|
Абрамович го купува Љубаниште? |
Внеси реплика |
Автор | |
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Март.2013 во 22:16 |
...велат,ќе му го препродаде на Субрата дел Рој....по изборите де.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Статива...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Makedonska rabota
|
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе...
Ако е измислица мора добро да им работи фантазијата на Охриѓани... 500 евра за квадратен метар...
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne be, nie izmislivme za da si ja pokacime cenata na nivceto
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека дадат тоа земјиштето на Абрамович он се ќе среди
Можда и ќе почне да бара нафта во Македонија во иднина |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е нова вест, ама се повеќе се зборува за тоа:
Рускиот милијардер Роман Абрамович иако официјално сe уште не се обратил до општината Охрид за купување на имот, целиот Охрид и локалната самоуправа “знаат” дека сака да го купи Љубаниште и дел од националниот парк Галичица
Роман Абрамович тука сака да изгради монденска туристичка населба.
Охриѓани тврдат дека руските претставници им советувале да се здружат и побрзо да ги решат спорните имотно-правни односи со државата, така што би можеле целото градежно земјиште да го продадат одеднаш.
Поради зголемениот интерес на странците за градежното земјиште во Охридско, цените почнуваат нереално да се зголемуваат. По гласините дека доѓаат Русите цената за одделнни локации се зголемила на 500 евра за квадратен метар.
Роман Абрамович, според некои неофицијални информации кои веќе кружат во Охрид би инвестирал околу 500 милиони евра. Вкупните руски инвестиции, според интересот кој го покажуваат за делот од охридското крајбрежје во Андон Дуков би изнесувале, според груби проценки околу 700 милиони евра.
Се поголем е бројот на странски компании кои сериозно се занимаваат со туризам и кои пројавуваат интерес да градат луксузни хотели и туристички населби покрај брегот на Охридското Езеро.
“На пролет може да се очекува вистински инвестициски бум во Охрид и почеток на изградба на шест луксузни хотели и аква- парк на површина од 60.000 квадратни метри, како и изградба на голф игралишта на 30.000 кавдратни метри”, вели градоначалникот Александар Петрески.
Овој интерес е посебно зголемен, по најавата за реконструкција и модернизација на охридскиот аеродром.
Пред десетина дена во посета на Охрид и охридскиот градоначаланик биле турски бизнисмени, кои биле заинтересирани за купување на недвижности и изградба на аква-парк. Меѓу нив биле и претставници на турските компании од Анкара и Истанбул: “Омко”, “Мурал” и “Нова”, кои веќе имаат изградено неколку аква-паркови. Тие биле спремни веднаш да инвестираат 50 милиони евра и до наредната сезона да го изградат аква-паркот. Според урбанистичкиот план, аква-парк би се градел во близина на Горица на површина од 30.000 квадратни метри.
Меѓу заинтересираните се споменуваат светскиот синџир хотели “Хилтон” и австриската компанија “Соравија”.
Постои зголемен интерес и од хрватски од бугарски инвеститори да градат на овие локации. Во локалната самоуправа велат дека на конк*рост можат и би било добро да се јават и домашните инвеститори.
На локацијата, пак, околу “Андон Дуков” се заинтересирани во изграадба на хотели и нови туристички капацитети да инвестираат руски и израелски компании.
Конзорциум, пак, на фирми од Словенија се заинтересирани да изградат голф игралишта на оваа локација.
Дали постоечката инфраструктура ќе може да го следи ваквиот инвестициски бум во Охрид, кој се најавува веќе од пролет?
Градоначалникот одговара потврдно.
“Комплетната инфраструктура, снабдувањето со електрична енергија, водоводот и канализацијата, сообраќајот се проектирани за град од 150 илјади жители, а Охрид има 60 илјади жители. Тоа подразбира дека новата инфраструктура која се гради во изминативе две години во потполност ќе ги задоволи барањата на инвеститорите”, вели Петрески. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |