|
Убава коса!!!! |
Внеси реплика | страница 123 10> |
Автор | |||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Април.2012 во 18:52 |
||
Заблуди и вистини за косата
Во желбата косата да ни изгледа совршено убаво,здраво и негувано,честопати сме подготвени да посегнеме по различни методи и помагала за кои сме слушнале од разни страни.Светските експерти за коса откриваат кои се најчестите заблуди во врска со правилната нега на косата.. Косата расте побрзо ако почесто ја потстрижувате Вистината гласи:Косата расте од коренот,а не од врвовите.Со потстрижувањето на врвовите се отстрануваат распуканите врвови со што се спречува да се прошири и врз здравите влакна.А редовното потстрижување овозможува да не морате толку многу да ја кратите.Косата можете да ја одржувате здрава со помош на разни препарати и третмани кои ја штитат од исушување. Зачестеното четкање на косата ја прави поздрава и поцврста Вистината гласи:Упорното долготрајно четкање на косата пред спиење нема да и помогне да изгледа подобро.Всушност,четкањето може дури и да ја влоши состојбата.Четкањето може да ја оштети косата и да го уништи коранот,како и влакното и врвовите. Користењето лоши четки исто така може дополнително да ја оштети косата.Четките со пластични и метални влакна можат да го ослабат коренот на косата и да предизвикаат оштетување или да ја наполнат со електрицитет.Подобо да користите фини четки со природни животински влакна.Косата треба да се четка но само онолку колку што е доволно да се расчешла.Тоа значи само неколку потези еднаш,двапати дневно. Масирањето на темето го стимулира растот на косата Вистината гласи:Масажата ја темето ја поттикнува подобрата прокрвеност на скалпот,го ублажува стресот и помага природната маснотија подобро да се распореди по темето на косата.Сето тоа може да доведе до подобро функционирање на клеткит кои учествувале во создавањето фоликули на косата,па со тоа се овозможува оптимален раст на косата.Меѓутоа со тоа не се забрзува растот,Во просек,косата расте од еден до еден и пол сантиметар месечно. Косата може да стане имуна на шампонот Вистината гласи:Шампонот секогаш ќе ја заврши својата работа,а тоа е миење на косата.Па зошто тогаш одеднаш нашиот омилен шампон престанува да делува? Шампонот содржи состојки кои чистат и помагаат во подоброто стилизирање на фризурата,но со текот на времето може да се создаде филм околу влакното кој не дозволува во него да навлезат добрите состојки.Па ако забележите дека косата почнала лошо да реагира на шампонот и изгледа овенато,еднаш или двапати месечно употребете специјален шампон за отстранување на насобраните остатоци од производите за коса.Тоа ќе овозможи нормално да се излачуваат здравите,природни масла на косата.
|
|||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исправување на косатаДали и вие сте зависни од пресата за коса? Ако одговорот е да, сега ќе ви помогнеме да дознаете дали пропуштате нешто додека ја правите вашата коса блескава и идеално права. Од друга страна, ако досега никогаш не сте си ја исправиле косата, сега ќе научите како правилно да го направите тоа и сигурно ќе посакате да пробате. Правата коса секогаш има подобар сјај, па затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Правата коса секогаш има подобар сјај и затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Но, треба да знаеме дека честата употреба на преса влијае лошо врз здравјето на косата. Денес постојат најразлични преси за коса – големи, мали, метални, керамички, со јонизатор, со инфраред технологија и сл. Некои од нив побрзо и потрајно ја исправуваат косата, а други не толку. Без разлика каква преса користите, има неколку универзални правила за да добиете убава, сјајна и идеално права коса.
Како правилно да ја исправите косата?Ако вашата коса е многу виткана, најдобро е прво да ја исфенирате со голема четка. Правете го тоа прамен по прамен. Така поголем дел од косата ќе ви биде исправена уште пред да ја допрете пресата.
Прамен по прамен ќе добиете мазна, права и сјајна коса. Радувајте се! |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исхрана за здрава и сјајна косаУбавата коса нè прави посреќни, посамоуверени, а се разбира и поатрактивни. Токму поради тоа, секоја жена сонува да има раскошна сјајна коса за која сите ќе ѝ завидуваат и редовно е во потрага по соодветен продукт за нега на косата. Но, за да се гордеете со блескава коса (каква што гледате на рекламите за шампони), не треба само да ѝ се доверувате на козметиката. Она што го ставате во устата е подеднакво важно како и она што го ставате врз вашата коса. Исхраната игра важна улога во негата на косатаИсхраната многу влијае на косата – како што може да го влоши, така таа може и да го подобри изгледот на вашите прамени. Затоа, погрижете се да се храните балансирано и да ги внесувате витамините и минералите кои го стимулираат растењето на цврсти и здрави влакна. Еве што треба да консумирате:
Дополнителни совети
|
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
15 основни правила за здрава, цврста и сјајна косаКосата е едно од првите нешта што го забележуваме кај луѓето кога ги гледаме за прв пат. Тоа особено важи за жените. Убавата сјајна коса секогаш привлекува погледи и остава добар впечаток, но истото не може да се каже и за оштетената коса. Дури ни најдобрата фризура не може да ја прикрие запоставената оштетена коса. Негата на косата не се состои само во купување на убав шампон и регенератор и редовно миење. За да имате здрава, цврста и сјајна коса, потребно е да знаете како да се грижите за вашата коса секојдневно. Убавата сјајна коса секогаш привлекува погледи и остава добар впечаток.
Косата расте во просек по 1 сантиметар месечно. Ако сте под стрес, страдате од недостаток на витамини и минерали или не спиете доволно, сето тоа ќе придонесе за лош изглед на косата и за побавно растење. За да проверите дали вашата коса е доволно цврста, земете едно влакно и обидете се да го растегнете. Ако имате здрава коса, тоа ќе се растегне со 30% од својата должина пред да се скине. Доколку кај вас не е така, треба дополнително да внимавате на негата. Правилната и редовна грижа за косата ќе резултира со здрава, цврста и сјајна коса, а тоа ќе придонесе да бидете пошармантни и женствени. |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сум го направила ова ама сега незнам кај ми е |
|||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Само да ве потсетам
Не заборавајте кога користите маски,секогаш косата одделно да ја миете од телото. Посебно маските со рицинус |
|||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За косата да биде убава ..еве неколку совети ...
..за борбата против ....првутот ........
Првутот е неопходен и добар за нашата кожа. Нашето тело само од себе се обновува, а во тој процес опаѓаат старите кожни клетки. Во нормална состојба......ова не се забележува. Но, кога доаѓа до пореметување на овој процес, се појавува непријатен проблем на видлив првут кој ја расипува и најдобрата фризура. Постојат два типа првут – сува и масна. Сувата е резултат на сува кожа, а се препознава по фината текстура и видлива е и по нашата облека. Масната пот е поголема и се лепи за косата. Резултат е на претерано лачење на жлездите.
1. Немојте да претерувате – постојат две крајности: или не се грижиме доволно за нашата коса , или се грижиме премногу. Шампони, регенератори, користење разни препарати за фризури – во голема мера влијаат на здравјето на нашата кожа и коса. Можеби мислите дека со овие средства ќе го отстраните првутот, но само ќе го влошите проблемот. 2. Природни рецепти. На темето нанесете јогурт или меко сирење кои ќе ја повратат изгубената рамнотежа. Маслиновото масло исто така може да ви помогне. Еднаш до два пати неделно нанесете од овие природни препарати, оставете ги да делуваат 15 минути и измијте се со млака вода. 3. Шампон против првут. Овие шампони често имаат моментален ефект. Ако имате сува првут одберете шампон против првут кој на темето и косата ќе и даде и дополнителна влажност. За жал, шампоните не се борат против вистинскиот причинител на првутот, заради тоа и не се доволни на долг рок. Потребно е да го користите минимум 1 месец за да забележите резултати. 4. Посета на лекар. Габична инфекција може да биде чест причинител на појавата на првут. Ако покрај првутот забележите и црвени дамки, задолжително посетете доктор. 5. Состојбата на умот. Стрес, незадоволство и лошо расположение може да предизвикаат појава на првут. Опуштете се. Поминете време со пријатели кои ќе стават насмевка на вашето лице. 6. Исхрана. Разновидна и здрава исхрана и тоа како влијаат во борбата против првут. Зголемете го внесувањето на цинк кој може да го пронајдете во житариците, пилешкото и морските плодови. 7. Здрава коса - за долгорочно да се ослободите од првутот посветете внимание на препаратите кои ги користите. Шампоните треба да се благи и ph неутрални. Косата не смеете да ја миете со жешка вода. Откажете се од препарати за стајлинг одреден период.... |
|||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дина, и јас еднаш прашував исто за ова тука, одговорот го имаш на 5-тата страна од оваа тема |
|||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|||
Dina94
Нов член Регистриран: 09.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ve molam ako mozete nekako da mi pomognete! imam prilicno sredna kosa no ne znam sto da koristam za da mozam da e odrzavam i da moze da mi porasne kosata bi skala da imam podolga kosa ako imate nekoj sovet ve molam pomognete:)
Изменето од Dina94 - 14.Јануари.2010 во 22:58 |
|||
гјувеза
Група Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 75 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da.Ricinusot e toj sto go pravi receptot potpolno.Posle ricinus i da ne e izmesan so nesto kosata dobiva dvoen volumen.Maslinovoto maslo dobiva drugo svojstvo koga se mesa i e polesno maslo od ricinusot. Изменето од гјувеза - 10.Април.2009 во 03:08 |
|||
Ако некој прави чекор назад ....не се радувај ...можеби зема залет....
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Рицинусовото масло е многу здраво за косата.
Можеш да си направиш маска и со рицинусово масло, 1-2 жолчки од јајце и малку мед. Количината зависи од должината на косата, но секогаш треба да има повеќе рицинус, за да не дојде премногу густа смесата, оти ќе ти се здрви на глава. Колку повеќе ќе успееш да го држиш на косата, толку подобро. Посебно за фарбана и оштетена коса е лек... проверено |
|||
nena34
Сениор Регистриран: 08.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1435 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A mora so ricinusovo maslo , nemoze so maslinovo ???
|
|||
Bidi izvor sto pretekuva a ne bunar so zastoena voda,davaj i primaj ljubov bez granici
|
|||
гјувеза
Група Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 75 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako se mladi kolku ti ispadne tolku pa pak ke si napravis.Jas sega ovie denovi ke napravam poveke za cela god,a sega i decata ke gi teram da si ja neguvaat kosata malku poveke...
|
|||
Ако некој прави чекор назад ....не се радувај ...можеби зема залет....
|
|||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
јас го направив ова
Само што моите корени беа млади,и не е густа течноста ама веќе го направив и ставив во стаклено шише Па ќе видам што ќе испадне Ама во меѓувреме,ќе најдам подобри корени |
|||
Внеси реплика | страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |