|
Витамини, минерали, метали... |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Април.2014 во 22:08 |
Препознајте ги симптомите дека ви фалат витаминиВо продолжение неколку знаци на витамински дефицит. Всушност небалансираната и сиромашна со овошје и зеленчук исхрана е главен виновник за заработка на некоја витаминска дефициенција. Исто така во предвид доаѓа и лошата апсорпција на витамините и минералите (ако храната неправилно се комбинира) или некое општо заболување. Во продолжение неколку знаци на витамински дефицит и нивната нутритивна терапија. Пукнатини на усните агли Дефицит: железо, цинк, Б витамини (Б3, Б2, Б12). Почесто се јавува кај вегетаријанци или вегани, бидејќи тие го избегнуваат главниот извор на Б12 – месото. Невегетаријанската опција е повеќе пилешко, туна, лосос, јајца, школки, а за вегетаријанците повеќе сушени домати, темно листести растенија, легуминози, таан, кикирики. Апсопцијата на железото се зголемува во присуство на Ц витамин повеќекратно, па храната со железо комбинирајте ја со храна богата со Ц витамин: зелена пиперка,зелка, проќељ, карфиол, брокули. Црвен раш на лицето и на други регии и паѓање на косата Дефицит: Биотин (Б7). Додека телото лесно си прави депо од сите липосолубилни витамини како К, А, Д и Е, тоа потешко се случува со хидросолубилните како што е целата Б група. Во бодибилдерските кругови треба да се запази следното: живите јајца содржат еден протеин наречен авидин кој ја иннхибира апсопцијата на Б7. Токму кај бодибилдерскиот проблем со авидинот лесно е решението, посегнете по варени јајца, бидејќи термичката обработка го уништува авидинот, а за повеќе биотин јадете авокадо, печурки, лосос, карфиол, соја, банани и малини. Црвени и бели налик на акни промени типично на образите, рацете, бутовите и задникотДефицит: Есенцијални аминокиселини и витамини А и Д Намалете ги транс мастите од процесираната храна и сатурираните масти и зголемете го внесот на здрави масти. Повеќе риба, ореви, бадеми, лененово семе, чија, коноп. За повеќе А витамин прошарајте ја вашата чинија со моркови, благ компир, црвени пиперки богати со бетакаротени (преК*рсори на А витамин). А за витамин Д повеќе млеко и млечни производи и фатете некаде на плажа. Пецкање, боцкање и вкочанетост во дланките и стапалата Дефицит: Б витамини, фолати (Б9), Б6, Б12. Овој симптом е директно поврзан со завршетоците на нервните влакна во кожата, а често ваквите сензации може да бидат пропратени и со депресија, анемија, анксиозност. Спањак, аспарагус, репки, гравче и други легуминози, јајца, октопод, пилешко, школки, ракчиња се богати со Б витамини и погрижете се често да ги имате на вашата трпеза. Мускулни грчеви во вид на пободувачка болка во прстите на нозете, потколената и задниот дел од нозете Дефицит: магнезиум, калциум, калиум. Ако се случува почесто тогаш мора да помислите на дефицит на некој од овие минерали. И запамтете колку повеќе вежбате толку повеќе електролити губите како резултат на потењето. Јадете повеќе банани, домати, бадеми, лешници, тиква, цреши, јаболка, цитрон,брокули и темно листести растенија како ќељ и спанаќ. Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамини и минерали: Како да знаете дека ви недостигаат?Еве како најлесно да препознаете: Слаби коскиНедостаток на витамините A, C, D и К, како и хром, цинк, магнезиум. Чести грчевиМногу луѓе се жалат на грчеви во стапалата и листовите. Во тие случаи, многу често станува збор за недостаток на магнезиум, калциум и калиум, кои влијаат на развојот на работата на мускулите. Оштетена и кршлива косаОсвен што за овие проблеми со косата можат да бидат заслужни временските услови, може да станува збор и за недостаток на витамините B5, B6, B12, биотин или хлор. Слаб имунитетСилниот имунитет е важен за целовкупното здравје, бидејќи им помага на организмите да се изборат против инфекциите и лесно да оздрават. Кога е ослабен имунолошкиот систем, често доаѓа до појава на болести. Слабиот имунитет може да се појави како недостаток на витамините A, C, D, E, како и хром, селен, магнезиум и цинк. Кожни проблемиАкни, флеки, брчки… како и други кожни проблеми кои можат да создадатнепријатност, можат да настанат како резултат на недостаток на витамините A, B3, B8, C, E, биотин, омега 3 масна киселина, бакар, селен или цинк. Проблеми со варењеЛошото варње можат да го предизвикаат бројни проблеми, но често клучот лежи во недостатокот на витамините B12, C, D, E, K, B11, магнезиум или цинк. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро луѓе, дали успевате сето ова да го консумирате во текот на еден ден??? Оти, колку и да се трудам, јас никогаш не успевам ни толку овошје ни зеленчук да внесам во само еден ден???
И ако веќе се примаат витамини во вид на таблетки, колку време се пијат, има ли на тоа ограничување? |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат податоци кои мора да се знаат за витамините пред да се почне со нивно користење. Ова се 10 најосновни податоци: Температура Аспирин Синтетички и природни Б12 предности Количина Железо Комбинирање Апсорпција Етикета Исхрана |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
pmmladen
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
x
Изменето од pmmladen - 15.Февруари.2015 во 23:57 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамините
се органски супстанции кои на нашиот организам му се потребни во мали количини … потребни се за растење , нормално функционирање на ткивата и клетките со еден збор за одржување на здравјето т.е. животот … нели, самиот збор иде од латинскиот збор vita што значи живот …човекот не може да ги создаде сам за разлика од некои растенија и микроорганизми кои можат витамините да ги синтетизираат, заради тоа мора да ги внесеме преку храната…витамините се делат на растворливи во вода наречени hidrosolubilni и во масти наречени liposolubilni … растворливите во вода се побезбедни во смисол на излачување т.е. не доаѓа до преголема застапеност при зголемен внес во организмот т.е. не доаѓа до hipervitaminoza , за разлика од растворливи во масти кои и те како се акумулираат во организмот при зголемен внес во организмот доаѓајќи до состојба на презаситеност т.е. hipervitaminoza…
и како што е пракса да се почнува со најактуелниот витамин или ај ако сакате со првиот откриен витамин неговото величество ВИТАМИН Ц… тој е присутен во јужно овошје, домат, рен, пиперки, роткви, спанаќ, зелен и лиснат зеленчук, коприва, шипка, диња, јагода, вишна, капина, малина, рибизла, зелка, боранија, компир у карфиол… спаѓа во група на хидросолубилни витамини т.е. растворливи во вода т.е. тие што не се кумулираат во организмот и нема опасност за хипервитаминоза… НО … и вода ако се пие 5 литри дневно ќе делува штетно врз организмот , така и да превисоки дози на витамин Ц не значи дека нема да штети на телото напротив доаѓа до оштетување на желудникот, зголемување артерискиот крвен притисок и нарушување на функцијата на бубрезите со создавање на камен во бубрег… нели , колку се прави грешка кога се вели … земи колку можеш витамин Ц и немај гајле… а најопасно се разбира е кај децата … оти високите дози на витамин Ц може да доведат до раздразливост и несоница (поради надразнување на централниот нервен систем), главоболка , мачнина, дијареа, вознемиреност, несоница и главоболка…улогата на витамин Ц во нормална присутност во организмот е голема и разноврсна … главна улога и најпопуларна нели , кај народот е внесување на витамин Ц поради зголемување на имунитетот , како превенција против разни вирусни и бактериски инфекции , ги ублажува делувањето на алергенски супстанци … лицата што земаат витамин Ц, имаат подобра функција на белите дробови… не само како превентива, туку и како лек, на лицата кај кои веќе дошло до пречки во функцијата на белите дробови, поради дејството на загадувачи… има важна улога во реакцијата на организмот на стрес (брзо се троши во услови на стрес)… создавањето на колаген, кој е важен за раст и обновување на телесните клетки, непцата, крвните садови, коските и забите… доколку земате некој железен препарат неопходно е со комбинација со витамин Ц имаме подобра абсорпција…силно делува на високите концентрации на холестерол во крвта намалувајќи ги за 10 – 20% , додека на нормалните концентрации на холестерол не делува… го забавува растот на тумори … овозможува заштита од агенсите кои предизвикува рак т.е. против настанувањето на нитросамин (супстанци кои предизвикуваат канцер)… пациентите кои боледуваат од канцер обично имаат ниски концентрации на витамин Ц во плазмата и леукоцити…во зараснувањето на рани и изгореници и при крварење на непцата… го забрзува закрепнувањето по хируршките зафати… и ај уште некој интересен податок со важноста на витамин Ц при обични ситуации т.е. Витаминот Ц има дезинтоксикационо дејство против: цигари, јаглен моноксид, соединенија наарсенот, цијанод, жива, олово, стрихнин и алкохол… една испушена цигара уништува 25 – 100 mg витамин Ц (затоа пушачите имаат зголемена потреба од витамин Ц, а се користи и во лечење против алкохолизам)… доколку витаминот Ц го ставиме во чаша со вода непосредно пред да ја испиеме, тој брзо и ефикасно ќе го уништи хлорот кој ги оштетува еритроцитите… интересно е ако витамин Ц се земе пред појадок (на празен желудник) делува лаксантивно и го забрзува празнењето на цревата… и на крај за време на менструалниот циклус нагло расте потребата за витамин Ц како и за време на овулација…
кај бремените и жените што дојат потребни им се до 50% поголеми количини на витамин Ц на ден, а на лицата заболени од шеќерна болест околу 30%… заради големото телесно и психичко оптеретување спортистите имаат зголемена потреба за витамин Ц… така да после тие напори во организмот се создаваат и големи количини на штетни, разорувачки материи за чие неутрализирање повторно е потребно антиоксидативното делување на витаминот Ц… познато е дека пушачите имаат хроничен недостаток од витамин Ц затоа што тој се троши и за неутрализирање на отровните тешки метали од чадот на цигарите… сега за дозирањето како вообичаена доза е околу 200 мг на ден… кај зголемени потреби може да се зема и до 500 мг или повеќе... Витаминот Ц по правило добро се поднесува ама големи дози (поголеми од 1 г.) можат кај долготрајна примена да предизвикаат мачнина, пролив, грчеви во стомакот, осип на кожата, понекогаш и можност од создавање на камен во бубрегот…. Изменето од bijonse1 - 12.Март.2011 во 21:58 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Летното мени - чувар на кожата * Бетакаротен |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витаминот Д пресуден за имонолошкиот систем
Истражувањата на данските научници покажуваат дека витаминот Д има пресудно значење во активирањето на одбранбениот систем во организмот. Стручњаците од Копенхаген веруваат дека нивните откритија ќе овозможат помош во борбата против многу заразни болести кои предизвикуваат глобални епидемии, посебно во земјите во развој. Веќе е познато дека витаминот Д е пресуден за апсорпцијата на калциумот, и дека неговата концентрација во крвта е поврзана со развојот на мултиплекс склероза и со некои видови карциноми. |
|
stigmata
Сениор Регистриран: 06.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 183 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
c vitaminot e mnogu dobar vikaat deka eden c vitamin e kako da izedes 1 kilo limoni
|
|
nikada nije bilo kao sto je bilo
|
|
stigmata
Сениор Регистриран: 06.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 183 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas zemvam oligovit i se mnogu dobri vitamini te terat na jadenje i super e imas dovolno energija
|
|
nikada nije bilo kao sto je bilo
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eве Џо,читај и применувај
Витамини и минерали
Витамините се органски материи, кои организмот не е во состојба да ги синтетизира (со исклучок на холе-калциферолот, К-витаминот и делумно рибофлавинот. - Витамин А (Ретинол) Неговата улога е во растот и диференцијацијата на eпителот, како и растот и развојот на коскеното ткиво, правилна репродукција и ембрионален развој. Покрај тоа има значајно заштитно дејство против локални и општи инфекции, па е наречен антиинфекциозен витамин. Тој е неопходен за правилно обновување на епителот на слузницата и епидермот. Во храната во главно се наоѓа во млекото и млечните производи (путер, сирење), жолчка, некои мрсни риби и рибино масло, кој е најдобар извор на овој витамин. - Витамини од Б Групата Витамините од оваа група или витамини Б-комплекс опфаќаат голем број на соединенија кои се разликуваат и по хемискиот состав и по биолошкото дејство. Заеднички им е единствено изворот црниот дроб и квасецот. Во оваа група спаѓаат 11 витамини -Витамин Б1 (Тијамин) Во активна форма, како тиаминпирофосфат, игра улога во метаболизмот на јаглени хидрати, како коензим во бројни реакции врзани за правилна функција на мускулниот и нервниот систем. Се наоѓа слободен во циркулацијата, а дел е сместен во различни делови на срцето, мозокот, црниот дроб и скелетната мускулатура. Природни извори се интегралните житарици, зеленчукот и свинското месо, послаб извор се млекото, сирењето и јајцата, додека пак квасецот е природен извор на витамини од Б-групата - Витамин Б2(Рибофлавин) Главни извори на овој витамин се млекото и млечните производи, месо риба, јајца зелен зеленчук (спанаќ,зелка, кељ). Овошјето и останатиот зеленчук не го содржат во поголеми количини. Мерките за зачувување на витаминските вредности треба да се имаат во вид при готварска обработка бидејќи е можна загуба и до 50% -Витамин Б 6 Овој витамин го помага претворувањето а триптофан во нијацин, помогнува во превенција на многу кожни и нервни болести. Најдобри природни извори се пилешко и свинско месо, риба, црн дроб и бубрези, интегрални житарици, соја, кикирики, лешник. -Витамин Б 12 Неговата улога е формирањето и регенерирањето на црвените крвни зрнца (штити од анемија, го помага растењето и апетитот, ја покачува енергијата го одржува здрав нервниот систем. Природни извори се црниот дроб, слезината и бубрегот, а помалку млекото и сирењето. -Витамин Ц (Аскробинска киселина) Витаминот Ц е силен антиоксидант. Физиолошката активност се изразува во две форми на витаминот Ц:Л-Аскоробинска киселина и Л-Дехидроаскорбинска киселина. Овој витамин ја подобрува апсорбцијата на железото во организмот, помогнува во зарастување на рани, опекотини и лечи крварење на непцата. Исто така има важна улога за стварање на колаген, кој е важен за растење и обновување на ќелиите на телесното ткиво. Витаминот Ц воглавно се наоѓа во производите од растително потекло (зеленчук и овошје, посебно цитрусно) - Витамин Д (Калциферол) Овој витамин ја помага градбата на коскеното ткиво обезбедувајќи доволна количина н калциум. Го има во позначајни количини само во некои видови производи како што се жолчката , мрсни риби, донекаде млекото, а внесот на овој витамин преку храната е многу помалку значаен во споредба со создавање во кожата. Се наоѓа во производите од животинско потекло, било да е < ="tinymce3.2.6/s/tiny_mce/themes/advanced/langs/en.js" =text/> природно присутен или додаден поради збогатување Витамин Е (Токоферол) Дејствува врз снабдување на организмот со кислород, го одржува младешкиот изглед, го успорува старењето на келиите, го ублажува чуството на умор. Маснотиите и маслата се најдобар извор на овој витамин. А-Токоферол најмногу има во маслиновото масло, а додека Y-Токоферол е најзастапен во соиното масло. Останати извори се зеленчукот,овошјето,оревите и семенките, збогатените цералии, пилешкото месо. Витамоинот К Помогнува во спречување на внатрешното крварење, во регулација во вградување на калциум-фосфат во коските и др. Витаминот К се наоѓа во производите од растително потекло(зелен лиснат зеленчук).Растителните масла и маргаринот воглавно се добри извори. -Ниацин Овој витамин внесен преку храната лесно се апсорбира во тенкото црево и се дистрибуира во сите ткива во телото. Се излачува преку урината. Му помогнува на системот за варење , ги ублажува желудочно-цревните пореметувања, помогнува во главоболка,дава повеќе енергија, го смалува крвниот систем, го смалува холестеролот и триглицеридите. Поголема содржина на овој витамин имаат црниот дроб, месото, млекото. Цералиите имаат скромна количина на ниацин, нешто повеќе го има во пченката. Кикирите и оревите се добар извор -Фолна киселина Служи за формирање на црвени крвни зрнца, го помага метаболизмот на протеините. Го подобрува апетитот, се користи против стрес, анемија, чиреви. Оваа киселина ја има во зелениот зеленчук, оревите, зељето, црниот дроб. -Биотин ( Витамин Х) Помага против обелување на косата, ќелавост, ги ублажува болките во мускулите. Одлични извори на биотин се црн дроб, жолчката, брашно од соја, цералиите и квасец. Слабо е застапен во месото и овошјето. -Пантотенска киселина Таа е битна за бројни реакции во метаболизмот на липиди и јагленохидрати, пред се за синтеза на масни киселини. Широко е распространета во производите, посебно во производите од животинско потекло, интегрални житарици и зеленчукот. -Холин Иако многу истражувачи сметаат дека холинот не припаѓа во витамини, вообочаено е да се опишува со витамините од групата Б. Холин има во жолчката, во растителните масла, како и во животинските маснотии, најчесто во вид на лецитин. -Инозитол Тој ја дополнува функцијата на холинот во организмот и има значајна улога во исхраната на мозочните ќелии. Помага во намалување на холестеролот, ја одржува косата здрава и го спречува опаѓањето. Се наоѓа во многу мали количини во производи од растително потекло. Податоците покажуваат дека со храната дневно треба да се внесува околу 1 гр.инозитол. -Натриум Овој минерал има голема важност за нормален раст. Помага за правилно функционирање на нервниот систем и мускулите. Најголема количина на натриум се внесува преку готварската сол, но и преку друга храна, посебно онаа од животинско потекло. -Калиум Заедно со натриумот делива во регулирање на водениот баланс на организмот, го нормализира ритамот на работата на срцето. Калиумот е многу распространет во производите од животинско потекло, па внесот не зависи многу од видот и типот на исхраната туку од количината. -Калциум Овој минерал заедно со фосфорот е потребен за оджување на нормална структура на и коски и заби, за нормална функција на мускулите и нервниот систем, а има значајна улога и во одржување на нормалниот крвен притисок. За да може да апсорбира калциум организмот мора да има доволно витамин Д. Внесот на калциумот зависи од типот на исхраната, а добри извори се млеко, млечни производи и зелен зеленчук. -Фосфор Улогата на фосфорот е да претставува градивен материјал на коските и забите. Го има во производите од животинско потекло (млеко, јајца, месо) и во производите од растително потекло (житарици, зеленчук, ореви). -Магнезиум Значаен е за правилно функционирање на нервниот систем и мускулите, важен е за претворање на шеќерот во крвта во енергија. Помогнува за подобрување на депресијата, за подобар кардиоваскуларен систем и служи како превенција на срцевите напади. Ги прави здрави заббите, спречува во настанување на камен во жолчката. Природни извори на магнезиум се житариците, смоквите, бадемите, ореви, лешници, темнозелениот зеленчук, бананата. -Железо Железото го има во организмот во количина од 3,5 до 4 гр. Најмногу го има во состав на хемоглобинот (до 70%). Железото е еден од најбитните елементи за здравјето. Неопходен е за производство на крв и за промет на кислород внатре во организмот. Го потпомага растењето, ја зголемува отпорноста против болести, го спречува заморот, лечи и спречува анемија. Природни извори на железо се свинскиот џигер, жолчка, јаткасто овошје, гравот, морковот. -Цинк Цинкот овозможува здраво функционирање на имуниот систем, а поради антиоксидантните дејства влијае и на разбивање на штетните влијанија на оксидација, добро делува на одржување на здравата структура на косата, кожата и ноктите. Природни извори на цинк се месото, џигерот, морските плодови, пченични клици, пивски квасец, семки од тиквам,јајцата. -Бакар Бакарот помага во создавањето на структурата на црвените и белите крвни зрнца како и за создавање на нормална пигментација на косата и кожата. Го има во школките, зеленчукот, интегралните житарици, оревите и црниот дроб. -Селен Селенот е антиоксидант и е одлична потпора на имуниот систем. Исто така делува на хормонската активност на штитната жлезда. Природни извори на селен се плодовите од морето, бубрези, џигер, пченичните клици, кромидот, доматот. -Хром Хромот го помага растењето, го снижува високиот крвен притисок, помага на протеините да стигнат таму каде се потребни. Најмногу го има во месото, интегралните житарици, оревите, зелнчукот и пивскиот квасец. -Јод Јодот е составен дел на хормонот на штитната жлезда и е значаен како регулатор на метаболизмот на енергијата во телото. Значаен е за физичкиот и менталниот развој, дава повеќе енергија, ја зголемува активноста на мозокот. Јодот го има во поголеми количини во рибиното масло и морските риби, школките и раковите како и алгите. -Флуор Флуорот е значаен за минерализација на коските и за заштита на забите. Користењето на флуорот од храната зависи од составот на оброкот. Најчесто се користи од водата, а помалку од производи од кои е врзан за белковините. -Кобалт Овој минерал е составен дел на витаминот Б12 и е од големо значење за црвените крвни зрнца. Природни извори се месото, млекото, џигерот,острига. -Хлор Хлорот помага за чистење на организмот од отпадни материи и го помага функционирањето на џигерот. Природни извори се сол, алги,маслинки. -Манган Манганот е за нормалната градба на коските, за правилно варење и искористување на храната. Значаен е за репродукција и нормално функционирање на централниот нервен систем, за отклонување на уморот, го помогнува памтењето, ја смалува нервната раздразливост. Го има во интегралните жита, јаткастите плодови, грашокот. -Молибден Помага во метаболизмот на јаглените хидрати и мастите, во превенција на анемијата. Ја подобрува општата состојба на организмот. Природни извори се мешункастите плодови, лиснатиот зеленчук, интегралните житарици. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може да ми ги напишите кој витамин(минерал,протеин,метал) со каква исхрана се придобива...
|
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамините кои ги чувате една недела слободно фрлете ги!
Секојпат кога ја чистите куќата и најдете куп витамински апчиња кои со месеци стоеле во плакарот знајте дека не смеете да ги користите, бидејќи влагата и температурата ги „убилa“ нивните позитивни својства за само неколку дена. Отворањето и затворањето на амбалажата каде се чуваат апчињата ги уништуваат витамините за само една седмица. Истражувањето покажа дека витамините B и C се многу осетливи,
односно дека влагата лесно ги уништува, а таа најчесто ја има во бањата
каде што според една друга студија, луѓето најчесто ги чуваат своите
лекови. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
HerbaLife_yes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 07.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za besplatna "sken" analiza na Vashiot body index - masno tkivo/ muskulna masa.. i drugi korisni soveti za zdrava ishrana i vesel zivot. kontakt na: robert_vet@yahoo.com |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |