IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Одмор во Тунис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Одмор во Тунис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Одмор во Тунис
    Испратена: 11.Февруари.2012 во 13:48

Матмата – Подземен град


Што е тоа?

Подземен град.

Како да стигнете?

Три патишта водат до Матмата: од Gabes, Tudza и Dus.

Не пропуштајте:

Да спиете под отворено небо во специјални пештерски соби.

Додека се приближувате до Матмата, тешко ќе забележите било каков знак на живот во оваа изолирана и наизглед напуштена област, чија површина ќе ве потсети на месечината. Но, кога ќе стигнете ќе откриете царство од подземни куќи во кои живеат пустинските луѓе наречени Бербери. Оваа област стана главна туристичка атракција во Тунис, откако тука беше снимен првиот дел на “Војна на ѕвездите”.

Традиционално, живеалиштата се направени во дупки, издлабени во пустински камења на меките пустински ридови и можат да се пофалат со популација од повеќе од 5000 Бербери. Пред да се пресели поголем дел од племето овде, градтчето Матмата се наоѓало на падините на околниот рид. Остатоците од тој град можат да се видат и денес, над површината на земјата.

Техниката за изработка на овие живеалишта е стара повеќе од 400 години. Собите се ископуваат околу кружна дупка со вертикални ѕидови, која е длабока 7 м, а широка 10 м. Помали соби се прават најчесто на спрат и до нив се доаѓа по внатрешни скалила. Обично овие соби служат како остава за житарици или вода. Кратките покриени премини, водат од приземје до двор.

Береберите почнале да градат вакви живеалишта заради нивната природна термоизолација, која е клучна за вакви сушни области, особено во период на врелите лета и преладните зими.

Додека сте овде, задолжително погледајте како изгледаат овие живеалишта, но почитувајте ја приватноста на мештаните. Па наместо да ѕиркате во нивните домови, посетете ги музеите кои се направени од жените во ова гратче и преспијте една вечер во прилагодените пештери, набљудувајќи ги ѕвездите кои пловат над вас.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

111

12

13

14


Автор е Марија Јовановска

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 06:19
Туристите годинава го игнорираат Тунис


Туризмот во Тунис по немирите е намален за 40 проценти. Во туристичките агенции низ Македонија годинава не ни помислиле да подготват аранжмани за оваа егзотична африканска земја


Тунис оваа година ја нема во туристичките понуди низ Македонија. За разлика од минатите години каде туристите уживаа во евтините и прекрасни аранжмани во Тунис и Египет, оваа година не ни помислуваат да прашаат дали воопшто има аранжмани за овие две дестинации. Од туристичките агенции ни потврдија дека нема заинтересираност од страна на граѓаните, а нема ни понуди од страна на агенциите.
-Не се ни потрудивме да организираме аранжмани. Од Тунис не контактираа колегите со кои комунициравме минатата година, но ништо не направивме. Познавајќи го нашиот пазар залудно ќе беше да организираме било што. Стравот кај народот е голем, затоа тој пазар оваа година е затворен - вели Стеван Пешевски од туристичка агенција Савана.

И другите агенции што ги контактиравме ни го потврдија истото. Тунис и Египет годинава нема да бидат на листата на туристички понуди во агенциите низ државава. Поради немирите во двете држави, сите оние кои планирале годинава да одмараат на афричкиот брег се откажуваат од својата намера, а туристичките оператори велат дека најсоодветна алтернативна дестинација ќе биде Турција, евентуално Шпанија. Оваа претпоставка на агенциите излезе дека е точна, тие си го знаат пазарот и не сакаат да преземаат непотребен ризик. Но не само кај нас, иста е ситуацијата и во другите европски градови. Тунис на туристичката мапа не постои. Исконтактиравме неколку туристички агенции од соседна Србија и за разлика од кај нас, кај нив и покрај се има понуди за северноафриканскиот брег, но досега ретко кој прашува дали има аранжмани за овие егзотични земји.

СО МАНТИЈА НА ПЛАЖА
Но и Тунижаните се исплашени за нивната иднина и нивниот опстанок. Државата им е опустошена, се краде, се убива, им се случува државен колапс, а од друга страна исламистите немилосрдно напаѓаат и имаат невозможни барања. Овие немири во јануари годинава предизвикаа пад на туризмот од 40 проценти. Тунис е држава каде туризмот е втора економска гранка со преку 400 илјади граѓани вработени во овој сектор, и 7 милиони туристи годишно кои внесуваат 2,5 милијарди долари.
-Тунис е земја која живее од туризмот. Исламистите сакаат да не уништат, покрај се што направија - сите немири, кражби, и се што уништија, сакаат и туризмот да го направат муслимански. Тоа значи дека мажите и жените ќе одат на посебни плажи и сите да бидат во мантии. Можеби тука за нас тоа е до некаде нормално, но да дојде турист и да треба да се капе на посебни плажи или на 40 степени да стави мантија затоа што некои фанатици така сакаат, ни на сон нема да се случи. Многу сме загрижени и најискрено се надеваме дека оваа ситуација ќе се среди. Ако не тргне на подобро може да се случи и по толку години живеење во Тунис, да треба да се селиме дали во Македонија или во било која друга држава - изјави Мери Типевска Беннасер, Македонка која повеќе од 40 години е омажена во Тунис и таму живее.

Светската туристичка организација при Обединетите нации (ОНСТО) ќе помага во закрепнувањето на туризмот во Тунис, која од почетокот на минатиот месец започнаа светска кампања за враќање на туризмот во нормала. Првичната мерка за заздравување на туризмот во Тунис која е и краткорочна мерка е намалување на цените во скоро сите засегнати сектори, но според експертите оваа мерка ќе донесе долгорочни резултати
-Новосоздадената средина за Тунис ќе има долгорочни придобивки, бидејќи ќе се создадат транспарентни услови за инвестирање во туризмот, како и добри услови за отворање на многубројни мали бизниси - изјавил генералниот секретар на ОНСТО за европски медиуми.
Тунис години наназад профитира од својата убавина, воодушевувајќи ги многубројните туристи со своите тиркизносини плажи, со пустините и нејзините оази, римските урнатини и со градовите преполни со богата историја. Жално е туризмот да не се развие повторно, затоа што сигурно постојат илјадници луѓе со желба да ја видат и да уживаат во убавините на оваа прекрасна

Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 22:50
Навивам за Тунис летово,па ќе видиме
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
kompas Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kompas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 15:37
REZERVIRAV VO EL MOURADI PALACE 5* ....
DA NE ZNAE KAKOV HOTEL E ILI NESKOJ SHTO BIL PA DA SPODELI VPECHATOCI ... ????
Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 17:21
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
picky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај picky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 11:14
Originally posted by centurion centurion напиша:

Originally posted by picky picky напиша:

Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

ne sakam mnogu visoki temperaturi...a tunis ako ne se lazam e zezok

Јас бев летово на почеток на август, и воопшто не беше жешко, многу пријатно...подобро од кај нас, дури и еден ден врнеше (сите се чудеа). Египет е жежок, но тунис има медитеранска клима, не афричка! оооо...као би идела пак! :)
mene da ne me zaborajs ako odis pak ZEMIME..

нема проблема :)
Тунис е доживување, не е ко обичните одмори...
сахара песок....чиста вода....медина...ценкање :) ...оази, возење со џипови...камилиииииииии.....
фала ти господе што не дозволи да отидеме у турција
No expectations, no disappointments!
Кон врв
centurion Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 386
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај centurion Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 08:40
Originally posted by picky picky напиша:

Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

ne sakam mnogu visoki temperaturi...a tunis ako ne se lazam e zezok

Јас бев летово на почеток на август, и воопшто не беше жешко, многу пријатно...подобро од кај нас, дури и еден ден врнеше (сите се чудеа). Египет е жежок, но тунис има медитеранска клима, не афричка! оооо...као би идела пак! :)
mene da ne me zaborajs ako odis pak ZEMIME..
Кон врв
centurion Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 386
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај centurion Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 08:38
Originally posted by picky picky напиша:

Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

ne sakam mnogu visoki temperaturi...a tunis ako ne se lazam e zezok

Јас бев летово на почеток на август, и воопшто не беше жешко, многу пријатно...подобро од кај нас, дури и еден ден врнеше (сите се чудеа). Египет е жежок, но тунис има медитеранска клима, не афричка! оооо...као би идела пак! :)
Кон врв
picky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај picky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 01:34
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

ne sakam mnogu visoki temperaturi...a tunis ako ne se lazam e zezok

Јас бев летово на почеток на август, и воопшто не беше жешко, многу пријатно...подобро од кај нас, дури и еден ден врнеше (сите се чудеа). Египет е жежок, но тунис има медитеранска клима, не афричка! оооо...као би идела пак! :)
Кон врв
Milaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
unique

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 20:29
а пивото?Како ли се викаше
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 15:44
ostaj shto e zezok,..tuku,..nema da mozesh ni da ja "oladish" zeshtinata,..so neshto pojako od,...limonada,..i slichni buchk*rishi,...........
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 20:48
ne sakam mnogu visoki temperaturi...a tunis ako ne se lazam e zezok
Кон врв
anelija l Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 609
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anelija l Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 21:40
bi sakala ,ne sum bila egipet da ama imat slicnosti.
Кон врв
Milaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
unique

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 01:13
Ubavo iskustvo
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.