![]() |
|
Бугарски КИЦ ја негира македонската нација |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | |||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 02.Август.2009 во 01:37 |
||
Ништо ново
![]() |
|||
![]() |
|||
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Абе ајде смеење е ова што го кажале, ќе ги видите утре, како ќе седат со тој директорот на Татарски КИЦ во Балканика, ќе се мезат, и ќе се утепуваат од смеење, врска нема ништо нема да направат како и обично ќе си преќутат....пред се зошто повеќе од 50% од професорите во МАНУ се корумпирани........еден куп бугаромани и србомани има таму. Да се разбереме сите не се исти, има и луѓе кои си ја сакаат и почитуваат својата историја и идентитет, но повеќето се изроди. Изменето од moira - 15.Ноември.2008 во 03:00 |
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ВО КОНТРАОФАНЗИВА
Бугарската пропаганда ќе се замолчува со факти Преку дистрибуција на книги во речиси сите меѓународни организации, во кои ќе биде презентирана вистинската слика за односите помеѓу Бугарија и Македонија, историчарите од Македонија ќе се бранат од налетот на бугарскиот национализам. Неколкумина македонски историчари своите најнови изданија ќе ги испратат до Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ, како и до амбасадите на сите земји од ЕУ за да се укаже дека земја-членка на Унијата се служи со невистини кои имаат цел негирање на македонската нација, различна од бугарската. Тоа претставува своевидна контраофанзива на неодамнешната провокација на бугарскиот Културен центар во земјава, кој на посетителите им делеше книги во кои Македонците се претставени како неизоставен дел од бугарската историја. Едно од изданијата, кое полемизира со овие бугарски тези, е делото „Историски соочувања“ на д-р Михајло Миновски, во кое се презентирани факти за односите меѓу Македонија и Бугарија од античкиот период до денес. Во него јасно е истакната посебноста и потеклото на македонскиот и на бугарскиот народ, како и документи од кои се гледа зошто Бугарија константно ги негира македонска нација и јазик. - Потребно е што повеќе наслови од македонски автори да бидат преведени на неколку јазици и дистрибуирани насекаде низ светот како што тоа константно го прави Бугарија и на тој начин ја шири својата верзија за историјата на односите со Македонија - вели Миновски. „Бугарскиот карактер на Македонија“, „Десетте лаги на македонизмот“ и многу други наслови се дела кои директно навлегуваат во нашиот идентитет и токму затоа историчарите повикуваат на научна дебата меѓу историчарите и академиците од регионов и отворање на архивите и на историските документи кои точно говорат за националната и за државната посебност на македонскиот народ. При објавувањето на историските документи мора да биде истакнат периодот во кој живееле македонските револуционери за да се избегне впечатокот кој го имаат многумина, дека се работи за Македонци кои имале нагласен бугарски идентитет. Книги во кои се презентира македонската историја во поголемите светски библиотеки веќе подолго време испраќа и Институтот за национална историја. Директорот на Институтот, Тодор Чепреганов, вели дека делото „Историја на македонскиот народ“, дело на повеќемина автори, е испратено до неколку светски универзитети, но смета дека тоа не е доволно. Тоа се само инцидентни случаи поради недоволната поддршка што ја имаат од државните институции, пред се од Министерството за култура. - Бугарија, за разлика од нас, вложува многу пари за што повеќе книги, во кои се негира македонскиот народ, да бидат преведени на англиски и достапни на што повеќе луѓе. На тој начин тие ја шират својата пропаганда на која ние не сме подготвени да одговориме соодветно - вели Чепреганов. Историчарот Александар Литовски вели дека бугарската држава на овој начин функционира со децении и тоа е смислена стратегија за негирање на македонската нација. Затоа Македонија мора да одговори со постојана презентација на дела од македонски автори за да се подигне свеста за презентирање на вистината во односите меѓу Македонија и Бугарија. - Во изминатиот период премногу се фокусиравме на античкото минато и подзаборавивме на периодот на 19 и 20 век, кој е најзначаен за нас. Потребни се многу повеќе дела во кои ќе се претстави вистината за македонската историја - вели Литовски. ------------------------------------------------------------------------------------------
Убаво им текнало на историчарите да се разбудат од летаргијата и зимскиот сон, ама тешко дека можат многу да постигнат без конкретна поддршка од политичарите. Кога и самите политичари се неусогласени и имаат различни ставови и гледања на македонската историја, од неукост или идеолошки причини, поарно да си ќутат и да не одмагаат.
|
|||
![]() |
|||
oon ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Историчарите не се изненадени од бугарската провокација
Ќе биде тешко да се води дебата за историската вистина, кога дел од бугарските научници ја негираат македонската посебност, но тоа би било корисно за Македонија. Вака дел од македонските историчари реагираат на вчерашната провокација на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје, каде се делат книги со кои се негира македонската нација. „Мојата функција како директор е преку Центарот да ја претставам целосната слика за Бугарија. Се разбира, во таа слика има и работи кои вам не ви се допаѓаат, но мислам дека со еден толерантен пристап проблемите ќе бидат надминати“, изјави Спас Ташев, директор на Културно информативен центар на Република Бугарија. Спас Ташев Еден од помладата генерација македонски историчари, Никола Жежов, вели дека и покрај двата претходни обиди за соочување меѓу бугарските и македонските историчари кои завршиле со кавга, научната дебата мора да продолжи, затоа што меѓу бугарските историчари има многумина кои се подготвени за научно, а не за идеолошко читање на историјата. Дополнително, при објавување на историски документи, на јавноста мора да и се објасни историскиот контекст во кои живееле македонските револуционери за да се избегне погрешниот впечаток кој што се појави на пример, при објавувањето на дневникот на Крсте Петков Мисирков. Не може да има дилеми за македонството на Мисирков, кога се знае дека тој се борел за независна македонска држава со јасни територии и граници различни од бугарските. Никола Жежов „Ако се направи еден научен пристап, еден издржан методолошки научен пристап на овој проблем, особено во периодот меѓу двете светски војни, може да се најде едно адекватно решение коешто ќе биде прифатливо и за нас како Република Македонија и за нашиот сосед“, рече Никола Жежов, универзитетски професор. „Тука веднаш би сакал да истакнам дека сепак ние како македонски историчари, македонската историја треба да ја интерпретираме со фактите коишто ќе одат во правец на одбрана на нашата македонска национална и државна кауза. За тоа не смее да постои никаква двосмисленост“, вели Жежов. За разлика од Жежов, кој повикува на научна дебата, дел од гостите на бугарскиот Центар во Скопје со порадикални идеи. „Би било нешто слично кога нашиот Културен центар во Софија би почнал да раздава книги во кои се негира дека постојат Бугарите или дека Бигарите се татари“, вели посетител на Центарот. Дел од историчарите повикуваат на научната дебата која би била корисна и поради големиот број на историски документи кои говорат за националната и државната посебност на македонскиот народ, кои се дел од архивите на Бугарија, Србија и други земји на Балканот. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99903 |
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ма можеме ние и повеќе, сигурна сум...
Само треба некој да ни ги даде одговорите од следниот тест...
За да не го зае..ме негде резултатот...
![]() |
|||
![]() |
|||
zenmaster ![]() Сениор ![]() ![]() Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Spored poslednoto testiranje pet veka mozeme da izdrzime
|
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да Владимир, се си има граници...
Само нашата толеранција е апсолутно бесконечна...
Јас понекогаш се прашувам колку можеме да издржиме???...
|
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Моира, нема потреба да ми цитираш дефиниции и да ми го толкуваш буквално зборот демократија, многу добро знам што значи. И знам дека еден од принципите или ако сакаш базните вредности кои спаѓаат во демократијата е толеранцијата. Тоа не е никакво бркање на поими и не е буквалистичко дефинирање на поимот демократија, оти ако така го прифаќаме и применуваме (строго буквалистички), поимот демократија ќе изгубеше многу од своето значење.
Значи, ако не ме разбра, мојот пост се однесуваше на преголемата толеранција од страна на власта кон вакви појави, а толеранцијата како што кажав, е еден од основните принципи по кои една власт се вреднува како демократска или недемократска...
Изменето од anastea - 09.Ноември.2008 во 00:28 |
|||
![]() |
|||
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Секој си има право на свое мислење лол ![]() |
|||
![]() |
|||
mileg ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сакам нешто и јас да кажам во врска со оваа тема.Нели Бугарија се прави дека ни е првиот сосед кој не призна под уставното име а сега гедајте што ни прават.Оваа не ни се случува прв пат,тоа ни се има случено многу пати и сакам да кажам дека:Македонија е самостојна држава со посебен јасик и посебен идентитет.
-Сакам да го прашам оснивачот на таа тема дали е задоволен од Бугарија?Нека ми одговори искрено. |
|||
![]() |
|||
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Извини али за се си има граници. |
|||
![]() |
|||
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
@anastea: Демократија е власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем. Според дефиницијата „демократијата е власт на народот, од народот и за народот“. Во практика терминот демократија означува облик на владеење каде сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку фер изборен процес. Една влада може да биде класифицирана како демократска, кога овие услови се исполнети. И каде е тука демократијата во дозволувањето на вакви настани и испади? ...си ги побркала поимите малку... Дали е ова воља на народот или на Власта некој од страна да плука по нашата истотија и нација а ние да бидеме добри домаќини и сето тоа да го спонзорираме и прикажуваме?
Изменето од moira - 08.Ноември.2008 во 16:12 |
|||
![]() |
|||
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ВМРО(МРО,ТМРО,ТМОРО,ВМОРО...)постои веќе 115години-никогаш не расчисти и нема да расчисти со пробугарските елементи(на кои и припаѓа груевски и компанија според мене)кои го валкаат сето тоа што ВМРО го направи/направила за македонија... Изменето од Zajcef - 08.Ноември.2008 во 16:10 |
|||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да, е обид за уништување на нашиот народ и историја...
И е демократија, затоа што сето тоа некој го дозволува, наместо да го спречи.
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |