кадети и за младинци како и на турнирот 'Дан Колов' во Бугарија. Сето останато ќе го работиме во од, согласно приоритетите", рече вд. селекторот Димков. Инаку, на пресот присуствуваа Страшо Глигоров, Чедо Николовски, Марјан Атанасов и Траче Димков. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |