|
10 вида “перење“ на женскиот мозок??? |
Внеси реплика |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Октомври.2009 во 21:01 |
Оваа изјава на Карл Лагерфелд ќе ја ставам тука тои мислам дека се обидува да го направи она што го тврди насловот на темата.
Многу ступидна изјава на овај токмак,и крајно навредлива за жените. Па девојки еве ја изјавата а вие се уште продолжете да купувате парчиња облека од ова дрво кое зборува Дали некој воопшто сака да гледа жени со облини? Sekoj ima sopstven vkus,neznam dali mazite preferiraat zeni so oblini ,ama sigurna sum deka vakva vosochna figura niedna zena ne posakuva pokraj sebe. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само да додадам дека најпривлечна и најсекси од девојките на горната слика ми е првата од десно,абе ко бомбонче е срценце
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа изјава на Карл Лагерфелд ќе ја ставам тука тои мислам дека се обидува да го направи она што го тврди насловот на темата.
Многу ступидна изјава на овај токмак,и крајно навредлива за жените. Па девојки еве ја изјавата а вие се уште продолжете да купувате парчиња облека од ова дрво кое зборува Дали некој воопшто сака да гледа жени со облини? Контрoверзниот дијазнер Карл Лагерфелд упати критика до „нормалните“ жени, откако популарното германско списание „Бригит“ забрани објавување на какви било фотографии на слаби манекенки. Лагерфелд изјави дека никој не сака да гледа заоблени и пополнети жени. - Имате дебели мајки, кои со кесичка чипс седат пред телевизорот и коментираат колку се грди моделите. Суштината на модата се соништата и илузијата, додаде германскиот дизајнер. Навредената манекенка Кети Грин, која меѓу другото беше заштитно лице на кампањата за Вондербра и Ултимо, реагираше на неговите зборови и изјави дека и се лоши од Лагерфелд. - Целосно сум шокирана од неговата изјава. Тој човек навистина е луд и неодговорен. Ми се повраќа од него, изјави Кети. - Тој рече дека никој не сака да ја види вистинската жена, но јас знам дека речиси сите вистински мажи повеќе ги преферираат жените со облини, истакна Кети. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
monitor
Сениор Регистриран: 19.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 97 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде ја гледате целта на трката по убавина: да сте задоволни од самите себеси, од што така е модерно... или навистина целта на сиот трошок е “само“ машката ерекција?
ова го позајмив од анастеа МОРЕ КАКВА МОДА , КАКОВ ТРОШОК . ПРВО САКАМ САМАТА НА СЕБЕ ДА СИ СЕ ДОПАДНАМ .МОЈОТ ПАРТНЕР МЕ САКА ТАКВА КАКВА ШТО СУМ. |
|
IQ
Сениор Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bash e perenje na mozok. povekjeto od ovie raboti se nametnati od pornografijata.
ovie raboti ne se neophodni za mashka erekcija, fala bogu osven vo sluchai na porno zavisnici so totalno ispran mozok i mali gradi se ubavi, zenata ne e samo par gradi, tuku mnogu povekje i se gleda vo celina a ne vo delovi! ne mora ni da e so braizlska depilacija, ni so shminka, ni vo tanga, nitu da mirisa na lavandi i borovi. nitu da se besi na shipki,nitu da e vo visoki potpetici za da vozbudi nekoj maz... drugi raboti se bitni. pogled koj veli "dojdi i zemi me" i samodoverba. a da trpam bolki i da ne mi bide udobno vo ona shto go nosam za nekoj maz, e malo sutra! porano povekje se opteretuvav so nekoi raboti, ama sfativ deka ona za sho nie zanite se sekirame, na mazite ne im e ni na kraj pamet. od site mozni mesta za zjapanje koga si gola, toj sigurne nema da ti zjapa vo 2 i polte strii so gi imas i 12 grama celulit ne se optovaruvajte mnogu |
|
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo aktuelniov moment mazzite sakaat instant reshenija za brz uspeh i toa e toa.
Изменето од Anthony - 12.Декември.2008 во 09:02 |
|
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, навистина, што се случува со мажите?
Трката по убавина се повеќе преминува во машка “дисциплина“: срушени се бариерите со мажите кои се депилираат, се шминкаат, чупаат веѓи, ги користат услугите на козметичките салони и пластичните хирурзи, пратат мода... па дури и штикли носат...
Дали навистина се работи за криза на духот, машка феминизација, очајнички обид за свртување внимание врз себе, поместени естетски и морални критериуми, помодарство... што уште не кажав?
|
|
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде ја гледате целта на трката по убавина: да сте задоволни од самите себеси, од што така е модерно... или навистина целта на сиот трошок е “само“ машката ерекција?
Ne - mislam deka se raboti za kriza na duhot koj e seopshta. Ne se samo zzenite tie koj shto na vakov nachin sakaat bilo da osvojat bilo da zadrzzat mazz pokraj sebe. Mazzite se ushte pogolemi budali - i pagjaat ponisko od zzenite vo ochajnichki obid da svrtata vnimanie na sebe |
|
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразилска депилација
Поголемиот број од жените израснале во светот каде што влакната се бљак, фуј и бррр. И додека на ниту еден маж не му паднало на ум, на пример на жената да и овозможи полесна орална конзумација, постои низа на ритуали кои што се воведени за жените под оправданието дека така е “похигиенски“. Урлање, врисок и солзите низ кои што поминуваат жртвите на бразилската депилација, за да можат со своето ќелаво меѓуножје да го задоволат машкиот поглед и јазик, бележиме како мал плус со кој оди и наградата која што припаѓа: после овој текст ќе размислам за промена на полот |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ме насмеа..Мирисна, свежа и чиста
Ако барем 24 часа дневно не зрачиш со мирис на лаванда, со свежина на бор проткаен со аромата на дива роза од планините на Килиманџаро, тогаш под итно оди на операција за промена на полот. Ама кога ке размислам и кога ке видам дека грото од женскиот род ПРЕТЕРАНО пазат на овие работи трагично ми е. Доволно е да си испран и испеглан што би рекла баба ми. Дали тој сега ке ме види без шминка или кога ке се земеме исто ми се фака-барем ке знае каква сум поточно Навистина е полесно да си машко според овие работи...но жена си е жена бе брат |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Психоаналитичарите изјавиле дека чудесното суштество кое што се нарекува жена всушност не постои, туку дека станува збор за празно платно за проекција на машката фантазија. Во потрагата за тоа сензационално откритие, прочитајте како се’ ерекцијата ги вработила жените и им го испрала мозокот.
Силикони, силикони Женските гради понекогаш се голем товар, без потреба се клатат, сметаат при акција, не пружаат никаква заштита, немаат ориентациска вредност – да речеме дека барем секогаш покажуваат кон север – и без парот влакнести машки раце, човек навистина не знае што да прави со нив. Од тие, чисто научни причини, мажите ги убедиле жените дека градите мораат да бидат цврсти, заоблени и волуминозни. Секако, на никој не му паѓа на ум да го повреди машкото его за да ги допре, а после тоа била измислена естетската хирургија. Бразилска депилација Поголемиот број од жените израснале во светот каде што влакната се бљак, фуј и бррр. И додека на ниту еден маж не му паднало на ум, на пример на жената да и овозможи полесна орална конзумација, постои низа на ритуали кои што се воведени за жените под оправданието дека така е “похигиенски“. Урлање, врисок и солзите низ кои што поминуваат жртвите на бразилската депилација, за да можат со своето ќелаво меѓуножје да го задоволат машкиот поглед и јазик, бележиме како мал плус со кој оди и наградата која што припаѓа: Козметичка артилерија Како мал знак за внимание на претрпената болка и вложениот труд, ред е понежниот пол да го расположиме со некоја врвна make-up колекција, чија што конечна цел е по некоја коинциденција, повторно украсување на машкото видно поле. Жените мораат да бидат убави, а мажите мораат да бидат...мораат да бидат.. хм...па всушност и не мораат. Колку само часови се потрошени пред огледалата за само малку машки комплименти. Треба некој да нацрта графит за да види дали всушност тоа се исплати. Дама пред гостите и к*рва во кревет По феминистичките активисти и сексуалната револуција, повеќе немаше изговори за одредена положба на жената во друштвото, а исто така моравме да најдеме нови финти за да ја сочуваме историската доминација која што е стекната со напорното неработење. Така на мајчинството му дадовме коректна политичка аура на кариерата во која што жените, секако мора да се докажат, и први сме кои што ќе ве потчукнеме по рамото поради феноменалниот успех на работа, во кујната, околу пелените и во креветот. Откако им дозволивте максимално да покажат што знаат и умеат, ред е да продолжиме со разонодата. Контрацепциска пилула Во совршен состав со машкиот цинизам, кој што со двете раце ја прифатил половата рамноправност, беше извадена и приказната за пилулите како конечно женско ослободување. Ќе се напиеш таблета и не мора повеќе да се грижиш дали ќе бидеш во секое време на располагање од неговиот нагон на тестостерон. Да не го споменуваме решавањето на маката околу кондомот и впуштање на зеднички здравствен ризик. Таквото еманципирано превземање на контролата над својот живот мажот ќе го цени до болка. Брчки и целулит Колку маркетингшки оддели посветиле внимание на рекламите за исчезнувањето на брчките или намалување на целулитот, кои што природно се создаваат, но за мажите стравично неприродно изгледаат, подобро да се вложи во блага корекција на машката ментална оптика. Тие неколку линии на бедрата постанаа вистински пец-пец, првокласно табу за задникот. Во светот без мажи можеме совршено да замислиме еден остров преполн со жени, каде што да речеме дека би се натпреварувале по бројот на целулит и стрии. Ок, попрецизно, можеме совршено да замислиме да пуштиме остров преполн жени. Шипки и танги Филмовите “Стриптиз“ и “Showgirls“ ја вратија гордоста и славната метална шипка околу која што се врти нежното женско тело и машката еротска глад. Со серијата од 5 DVD наречени “Carmen Electra Aerobic Striptease“ повеќе ниту една жена нема право на кардио вежби, и дека притоа без трага исчезнуваат градникот и гаќичките. Во тоа на вам, се надеваме дека ќе ви помогне и “Electra-Pole“, стриптиз- фитнес- направата која што се расклпоува ќе ја направи вашата дневна соба во вистински спектакл за телото. Мирисна, свежа и чиста Ако барем 24 часа дневно не зрачиш со мирис на лаванда, со свежина на бор проткаен со аромата на дива роза од планините на Килиманџаро, тогаш под итно оди на операција за промена на полот. Како маж, ти се отвараат нови хоризонти на дозволени мириси и степени на чистота. Испотен си, со масно чело, тежок мирис и со неколку дамки околу пазувите? Бинго. Вистинско машко. Чекај жената да ти ја тргне краватата пред да те “среди“ помеѓу бедрата. Лезбијска фаза По лезбискиот исповед на Angeline Jolie, Katy Perry и Alanis Morissette, се повеќе е кул да се потфатите со пријателката на некоја добра забава. Женските бакнежи и мазења се љубопитна игра на девојките кои што учествуваат во тоа, бидејќи тоа претставува мистерија на женската сексуалност околу која што се спремни да потрошат премногу фасцинации и сперма. Поработете на динамиката во својата врска и кажете му на вашиот драг дека сте се лизнале со пријателката кога сте имале 16 години, иако не сте го направиле тоа. Високи потпетици Животот на висока нога е опасен. Како за буџетот така и за кичмата. Освен Тom Criuse и клубот “под 160 м“, како да го убедивме женскиот род дека повеќе часовното тапкање на прстите со петата од десет сантиметри во воздухот е толку многу неопходно за опстанокот на овој вид дека нема ишијас кој што би можел да му се испречи на патот. Се работи за уште еден болен образец на убавина по мерка на машкото либидо. Мажите пак за рамнотежата, превземале на себе еден друг мазохистички детал. Тој дека воглавно ги боли к.... ---------------------------------------------------------------------------
Морам да кажам, текстов наречен 10 вида “на перење“ на женскиот мозок, првично ме насмеа, а не е баш за смеење.
Сами ли си ги переме мозоците, трчајќи од маникир, на фризер, на козметичар, во шопинг, кај естетски хирург... сакајќи да го достигнеме “образецот за убавина по мерка на машкото либидо“... заборавајќи во меѓувреме да бидеме тоа што сме и какви што сме створени: ЖЕНИ?
Каде ја гледате целта на трката по убавина: да сте задоволни од самите себеси, од што така е модерно... или навистина целта на сиот трошок е “само“ машката ерекција?
Како вие ќе го прокоментирате ова?...
Изменето од anastea - 11.Декември.2008 во 03:13 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |