|
ВЕГЕТАРИЈАНСТВО - Рецепти |
Внеси реплика | страница 123 10> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Октомври.2013 во 17:59 |
Секој има различни сфаќања и потреби за храна. Постојат различни причини зошто нешто јадете или не. Вегетаријанството сè повеќе се прифаќа како начин на исхрана. Ова се топ 7 причини зошто да станете вегетаријанец: 1. Им помагате на животните и на глобалната сиромаштија Наместо да се трошат милиони тони добиточна храна за да се одгледаат
животни за храна на луѓето, може да има повеќе пари и храна за
сиромашните и помалку убиени животни. 2. Јадењето месо го поддржува убивањето на животни За разлика од некогашните фарми каде речиси се било по природен пат,
денес има премногу механизми и вештачки обиди за добивање што повеќе
месо за пократко време, па така животните се изложени на големи
опасности и измачувања. 3. Јадењето месо е лошо за околината Месната индустрија треба да биде главен фокус кога се соочуваме со
проблеми како неплодност на земјата, климатски промени, загаденоста на
воздухот, чистината на водата и биоразградливоста. 4. Не јадете птици Според Светската здравствена организација се смета дека преносливите
вируси од храната како птичјиот грип, можат да бидат избегнати само ако
не јадете ниту месо ниту јајца од птици. 5. Ќе ослабете Доколку не јадете месо, а по можност и останатите производи од
животинско потекло како: млеко и јајца, при тоа да не ги јадете ниту
оние рецепти кои ги содржат, слабеењето ви е загарантирано. 6. Заштедувате Ќе заштедите во рестораните, бидејќи најскапите јадења содржат месо, а
плус сега веќе и рестораните имаат специјално вегетаријанско мени, кое
може да биде вкусно. 7. Модерни и интелигентни Вегетаријанството не е нова појава. Постоеле многу значајни личности
во минатото кои биле вегетаријанци: Платон, Сократ, Алберт Ајнштајн,
Леонардо да Винчи, Мартин Лутер и др. Но, и денес има многу познати
личности кои се вегетаријанци: Бред Пит, Дастин Хофман, Дру Баримор,
Алиша Силверстон и други. Секогаш може да најдете причини зошто да бидете или да не бидете вегетаријанец, ваше е да одлучите што повеќе ви се допаѓа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Веганска салата со кикирики и лимон Потребно:* 1/2 кг. несолени и непечени кикирики * 1/2 парче зелка * неколку чери домати (може и еден-два големи домати) * тортиљи (печени во рерна па кршени, како чипс) * магдонос * 1/4 сок од исцедени лимони * маслиново масло * морска сол Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи. Екстра полн вегетаријански клуб сендвич Супер здрав, полн со свежина и разни шарени бои, овој екстра полн вегетаријански клуб сендвич ќе Ви го подигне расположението и ќе направи да се чувствувате одлично што сте го изеле. За ручек или лесна вечера, овој сендвич потполно ќе Ве изненади. Потребно за 10 клуб сенвичи: * лепчиња за тост - Тост леб * 10 фино одбрани листови марула * 8 парчиња домат, сечен на кругови * 10 кругови кромид * 1 авокадо * една свежа краставица, сечена на кругови * 8 тенки парчиња фета сирење * 3 варени јајца * сенф, мајонез (препорачувам соја мајонез) * сол, бибер Подготовка: За еден клуб сендвич, потребни се три лепчиња. Првото лепче намачкајте го со мајонез. Врз него ставете лист марула, па два кругови домат, потоа неколку мали кругови краставица. Посолете. Потоа, два кругови кромид. Ставете го второто лепче. Од горе, намачкајте го со сенф. Ставете едно кругче јајце. Попрскајте со бибер. Ставете едно парче фета сирење и најгоре, малку пасирано авокадо. Поклопете со последеното лепче. Исечете го сендвичот на два тријаголници. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВЕСНИ КОЛАЧИЊА За подготовка на 12 колачиња е потребно: 1 чаша интегрално пченично брашно; ½ чаша овесни снегулки; 1 прашок за печиво; ¼ лажичка цимет; ¼ лажичка сол; 2 лажици малтекс; ½ чаша кафеав шеќер; 3 лажици оризово млеко; 1 ванилин шеќер; ¼ чаша сечкани ореви; ¼ чаша суво грозје. Подготовка: Се комбинираат заедно пченичното брашно, овесните снегулки, прашокот за печиво, циметот, солта, и се мешаат во сад за мешање. Во друг сад се комбинираат малтексот, шеќерот, оризовото млеко, ванилата и добро се измешуваат. Потоа двете смеси од двата сада се смешуваат и сето тоа добро се измешува. Потоа се додаваат оревите и сувото грозје, и повторно добро сè се меша. Врз плех, на кого е ставена мрсна хартија за печење, со лажица се формираат колачињата и се печат во загреана рерна, околу дваесетина минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
brosnan
Нов член Регистриран: 23.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум, но сакам да бидам вегетаријанка - лактовегетаријан.. па сега баш правам некакви истражувања во оваа област.
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие ми се најхардкор од анкетата горе:
Веган сум - не јадам: месо, риба, ни јајца ни млечнипроизводи
Се хранам терански (фрутаријански): не убивам ни растенија
Инаку јас не сум вегетаријанец.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум.
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во суштина јадењето хот-дог се сведува на ова...
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Majkl - 29.Септември.2010 во 21:03 |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ovaaaaa...
Edno prasanje do vegetarijancite: Ako tolku mnogu gi sakate zivotnite, zosto im ja jadete hranata? |
|
Incredible Blue
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фино ова веганството, само онакви забегувања со глупости од типот „убивање растенија“ се моронски. У месецот три -четири јадам месо, чепнувам, иако сум нулта позитив крвна група, немам гајле. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes, od nekoj vesnik go "sobrav":
Sto e vegetarijanec? Star Indijanski zbor za los lovec... |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бев...две недели....и после ни беше домашна слава...и...
|
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne. |
|
Внеси реплика | страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |