IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - Осумгодишна суспензија за Победа во Евро Куповите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Осумгодишна суспензија за Победа во Евро Куповите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Осумгодишна суспензија за Победа во Евро Куповите
    Испратена: 14.Мај.2010 во 12:47
za rakovodstvoto i jas se slozuvam deka e krivo,i e zalno pobeda kako klub vakvi raboti da mu se desavat,ama toa e i ne e fer za majmuni kako treta navivacka grupa vo makedonija ova da mu se desava.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 04:34
Znaci mal update na nastanite...Pobeda ne samo sto dobi zabrana za nastap vo Evropa slednite 8 godini tuku e isklucena od ligite vo Makedonija !? Znaci ne smee da ima seniorski tim so ime Pobeda...vistinski apsurd bidejci nitu FIFA nitu UEFA ne smeat da zabranat na klub da postoi...Ce se prati klubot vo najniskiot rang da se natprevaruva i toa e toa...sto e imeto Pobeda krivo za mestenje na rezultati, krivo e rakovodstvoto na klubot sto go napravilo toa...mi smrdi deka ovdeka FFM gi pravi najgolemite spletki...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
WhitePride Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај WhitePride Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 18:01
Originally posted by Dogi Dogi напиша:

а последнава местенка?Победа - Пелистер     (0     :       1)      2     :       1пресврт, полувреме, крај. кој кому што платил или ветил?се обложувал некој на ова со многу пари некаде?или само се спремаат за плаќање адвокати?



аххахаха аее битолчани дали знајте шо се случи ко изгубивте на ова утакмица...5 фудбалери на Пелистер плачеја на сред терен жими се а ние му се смеевме хахаха а то дека беше местена аххааа “мало сутра„ многу јак е Пелистер па демек ПОбеда не можи да го победи па че ја местиме ЈОК хахаха не тресете глупости...Победа заслужено го тепа Пелистер
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 22:50
Во jули месец-Милано-Славен 0:4 четири гола во првото полувреме.И после почивка малце.И една недела покасно БАМ,БАМ,БАМ 8-2!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 16:14
Под истрага од УЕФА и Работнички, Вардар и Милано

Уште три македонски клубови се под истрага за вкупно четири нивни натпревари одиграни во рамките на натпреварувањата организирани од УЕФА.

Ова денеска во Скопје го објави главниот инспектор на УЕФА Герхард Капл по средбата со македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Капл прецизираше дека под истрага е кумановската екипа Милано за натпревар одигран во јули годинава и скопски Вардар за натпревар одигран пред две години.

Под истрага е и Работнички од Скопје за два натпревари, но не е прецизирано за кој период се однесува.

Истрагата за овие натпревари е во тек и доколку бидат утврдени нерегуларности, досиеата ќе бидат испратени до македонските власти, а ќе бидат превземени и соодветни мерки, рече Капл.

Воедно, тој денеска на македонските органи им го предаде досието за случајот „Победа“, која доби суспензија од осум години за настап во еврокуповите.

„Истражуваме неколку случаи во Македонија, а во еден случај веќе бевме успешни, изјави Капл по средбата со министерката Јанкуловска.

Тој информираше дека Апелационото тело на УЕФА и ја потврди казната на прилепска Победа, која што вложила жалба пред арбитражен суд во Лозана, но тоа не го одложува извршувањето на изречените санкции.

Министерката Јанкуловска рече дека вмешаните во манипулациите во фудбалот ќе одговараат според македонските закони.

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 12:32
Сакам и да разгледат мечот Славен Копривница-Милано Куманово 8-2
По црно тото от тоа меч нема
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 10:46
ЕВРОПСКАТА КУЌА НА ФУДБАЛОТ БАРА ОД МАКЕДОНИЈА АКЦИЈА ПРОТИВ ФУДБАЛСКАТА МАФИЈА
УЕФА доаѓа на "гости" кај МВР!!!

Во понеделник обвинителот на УЕФА ќе го предаде досието со "наместени" натпревари на министерката Јанкуловска



Обвинителот на УЕФА, Герхард Капл, доаѓа во посета на Министерството за внатрешни работи на средба со министерката Гордана Јанкуловска. Во понеделник УЕФА во земјава ќе го донесе досието "Македонија" во кое има голем број доказни материјали и факти за "наместени" натпревари. Од Нион бараат помош од државните власти на нашава земја во борбата против фудбалската мафија. Ваквата реакција на внатрешната контрола и дисциплинците на Нион доаѓа откако ФФМ ги игнорираше и не ги почитуваше одлуките на УЕФА по скандалот со Победа кога во текот на пролетните месеци клубот од Прилеп беше фатен во "местењето" натпревар од 2004 година против Пјуник. Победа заработи 8 години забрана за настап на евро сцената, додека Александар Забрчанец и Николче Здравески се соочија со доживотна забрана со работа во фудбалот.

Санкциите против Победа требаше да биде опомена за сите оние кои на нечесен начин сакаат да стигнат до добра заработивачка со "местење" натпревари за добивка од обложувалниците. Веста беше пренесена на сите континенти, но ФФМ делуваше аматерски и придонесе за еден куп негативни реакции од критики од УЕФА кои стигнаа на адреса на нашата федерација на чело со Харалампие Хаџи-Ристески.

ФФМ сериозно не ги сфати акциите на УЕФА, а тргна и против истрагата со објавување имиња кои биле во улогата на заштитени сведоци. И место сето тоа да се почитува и да се молчи затоа што доказните материјали се цврсти, од наша страна без аргументи се тргна против УЕФА, која сега доаѓа со материјалите во земјава.

Дознавме дека во досието покрај Победа, Забрчанец и Здравески ќе се споменат и имиња на други личности. Истите тие треба да бидат гонети од државните власти на Македонија за организиран криминал затоа што истите тие не подлежат на казни или суспензии од УЕФА.

Македонското МВР, според она што го дознавме, позитивно одговорило на барањето на УЕФА за заедничка акција и токму поради тоа следи состанокот во понеделник во Скопје. Материјалите на УЕФА ги носи обвинителот на Нион, Герхард Капл од Австрија. Се очекува нашето МВР да добие и доверливи материјали од УЕФА околу истрагата која ја води оваа институција и против други случаи за кои исто така постои основа и покрената е акција за докажување "местенка". Уште од поодамна најавивме дека УЕФА има истрага за уште 7 други случаи кои се поврзани со Македонија со "местење" на други средби од евро-куповите, но и натпревари на нашите националниот тимови до 21 и до 19 години.

Станува збор за сериозна работа и за сериозна акција во која сега се вклучуваат и домашните власти кои мора да влезат во акција и со помош на УЕФА да ставот крај на организираниот криминал со "местење" натпревари за добивка од обложувалниците.

Само така и само со реакција на МВР може да се надеваме дека во некоја од следните години некои клубови од земјава ќе играат чесно низ настапите во куповите кои се во организација на УЕФА.

За посетата на УЕФА кај МВР не е информирана ФФМ со што само уште еднаш се потврдува ставот дека од Нион не му веруваат на фудбалскиот врв во Македонија. Зошто!? Затоа што сигурно имаат материјали со кои би се потврдило дека и тие имаат замешано прсти во случаите кои се под истрага. Затоа и се бара помош од МВР, а кои ќе бидат следните чекори и на каков начин двете федерации ќе војуваат со фудбалската мафија, ќе се знае во периодот кој следи. Сега останува да го почекаме понеделник и средбата на обвинителот на УЕФА, Герхард Капл, со министерката Гордана Јанкуловски. Потоа може да се очекува и реакција на органите за прогон кои ќе добијат доказни материјали за неколку "фудбалски" работници од Македонија за нивната нечесна игра...


УЈП ја казни ФФМ со 1.500 евра

Скандалите со билетите беа причината поради која инспекторите на УЈП со денови ја "тресеа" ФФМ. Беа најдени "живи" пари, а билетите се продавале без да се издаваат фискални каси. Дознавме дека првиот чекор на УЈП околу казнувањето на ФФМ е паричната казна од 1.500 евра со која е казнета "куќата на фудбалот" за лошото работење. Се бараат и докази со кои ќе може акцијата да продолжи и да се покрене акција за финансиски криминал во ФФМ. Паричната казна е доказ дека ФФМ не знае да работи како што треба.

Костов "молел" да остане во ФФМ

Во "куќата на фудбалот" се разделија со Никола Костов. Тој повеќе не е генерален секретар во ФФМ и стана единствената жртва за последните скандали кои го дрмаа фудбалот во земјава. Сепак, Костов сакал да остане во фудбалот. Сметал дека може да "помогне" и во иднина, но да биде раководна личност на правната служба во "куќата на фудбалот". Костов на седницата во четвртокот барал милост, но не ја добил од членовите на УО, кои му ја покажа вратата и го испратија во неславната историја како функционер кој ќе се памети по лошите дела а добрите никој не се сеќава и дали ги имало.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 14:31
Тежок "дебакл" за Победа

УЕФА вчера и официјално ја пренесе одлуката на Арбитражната комисија со која се одбиваат жалбите на ФК Победа Прилеп на претходно изречените казни од страна на Дисциплинската комисија околу "местенката" од 2004 година во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите против ерменскиот Пјуник.

ФК Победа, и македонскиот фудбал воопшто, доживеаја уште еден тежок "дебакл" во средата во Нион откако Арбитражното тело едногласно со 5:0 уште еднаш ги потврди казните од 17 април за ФК Победа која доби осумгодишна забрана за настап на европската сцена почнувајќи од сезоната 2009/2010, а нејзиниот претседател Александар Забрчанец - Ацуле, како и тогашниот капитен Николче Здравески доживотна суспензија од каква било активност во фудбалот.

За сериозноста со која УЕФА му пристапи на случајот доволно зборува и десетчасовниот состанок на Арбитражата во средата, низ кој пет судии од пет европски земји едногласно ги одбија жалбите на ФК Победа. Ако се знае дека и претходно членовите на Дисциплинската комисија на УЕФА едногласно со четири гласа ги изрекоа казните за прилепскиот клуб, Европската куќа на фудбалот јасно ја потенцираше својата цврстина врз основа на сериозни докази да почне силна битка против фудбалската мафија.

"Казните за ФК Победа и Александар Забрчанец и Николче Здравески се изречени поради кршење на интегритетот и спортското однесување според членот 5 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, кој го санкционира манипулирањето со конечниот резултат на натпреварите.

Обвинувањата беа базирани врз основа на информациите добиени од обложувачката индустрија за неприродно движење на коефициентите, како и врз основа на исказите на неколку сведоци", се вели меѓу другото во вчерашното соопштение на интернет страницата на УЕФА.

Но, овде, во Нион, безмалку сите високи функционери на УЕФА се крајно изненадени од срамниот однос кој ФК Победа го демонстрираше на состанокот на Арбитражната комисија. Членовите на комисијата останаа вчудовидени од постапката на Александар Забрчанец, кој срамно го напушти состанокот, кој, пак, беше свикан токму само поради неговите жалби. Ацуле барајќи одложување на состанокот се жалел дека немал време да се подготви за одбраната, а всушност за УЕФА било несериозно и скандалозно затоа што сите кои од страна на ФК Победа биле претходно пријавени како дел од одбраната воопшто не се појавија во Нион. Останаа неприсутни ниту најавените Николче Здравески но и Ставре Николоски, поранешен член на управата на клубот кои не допатувале во Швајцарија.

Факт е дека, несвесни дека се наоѓаат пред органите на УЕФА а не на домашен терен, ФК Победа и Александар Забрчанец си дозволија дрскост во Нион на тој начин само дополнително нарушувајќи го угледот на мак-фудбалот и навлекувајќи на себе и нови најави за дисциплински постапки од УЕФА.

Едногласен е ставот на членовите на Внатрешната контрола на УЕФА која го покрена целиот случај "Победа" е дека во секој случај ова е голема победа за УЕФА чија цел е на да се реализира каква било деструкција на македонскиот фудбал, но преку ваквите одлуки да се застане на патот на најголемото зло во фудбалот.

"УЕФА сигурно не застанува само со овој случај. Ќе има нови истраги и нови постапки, со цел конечно да се врати сјајот на вистинскиот фудбал, а не оној кој ни го 'продаваат' манипулаторите", велат од Внатрешната контрола на УЕФА.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 11:44
УЕФА со нов удар за Победа

Од денеска се очекува да стапат на сила одлуките на УЕФА за доживотни суспензии од фудбалот за Александар Забрчанец - Ацуле и Николче Здравески, а ФК Победа Прилеп во наредните 8 сезони нема право да ја претставува Македонија во евро-куповите. Арбитражната комисија на УЕФА вчера имаше маратонски и целодневен состанок по кој беше одлучено веста околу ФК Победа да биде објавена денеска на официјалната веб-страница на УЕФА.

Речиси е неверојатно Победа да се спаси во целиот овој скандал затоа што дознавме дека одлуката на Арбитражната комисија била едногласна со што се потврдуваат санкциите изречени на 17 април од судот на УЕФА.

"Македонски спорт" беше на лице место во Нион и ги следеше настаните околу деценискиот скандал кој го потресе македонскиот фудбал. Дознавме дека ФК Победа се соочува со нов удар затоа што Дисциплинската комисија на УЕФА ќе покрене дополнителна постапка поради давање лажни имиња низ медиумите околу сведоците кои учествуваа во целиот овој процес. Истото им се заканува и на ФФМ и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески кои имаа потези со кои се нарушуваше истрагата на УЕФА. Се најавуваат парични казни и суспензии за функционери, а на црната листа на УЕФА за случајот "Пјунук" има уште 4 имиња на фудбалери кои настапиле за Победа на тој меч и давале лажни изјави. Местенката со Пјуник во 2004 година е најголемиот и најтежок удар не само за ФК Победа туку и за комплетниот фудбал во Македонија. Ова е невиден срам и резил за луѓето кои без ниту еден грам и совест за финансиска добивка од обложувалниците го наместиле својот клуб, својата историја својата држава. УЕФА нема милост за таквите фудбалски злосторници кои се дел од големото зло кое му се случува на фудбалот, а токму ваквите санкции се доволен доказ дека почнува големата битка против фудбалската мафија која мести натпревари.

"Овој случај е доказ дека не седиме со вкрстени раце и дека бараме начин како да излеземе на крај со фудбалската мафија. Очекувам Арбитражната комисија да ја отфрли жалбата на Победа и да стапат на сила одлуките од 17 април. За нас во УЕФА ова е голема победа. Не застануваме тука, продолжуваме", беше изјавата за "Македонски спорт" на Рудолф Стефан Стинер од внатрешната контрола на УЕФА.

За очекување е одбивање на жалбата на Победа со оглед на тоа дека прилепчани без одбрана се појавија во Нион и немаа аргументи како да се соочат против обвинението. Пет судии од пет земји се очекува да донесат едногласна одлука со која уште еднаш ќе се потврди местенката на ФК Победа. Но сигурно се прашувате зошто беа потрошени дури 10 часа!? Затоа што УЕФА тука не застанува. За да покаже сила кон сите оние кои одеа против овој процес се покренува обвинение против 4 фудбалери кои настапиле на дуелот со ФК Пјуник поради давање лажни изјави, а на удар е и фудбалскиот врв на чело со Хаџи-Ристески, кои со своето однесување и изјави одеа против процесот на УЕФА. Истото важи и за Победа, која на следната седница може да заработи и дополнителна парична казна, а суспензија им се заканува на фудбалерите и луѓето од фудбалскиот врв.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 15:34
За огромната казна на Прилепска Победа најмногу е виновно раководството на ФФМ.
Ако тие постапеа по случајот пред неколку години,сигурен сум дека казната ќе беше далеку поблага отколку сега.
Јанва тајна беше местењето на мечот а тие не изреагираа со ништо.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 15:31
Доги паровите од Македонска лига ги има на понуда во многу кладилници,ама ептен се пратат и не се прима големи уплати на нив.
Во голем број не се уплаќаат сингл и се лимитирани на талон само по еден пар од лигата.
Може има некоја далавера,ама не верувам после ова што им се случи дека се обидуваат повторно да праат местенки,не велам не,можно е.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 13:49
а последнава местенка?

Победа - Пелистер
     (0     :       1)
      2     :       1

пресврт, полувреме, крај. кој кому што платил или ветил?
се обложувал некој на ова со многу пари некаде?
или само се спремаат за плаќање адвокати?
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 12:40
Нај скапо ги чини веќе,8 години забрана за учество во Евро купови,плус доживотна забрана за Ацуле и Здравевски во фудбал.
Па нека проба пак сега некој.
Следно чекајте за мечот помеѓу Ренова и кој беше не се сеќавам,кога се знаеше дека точен резултат ќе биде 0-0.во Интер тото купот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 12:37
samo skapo ke gi cini...ako ne si sposoben NE PREPISUVAJ! na solo profesorite taka ni vikaaплазење
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.