|
Закон за домување |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Август.2010 во 09:59 |
Во 90% од зградите во нашиот главен град е како зона на самракот, ако нема правен субјект кој ќе води ред за тоа нема да може да се подигне обвиненение.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Не мислите дека ова се прави само државата да се офајди,за ништо се плаќа регистрацуја како за фирма,па после фирмарина"..........
...pa, i ne mislat da vidsh ! ...ako mislat,..nema ni da dozvolat takvo eshto,... ...poradi samo toj edinstven interes ,.. ..a ne deka sakale da vovedat red ... ...i se "vadat" so drzavi kade shto standardot na gragjanite e desetina pati pogolem od toj na ovie tuka... isti k*rac e i so parkiranjeto( duri i na periferiite pochnuvaat da naplakjaat,.. samo , glupav chovek ,..ke si misli deka toa e,..poradi toa shto ,..nekoj vazen gomnar im go kazuva... |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Луѓе мои,па вие многу ме уплашивте.Таман мислев да бегам во зграда види, правила не видени.До сега знам дека се плаќаше чистачка,сијалица ако прегоре, мењаше тој кај што ќе прегори,па наредната другиот и така се по ред.Не мислите дека ова се прави само државата да се офајди,за ништо се плаќа регистрацуја како за фирма,па после фирмарина па ќе измислат уште нешто,ако веќе не измислиле.Да не заборавам да кажам зашто сакам да бегам во зграда.Живеам во нас.Бутел тие што се од Скопје сигурно знаат кој дел е.Секое сабајле во 04и15мин.ме будат оџи,ама толку гласно што мислам дека во соба ми влегле,и тоа не еден,најмалку 5 а може 6.Е сега тој закон што важи кај вас, кај нас не важи.И тоа ова со појачала е, а вие за усисивач и телевизор не користите појачала.Незнам кај се тие инструменти за мерење бучава,ама кај нас не се.И нашиот Македонски народ си молчи не се буни а мене ми се плаче
|
|
Pannet
Група Истражувач Регистриран: 05.Август.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека е ОК ако се прави забава претходно да се информираат соседите. Не знам дали постои ваква опција во законот?
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sramota e da se prijavuva koga nekoj nesto slavi neli do odredeni granici no veruvaj tie najpoveke sto go krsat zakonot za domuvanje koga nekoj ke pravi zabava go prijavuvaat i mesto da bidat srekni deka nekoj se zabavuva za nesto ubavo tie go vregaat a ne gledajki gi svoite greski. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaj mene u maalo 3 pati vo nedelata se desavaat svadbi i zatoa mojot post go nasociv konkretno kon taa muzika sto e veselenjeto so trubi i tapani nadvor .....i sto sega ? ne smeeme da se zeneme i ko lugje svadba da se napravi za da ne se prekrsi zakonot , neli ?
ok, nema vrska ,,,, stom site drugi zakoni se pocituvaat, pa taman rabota sega za novite |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во било кое време не може да се пушти музика, за да ечи цело маало. И во времето кога тоа е дозволено, не е можно музиката да го "крене цело маало во воздух". Инаку, се мисли на музика во станбените згради, а не во кафеани кои никому не му пречат и слично. П.С. Доколку музиката никој не ја слуша, односно само ти, а не и соседот, нема да има никаков проблем. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мора да се стави ред во домувањето, а најефективно е тоа со закон. Ако некој смета дека е над тој закон, па и на другите им ги нарушува нивните права, тогаш треба да е подготвен да ги прифати последиците.
Во спротивно, како што кажа Platenik поназад, ќе почнеме да наликуваме на квартовите каде што живеат нелегалните мигранти во САД. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mene ne mi se svigja terminot sto e odbran za zabrana za peenje i svirenje od 13:00 h do 17:00h ............ znaci sabajle u 6h slobodno moze da se pusti silna muzika i da eci celo maalo
A da , ke mora da gi odlozat i svadbite posto neli ke bide zabraneto muzika ? hahahahahha , veke nisto ne me cudi vo Mk :)) |
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu sum revoltiran bidejki imam komsivka sto ja stega umot pa zatoa ovoj zakon najveke go sakam.
Nemoze nekoj da te ceka da pruzis alista pa da ti trese ili da si ja cisti terasata pa da ti ja poplavi tvojata ili pak da si pruzi nekoi kebinja pa da ti ja zatvori cala tvoja terasa zato sto se pravel pameten pa nadvor od terasata zakacil resetka ili pak bil muzicar pa ke te true so negovite trubi i takvi skapani instrumenti i oko da ne mu trepne. Samo da vi dolovam za kakov covek stanuva zbor, si go izbrka svoeto dete so policija. Imam da pisuvam referati a vie ve citam mi se zalite od kapkite na klimite bez ljutenje ama mene licno ic ne mi smetaat. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovaa statijava mislam deka ke odgovara na temava
- Комшија, дај бе тргни ги цвеќињата од тераса, може да паднат и да „испрљаат некој минувач или да оштетат паркирано ауто”!
- Ти најде да ми зборуваш, секој ден ме тушираат алиштата што ги закачила жена ти надвор да се сушат. А и онака не ја трпам по многу. Што се потресува и таа пустата, дури и да иж падне саксија на глава, ќе ја оперираат кај нас на клиника, ќе иж заборават 2 метри завој во стомакот и никому ништо... Сеж ќе се реши...
Ете, вака изгледа караницата на иднината што најчесто ќе ја драмат раскараните соседи на состанокот на куќните совети. Откако на телевизија неж известија дека има Закон за домување, на веб страницата на Министерството за транспорт и врски, решија да неж просветлуваат со банални препораки за тоа како треба да се однесуваме во нашите згради, подобро речено - во становите купени од дедо и прадедо (бидејќи ретко кој од оваа, мојава генерација заработува доволно да си купи недвижнина). Сакам да знам дали куќниот совет можеби еден ден ќе воведе препораки за своите станари, со кое средство да го чистат тоалетот и веце школката, за поголема униформност и сложност на целата зграда. Оти веќе ни навлегоа во приватноста и интимата, посочувајќи ни што значи „јавниот ред и мир” ако живееш во зграда. Да почнеме од почеток: „Станарите може да чуваат куче, мачка и други животни, при што се должни да водат сметка да тие животни не го нарушуваат мирот и тишината во зградата”. Понатаму се наведува: „Користење разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13 до 17 и од 22 до 5 часот”. Чудно е, што во правилникот за Куќен ред, не с наведено дали врапчињата што пејат на гранките околу зградата имаат „вето” за пеење во ова време и дали во спротивно, секој нивни црцор може да се искористи против нив во судска парница. Исто така, не се објаснува како еден граѓанин што чува куче или маче, може да му забрани да лае во овие часови, или да мјаука се едно... Да го однесе на бајачка? Домаќинките што не одат на работа, не можат да си пуштат телевизор, па затоа ќе треба да се зафатат со некоја бесшумна активност, да речеме плетење чорапи или везење гоблени со антички мотиви. За сиот нормален свет, ненормално е да ти забранува некој да си чистиш со правосмукалка во одредени часови од денот, но за македонската сервилност, тоа е само уште една масажа на мозочните клетки во обид да се уништи секоја доза слобода. Нема веќе ѕенѕање пред телевизорот, ни чистење на евтина струја (од 2 до 4), ни пеење, ни играње... Оти навистина, само за плачење е стигната работава! После војната, сите се генерали, ама општиот заклучок на станарите, барем од мојата и околните згради, е дека требаше да има барем некаков бунт и револт кон овој за мене бесмислен закон, во кој ми се скратува правото на пуштање музика дури и на сред бел ден, во кој ми се кажува дека треба да плаќам фирма управител за да ми го чисти мојот ходник. Најдобар одраз на станарската некултура беше легендарниот скеч на К – 15, во кој Цацко фрлаше црни ќеси ѓубре од висококатница. Ама ова поднебје не може никако да биде Швајцарија. Мора да признаете дека ви е симпатично да гледате закачени алишта на жици покрај прозорците. Барем на тој начин сте сигурни дека станарите што живеат внатре не одат голи и боси, ко што се шпекулира. Верувам дека повеќе ми се исплати да платам една казна од 300 евра, отколку да го плаќам домарот цела година. А башка што претседателот на Куќниот совет, морало да има завршено вишо или високо образование. Ако нема, да оди да се запише на оние студиите за возрасни граѓани што сакаат да го продолжат школувањето. Дознав исто така, дека ако сте претседател на куќниот совет, иако немате почнато со работа, системот ве брише од листата невработени во социјално. Кој ќе ви даде сини картони? Е, тоа не го пишува во Куќниот ред, се извинувам што не можам да ви одговорам…
Објавено во „Шпиц“ на 21 август 2010 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и судиите се луѓе и ним не им стасува платата
Него, ова е интересно Закон строг за граѓаните, толерантен кон кафеаните Поарно да слушам музика и да простирам алишта на улица отколку дома, сигурно ќе поминам неказнето“. А да си го крстам јас станот кафана Раат ке си пуштам музика, ќе си пружам, минувам правосмукалка И така обожавам тоа да го правам |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....sudija ne plakjala ,a?
...bog da chuva,.kakvi se poedinci nema megju ovoj narod,..osobeno , sudii,direktori, pratenici , ministri i sl...djgan!. ...jas pa si mislev,..nekoj shto edvaj vrzuva kraj so kraj,...ako voopshto i moze da vrze,.. pa i da go sfatish nekako... |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Pannet
Група Истражувач Регистриран: 05.Август.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно. Природно е да те фати инает, и нас ни се случува истото. Има една жена - судија е, ништо не плаќа а се користи, лифтови, пумпи за вода. Не е фер. Ама шо да правиме, и нас ни требаат, па мора да си го платиме нашиот дел.
Во толку големи заедници тешко дека на доброволна основа сите ќе се сложат. Затоа можеби е подобро што државата ќе интервенира од страна, па зградите со убави станови да добијат и убави а не смрдливи влезови. Изменето од Pannet - 21.Август.2010 во 00:10 |
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |