|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика | страница 123 57> |
Автор | |||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Февруари.2010 во 15:53 |
||
Dodeka prvata zapoved ni go otkriva edinstveniot i vistinskiot Bog, vtotata ni pokazuva na koj nacin treba da mu sluzime. Zatoa sto e Bog "napolno poinakov",nadvor od vremeto i nad svetot - kako sto ubavo go kazuva toa apostol Pavle:"Bog e Duh i onie sto mu se molat, vo duh i vo vistima meka mu se molat"- samo po sebe e razbirlivo deka se zabranuva i sekakvo i sekakvo prestavuvanje na Boga so materijata. Ovde navleguvame vo samata sustina na vistinskata relgija. Vo site izmisleni lazni religii, Bog ne moze da se zamisli poinaku otkolku kako sodzdanie,sustestvo slicno na covek. Kaj Grcite toa e preljubnikot Zevs, zavislivata Artemida, zastitnikot na kradcite Hermes i mnogu drugi.Egipjanite pocituvale bik, majmun, krokodil i drugi bogovi. Ovoj spisok e mnogu golem i moze da se prodolzi do beskonecost. Site ovie zabludu gi osuduva Svetoto pismo:"Zamisluvajki deka se mudri, poludea, ta ja zamenija slavata na besmrtniot Bog so kipovi odnosno so sliki na smrten covek, ptici, na cetirinosci i lazaci." Pocitatelite na tie lazni bogovi konecno ke doziveat razocaruvanje, zasto kipovite nemozat nikomu da mu pomognat. Tie se nepodvizni i nemi:"So kogo ke me izednacite i sporedite? Kogo ke stavite pokraj mene za da bide ednakov so mene. Vtorata zapoved e povik za steknuvanje na iskustvo vo verata; taa e protest protiv materijalizmot i protiv sluzbata na laznite bogovi. Vernikot koj e nanovo roden so Svetiot Duh- a i site vistinski hristijani se takvi- nema potreba od nikakva materijalna pomos za da ja zasili svojata vera. Isus veli:" No doaga cas- i veke e tuka- koga vistinskite bogomolci ke mu se molat na Otecot so duh i vistina, zasto Otecot saka takvi bogomolci. Zapovedta jasno zboruva za klanjaneto i obozavanjeto. Sepak taa ne gi zabranuva site sliki so religiozni motivi. I samite Izraelci imale statui na na heruvimi vo svetinata nad svetinjite i dvanaeset bronzovi bikovi koi sluzele kako potpiraci na bronzoviot mijalnik vo predvorjeto na Solomonoviot hram. Zapovedta zabranuva obozavanje i odavanje na pocesti na kipovi i sliki. Mozebi nekoj ke pomisli deka ovaa zapoved deneska e nepotrena, zasto nie ziveeme vo eden hristijanski svet, dodeka zabludite na paganstvoto ostanale daleku zad nas. Mnozina velat deka nie ne im sluzime na slikite, tuku na onoj kogo go prestavuvaat tie sliki. Da, no i paganite vo anticko vreme se sluzele so istiot izgovor. Faktite ni davaat druga slika. Se dodeka se vrsi krunisuvanje, dodeka vo nekoi zemji se dava zakletva pred likovi,se dodeka postojat cudotvorni sliki, tesko ke moze da se poveruva deka tie omileni izgovori se opravdani i iskrajni. Osven toa , kako moze klanjaneto pred sozdadenite sustestva- sosema se edno e dali e toa nekoj angel, apostol ili svetec - da se usoglasi so nacelata na evangelieto. Koga Jovan vo Otkrovenieto padnal pred angel, ovoj go predupredil:" Ne ! Vnimavaj! Jas sum sluga kako i ti i tvoite braka koi go cuvaat Isusovoto svedostvo.Pokloni mu se na Boga!" Koga rimskiot kapetan Kornrlij padnal pred nozete na apostol Petar, ovoj go podignal zboruvajki :" Stani! I jas sum samo covek". Изменето од Blagoj_s - 22.Февруари.2010 во 15:53 |
|||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
еве да се потсетиме - гледам дека некои работи не се јасни - а и дека никој не се замара да го “уклучи“ мозокот и да разбере нешто од напишаното
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секташите ја обвинуваат Црквата дека ја “прекршила“ втората Божја заповед затоа што во богослужбата употребува и “обожава“ икони; освен тоа се поклонуваат на Крстот - како на “идол“, а исто така и на моштите од светителот. Тоа е идолопоклонство, и директен грев против втората Божја заповед - кажуваат секташите. Црквата, во својата историја “слушнала“ многу вакви обвинувања но сепак одново ќе им посветиме малку внимание! Кажуваме дека на самиот почеток на втората Божја заповед не е забрането правење ликови и сликање слики, а нешто друго: нивно обожавање, клањање - ниту им служите, зашто Јас сум Бог твој (2Мој.20,4-5) ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ТОА ГО ПОЧИТУВААТ, И ТИЕ НЕ ОБОЖАВААТ НИКОГО И НИШТО ОСВЕН БОГА. Да слушнеме најнапред што кажува втората Божја заповед: “Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш ... Кога оваа заповед би се разбрала (истолкувала) буквално - би настанал општ хаос. Во такви околности, секој сликар, биолог, фотограф, вајар,... би бил најголемиот грешник. Албумот со нашите слики би представувал кип “идолски“, а за телевизијата да не спомнуваме. Личните документи не би биле потребни, а новините би штампале само сувопарни текстови... Па како тогаш треба да ја разбереме оваа заповед?! Просто - доволно е да се осврнеме на БИБЛИЈАТА, и тука е одговорот. Во образложение на оваа заповед Бог кажува: “Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се клањате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог (3Мој. 26.1)и понатака: “Тогаш ќе се свртат назад и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови“ (Иса. 42.17 ; 44.9-17 ; 45.20 ; 46.6-7 ; итд.). Значи, Господ Бог децидно забранува што точно и на кој не треба да му се поклонуваме како на БОГ. Само тоа, и ништо повеќе! А ЦРКВАТА ТАКВО НЕШТО НИКОГАШ НЕ НАПРАВИЛА! ЦРКВАТА НИКОГАШ НЕКОЈ ПРЕДМЕТ ИЛИ ЛИЧНОСТ НЕ ГО ПОСТАВИЛА НАД БОГА, ИЛИ НАМЕСТО БОГА! Да видиме - во Библијата постои дирекна Божја наредба да се прават кипови и икони за богослужбена потреба! ЕВЕ ГИ И ТИЕ МЕСТА ВО СВЕТОТО ПИСМО: (2Мој. 25.18-22 ; 1Кн. Дн. 28.18 ; 1Кн. Цар. 6.23-29 ; 8.6-7) - Бог наредува да се направат резани ликови во Храмот (1Кн. Цар. 6.29-35 ; 7.29,36 ; 2Кн. Дн. 3.7) - Бог наредува да се извезат ликови на ангели на порфирната завеса во светилиштето: (2Мој. 26.31 ; 2Књ. Дн. 3.14) - Бог наредува да се извезат ликови на ангели НА ДЕСЕТ ЗАВЕСИ во шаторот: (2Мој. 26.1 ; 36.8) - Бог му ја покажува на Мојсеј сликата на Својот храм и се што е во него: (2Мој. 25.9,40) - Во самата небесна Црква се наоѓаат кипови на ангели, како и извајани ликови: (Езек. 41.18-26) Понатаму, Бог не само што не забранува користење на религиозни слики за богослужбена потреба, туку, на против - НАРЕДУВА! Затоа, поистоветувањето на СВЕТИТЕ ИКОНИ со “идоли“ би било навистина НЕРАЗУМНО, или нешто повеќе - голем грев! ЗАТОА ШТО НИЕ ПРАВОСЛАВНИТЕ НЕ ГИ ОБОЖАВАМЕ СВЕТИТЕ ИКОНИ, НИТИ СЕ МОЛИМЕ НА ИКОНАТА КАКО НА ПАРЧЕ ДРВО ИЛИ ХАРТИЈА. ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ СЕ МОЛАТА НА ИКОНАТА, КАКО СИМБОЛ НА ЛИЧНОСТА ВИЗУЕЛНО ПРЕДСТАВЕНА НА НЕА; КАКО НА ПРВООБРАЗ. ТИЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ИКОНАТА КАКО БЛАГОСЛОВЕНА ПРЕДСТАВА НА НА ЕДИНСТВЕНИОТ ЖИВ БОГ - НЕГОВИТЕ АНГЕЛИ, СВЕТИТЕЛИ И МАЧЕНИЦИ, КОИ, КАКО ШТО ВИДОВМЕ ТИЕ СЕ НАШИ ПРИЈАТЕЛИ И ЗАСТАПНИЦИ. (Отк. 5.8 ; 8.3-4) НИЕ СО УСТАТА ГО ЦЕЛИВАМЕ СВЕТИТЕЛОТ КАКО ЖИВА И РЕАЛНА ЛИЧНОСТ ВО НЕБЕСНАТА ЦРКВА. Она што е представено - запишано во Евангелието, то е представено и во нашите очи, и со боја, насликано на ѕидовите од храмовите, или на дрво или некој друг материјал. Она што со читање се прикажува за нашите уши, тоа истото се прикажува со сликање за нашите очи. Во Св. Писмо гледаме дека Бог понекогаш правел чуда преку мртвите, без животни: - преку “ древниот“ Мојсев стап: (2Мој. 7.17 ; 8.17 ; 9.3 ; 17.5-6) - преку БАКАРНАТА ЗМИЈА: (4Мој. 21.6-9) - преку МОШТИТЕ НА ЕЛИСЕЈ: (2Кн. о Цар. 13.21) - преку ХРИСТОВАТА ОБЛЕКА: (Мат. 9.20-22) - преку ПЕТРОВАТА СЕНКА: (Д. ап. 5.15) - преку ПЛУНКАТА И БАЊАТА СИЛОАМ: (Јован. 9.6-7) - преку ПРЕКУ УБРУСОТ И ПОЈАСОТ ап. Павле: (Д. ап. 19.11-12) ПА, ЗОШТО И ПО НАТАМУ СЕ СОМНЕВАТЕ ВО ЧУДОТВОРНАТА МОЌ НА СВЕТИТЕ МОШТИТЕ, СВЕТИТЕ ИКОНИ ИЛИ СВЕТИОТ КРСТ? ИСТОРИСКОТО ИСКУСТВО НА ЦРКВАТА И НЕКЗИНОТО ПРЕДАНИЕ ТОА ГО ПОТВРДУВА.! На крај да имаме предвид и тоа дека , до Второто Христово Пришествие, Бог никој никогаш не го видел, и дека Бог во ЛИЦЕТО НА ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА ПРИМА ЧОВЕЧКА ПРИРОДА (ЈОВАН. 1.14 ; 14.9). ПОРАДИ ТОА БОГОЧОВЕКОТ ИСУС ХРИСТОС ОПРАВДАНО МОЖЕМЕ ДА ГО ПРЕДСТАВУВАМЕ ВИЗУЕЛНО ВО НЕГОВИОТ ВИЗУЕЛЕН ОБЛИК. 787 ГОДИНА НА СЕДМИОТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР, ЦЕЛАТА ЦРКВА ГО ПРИФАТИЛА ОВА УЧЕЊЕ И ДОНЕСЛА КОНЕЧНА ОДЛУКА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ИКОНИТЕ!!! А НАВИСТИНА БИ БИЛО НЕВКУСНО ЛИКОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, БОГОРОДИЦА, АПОСТОЛИТЕ, АНГЕЛИТЕ, И СИТЕ СВЕТИТЕЛИ ДА ГИ НАРЕКУВАМЕ “ИДОЛИ“. СВЕТИОТ КРСТ - ап. Павле “Оти мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов“(Филип. 3.18). Навистина, и ден денес многу од секташите се јавуваат како крстоборци (иконоборци) и противници на почитувањето на СВ. КРСТ - “. Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, *сила Божја“(1Кор. 1.18) “А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е *распнат, а и јас за светот“(Гал. 6.14) ЗАШТО ЗА НАС КРСТОТ ХРИСТОВ Е СИМБОЛ И СРЕДСТВО ЗА СПАСУВАЊЕ! Од историјата на Црквата знаеме дека првите христијани имале свои симболи кои во тоа време представувале тајни знаци за распознавање. еден од тие е “риба“ а се знае и зашто. Риба на грчки ИХТИС - ИСУС ХРИСТОС ТЕУ ИОС СОТИР - ЗНАЧИ : ИСУС ХРИСТОС БОЖЈИ СИН, СПАСИТЕЛ! И ЗАРЕМ ТОЈ СИМБОЛ БИЛ НЕКОЈ ГОЛЕМ ГРЕВ ПРЕД БОГА? НЕ! БИДЕЈЌИ ТОЈ ВО СУШТИНА ЈА ИЗРАЗУВА ГЛАВНАТА ВИСТИНА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО! Па зашто тогаш и крстот како предмет (симбол), и Крстниот знак со кој се прекрстуваме да биде грев? зашто кога со нашата рака ние правиме крст, со тие потези го изразуваме ЦЕЛОСНОТО ХРИСТИЈАНСКО ВЕРУВАЊЕ - НА СИМБОЛИЧЕН НАЧИН! ТРИТЕ СПОЕНИ ПРСТИ И НА РАКАТА СИМВОЛИЧКИ ЈА ОЗНАЧУВААТ НАШАТА ВЕРА ВО ЕДИНСТВЕНАТА И НЕРАЗДЕЛНА СВЕТА ТРОИЦА. И КОГА СЕ КРСТИМЕ ИЗГОВАРАМЕ: “ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ. АМИН! Тука се наметнува прашањето: како “секташите“ еретиците и останатите “христијански“ деноминации ја манифестираат својата вера (молитвеност)? обично и најчесто седат на земја, ги ставаат рацете меѓу колена и длабоко се замислуваат, или изговараат своја слободна (измислена) молитва. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
LoveHim
Нов член Регистриран: 11.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прекрасна тема , браво за ова.
Јас ќе кажам само кратко во врска со фреските и иконите. Првата причина е Луцифер против Бога, како што сака во многу заповеди да си става свои заповеди, и да се израмнел со Севижниот. Втората причина се однесува на ова: Иконите се со двојна позлата, најчесто од 24-каратно злато. Големините на иконите (со еден или два лика) што може да се нарачаат може да бидат следните: 1. А4 формат (20x30 cm; 22x29 cm) - 350 евра 2. А3 формат (30x40 cm; 32x40 cm) - 700 евра 3. А2 формат (40x60 cm; 44x60 cm) - 1200 евра Поштарината не е вклучена во цената. За икони кои изобразуваат сцени со повеќе ликови (пр. Рождество Христово, Воведение на Пресвета Богородица, сцени од животот на некој светител и други) цената се зголемува за 100 евра по икона. Ова се информации преземени од официјалната страна на македонската православна црква. Затоа при очи не гледаат, и при уши не слушаат, затоа што мислат дека Божјото се купува за пари и служи за трговија. Поздрав од мене Messenger. Editirano od Messenger. Изменето од Messenger - 22.Февруари.2010 во 23:42 |
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ИКОНАТА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА Во Првата недела на великиот пост, го славиме споменот на
востановувањето на светите и сечесни икони. Повеќе од сто години
Црквата Христова ја потресуваше гонењето на злославните богоборци οд
кои прв беше автократорот, Леон Исавриј, а последен Теофил, мажот на
светата царица Теодора, којaшто пo неговата смрт повторно го утврди
Православието заедно со Патријархот Методиј (843 година). Оваа
незаборавна царица ги извика следниве свети зборови: „Кој не им се
поклонува на светите икони и не ги целива со однос (=σχετικώς), а не
богопоклоно (=λατρευτικώς), значи, не како богови, туку како икони
(=слики) на првообразите, со копнеж и со љубов – засекогаш да е
анатема”, a потоа побара од Бога простување на гревовите на својот маж
преку општ пост и молитва за време на целата прва недела на
Четириестницата, и во неделниот ден, заедно со својот син Михаил, со
целиот клир и со народот ги воздигаа светите икони, и со нив повторно
ја украси светата Христова Црква. Споменот на ова свето дело денес го
слават сите Православни и затоа овој светол и сечесен ден го нарекуваме
Недела на православието. Употребата, честа и односното поклонување на
светите икони е прадревно апостолско предание, како што сведочат отците
на светиот VII Вселенски собор. Постоењето на иконите во богослужбениот
живот на Црквата и во животот на Христијаните е втемелено од самиот
Господ Исус Христос. Тој, на царот Авгар од Месопотамија, му ја испрати
неракотворената икона на своето лице. Овој цар боледуваше од неизлечива
болест и имаше пратено покана до Господа, со желба, тој да дојде во
Месопотамија и да го исцели. Христос, пак, зеде еден убрус и бришејќи
ја потта од своето лице чудесно го отпечати својот лик на тој убрус,
кој потоа му беше пратен на Авгар за да го исцели. Во времето на Стариот Завет, Бог
забрани да се слика Божеството. Тоа посебно го нагласи во десетте
заповеди што му ги даде на Мојсеј. Светата Троица е надвор од секој
облик и вид – како надсуштествена и неопишлива. Оттаму и не е можно со
кој било облик да се наслика неопишливиот Бог. Но, во времето на Новиот
Завет „неопишливото Слово на Отецот стана опишливо, воплотувајќи се од
Светиот Дух и Пресвета Богородица. На тој начин, Бог ни покажа како
може Божеството да се опише, не како неопишлива суштина на Светата
Троица, туку како една ипостас на Богочовекот Исус, кој е самото
Божество, но се има соединето без мешање и неразделно со човековото
битие. Богочовекот Христос е најсовршената пројава на нематеријалниот и
неопишливиот Бог во материјалниот свет. За ова сведочи и Апостолот
Павле, којшто вели дека е Христос „икона на невидливиот Бог, првороден
на сета твар… зашто во него е сместена полнотата на Божеството во
тело.” Значи, бидејќи е Христос совршена икона Божја, ние таа икона
можеме да ја насликаме. На тој начин земјеното човечко око ќе може да
го види својот Создател – според мерката во која е можно тоа да се
направи на материјален начин. За ова пишува свети Јован Дамаскин: „Во
дамнина, Бог, кој е бестелесен и безобличен, не се претставувал на ниту
еден начин. Но, сега, кога го видовме Бога во тело и кој беше меѓу
луѓето, го сликаме Бога што го видовме. Затоа се дрзнувам да го
насликам невидливиот Бог, не како невидлив, туку како видлив, кој
примил тело и крв заради нас. He го сликам невидливото Божество, туку
го сликам видливото Божјо тело.” Во овој контекст би ја спомнале и
иконата на Бог Отец, присутна во православната уметност од почетокот на
17 век. Еве што вели за оваа икона големиот Собор во Москва одржан во
17 век: „Заповедаме од сега па во иднина да не се слика иконата на
Господ Саваот, то ест, Отецот, зашто него никој никогаш не го видел во
тело. He е добро и не приличи на иконите да се слика Бог Отец со бела
брада и единородниот негов Син во неговата утроба, а помеѓу нив гулаб.” Многу пред овој собор и VII Вселенски собор говори за непостоењето слика на Бог Отец – како невоплотен и невидлив, па, оттука и непретставлив. VII Вселенски собор ги осуди иконоборците како најопасни еретици, зашто иконоборството содржи во себе голем спектар на ереси. Ете, оттогаш е определено да се слави Неделата на православието и да се чита јавно Синодикот на православието, за да се просветлуваат луѓето и да не заживее никогаш повеќе оваа подла прелест на иконоборството. „Определи овој Свет Синод да им се оддава чест и односно поклонување на светите икони, како што се случува со светото Евангелие и со чесниот крст.” Богоносните отци во своите списи разјаснија дека поклонувањето со
обожување ѝ се оддава само на Светата Троица, значи на Божеството.
Поклонување со обожување треба да му се оддава и на Господ Исус
Христос, зашто тој е самото Божество, кое ја прими човечката природа. И
на човечката природа на Христа ѝ се поклонуваме со обожување, зашто
телото Христово е тело на Божјото Слово и е неделиво од неговото
Божество и се обожува заедно со него. Само неразумните луѓе, вели свети
Атанасиј Велики, можат да кажат „застани Боже подалеку од твоето тело
за да ти се поклонам.” Но, на иконата на Света Троица, како и на
иконата на Христа и на светиите не им се поклонуваме со обожување, туку
само со однос. Се поклонуваме на иконата Христова и ја целиваме, зашто
е во однос со самиот Господ – го претставува неговиот лик и е напишано
неговото име. Затоа, кога се поклонуваме на светите икони нашиот ум е
на небото каде и што е владиката Христос. Чествувајќи и поклонувајќи ѝ
се на иконата Христова ги покажуваме нашите чувства за Господа. Иконата
е причина за дијалог со Господа, со Богородица и со светиите. Бидејќи
се иконите предмети наменети за богослужба во храмот, оттаму тие не се
само насликани штици, туку се и носители на благодат. Тие стануваат
причина, оние што ги целиваат да добиваат благодатна помош. Но овие
сконцентрирани дарови на благодатта ќе останат бездејствени, ако
целивот на иконата не се случува со потребната вера. За ова свети
Василиј Велики вели: „Честа што ѝ ја оддаваме на иконата преминува на
нејзиниот прототип.” Светата икона како таква претставува исповедање и
потврда на верата во воплотувањето, со што воедно покажува дека во
православието, вистаната на верата и уметноста не се разделуваат, ниту
се спротиставуваат, туку напротив, взаемно се посведочуваат и се
потврдуваат. Иконата е догматски факт на верата и на теологијата на
Православната Црква, документ на вистинско богопознание и
човекопознание. Иконата видливо сведочи дека Бог вистински стана човек, но и дека човекот – како психофизичко битие е способен и достоен во себе да го смести и пројави Бога, да се соедини со него во меѓусебна љубов, во бесмртен живот, без губење на својот човечки лик и личност. Постои една друга страна на оваа тема која е многу важна: иконописот
не го слика портретот Христов, туку Христа во часот на преображението
каде карактеристиките на двете природи Христови – Божјата и човечката
се покажани на најсоодветен и најизразит начин. Ако покрај иконата
Христова го ставиме портретот Христов, ќе видиме дека иконата ги
сочувала природните карактеристики Христови, но, зраковидното
осветлување и белите осветлувања на ликот и геометриското осветлување
на облеките, ни го даваат телото Христово кое блеска од несоздадените
Божји енергии, ни даваат еден предвкус на преображението. Co други
зборови, портретот ни го пројавува природниот лик на светителот, а
иконата ни ја Пројавува невидливата слава на неговата светост, неговиот
изглед прославен преку Божјата благодат. Но, моментот на портретот мора
да постои во иконата. Можеме да кажеме дека живописецот е и портретист,
зашто во своите дела изобразува конкретен човек кој претставува личност
која живеела и делувала во историјата. Сепак, живописецот радикално се
разликува од останатите портретисти, зашто не останува само на тие
елементи на историјата, туку едновремено поседува начин да покаже, дека
таа личност која ја изобразува на иконата е надвременска, дека е
граѓанин на вечното царство Божјо. Така, иконописецот истовремено
работи на два начина: со помош на цртежот дава некои историски
карактеристики, му дава идентитет на тој светител и истовремено, со
помош на светлината, го надминува портретот и покажува дека
изобразениот на иконата е човек кој постои и после својот живот, внатре
во историјата како граѓанин на вечното царство небесно. За нашето време
тоа задржување на двојниот облик има посебно значење, зашто иконописот
е доведен до таков формализам, што набљудувајќи ги современите икони
имаме чувство дека немаме жива појава на постоечкиот и конкретен човек,
туку некоја символичка претстава, некој декоративен цртеж, некоја
неодредена визија. Во наше време иконата многу пати е претставена како
некое многу посебно сликарство кое нема врска со нашиот пропадлив свет. Наспроти тоа, старите мајстори на живописот, како Астрапа, Панселинос и многу други, кои ги створиле ремек-делата на XIV и XV век, не само што внесувале елементи на портрет, туку и ги изразувале внатрешните психолошки состојби на изобразените светители. Значи, на иконата на секој светител, целокупната Црква треба веднаш да го препознае неговиот идентитет. Набљудувајќи една икона, ние треба да сфатиме дека се работи за свети Антониј, на пример, зашто тој има одредени духовни карактеристики заради кои Црквата и му подарила вечен и есхатолошки идентитет во рамките на неговите историски односи со Христа и со своите собраќа. Светлината, пак, во византиската икона не дејствува само сетилно,
како во другите сликарски традиции, не дејствува во сликата со цел
едноставно неа да ја разубави и да ѝ даде некаков естетски квалитет.
Светлината на иконата ги идентификува битијата дејствувајќи онтолошки,
што се гледа од фактот дека таа влијае на цртежот, го менува и го прави
поинаков, како и многуте физички особености. Првиот слој боја на
иконата, кој е единствено темен се нарекува „проплазам”. Тој на иконата
нема смисла на колоративен израз, туку повеќе претставува антитеза на
светлината на наредните слоеви, кои се со светла боја. На иконата не се
нанесуваат дополнително темни бои, така не можеме да говориме за боја
независно од светлината, туку бојата се поистоветува со светлината. Изобразениот светител, Бог Отец го потврдува со тоа, што му ја дарува
својата светлина – со која е просветлен и изобразен тој и просторот
околу него, со светлоносниот венец (ореол) и со име, кое на секоја
икона е запишано покрај него. Co тоа име Бог го спомнува светителот и
се врзува за него вечно, затоа никој кој е изобразен на иконата не е
неосветлен, анонимен или без светлоносен венец. Блиска на ерес е
тенденцијата на современите живописци да го изоставаат ореолот или
светло-венецот кој на символички начин ја изразува потврдата на
светителот од страна на Бога Отца, кој и му дарува постоење, а не е
само декоративен елемент кој може да се стави, а може и да не се стави. Кога говориме за иконата не треба да заборавиме дека таа историски е произлезена од евхаристиската заедница и се развила, од самиот почеток, како нејзин неразделив дел. Евхаристиската заедница, со своите празници, кои бараат и одредени икони, го води иконописецот кон создавање на едно доживување на нова икона на светителот, преку која заедницата повторно доаѓа во врска со светителот, како со есхатолошки човек. Α сега нешто и за техниката и практичната страна
на иконописот. Со обзир дека занимавањето со литургиската уметност има
своја практична страна, некој може да си помисли дека таа, како таква,
нема врска со теологијата. Но, таквиот треба да знае дека во
Православната Црква, сè има своја духовна смисла. Така во техниката на
иконописот сè станува духовно, дури и приборот за сликање, боите,
ѕидовите и штиците и сите материјални работи се осветуваат со
благодатта на Светиот Дух, станувајќи средство на една свештена
уметност. Техничкото знаење не претставува само механичка работа, туку
и тоа учествува во духовноста и во светоста на оние работи кои сака да
ги изобрази. Дури и материјалот што го користи иконописецот станува
благословен, благоухан, истенчен и смирен. Оваа уметност не употребува
вештачки, груби и густи материјали – како што употребува световното
сликарство. Иконописецот следејќи го преданието ќе му ги принесе на
Бога најдобрите материјали за иконата. За да ја направи штицата, ќе
употреби природно дрво, како најдобар и најтопол носител, кој треба врз
себе да ја прими најпрефинетата техника на иконопис. Ќе употреби орев,
липа, даб, јасен, црница. Боите со кои работи се земјени, во прав, и
мирисаат на земја, кога таа ќе ја намокри дождот. Боите се раствараат
со жолчката од јајцето помешана со малку вода и неколку капки оцет, за
да се одржат. Површината која ги опкружува светителите се нарекува
позадина на иконата. Во иконите на дрво таа е златна. Златото свети
силно и неговата царска боја го символизира „огненото небо”, славата и
светлината на царството Божјо. Затоа еден добар иконописец никогаш нема
да користи златна боја од кутија, зашто впечатокот што таа го остава е
многу лош на изглед. Ќе користи ливчиња од чисто злато од 18, 22 или 24
карати. Лакот, зографот си го приготвува самиот, од миризливи смоли – според прастарите рецепти, на пример, сандарак, дамар, мастикс… Премачкувањата мирисаат како темјан, така што оној што ја целива иконата чувствува мирис на духовно благоухание. Лакот не е само техничко средство заштита на иконата, туку важен фактор кој им дава на боите единство на општ тон и длабочина. Никогаш не би премачкале икона со еден од купечките лакови за дрво, затоа што тие ја запечатуваат иконата и не ѝ даваат таа да дише, а визуелниот впечатокот од нив е крајно негативен. Византискиот иконопис и живопис се длабоко вкоренети во постоењето и
историјата на нашиот народ. Најдобрите дела од „златниот период” на
агиографијата се наоѓаат токму на овие простори, и затоа и целата школа
се нарекува „македонска школа”. Бидејќи просторот не ни дозволува, овде
нема да зборуваме за историјата на иконописот и за неговите школи. Само
би сакале да допреме една тема – од каде доаѓа на нашиве простори
силното влијание на западната, ренесансна уметност, влијание, кое
својот врв го доживува во XVIII век. Ренесансното сликарство го
изобразува оптичкиот феномен и телесната убавина и сила, додека
православниот иконопис ја изобразува духовната убавина. Литургиските и молитвени икони им се гледаат грди на оние со кои господари духот на овој свет, ликовите на иконата за нив немаат форма ни убавина, бидејќи телесното мислење му е противно на Бога. Во свештените икони „телото се распна со страстите и похотите.” Нивната духовна убавша е „благата промена” – за која говори свети Симеон Нов Богослов, а која ја видел на испостените лица на своите духовни чеда за време на четириесетдневниот Велигденски пост. И да завршиме, светите икони во живото предание на православието ја изразуваат вистинската православна вера и теологија, која се покажува не само во книги, мисли и зборови, туку и во слики и бои. Тоа е православното „умозрение во бои”, тоа е онаа „убавина и красота на Црквата”, во која Православната Црква повторно и славно се облече нa VII Вселенски собор во Никеја, пред повеќе од 12 века. Така веруваме, така мислиме, тоа е верата на апостолите, тоа е верата на отците. Тоа е православната вера која што ја утврди вселената. Изменето од Tetratka - 28.Декември.2009 во 14:03 |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кај колегите историчари има прекрасна тема за иконите... погледнете и сами... нели се историчари
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ЕвАнгелосе, ако немаш доволно капацитет да сфатиш што некој сака да ти каже, препрашај ако треба и 10 пати, па ќе ти се објасни.
Од примерите што ги дадов, јасно се гледа дека апостолите не правеле копи-пејст (како ти што правиш цело време на форумов), туку некој нештото го гледал од еден агол, и го запишал така, некој од друг и го запишал така, ама тие не се консултирале за да им бидат идентични Евангелијата или посланијата. И самиот гледаш дека св. ап. Јован Богослов пишувал работи кои кај другите Евангелисти ги нема. По кој основ ти тврдиш дека во останатите посланија кои се загубени, нема напишано нешто што не е воопшто ниту спомнато во канонизираното Свето Писмо? Што се однесува до иконите, тие се спомнати во Новиот Завет - Господ Исус Христос бил насликан пред Галатјаните 3:1. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислам дека не ги читаш предходните коментари... не сакам да се инаетам со тебе.. “јас сум за тебе кока кола“ ако го користам речникот на Амди Бајрам... се гледа дека човек со тебе не може да има дијалог или да води нормална дискусија...
Не е тешко да прочиташ еден коментар предходно, и чудно ми е како от тој коментар секогаш го наоѓаш најлошото или ке се фатиш за еден збор или буква, а другото не те интересира од истиот коментар, затоа што логично таму се состои суштината на одговорот што го сакаш... затоа тврдам дека човек со тебе не може да има диалог или нормално да разговара... п.с. Мојот пребарувач се вика : Кока Кола - и кај него не постои copy - paste... Изменето од Tetratka - 18.Ноември.2009 во 17:23 |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Го гледам, а ти го гледаш насловот на темава? По се изгледа користиш некој интернет пребарувач кој не ги покажува насловите на темите, па затоа секогаш пишуваш оф-топик. Симни си Mozila, IE или Google Chrome - со нив докажано ќе можеш да ги гледаш и насловите на темите. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Евангелос - ти го гледаш ова... и ако терате вака- ништо, затоа проблемот е ДАЛИ БОГ СЕ ОГРАНИЧУВА ВО БИБЛИЈАТА? (п.с. за модераториве - наслов на тема а не дерење) |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Остани он-топик драга, за да не викаш после (пред огледало) зошто ние одиме оф-топик
Значи според тебе во апостолите и евангелистите пишувале за иконите, ама, ете, за беља тие посланија се изгубени. А во овие што останале, како за чудо никаква икона не е спомната Неверојатна коинциденција. Во некои посланија биле спомнати икони, во некои не. Тие каде што биле спомнати се изгубиле, а другите не Тие каде што биле спомнати иконите, Бог не успаел да ги зачува, а овие каде што не е спомната ниту една икона, успеал. Каква коинциденција... |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A ти од каде знаеш дека не е така? Од каде знеш дека ниту во другите посланија немало ништо за иконите? Всушност, ако си ја прочитал Библијата како што треба, таквото изоставање на битни елементи од повеќето од авторите на Евангелијата, а запишувањето само од страна на еден Евангелист, не е редок случај. Cлучката каде Господ ја доверува Богородица на апостолот Јован, ја има само во Евангелието по Јован. Или пак со жената која била фатена во прељуба (Јован 8). Или пак стихот Јуда 1:9 каде се зборува за Мојсеевото тело, која случка ја нема запишано НИТУ во Стариот Завет! Што се однесува до Јуда 1:9, имаш ли разумно објаснување зошто таа случка ја нема во Стариот Завет? Изменето од Maran Ata - 18.Ноември.2009 во 02:08 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сакаш да кажеш дека токму во тие изгубени посланија пишувало дека апостолите си правеле икони, а дека во овие, кои Бог благоволил да влезат во Библијата, тие заборавиле да напишат нешто толку важно? |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Blagodaram za informacijata i linkovite. Ova frla povekje svetlina na diskusijata okolu pojavata i popularnosta na freskite i ikonite vo hristijanskite komuni.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница 123 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |