|
А да ја прошетаме Македонија ? |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Јуни.2018 во 09:00 |
|||
Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку од градската вреваДоколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарувањето на врелиот асфалт и сè што сакате е само да си го одморите мозокот, но и телото, наша топла препорака се Гари и Лазарополе, два македонски бисери со предзнакот „алтернативен“ планински туризам. Гари е распослано во прегратките на Стогово. На патот кон Дебар ќе свртите кај месноста Бошков Мост и возите само право. На некои 10-тина километри ви се открива неверојатно раскошна зелена глетка. Толку зелено што ќе ви го помати погледот. Толку чисто, што веројатно ќе ги шокирате вашите бели дробови. Гарската Река уште долго ќе остане да ви татни во ушите додека гледате како се пени и белее пред вас. Слично е и со вкусот на гарското сирење и сè што ќе вкусите во Гари – природно, здраво и превкусно. Ќе заборавите на интернетот и нотификациите. Ќе сакате што повеќе да впиете од оваа чудесна убавина и да фотографирате сè до онаму каде што ви допира погледот. Кога ќе излезете од Гари по истиот пат по којшто дојдовте по неколку минутно возење, десно од патот ќе ја забележите таблата означена со Лазарополе. Ќе биде вистинска штета доколку не го искористите моментот и не посетите уште еден прекрасен природен бисер во Македонија. Но внимавајте, патот до Лазарополе е само за искусни возачи. Кривулест и по малку тесен, тие 8 km можеби ќе ви се чинат како една мала вечност. Но глетката додека се искачувате толку ќе ве преокупира, ќе ве восхити и остави без зборови. Планина, висина, а Лазарополе во рамнина. Одеднаш го сфаќате значењето на стиховите „Лазарополе, таму најгоре…“, бидејќи имате чувство дека ѕвездите ви се на дофат на дланката. Рамнина, одлична за релаксација и пешачење. Го фативме последниот цут на нарцисите. Природа која те занемува со убавината, зеленило и коњи кои мирно пасат на чисти површини кои се протегаат до недоглед. Таму некаде во далечината на планината се наѕираат остатоци од снегот, а до тебе разбујатило зеленило и цвеќиња… Додека вдишуваш сè околу себе, останува само да се запрашаш – има ли поубава природа од онаа во нашата Македонија? Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:01 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Od mestata vo Makedonija Galicica mi ostaveno najgolem vpecatok
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Соединетете се со природата: Места во Македонија кои треба да ги посетите„Планината те учи за својата вистинска природа“, вели Евгенија Крстевска од Прилеп, млада адвокатка, докторант на Институтот за глобални студии во Скопје, каде љубовта за планината ја има наследено од својот татко. Во својот живот Евгенија вели дека има две семејства. Едното е тоа од кое што потекнува, а другото е тоа што планината ѝ го подари. Како и секоја млада личност, сака да се дружи и патува. „Во минатите години откако активно планинарам научив дека луѓето со кои што заеднички ја делиме љубовта за планинарењето имаме слични карактеристики. Планината е само последниот елемент кој што не поврзал заедно. Интересен е начинот на кој што планинарите веднаш и едноставно се поврзуваат меѓусебе. Планинарите се храбри, едуцирани, едноставни и чесни луѓе кои знаат што сакаат во животот“, се изјаснува Евгенија, присетувајќи се на на сите денови без сон, поминатите километри, на дождовите и ветровите, на подадените раце кога за тоа имало потреба, на кампувањата, топлите заеднички зготвени оброци и на испиените пива пред коперациите после турите. Тоа се едноставни работи кои ја радуваат. „Многу млади луѓе не сакаат да го напуштат комфорот и комодитетот што го носи урбаното живеење и да почнат да се занимаваат со некоја активност. Кога велам вака, не мислам дека ние само планинариме и не се дружиме на поинаков начин. Планината бара жртва, упорност и истрајност, меѓутоа и планинарите многу добро знаат да се дружат и на нулта надморска висина“, раскажува Евгенија Крстевска и потенцира дека пролетта е вистинско време за да се започне со планинарење затоа што не е потребно големо вложување во опрема, а температурите се соодветни за да може да се ужива во природата. „Македонија е богата со прекрасни планини и места кои вредат да се посетат. Доколку сте авантуристи и сакате подобро да ја запознаете својата држава, тогаш ве советувам да се приклучите кон некој од многубројните планинарски друштва“, поканува младата адвокатка од Прилеп. „Јас потекнувам од Прилеп. На прилепчани, добро позната им е Селечка планина, како една од најпристапните планински места во околината на градот. Селечка е едно од местата кое често го посетувавме со татко ми и кое што можам сама да појдам кога сакам да уживам во убавините на планината затоа што е на непосредна оддалеченост од градот и едноставно може да се стигне. Тоа е место за фамилијарни седенки и излети“, споделува Евгенија Крстевска. „За Јабланица можам да пишувам и зборувам со часови. За неа можам да кажам дека ми има оставено најголем впечаток. Кога ја искачував, турата ја започнавме од Вевчани, потоа се упативме кон прекрасното село Белица кое што изобилува со многу убави планински куќички и викендици. Решивме кружно да ја изодиме планинарската патека до Црн Камен и Вевчанска локва (Вевчанско Езера), па да се спуштиме спрема Вевчаниските извори. Како што навлегувавме во планината имав чуство дека тука се собрале сите убавини од Кораб, Шара и Јакупица“, се присетува авантуристката. „Планинското село Маловиште во Општина Битола, на 20-ина километри од градот, на подножјето на Баба Планина е и единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Кога ќе се прошетате низ ова село ќе помислите дека се наоѓате во Охрид или во Крушево. Црквата св. Спас е најпосетена за празникот Спасовден, кога доаѓаат многу луѓе од различни места. Слушнавме дека жителите на селото често се качуваат до црквата св. Спас за да затропаат три пати на камбанаријата која што е поставена на една карпа, а означува здравје и берикет. Потоа се упативме спрема врвот Вртешка 2010 мнв, кој беше наша цел за тој ден и спрема манастирскиот комплекс св. Ана. Кога почнавме да влегуваме во шумата, св. Ана од далеку ни изгледаше на некој стар француски замок, а не како некое свето место. Подоцна дознав дека на ова место доаѓаат брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, и кои на 6-ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана“, споделува уште едно патување девојката од Прилеп. „Шара има посебно место во моето срце поради тоа што мојот прадедо бил партизан и на враќање кон дома бил убиен таму, а преживеаните не успеале да го пренесат неговото тело во с. Бешиште - Мариово за да го погребаат. Се сеќавам како дедо ми со тага ми ја има раскажувано оваа случка, затоа секогаш кога и да имам можност да отидам на Шара, се сеќавам на него. Благопријатно изненадена, на врвот Караникола бев пречекана со снегче. Тој ден планирано беше да стигнеме до с. Вешала и од тука да се упатиме кон Караниколичко езеро и врвовите Караникола 2409 мнв и Скакало 2494 мнв. Попатно уживавме во погледот кон Титов врв кој веќе беше забелен со снег, стада овци и познатите шарпланинци. Прекрасни есенски бои, малку боровинки по пат, и шипинки со невообичаена големина собрани за чај за претстојната зима“, ни открива Евгенија. „Осоговијата ми беше останата во ум, при последната посета на Бугарија. Се сеќавам дека на одење беше обвиена во црвени, зелени и жолти бои. Селото Голема Црцорија се наоѓа севернo од градот Крива Паланка. Попатно успеавме да се изгубиме, па кога стигнавме во куќата каде што требаше да бидеме сместени, бевме повеќе од среќни. Останатиот дел не го споделувам затоа што треба да се доживее, а не може да се прераскаже. Изутрината бевме благопријатно изненадени од промената на времето. До тогаш не сум планинарела во услови кога имало нов наврнат снег. Цел ден паѓаа огромни снегулки, па поради тоа имаше големи наноси на снег. Турата ја започнавме од рудникот Тораница, каде што се најдовме со останатите планинари. Искачувањето водеше кон врвот Калин Камен и врвот Руен. На симнување од врвот бевме почестени со сонце, па тоа сметам дека ја направи цела тура волшебна“, завршува Евгенија со раскажување на своите авантури. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Најдов едно видео па прогуглав за подетални информации Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина. Според мештаните, врутокот е реката Пешна понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри. Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна. |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Днска кд вана од туј Скопје рано посабајле,ојде дур там у Паланку на Јоаким да га виду.
И виде га... Видсемо што видемо,решисмо да идемо и куде Ѕингота у Кратово,не не е пречекаја ама кафе написмо си се.И платисмо си га. Оти чудно ни га је дојдело врна смо се до Гогота монта с'с крап подврна смо се и решисмо наѕд да си дојдемо,такој по пут ојдемо у Кокино да видемо ѕвезде што ќе кажев,ветер еден јк ништо не видесмо,а мош и оти сунце свети јако. Па ојде си на славу пиво напи си се и те ме те туј да ви кажу. А заборавив да нагласам... ГЛАВЕН СПОНЗОР:ВУЈЧЕ ОД КАНАДА Тики ај Богородица нека ни е на помош,на овој ден виљушкар над глава ми падна жив останав... Нека има здравје и благосостојба во сечиј дом,сакајте си ја Македонија какви такви таа не одраснала. И на овој или оној начин нејзината убаина ни го дава сиот мир и целата надеж за подобро утре... Забелешка од авторот:Иако понекогаш значи да имате и добар спонзор. Да е благословен вујче со неговата фамилија. |
||||
anton867676
Нов член Регистриран: 21.Август.2014 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
makedonija ima tolku mnogu mesta, shto navistina treba da se posetat! abe ne mozam da im se iznacudam na nashincive... stranci navistina znaat povekje od nas za delovi od makedonija! onie reklami shto se vrtat po nashive tv.se ziva vistina. odi ekipata od 10 lugje vo galicnik,si pominuva najdobro shto moze i se vrakjaat so nitu edna informacija za mestoto,istorijat,slucka. pa dobro be pred da idesh otvori google ke ti kaze.ili u kraen slucaj od koga ke se vratish,procitaj za mestoto.najmalku edna informacija ke imash vo glava!
|
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Охрид појќе не го пишвам...Да не му најавнат Скопјанишчава,оти чудо колку е убав што по малу и имет.
Неколку километри од село Бешиште.На манастирот Св.Петка. Еве нешто од попат. |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Малце напорно во еден ден многу километри по жешкото,но тоа и не толку криво ми беше.
Повеќе ме мачеше што цел ден на швепс бев додека летаа жолти,шопски и убава музика околу мене. Иако наплаќав со ладно пивце пред легнување. Пофалби за Вевчанци...Си го заборавив клучот на гепекот,кога се вратив ме пречека келнерката од ресторанот со клучот на рака. Колку држи џебот почастив еден сок. Пријатна за мирен ручек е и Радожда,вреди човек да се качи и до Свети Архангел.Ептен без поклон отидовме и убава свадба фативме. Свети Наум веќе спомнав убаво го средиле и не дочека со убаво виножито. Е овчеполието најкриво ќе ми биде,толку пари за швепс никогаш не сум дал. Па здравје од понеделник,ќе видам што распоред ќе ми дадат. |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како дел од една Канадска инвестиција,и годинава ќе си ја прошетам не по моја воља Макеоднија...
Грујчо треба медал да ми даде за привлекување на странски инвестиции. Кога веќе не ми го дава министеррството за странски инвестиции. А не вака срам да кркам,да се кријам на форум од роднини на фејсбук како неработник. |
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Документарец за Кривогаштани. Интересно видео.
|
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од емил - 08.Јануари.2011 во 06:44 |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Патувајте низ Македонија
Матка, со сите раскажани и заборавени легенди е мистичното место на "големиот" град. Чувствувате потреба да ги наполните вашите гради со свеж планински воздух додека ги гледате облаците како лебдат на небото, го слушате гласот на дивите птици, додека над вас, ветрот се бори со густите зелени дрвја!? Не треба многу да патувате за да го најдете местото од описов! Во престолнината на Македонија, "живее" Матка, со сите раскажани и заборавени легенди, мистичното место на "големиот" град. Фактот дека постои еден "паралелен свет" горе - долу, над земја - под вода, го покачува адреналинот. Можете да уживате во пешачење и прошетки, во традиционалната македонска храна, а за вљубениците во културата и за оние кои сакаат природа, за авантуристи или обични луѓе, нуди повеќе отколку што можете да видите за еден ден. Место со сè уште неоткриени длабочини и тајни, вертикални карпи прикривајќи бројни пештери, спелеолошки и алпинистички планински центар, антички храмови и средновековни цркви и манастири. Духовна утроба на Скопје која се служи со свети исцелителски води, прекрасна природа, 200 видови на ретки пеперутки, околу 1000 растителни видови, од кои 20% ендемски или многу ретки, смарагдно зелена вода. Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ha и се наоѓа на 17 km југозападно од Скопје, тој претставува кањон на реката Треска, која е десна притока на Вардар. Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Од вкупниот број на 1.000 видови на растенија, 20% се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени 2 нови видови на вистински пајаци и 5 лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Се среќаваат и 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката. Поради големиот број на цркви и манастири пак, Матка го носи и името Света Гора. Во кањонот Матка можете да ги посетите црквите и манастирите: манастирот "Успение на Пресвета Богородица", манастирот "Свети Никола" Шишевски, црквата "Свети Андреја", црквата "Свети Спас" со остатоци од ранохристијанските цркви, "Света Троица" и "Свети Ѓорѓија" и црквата "Света Недела" (во рушевини). Крстарејќи по реката Треска со мало бротче, се стигнува и до пештерата Врело, една од најдлабоките пештери во Европа. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. Пештерата е систем од две пештери една над и една под водата и езеро. На таванот е вистински "дожд" од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат "столбовите близнаци" кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името така што меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. Малото езеро има форма на осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8 м, а должината и длабочината му се 15 м, додека Големото Езеро има должина од 35 м, а длабочина од 15-18 м. Присуството на сталактитите во водата упатува на заклучок дека некогаш во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградбата на акумулацијата Матка во 1936 година. Во пештерата има и т.н. "концертна сала", од чија лева страна се таканаречените "пишани камења". Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување e потребна стручна помош. Истражувањата од летово, покажаа дека во салата Пеони која е сува пештера што се наоѓа на 120 метри од влезот во подводната пештера Врело и до која може да се дојде само со нуркање, има 19,8% кислород, што е доволно за дишење. Дали е ова доволно за да ја посетите Матка овој викенд? |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pa,...za inat i ke ja shetam ama,...................grchkata makedonija!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
istrazija svojata zemja vredi |
||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |