IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - АГРОБЕРЗИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

АГРОБЕРЗИ

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: АГРОБЕРЗИ
    Испратена: 30.Ноември.2008 во 23:41

Најново за агроберзите е дека нивната работа ќе биде регулирана со посебен правилник.Врз основа на законот за берзи на земјоделски производи, Министерството за земјоделство донесе нов правилник, во кој се пропишува какви треба да бидат откупните пунктови, со каква опрема и стручен кадар треба да располагаат агроберзите.

Само агроберзите што ќе ги исполнат наведените критериуми ќе можат да откупуваат земјоделски производи. Се планира на ниво на Македонија земјоделски производи да откупуваат околу 10 агроберзи.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 14:30
 

Во тек е потпишувањето на договорите за програмата за рурален развој, што на земјоделците им овозможува враќање на 50 проценти од парите што ги вложиле во развојни проекти. 

За ваквата субвенција конк*рирале повеќе од 600 земјоделци. Најголем интерес има за модернизација на земјоделски објекти, за подобрување на конк*рентност, набавка на земјоделска опрема, приклучна механизација, и за преработувачката индустрија.

Досега се потпишани повеќе од 300 договори со земјоделците, исплатата на парите ќе се врши по набавката на опремата или завршувањето на инвестицијата, и по извршената контрола на терен од страна на Платежната агенција.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 17:14

Вкупниот извоз на земјоделски култури и остварените приходи бележат драстично зголемување последниве 2 години, вели Ацо Спасеновски, министер за земјоделство.Од 2005 година до 1 јули годинава се бележи постојан раст на вкупниот извоз на свеж зеленчук и зголемување на приходите. Во првите 6 месеци годинава биле извезени околу 110 милиони кг. свеж зеленчук и бил остварен приход од 34 милиони евра. Во цела 2007 година биле извезени 145 милиони кг. свеж зеленчук и бил остварен приход од 37 милиони евра.

Според министерот, зголемувањето на извозот се должи на промоцијата на македонските производи, доаѓањето на стопански делегации во земјава, формирањето мешовито-македонски фирми, распределбата на земјоделското земјиште, субвенциите и на евтините кредитни линии.

„Овие бројки говорат дека целата политика во делот на субвенционирањето, помош при пласманот, брендирањето, посетувањето на саеми резултира со зголемување не само на вкупното производство и извозот туку и на драстично зголемување на вкупниот приход што го остваруваат земјоделците од својата дејност.“

 
 
 
Уште една причина повеќе за заживување на агроберзите. Ова е само дел од неискористените потенцијали со кои располага нашиот аграр.
 
 


Изменето од anastea - 24.Октомври.2008 во 17:17
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 08:28
 
 
...............среќа.................
Почна бербата на киви во Гевгелиско.....

На подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци почна бербата на киви од сортите монти, аликон, хејварт и бруно. Овошјето на пазарите во земјава се продава за 50-60 денари за еден килограм, во зависност од квалитетот. Наскоро се очекува и извоз на киви во некои европски земји. Станува збор за еколошки здрави плодови, бидејќи не ги напаѓаат болести и нема потреба од хемиска заштита. Стручњаците велат дека најдобро е да се консумираат за време на зимските месеци, бидејќи кај нив витаминот Ц го има од три до пет пати повеќе отколку во лимонот. За кивите од јужните делови на Македонија има интерес и кај жителите од пограничните места од Грција.


Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 14:04
...среќа......
 
Последниве години, во Пелагонискиот регион се почесто се произведува пченка за зрно... стратешка култура за потребите на сточарството,  која пред неколку децении целосно се увезуваше.

Нема доволно производство на пченка во Македонија, и можеби треба да се обрне поголемо внимание во делот на поттикнување на овој дел на производство, затоа што условите за производство се соодветни...Во Македонија во моментов, пченката зафаќа 25 илјади хектари обработливи површини.

Со успешна примена на современ асортиман, во услови на наводнување, оваа култура на македонското сточарство ќе му обезбеди рентабилно работење, а на државата годишни заштеди од десетици милиони евра.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 14:01
најнова вест
до година на пољопривредниците пак ќе им смета трева и кукољ

и на крајот на сезоната нема да им остане 50 000 евра добивка како шо тие сакаттага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 10:48
Може и агровести... не мора да е стриктно за агроберзите...намигнување
 
Еве јас ќе поздравам една одлука на владата, да одобри бесцарински увоз на 5 милиони килограми црвена пиперка, по оправданото барање од страна на конзервните фабрики. Министерот за земјоделство ги предупреди преработувачите во иднина навреме да склучуваат договори со земјоделците за да не останат пак без основна суровина.
Со увозот ќе се спречи неисполнување на договорите со купувачите за веќе обезбеден пласман на готовиот производ од по 1 евро за килограм. Со тоа ќе се оствари девизен прилив од 5 милиони евра и намалување на трговскиот дефицит за 3,5 милиони евра.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 09:29
 
 
   Дали овде треба да се ,,зборува,,само за  ...Агроберзи....
   ...или може да се ,,стави,, и по некоја ...агровест...  голема%20насмевка....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 16:45

Оти бе, вампир?... Имаш забелешки?...збунетост

Ако не се они, ќе јадеш трева од градскиот асфалт...плазењеплазењеплазење
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 16:10
AGROBERZI???????????????изненадување
vampire koj te postavi za moderator bre големо%20гушкање

sega selaci kje se nakotat na forumov



Изменето од anakin - 20.Октомври.2008 во 16:11
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 16:06
 
 
Берза на земјоделско-прехранбени производи, покрај физички и правни лица ќе можат да основаат државата и единиците на локалната самоуправа и тоа за сите земјоделско-прехранбени производи или само за една група. Ова е предвидено со Предлогот за измени и дополнувања на Законот за берзи на земјоделски прехранбени производи од 1992 година, што доби зелено светло од Седница на Комисијата за земјоделство.

-Предложените измени ќе ја зголемат конк*ренцијата и можностите за пласман на земјоделските производи, а берзите ќе значат и цврсти договори за нашите производители - истакна во образложението, заменик-министерот за земјоделство, Христијан Делев.
Тој очекува да бидат основани најмалку десет агроберзи, а за две веќе е покрената постапка за формирање. Во носењето на законските измени се користени искуствата од Холандија, каде функционираат 16 агроберзи и од Белгија.

 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.