|
Александар Белов |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Октомври.2010 во 22:43 |
|
Малку потсеќа, но сигурно НЕ е плагијат... (до тој степен да се покрене тужба) |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДАЛИ ОВА НЕ Е ПЛАГИЈАТ ?!?
http://www.youtube.com/watch?v=te8trutYcRs&feature=player_embedded#! & http://www.youtube.com/watch?v=y1WdVXjWOsM&feature=player_embedded#! ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ??? |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Ѕвончица
Сениор Ice Cold. Регистриран: 07.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 448 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претерано педерастик. |
||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Леле, ќе ми извините, ама многу е педерастичен.
|
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ми се допаѓа воопшто
|
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
MaLe4kA*
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 18.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
hahaa
|
||
http://schphotography.deviantart.com
|
||
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
frizura e relativna rabota i ne sum do tolku primetila |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ја намеравам да си пуштам брадица ко неговата
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
KAROLIN
Сениор Maкедонско девојче Регистриран: 28.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НОВАТА МАКЕДОНСКА ПОП-SВЕЗДА АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ
Поради кариерата љубовта ќе почека Секоја од балканските поп-sвезди на "Операција Триумф" на свој начин ме фасцинираше, но најголем впечаток ми остави заедничкиот настап со Каролина, кога ми се исполни дамнешната желба да пеам со неа Александар Белов, македонскиот финалист во реалното шоу "Операција Триумф" за кусо време ја освои публиката, која секој понеделник, до неодамна, стискаше палци и гласаше за неговите настапи во Белград. Фаворитот на публиката кој, за жал, не победи на крајот, и одблизу изгледа исто онака како и на телевизија. Едноставен, спонтан, со карактеристична насмевка. Додека разговара, те гледа в очи. Не крие дека му годи популарноста, но и дека се уште не е свесен колку, всушност, е популарен. В недела ќе наполни 22 години, па во дискотеката "Колосеум" му подготвуваат голема роденденска журка. Интервјуто со него го правевме завчера во едно скопско кафуле. * Вистина ли е дека ќе се селиш во Белград? - По завршувањето на шоуто, од Неготино се преселив во Скопје. Засега сум тука. А дали ќе се преселам во Белград, тоа зависи од обврските. * Како дозна за "Операција Триумф"? Што очекуваше откако се пријави? - За "Операција Триумф" дознав преку телевизиска реклама, се пријавив, но немав целосно јасна слика за какво шоу станува збор. Знаев дека ќе има голема конк*ренција, затоа што аудицијата се одржуваше во пет земји. Сфатив дека имам шанса да се промовирам. А што очекував? Си реков, ќе биде супер ако останам две - три недели. * Но ти остана до крај, речиси четири месеци. И додека беше во изолација, ти стануваше многу популарен. Како се носиш со сето тоа? -По четири месеци изолација, веќе на крајот едвај чекав да излезам од Академијата. Чувството на слобода, сепак, е поубаво. Знаев дека публиката ме поддржува, но не знаев колку многу луѓе ме засакале во текот на шоуто. Малку ми е чудна целата таа популарност, луѓето ме застануваат на улица да се фотографираме, сакаат да се поздрават и да се запознаат со мене. Убаво е сето ова што ми се случува. * Каков ти беше животот пред "Операција Триумф"? Како ти е сега? - Јас сум од Неготино. Завршив Средното музичко училиштево Битола. Живеев со и за музиката. Настапував на некои домашни фестивали, како "Канео фест", на тинејџерскиот фестивал "Мега бит" во Битола и летово пеев на "Радискиот фестивал" во Охрид. Но тука немаше некој голем успех. По "Операција Триумф", животот ми се смени за 180 степени и сега се е поинаку. "Операција Триумф" ми даде голема шанса, за кратко време ме запозна милионска публика, што е сон на секој пејач и музичар. * Имаш ли девојка? - Немам. Во следниот период кариерата ќе ми биде на прво место, а за љубов има време! * На 13-те гала-вечери и беше фаворит на публиката. На крајот победи Аднан Бабаиќ. Мислиш ли дека е неправедно, откако многумина коментираа дека тој подобро пее фолк-музика. Ја заслужи ли Аднан победата? - Многу ми значеше што бев фаворит на публиката 13 недели по ред, но, искрено, сите финалисти имаа шанса за победа. Победи Аднан, затоа што во полуфиналето и финалето доби најмногу гласови. Не би рекол дека е неправедно. Сепак, публиката го имаше последниот збор. Кој и да победеше од петте финалисти, ќе беше во ред. * Им се налути ли на организаторите по скандалот со хрватската телевизија "Нова", кога твоите гласови отидоа кај Црногорката Нина? Можеби тоа беше намерно? -Јас бев подготвен дел од гласовите за мене да и ги подарам на Нина во секое време! Се шегувам. Не им се лутам, кој работи тој и греши, и не верувам дека било намерно. * Со никого не се скара на Академијата, па дури ни со Даниел, кој беше најконфликтната личност. -Јас сум таков, не се карам со никого, а на секоја провокација одговарам со насмевка.. н. Во кого се вљуби? Во Нина, Ана или во Милица? - Па во сите три по малку. * Кој од водителите ти беше најсимпатичен? Николина Пишек знаеше и навредливо да се шегува. Ти пречеше ли тоа? - Секој од водителите беше посебен на свој начин. Кон мене беа коректни и на сцената и зад неа. За Николина можам да кажам дека е прекрасна личност и, заедно со Милан Калиниќ се мои омилени водители. * Пееше со sвезди како Борис Новковиќ, Дадо Топиќ, Каролина, Сакис, Марина Перазиќ, Емина Јаховиќ. Кој ти остави впечаток и зошто? -Пеев со sвезди кои до пред четири месеци ми беа идоли и кои мечтаев да ги запознаам. За време на настапите и на пробите сите беа позитивни, пријателски расположени и многу ми помагаа. Секој од овие познати пејачи на свој начин ме фасцинираше, но најголем впечаток ми остави заедничкиот настап со Каролина, кога ми се исполни дамнешната желба да пеам со неа. * Мислиш ли дека на жирито, понекогаш, не му беше мило што не може да те седне на клупата за номинација? - За тоа што немаа шанса да ме номинираат, уште еднаш и благодарам на публиката. * Малку падна во депресија по песната од Тоше "Тајно моја". Тогаш те фати криза и сакаше да си одиш. Колку ти беше оптоварување тоа што мораше да испееш една од потешките песни на Тоше, а публиката да очекува од тебе да бидеш како него? -Како што кажа господинот Тончи Хуљиќ, никој не може да биде како Здравко Чолиќ или како Оливер Драгоевиќ ниту, пак, како Тоше. Ќе се трудам да изградам свој препознатлив стил. А што се однесува до изведбата на песната "Тајно моја", на секој пејач може да му се случи грешка. Добро е што мене ми се случи во средина на шоуто, па имав доволно време да се докажам како пејач до крајот. * По овој настап, Исмета Крвавац, револтирана, те критикуваше. Ти се воздржа од коментар. Мислиш ли дека Исмета претера? -"Операција Триумф" е шоу, а жирито, кое беше составено од големи професионалци, има свое мислење, па така очекував критика. На секоја гала-вечер сите учесници добиваа и лоши и добри критики, па и јас не бев исклучок. * Директорот на Академијата и беше наклонет на Ана Бебиќ, Исмета на Аднан, Марина на Даниел, а Тончи на Игор Цукров. Тебе те сакаше публиката. Ти недостигаше ли македонски претставник во жирито? - Македонија и Црна Гора немаа свои претставници ниту во жирито, а ниту на сцената како водители, па ќе те излажам ако ти кажам дека по малку ми недостигаше тоа... Но публиката, која е најважна, беше со мене. * Какви се плановите за понатаму? -Пред се, настапот на националниот Избор за Евровизија, па турнеја со "Операција Триумф", за која не можам уште да прецизирам кога ќе почне, и кон крајот на годината, здравје Боже, прв албум. * Како течат подготовките за домашниот Избор за песна на Евровизија? Очекуваш ли победа? -Се подготвувам секојдневно за настапот, тоа ми е приоритет во моментов. Чувствувам дека и должам на македонската публика убав настап. Што се однесува до победата, секој што учествува, се надева на победа. Нека победи најдобрата песна! Јас ќе настапам со песна на Григор Копров "Застани, солзи избриши", за која аранжманот го направи Владимир Дојчиновски. На сцената ќе бидат три танчарки од Белград кои настапуваа на "Операција Триумф" со мене. |
||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има некоја харизма,само да продолжи со кариерата и да работи на својот изглед.
|
||
MaLe4kA*
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 18.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ja zaborai frizurata.
|
||
http://schphotography.deviantart.com
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ubavi zabi ima i ochi tolku znam
|
||
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Александар е Александар, Тоше е Тоше..два различни света и личности, не треба да се прават никакви споредби, греота е!
|
||
..Живеам за да умрам..!
|
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |