|
Самоволие или пат кон анархија? |
Внеси реплика |
Автор | ||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 28.Мај.2009 во 13:37 |
|
prosto dobivam zelba da procitam za nekoj zakon koj pominal na ustavniot sud
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уставниот суд не го укина проектот деветолектка, напротив се прогласи себеси за ненадлежен за оваа проблематика.
законите постојат но очигледно никој не се труди да ги испочитува. Постои регионализација- децата се шетаат онаму кај што има најповолна згрижувачка дејност- до 18 часот. Во законот децидно стои Децата кои припаѓаат на одерден реон се запишуваат во училиштето кое е најблиску до местото на живеење. Доколку родителите сакаат да го запишат во друго училиште треба да побараат согласност од директорот на училиштето кое го ’’прерипуваат’’, Нека се најде еден кој го испочитувал ова, тешко. Никој не одговарал досега за прекршување на овој дел од законот, никој не одговарал за немањето или необезбедените услови. И како за се и за ова топката се префрла од едни до други, одговорен е некој друг а не оној кој не ги почитувал мислењата на парктичарите. Со години се зборува дека бројката од 25-34 деца во паралелка не може да важи за сите и дека најмалецките од прво до трето кога ги стекнуваат основите во писменоста и кога концентрацијата се задржува максимум 20 мин, не може да биде поголем од 15, надлежните се глуви на двете уши. На деветолетката (бишото забавиште) не и фали ништо, фали на згрижувањето. Нека си одат децата во училиште, потоа она дете кое има кој да го згрижи дома нека го згрижи, кое нема градинките зјаат полупразни со место за одмор, за спиење. Се зборува дека децата се 8 саати во една просторија и замижуваат пред вистината дека најмалецките се најдолго, не 8 туку и 10-12 часа. Уставниот не е надлежен, а надлежните молчат или кога прозборуваат не ја зборуваат вистината, затоа што и не пробале САМО еден ден да го поминат времето со децата во таа просторија кај што престојуваат децата. Трагикомично беше кога годинава сакаа да ги тестираат со интерно тестирање. заборавија дека децата иако се првачиња не учат букви, описменувањето оди на 7 години, кога деветколеткашите ќе бидат вторачиња. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
e,..ne znam zoshto toj "padnal",..zatoa shto toa ne e ovdeshna izmislica,...
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
sitel e verodostoen kako kleopatra
|
||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
paaa....sitel...verodostoen li e?
|
||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
sekogash koga pishuvate vakvi informacii, ve molam dajte go i izvoorot Nemojte kaj lugeto da pravite streovi |
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
kako trgnla rabotava , strav mi e ustavniot sud da ne e proglasi neustavna i RM ...........
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па отвори бе Лане
|
||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
sega rekoja deka PADNA na ustaven sud i zakonot za devetoletka!
mislam deka treba da se otvori tema : STO SVE PADNA NA USTAVEN SUD!
|
||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слушам и читам за новите закони за судство и адвокатура во кои се подготвува забрана за судење со семејни релации- односно заштита од непотизам.
Идејата е добра неоспорно но кога тоа го соопштува министерот за правда за кој односно за чија жена веке неколку месеци се зборува дека (не таа туку институцијата каде работи) го прекршува законот за пензионирање односно е на платен список иако не треба да биде, малку е комично. Уште по комично е тоа што за истата судијка се шпекулира дека ке биде дел од советничкиот тим на претседателот Иванов околу правни работи кои пак инсинуираат развој на непотизмот. Убаво е од некаде да се почне, убаво е УБАВО да се осмисли истиот тој закон /и да не падне на Уставен по жалба на судиите/адвокатите за нееднаквост односно спречување на правото на избор на професијата?! Убаво е по тој пример да се следи и да важи за сите ---Да не може жена/маж на министер/ка за финансии да работи во банка ---жена/маж на министер/ка за образование да не работи (да мирува работното место) во образовни институции посебно да не бидат избрани на раководни функции. Има кај нас многу за ремонт на непотизмот, ама нели од почеток треба да важи за едни а не важи за други не ке го биде, Мерак ми е еднаш да прочитам негде дека овие нашиве главешини покажуваат со личен пример, како во случјот со шпекулациите со сопругата на министерот за правда. |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А кој тоа треба да ги спроведе одлуките на Уставниот суд ?????
Владата ???? Немојте ВЕ МОЛАМ...... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дефинитивно ваквото игнорирање на извршните одлуки на Устевен суд од страна на највисоката власт - Владата, води кон рушење на правниот систем на државата и самоволие кое може да има и подалекусежни последици.
Терање инает со Уставен суд во најмала рака е глупост и дилетантизам, кој не смее да си го дозволи било која власт (ако претендира да биде сериозна), а од друга страна да се бара од граѓаните послушност и почитување на правната држава?!! Груевски под итно треба да го прекине овој ланец на поништени закони, но не со пишување писма за смирување на неговата лична совест или дрско игнорирање на одлуките на судиите, колку и да не му се допаѓаат... сепак се одлуки на највисок суд кои се извршни и МОРА да се почитуваат! Наместо брзоплето туркање на закони со фалинки, да се делува превентивно: анализа на законите од сите аспекти со последици, фалинки, косење со другите законски акти (најчесто со Уставот); анализа и подготовка на теренот за имплементација на законите; анализа на јавното мислење преку отворени дебати, анкети, па и референдуми; анализа и консултирање на стручната јавност и земање предвид на сите спротивставени мислења... Со игнорирање и непочитување на одлуките на Уставен суд се отвара пат за автократско и диктаторско спроведување на одлуките на еден или мала група политичари на власт, што може да отвори многу пандорини кутии!.. |
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МАМАМД, не верувам дека од СОЗДАВАЊЕТО ма Р.М. ( во 1945Г.) имало вакво безредие и диктатура. И зошто очекуваш некој да го почитува Уставниот суд. Па веке во државата не се знае ни кој пие, ни кој плака. Има невидено висока корумпираност во јавните институции, и секој се плаши за својата кожа. Таму каде е неопходно се ДОЛИВА со пари и се држат во покорност сиромашните. Интелигенцијата е омаловажена и искористена од партиските неуки полтрони кои се на клучни позиции во јавните институции.Судската власт е корумпирана и под капа на Власта. ..... ...... .......Кучињата уште долго ке си лаат, караванот кој тргна пред три години продолжува напред во преродба во 100 чекори!
Кога гласаа лугето не знаеја за каква преродба всушност се работи! А денес не смеат ни да се пожалат ( а и нема на кој) од животниот стандард што го имаат! |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Shto pravime koga ne vladee slovoto na zakonot, koga sekoj si gi tolkuva zakonite onaka kako mu odgovara. Zakonodavniot dom nosi zakoni koi pagjaat na ustaven sud, a izvrshnata vlast ne gi pocituva odlukite na najvisokiot sud. Najlesen nacin e etiketitaranje kako partiski sud ili partiski sudii od obratniot eshalon. Koj ima doblest da gi kazni gragjanite za nepocituvanje na sudski odluki?! Zosshto gragjanite da se razlikuvaat od funkcionerite. Dali samovolieto vo ime na povisoki celi ne vodi kon anarhija? Nekoj treba da odgovara?! Ama koj?
ЗОШТО НЕ СЕ СПРОВЕДУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ? Уставниот суд нема каде да се пожали Недозволиво е за една нормална држава да не се спроведуваат одлуките на Уставниот суд затоа што тоа значи дека правната држава не функционира, велат професорите по уставно право, по зачестеното толкување наместо спроведување на одлуките на Уставниот суд од страна на Владата. Во изминатиов период Уставниот суд донесе, поништи и укина повеќе владини одлуки или закони, но нивното спроведување во дело секогаш е проследено со проблеми. Некои од одлуките на Уставниот суд се уште не се спроведуваат, како на пример одлуката за престанок на издавање патриотски фискални сметки или за прекинување на наставата по веронауката во училиштата, која беше само делумно спроведена. По последната привремена мерка на Судот, според која требаше веднаш да се прекинат екстерните тестирања во училиштата, Министерството за образование најави дека тестирањата ќе продолжат се додека одлуката на Судот не биде објавена во „Службен весник“. Уставниот суд тврдеше дека привремената мерка влегува во сила веднаш по доставувањето до соодветните органи, па дури и испрати свои к*рири да го направат тоа. - Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки, а нив ги врши органот што извршил противуставни дејства или донел таков акт. Доколку тоа не се случува, Уставниот суд бара од органот да ја изврши одлуката. Ако и по тоа не се постапи по одлуката на Уставниот суд, тогаш тој бара од Владата таа да го спроведе извршувањето. Така стои во деловникот на Уставниот суд и во Законот за Владата - објаснува Стојмен Михајловски, професор на Универзитетот ФОН и поранешен уставен судија. - Доколку и Владата не ја спроведе судската одлука, тогаш тоа значи дека не функционира правната држава - вели Михајловски. Од Уставниот суд велат дека нивна надлежност е да се донесе одлука за спорните акти и дејства, а за спроведување на одлуките се надлежни други државни органи. Непочитувањето на одлуката на Уставниот суд е регулирано во член 377, став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според овој член, за тие што не ги спроведуваат одлуките на Судот следуваат затворски казни. Секој граѓанин што мисли дека некоја судска одлука не се почитува, може да се обрати до обвинителство, кое е должно да го испита наведеното. Тоа може да го направи секој граѓанин, па и самиот Уставен суд. Обвинителството го разгледува случајот и до судот поднесува обвинение против тој што не ја извршил одлуката. - Нема правен лек против одлуките на Уставен суд, односно тие се извршни. Кај нас е проблем што никој не одговара ако одлуката не се спроведе иако неспроведувањето судска одлука носи кривична одговорност. Ако обвинителството смета дека има кривично-правна одговорност на Владата треба да поведе постапка. Ако и тоа не реагира, тогаш тоа е крај за правната држава - вели универзитетскиот професор Осман Кадриу. Побаравме одговор и од јавниот обвинител Љупчо Шврговски дали и во колку случаи обвинителството повело постапка за непочитување на одлуките на Уставниот суд, но иако од неговиот кабинет ни ветија одговор, таков одговор не добивме |
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |