![]() |
|
како да ја препознаеме вистинската религи |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 10> |
Автор | ||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 08.Јуни.2009 во 13:10 |
|
Тоа е така и во ред, за на крајот да излезе на виделина која вера е ВИСТИНСКА ЉУБОВ а која само човечка (или ангелска) егоистичка конструкција! ![]() |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа го заклучив од твоето големо познавање на теолошкото учење. Сметав дека кога човек толку многу е завлезен во некоја област, не ја прима таа материја здраво за готово (како другите понеупатени верници), туку има прилика да прави по длабоки анализи, за да ги спознае како позитивните, така и негативние работи.
Добро, кога го рече тоа помислив дека истото се однесува само на сегашниве религии. Е сега, кога убаво си кажа(вте) ти (и Спирос) за вашето видување на вашите сопствени религии, што мислите, дали и припадниците на другите религии (поранешни и денешни) мислат исто како вас, дека токму нивните вери (теологии) се оние вистинските? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сите догми, религии, системи, заедници, ... што несе вистински втемелени во СОВРШЕНАТА ЉУБОВ БОЖЈА, порано или покасно ќе паднат во дупка! Кој се противи на ВИСТИНАТА, тој ќе биде превоспитан од *Животот! Знаете Кој е *Животот? Знаете Кој - во својата пасивност - ги руши догмите, системите, кралевствата, религиите, ... што и се противат на ЉУБОВТА? Зошто се *бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи? Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник. |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
![]() |
||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...
Изменето од spiros - 06.Јуни.2009 во 23:42 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не ми е јасно од како си добил впечаток дека јас длабоко во себе сум согледал дека нешто не "штима" во мојата вера (немој религија те молам).
Мислам дека во мојот одговор го опфатив и тоа прашање кога ти реков дека јас верувам дека само христијанската вера е вера во вистината, а сите други се лажни. Нивните верници си верувале дека тие религии се вистинити, дека нивните богови се реални, ама јас верувам дека тие биле лажни. Не знам што повеќе од ова очекуваш да ти одговорам.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Убаво е што признаваш дека мислиш дека твојата вера е онаа вистинската. Тоа си е твое право и никој неможе да ти го оспори. Но, сепак мислам (да не речам убеден сум) дека длабоко во себе, сепак согледуваш дека има нешто што не „штима“ во твојата религија (како и во другите). Овој впечаток го добив од твоето познавање на теологијата. Неможе човек како тебе, со такво студирање на една теолошка доктрина, да не воочи некој недостаток. Е сега, дали за тоа јавно ќе се произнесеш или не, реков, тоа си е твоја работа. Во тоа во што јас верувам, си признав, ги има тие недостатоци кои ги наведов! Но, морам да признам дека се чудам зошто ти (и др. верници) не признавате за недостатоците на вашите вери? Нели е малку симптоматично ова? И, btw. не ми одговори на прашањето под Р.Ѕ. од мојот претходен пост! Искрено, сакам да знам што мислиш за тие поранешни, сега веќе изумрени, религии и за луѓето кои верувале во нив! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Шалом алеихем, Евангелос!
Сите пагански вери што свестно или несвестно упатуваат на СОВРШЕНАТА не се потполно лажни, но за жал и не се потполно совршени како што тоа беше и е ХРИСТОВАТА!
Како можеме да ја препознаеме вистинската религија? ![]() |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Интересна вера Златник, ти благодарам што ја сподели со нас Секој си верува дека неговата вера е најдобрата, инаку зошто би останал во неа, освен ако не му е вперен пиштол или нож под грклан од некој друг, но дури и тогаш, само надворешно ке верува, а внатрешно не.
Јас, како христијанин, верувам дека христијанската вера е вистинита т.е. вера во вистината, а сите други се лажни. Колку и да ти изгледа ова "нетолерантно", во секој друг случај би те излажал ![]() Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 19:42 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Е ај, накратко!
![]() Верувам во машини.
Но ете, и покрај мојата сигурност и верба во нив, може да се случи да откаже моторот или менувачот на автомобилот или некој дел на машината.Верувам во љубов
Но ете, и покрај вербата во безграничната љубов кон погоре наведените, сепак, поради разни причини (мои, нивни или од трети лица), доаѓа до разделување со девојката (жената) или децата.Верувам во морал
Но ете, поради мојата субјективност во оценување на исправноста на некои мои постапки, сум придонел кон нанесување навреда кон некого или поради нечие однесување и јас некултурно сум се однесувал во дадена ситуацијаВерувам во другарство
Но ете, и покрај вербата во тие начела на другарството сепак доаѓа до разделување на другаритеКако што гледаш, таа е реалноста во која јас живеам, тоа во што јас верувам има негативни страни. Но иако има и такви моменти, кога се губи предметот на верба, јас и понатаму верувам во истите. Не давам да ме поколебаат одделни случаи. А ти (претпоставувам и другите верници) велиш дека она во што ти веруваш е безгрешно! ![]() Р.Ѕ. Што мислиш, дали асирците, египјаните, елините, римјаните, словените ... верувале дека нивните религии имале недостаток, негативност? Или пак сметале дека се беспрекорни, безгрешни, без недостаток, со еден збор за нив тие биле идеални? И тие верувале во тоа дека токму нивните богови се оние вистинските и верувале дека токму нивните религии ќе бидат вечни! И? Каде е сега таа нивна „идеалност“? ![]() |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Златник, никој не рече дека атеистичките верувања се во ист кош со теистичките, но сепак и едните и другите се верувања и затоа, доколку едните подлежат на критика, зошто да не подлежат и другите?
Свесен сум дека сите атеисти не веруваат во исто и дека меѓу нив си има различни вери, но затоа јас не прашав во множина, туку те прашав тебе како индивидуалец кои се негативните работи во твојата вера?
Какви машини, каков човек, тоа не се објекти за вера. Можеш ти да кажеш дека ти веруваш дека машините ќе го заменат или нема да го заменат човекот. Можеш да кажеш дека веруваш дека моралот постои, непостои, дека е апсолутен, релативен, дека љубовта постои, дека е условна или безусловна... ете вака од прилика треба да си ги дефинираш своите верувања, а не да кажеш само "веруваш во машините"
![]() Па така ти можеш да кажеш: Јас верувам дека светот настанал некоја експлозија во минатото, дека вечно постои, дека настанал од ова или она, дека го посрала некоја кокошка, било што.. тоа се вика изјава на вера. Или пак можеш да кажеш дека веруваш во повеќе опции, можеш да кажеш дека веруваш дека тоа прашање е недостапно за човекот. Некој верува дека тоа прашање е достапно, некој верува дека не е . Сето тоа е вера.
Слично можеш да веруваш и за иднината. Да веруваш дека светот оди во оваа или во онаа насока. Дека по смртта настапува ова или она. Ете такви работи се веруваат, а не машините, човекот
![]() Ајде сега, ако си расположен, кажи ни во што веруваш за горните прашања или слични на нив, и кои се негативните работи во таа вера. Бујрум. Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 15:10 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Значи да си „писнеме“ сега сите да си пишуваме за тоа во што веруваме, а кое не е бог!?
![]() ![]() Еве јас верувам во машините, на пример. Или во човекот. Или во моралот, другарството, љубовта ... И сега треба да пишувам за нив? ![]() |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Златник, јас знам дека ти веруваш дека Бог не постои. Не те ни повикувам да кажуваш негативни работи за Бог, туку те повикувам да кажеш негативни работи за својата вера во тие други работи што не се Бог нели. Темава не е ексклузивна за Бог, туку е општа.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не ни очекував некој верник да каже дека има некоја (барем една) негативна работа во сопствената вера. Токму затоа и го поставив прашањето, да видам колку сте самокритични, колку сте реални.
Бидејќи порано реков дека јас верувам во многу други работи, можам да кажам негативни работи за нив. Но, затоа што не верувам во постоењето на бог, не би имало никаква основа, не би било логично да кажувам нешто негативно (или позитивно) за нешто во што не верувам. Едноставно, во неверувањето (за разлика од теизмите) нема некоја доктрина (како да не веруваш ![]() |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Zlatnik, а можеш ли ти да кажеш некоја негативна работа од твојата вера?
Јас ете за себе ќе си кажам, во мојата христијанска вера нема негативни работи (за верата зборам, а не за нејзините вакви или онакви практиканти). Ете јас за себе кажав, ајде сега тебе да те чуеме. Има иили нема во твојата вера негативни работи?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |