IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО
    Испратена: 09.Јануари.2009 во 19:18
Tokmu taka mislav da napravam.среќа
 
Zabelezhav deka malu si go izmeshal redosledot, ama verojatno taka ti doshla inspiracijata...
 
P.S. Samo sto go izvrshiv prefrluvanjeto. Bi te zamolil da go koristish voobichaeniot (defolt) font za pishuvanje na ovoj sajt (kako sto pravat i site drugi chlenovi) bidejki meshanjeto na fontovi sozdava nepotrebni problemi vo sostavuvanjeto na razlichnite tekstovi i korekcii na onie postoechkite.
 
Ti blagodaram na razbiranjeto i sorabotkata.среќа


Изменето од Messenger - 09.Јануари.2009 во 19:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 18:37

2. Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото (чело, уши, нос, уста, гради, рамена, раце и нозе) со Свето миро, во името на Пресвета Троица, на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2). Се извршува после Светото Крштение. Тоа што за телесното напредување на новороденчето е мајчиното млеко, тоа за духовниот напредок на новокрстеното новороденче е Светото Миропомазание.

3. Светата Евхаристија, односно Причест, по зборовите на Свети Теодор Студит преставува повторување на целиот Домострој на спасението. Овде човекот во вид на леб и вино се причествува за вечен живот со вистинското тело и крв на Својот Спасител Господ Исус Христос (Мт.26.26-28; Лк.22.19). Светата Евхаристија се подготвува и прима за време на Светата Литургија, а е востановена од самиот Господ Исус Христос. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба некој да се причестува. Секој верник ова прашање го решава со својот духовник.

4. Целта на Св. тајна Покајание е повторно да нѐ измири со Бога. Секој грев нѐ одвојува од Бога, но покајанието е лек за секој грев, а со тоа и лек за секоја духовна смрт. Нема грев од кој човек не може да се ослободи преку покајанието и покајничката исповед (Мт.18.18; Јн.20.23). Епископите и свештениците, како наследници на Светите апостоли ја имаат моќта да опростуваат гревови. Во некои случаи, зависно од тежината на гревовите кои се исповедани, свештеникот одредува и епитимија, односно дополнителна мера за увидување на грешките, која може да биде во вид на дополнителен пост, молитвено правило, милосрдие или забрана за причестување на определено време, согласно каноните.    

5. Света тајна Свештенство, е тајна во која Св. Дух преку молитва и полагање на раце од страна на епископ за време на Света Литургија дава на правилно избрано лице, благодат за вршење на Св. Тајни и раководење на Христовото стадо во вера и побожност. Значи, свештеникот станува посредник пред Бога по примерот на Христа (Тит 1.5). Во оваа тајна постојат три чина: ѓаконски, свештенички и епископски. И оваа Света Тајна е востановена од Господа Христа, а ја вршеле неговите свети ученици.    

6. Бракот е Света Тајна во која младоженецот и невестата пред свештенослужителот и пред Светата Црква, даваат слободно ветување на брачна верност и взаемна помош во нивниот евангелски живот, поради законско раѓање и христијанско воспитување на деца (Јн.2.2; Еф.5.31-32; Д.ап.20.28). Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил Адама со Ева.

7. Елеосвештение е Света Тајна, во која на христијанинот со осветен елеј (масло) му се помазуваат одредени делови од телото и, невидливо му се дава благодат Божја, која ги исцелува не само духовните туку и телесните болки (Јак.5.14-15). И оваа Света Тајна е востановена од Господа Исуса Христа. Се извршува над тешко болни верници за излекување од нивните болести.



Messenger:
Правилно би било прво да биде воведот, па набројаните Свети Тајни, па Светата тајна Крштение и другите.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 18:23
Ovie neshta bi trebalo da gi selektirame i postirame vo blokot za Pravoslavno Hristijanstvo koj e oddelen vo temata HRISTIJANSTVO.
 
Bi ve zamolil da svrtuvate vnimanie za raboti koi smetate deka treba da se prefrlat tamu.среќа
 
Miki_P , dobro bi bilo, kako sto ja opisha Svetata Tajna Krshtenie, istoto da go storish i so ostanatite za da mozham potoa site, kako komplet da gi prefrlam vo temata HRISTIJANSTVO.
 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 18:09
Свети Тајни во Светото Православие.

Свети Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство, на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго. Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница - Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота. Бидејќи се наоѓаат во Светата Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Светата Црква го изразила во десеттиот член од Символот на Верата кој гласи: ”Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатите Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.

1. Света тајна Крштение
2. Света тајна Миропомазание      
3. Света тајна Евхаристија (Света Причест)      
4. Света тајна Покајание      
5. Света тајна Свештенство      
6. Света тајна Брак      
7. Света тајна Елеосвештение



Изменето од Miki_P - 09.Јануари.2009 во 18:25
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 18:05
Опитен: Христос се роди!!!

Јас изгледа не ја доразбрав работата во врска со правењето засебни теми. За се што мислиш дека можам да помогнам можеш да ми се обраќаш на лп.

1. Света тајна Крштение.

Преку Светата Тајна Крштение, на таинствен начин, преку трикратно потопување во вода во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух човекот повторно се раѓа за нов духовен живот (Јн. 3.5; Мк.16.16). Со Крштението се станува член на Светата Христова Црква, и без оваа тајна, не е можно практикување на другите Свети Тајни. При Крштението човекот се откажува од сатаната, се покајува и го исповедува Символот на верата. Основен предуслов за Светото Крштение е верата во Господ Исус Христос, дека Тој е Син Божји, дека пострада на Крстот и дека воскресна, и дека повторно ќе дојде да им суди на живите и мртвите.



Изменето од Miki_P - 09.Јануари.2009 во 18:38
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 17:59
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Верувам во Едниот Бог Отец Седржител, Творец на небото и земјата, на се видливо и невидливо;

И во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, Вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало;

Кој заради нас и нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек;

И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен;

И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;

И Кој се вознесе на небесата, и Кој седна оддесно на Отецот;

И Кој пак ќе дојде со слава да и суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај;

И во Светиот Дух Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и го славиме, и Кој говорел преку Пророците;

Во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква;

Исповедам едно крштение за простување на гревовитеЧ

Го чекам воскресението на мртвите;

И животот на идниот век. Амин!
            


Изменето од Опитен - 07.Јануари.2009 во 18:10
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.