IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 22:14
Originally posted by vlad0 vlad0 напиша:

sani mozish i za riba da postirash??



Веќе има ако мислеше на ова, а ако мислеше повеќе за соѕвездието и како да го најдеш ноќе, ќе ти пишам во Астрономија намигнување

Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Риби (Pisces)


Според грчката митологија чудовиштето Тифон било плод на божицата на Земјата, Геја и Тартар, богот на подземјето. Бил најголемото чудовиште кое некогаш се појавило. Имал стотина змијски глави и огромни крилја со кој можел, дури, и Сонцето да го помрачи.
Од големите змијски очи, пламтел оган, а од големата муцка исфрлал вжарени камења; при тоа испуштал морничави крици, налик на рикањето од лавовите и завивањето на волците. Кога ќе се налутел Тифон, земјата се затресувала, а небото станувало темно како ноќ. Дури и боговите бегале, спасувајќи се, претварајќи се во разни животни.

Во една прилика, кога се налутил Тифон, божицата на љубовта Афродита (Венера) со својот син Ерос (Купидон) седеле на обалата на реката Еуфрат. Кога го здогледала Тифон, заедно со својот син, скокнале во реката, каде што се претвориле во риби. Оваа случка, врховниот бог Зевс (Јупитер) ја овековечил, ставајќи го ликот на двете риби на небото.

Наведената легенда потсетува на оживување на вулкан, кога над стотина потоци, вжарена лава се разлева на сите страни, а огромните облаци пареа и прашина го прекриваат небото. Се живо се спасувало бегајќи пред непогодата, а топлината ги терало да скокаат во вода.







На скицата од соѕвездието, некаде во средината на тој 5-аголничето се наоѓа пролетната ГАМА - точка.
Соѕвездието Риби има 75 ѕвезди, видливи со голо око, но сите тие се со послаб сјај, што го отежнува нивното идентификување.


п.с. следно кое соѕвездие да е? среќа

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 22:04
sani mozish i za riba da postirash??
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 21:26
Овен (Aries)


Една грчка легенда говори за тоа дека беотанскиот крал Атамант и Нефела имале две деца Фрикс и Хела. Кога во дворот ја довел Инона, неговата жена го напуштила. Маќеата не ги сакала своите посиноци и сакала да ги елиминира по секоја цена.
Кога во Беотија (антички полуостров) завладеала суша Атамант испратил гласници кај мудреците во Делфи по совет како да се спасат. Злобната Инона ги држела сите конци, во дворецот, во своја рака.
Ги поткупила гласниците и ја преправила пораката од Делфи, која сега гласела дека кралот морал да ги жртвува своите деца. Сушата била толку немилосрдна, па така народот се погласно барал од својот крал да ги жртвува децата во интерес на државата.
Во неможност да стори било што друго, очајниот крал се согласил своите деца да ги приложи пред олтарот на боговите. Во последен момент, речиси пред олтарот, ги спасил Хермес (Мерк*р), така што им го испратил крилестиот Овен со златно руно. Водени по волјата на боговите, Фрикс и Хела се качиле на Овенот, кој одлетал на Колхид (денешна Грузија). Слабата Хела не можејќи цврсто да се држи за руното паднала во морето. Од тогаш морето се викало Хелинско море- Хелеспонт (денешен Дарданели).
Фрикс успеал да стигне во Колхид, каде, кога пoраснал, кралот Ејет му ја дал својата ќерка Халкиопи за жена. Златниот Овен, Фрикс го негувал се до смртта, а после тоа го одвел неговото руно на ‘ртот на Ареј (Марс), каде што го обесил на едно храстово дрво. Богот на војната Ареј поставил змеј како би го заштитил златното руно. Подоцна златното руно било украдено од големиот јунак Јасон со своите Агронаути. За да ја овековечи оваа случка Зевс (Јупитер) го поставил ликот на Овенот на небото.

Соѕвездието Овен содржи 50 ѕвезди видливи со голо око, но со послаб сјај. Ѕвездите β (Hamal) и γ (Mesarthim)  укажуваат на него. Со внимателно проучување на тој дел од небото може да ги воочиме астеризмите во форма на триаголник.
Едниот триаголник го сочинуваат Хамал, Шертан и Месартим и тој е сместен на главата на Овенот јужно од соѕвездието Триаголник. На задниот дел на Овенот се наоѓа другиот триаголник. Тој полесно се пронаоѓа бидејќи се наоѓа југозападно од маркантното расеано јато Плејади од соѕвездието Бик. Третиот триаголник е поранешното соѕвездие Северна Мува, кое во 1624 година Барчијус го локализирал како посебно соѕвездие, но до денес не се одржало. Арделандер го приклучил на соѕвездието Овен.




Изменето од Sunny - 17.Јануари.2010 во 21:37
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2010 во 00:41
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

..........среќа...............намигнување
 
 

РАК...........голема%20насмевка

Сентименталните ракови сакаат подароци со лично значење. Можете да им подарите рамка за слика со фотографија од некој од вашите заеднички моменти, албум со ваши слики или дневник со моментите поминати заедно. Однесете им свеќник кој ќе го користат за нивните романтични вечери. Рачно изработените предмети се секогаш добредојдени, без разлика дали тоа е слика, џемпер, колачи или пита.

Нив не ги интересира цената на подарокот, а што тој претставува за нив и на кои моменти од нивниот живот ги потсетува.

Многу често раковите се колекционери. Ако и ракот за кого купувате подарок е колекционер, тогаш прашањето за подарокот е автоматски решено. Правете што сакате, но нивната колекција мора да се зголеми.

Лична посета на денот на роденденот или на некој празник до нивниот дом ќе ги направи пресреќни. Доколку не можете да ги посетите, немојте да заборавите да им се јавите или да им испратите SMS.

Раковите владеат со секторот на домот, па подарок за нивниот дом неверојатно ќе ги израдува. Но внимавајте, подарокот мора да биде практичен. Колку поголем и потопол е подарокот, толку подобро. Веднаш ќе забележите што недостига во нивниот дом, тие се „проѕирни“ домаќини. Секогаш ќе ви бидат благодарни, дури и да им подарите нешто што веќе го имаат, тие ќе ве убедат дека точно тоа е предметот што го посакувале и што планирале да си го купат. Исто така многу се вешти во домашната работа, па книга за готвење ќе ги усреќи.

Имаат афинитет кон течности од секаков вид. Можете да им подарите шише вино, машина за кафе, чајник и сл.

За нив многу е важен и начинот на кој го подарувате подарокот, тоа е многу важен дел за нив. Па, пригответе си говор кој ќе го кажете пред да им го подарите подарокот. Многу е важно правилното изразување на важите чувства.

Бојата на раковите е сребрената (сивата), па ако се двоумите каква боја да изберете, ова е вашето решение.

бакнежголема%20насмевка
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 21:05
..........среќа...............намигнување
 
 

РАК...........голема%20насмевка

Сентименталните ракови сакаат подароци со лично значење. Можете да им подарите рамка за слика со фотографија од некој од вашите заеднички моменти, албум со ваши слики или дневник со моментите поминати заедно. Однесете им свеќник кој ќе го користат за нивните романтични вечери. Рачно изработените предмети се секогаш добредојдени, без разлика дали тоа е слика, џемпер, колачи или пита.

Нив не ги интересира цената на подарокот, а што тој претставува за нив и на кои моменти од нивниот живот ги потсетува.

Многу често раковите се колекционери. Ако и ракот за кого купувате подарок е колекционер, тогаш прашањето за подарокот е автоматски решено. Правете што сакате, но нивната колекција мора да се зголеми.

Лична посета на денот на роденденот или на некој празник до нивниот дом ќе ги направи пресреќни. Доколку не можете да ги посетите, немојте да заборавите да им се јавите или да им испратите SMS.

Раковите владеат со секторот на домот, па подарок за нивниот дом неверојатно ќе ги израдува. Но внимавајте, подарокот мора да биде практичен. Колку поголем и потопол е подарокот, толку подобро. Веднаш ќе забележите што недостига во нивниот дом, тие се „проѕирни“ домаќини. Секогаш ќе ви бидат благодарни, дури и да им подарите нешто што веќе го имаат, тие ќе ве убедат дека точно тоа е предметот што го посакувале и што планирале да си го купат. Исто така многу се вешти во домашната работа, па книга за готвење ќе ги усреќи.

Имаат афинитет кон течности од секаков вид. Можете да им подарите шише вино, машина за кафе, чајник и сл.

За нив многу е важен и начинот на кој го подарувате подарокот, тоа е многу важен дел за нив. Па, пригответе си говор кој ќе го кажете пред да им го подарите подарокот. Многу е важно правилното изразување на важите чувства.

Бојата на раковите е сребрената (сивата), па ако се двоумите каква боја да изберете, ова е вашето решение.

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:57
a rakoviteзбунетост
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:21
 
 

БЛИЗНАЦИ .........плазење

Близнаците сакаат подароци кои одговараат на нивниот огромен интелектуален потенцијал. Од нив се ценети оние работи кои ги рашируваат нивните хоризонти. Подарете им примамлива книга, некое научно списание, џебен калкулатор или билет за некој културен настан, екск*рзија и сл. и ќе ги направите пресреќни.

Близнаците владеат со куќата на комуникацијата и сигурно сте забележале дека тие се постојано со нивните пријатели. Олеснете им ја комуникацијата преку купување на телефон или компјутер.

Често ги губат работите, па можете да им подарите нешто кое што веќе го имаат или кое го имале, но го загубиле.

За близнаците подароците и не се толку важни. Тие полесно поднесуваат ако заборавите да им купите подарок, отколку биковите или овните. Личноста е поважна за нив отколку подарокот. Исто така при купувањето е многу важна вашата фантазија. Тие сакаат необични подароци и многу е важно што е напишано на картичката – треба да е нешто од срце.

Овој знак управува со рацете и дланките, па парфимиран лосион за раце, блескав прстен, ракавици или нешто друго поврзано со овие делови од телото ќе ги задоволи.

Сакаат да се забавуваат и го сакаат разнообразието, затоа ако сакате да ги направите среќни, донесете им неколку поевтини подароци наместо еден скап, но секој спакуван различно – нека имаат добра забава при отворањето. На тој начин и вие ќе имате добра забава, затоа што коментарите што близнаците ги даваат додека ги отвораат подароците сигурно ќе ве забавуваат.

Близнаците се најљубопитниот знак во хороскопот и со нетрпение чекаат да видат што се крие под опаковката. Но, тоа не е поради богатството кое се крие внатре, а едноставно поради задоволувањето на нивната љубопитност. Тие никогаш не гледаат материјалистички на подароците.

Нивната боја е жолтата. Таа ги смирува нервозните близнаци, па ако купете подарок во оваа боја нема да погрешите..........

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:19
 
 

ЛАВ .........среќаголема%20насмевка

Лавовите ги внесуваат своето срце и својата душа во сите празнични или роденденски прослави. Тие се многу дарежлив знак и трошат многу кога купуваат подароци за нивните пријатели и за семејството, но и за организирањето на празничните прослави. Бидете внимателни, затоа што истото го очекуваат и од вас. Што и да им подарите треба да биде најголемото и најдоброто. Што и да добијат сакаат да почувствуваат дека тоа е купено со внимание и дека е избирано специјално за нив.

Кога се добро расположени секој ден за нив е празник и само си бараат повод за да ја организираат наредната прослава. И секоја нивна прослава е незаборавна.

Сакаат подароци кои прават да се чувствуваат одлично. Аксесоари за коса, козметика или предмети за чистење се добар избор за овој знак. Тие исто така сакаат да се коцкаат, па однесете ги на прошетка до казино, купете им чипови за покер или шпил карти.

 Театралноста при врачувањето на подароците е многу поважна отколку самиот подарок. Подарокот не треба само да им биде даден. Околината е многу важна – тој треба да биде во центарот на вниманието, седнат на удобна столица која ќе претставува негов престол. Сите гости треба да седат околу лавот. Море од цвеќиња е она за што лавот сонува, но и голем букет ќе сврши работа. Тој треба да биде придружуван од голема картичка на која е испишано колку многу тој ви значи. Подарокот треба да биде завиткан во златна хартија и да има голема панделка.

Кога барате подарок за лав обрнете внимание на работи кои опуштаат и релаксираат. Уметничка слика е добредојдена, тие се сметаат за големи познавачи на уметноста.

Никогаш не се уморни од накит, но немојте ни да помислите на бижутерија. Подарокот треба да се вклопува во кралскиот статус на лавот. Секогаш земајте го во предвид вкусот на лавот. Неговото срце ќе се исполни ако го изгравирате името на вашиот омилен лав во некое ќоше од подарокот. Тие секогаш се горди со своето име. Дури и ако им подарите златна хартија со нивното име насекаде по неа, ќе бидат пресреќни и ќе го стават на највидливото место во куќата.

Лавот е сончев знак и ги обожава црвената и златната боја.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:14
 

ВАГА .........голема%20насмевка

Вагите се под влијание на Венера, па ги привлекува сè што е убаво и артистично. Имаат специјален афинитет кон музиката и секогаш ценат добро CD кое ќе го додадат во нивната огромна колекција. Ако сакате да направите нешто навистина специјално за вага, купете 2 билети за на концерт – тие не сакаат да одат никаде сами.

Не се ограничувајте на само еден подарок. За вагите е многу поважно времето кое сте го истрошиле на нив, отколку вашите пари. Сакаат кога им се обрнува внимание.

Нив не ги интересира дали подарокот е скап или не, важно е да изберете нешто добро издизајнирано и убаво. Како и биковите и тие ги ценат релаксирачките и сензуални работи, па ако им платите третман масажа ќе ви бидат благодарни.

Исто така сакаат подароци кои можат да ги поделат со своите пријатели или со вас како вино, билети за на концерт или некој друг настан.

Жените ваги сакаат секогаш да изгледаат убаво и затоа добра идеа е да им купите убав сет шминки или рачно огледало.

Мажите ваги ја сакаат естетиката исто колку и жените. Треба да се потрудите подарокот да биде најелегантен што може. Опаковката е исто толку важна колку и самиот подарок. Сакаат подароци кои ќе ги потсетуваат на нивните најмили личности. Во нивниот подарок треба да ја внесете својата душа за вашиот подарок да има некаква важност.

Управуваат со куќата на соработката. Па подарете им нешто што ќе ги потсетува на вашата врска или пријателството. Албум со ваши слики, рамка со слика, визитник или телефонски бележник се одлична идеја.

Многу често сакаат сами да си избираат подароците, не поради тоа што не им веруваат на пријателите, а затоа што секогаш точно знаат што им треба. Тоа најчесто е поврзано со работата. Можете и да им купете и некаква игра, која ќе ги релаксира после напорната работа.

Нивна боја е бледа сина и розова. И мажите и жените изгледаат привлечно во оваа боја.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:11
Еве да видиме нешто околу подароците според
хороскопските знаци .......намигнување
 

ДЕВИЦА      среќа

Ако сакате да не ги нервирате девиците на денот на нивната прослава, тогаш треба да се појавите навреме и со подарок во рацете. Сакаат практични подароци, па избегнувајте предмети кои ќе фаќаат прашина во некој дел од куќата. Подарете им корисни работи кои ќе им ја олеснат секојдневната работа. Подарок како кујнски апарат, аксесоар за во кола, компјутер или џемпер ќе сврши добра работа. Дури и ако од финансиска гледна точка избирате поевтин подарок, гледајте тој да е практичен. Купете им прекривач за маса, кујнски прибор или пердиња и тие ќе ви бидат благодарни. Треба да знаете која боја е најзастапена во кујната, за подарокот да биде употребуван.

Девиците се познати и по чистотата, па можете да изберете правосмукалка или нешто за лична употреба како миризлив сапун, лосион или шампон.

Сите мислат дека девиците не сакаат скапи подароци, но тоа не е сосема точно. Тие ќе се восхитат на некоја ситница, но мечтаат за нешто вредно. За да ги направите среќни, треба да им подарите скап подарок за кој одамна мечтаат. Ќе ви бидат благодарни засекогаш и нема да ви го заборават гестот.

Девиците се работливи и многу организирани, па добра идеа би бил часовник, календар, актовка и сл.

Тие ја сакаат елеганцијата, па што и да им подарите гледајте тоа да биде со стил. Спакувајте го подарокот грижливо, но внимавајте да не ја уништите оригиналната опаковка. Немојте да го заборавате упатството за работа ако им подарувате апарат, девиците ќе го прочитаат и покрај тоа што ја познаваат машината подобро можеби од самиот производител. Немојте да ја заборавате картичката. На неа напишете 5-6 реда, затоа што за нив е многу важно вниманието.

Тие не им обрнуваат многу внимание на цвеќињата, па може да купите и некој скромен букет. Не сакаат варијации, па ако им подарувате повеќе подароци, сите треба да бидат горе-долу со иста цена.

Владеат со куќата на здравјето. Сакаат подароци кои ќе ги одржуваат во топ форма, па месечна претплата за фитнес центар или масажа нема да е лоша идеа............

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 21:46


ЖЕНА РИБА

Жената родена во энакот на риби има убаво тело и прекрасен дух, душевно уэвишена и совршена. Има префинет вкус и е голем критичар кој одма осетува лага од вистина. Сака малечки и посебно одбрани друштва, па иэбегнува нагли поэнанства. Спрема пријателите чувствува симпатии, а ги има мал број, па така эа нив све энае. Од неа не може ништо да се сокрие. Постарите личности и се драги, эатоа што нивниот духовен живот е снажен и бара рамноправни партнери. Не поднесува неоэбилност, раскалашеност и раэуэданост. По своите чувства таа е мечтател и романтична, емотивна и страствена љубовница. Ако животот ја поврэе со уметност, како глумица и пеач ќе ги постигне своите сонови. Поседува големо чувство на одговорност и нејэината работа не доживува критики или истравки. Свесна е эа својата снага, но покрај све тоа не може да живее сама. Љубовта спрема својот сакан човек эа неа е света, но тука доживува големо раэочарување, но го прикрива во себе, макар што пати. Эа своите деца се бори и створува и эа нив ништо не и е тешко. Многу се жртвува, а эа своите маки не бара награди. Среќна е со мали приэнаниа и едно ''фала''. Не поднесува да биде эависна од никого, од економска страна, а тоа и предиэвикува потешкотии во фамилијата. Броевите кои се среќни эа личностите родени во овој энак се 2,7 и 8 , среќни денови им се вторник и недела. На рибите им припаѓа белата боја.
Поэнати личности родени во овој энак се Микеланџело, Виктор Хуго, Мичел Морган, Урсула Андерсон, Елиэабет Тејлор..............трепкање
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 21:45


Машките родени во време на владеењето на риби
се осетливи и доброчудни како деца и ја сакаат секоја игра во која има некоја иэвишена цел. Пријателства склопуваат уште во младоста и секогаш ги памтат. Ги сакаат веселбите и песните, па во целост уживаат во муэиката. Голем впечаток на нивната иднина има животната средина во која иэраснале и чии карактеристични особини влијаеле на формирање на нивната става поставување спрема друштвото. Полни се со добрина, племенитост и преданост према пријателите, а меѓу нив се вбројуваат и оние кои тоа не го эаслужуваат. Поседуваат голема меморија што им користи многу пати во работата. Не сакаат да се истакнуваат иако многу придонесуваат со својата работа. Во работата се уредни и секој неред ги воэнемирува и мачи. Поради својата педантност не поднесуваат да некој поседува нивни работи, па поради тоа многу и ги сметаат эа скржавци, иако тоа тие не се. Работата ги привлекува и ја сметаат како основа на животот. Многу придонесуваат со својата работа. Нивната работа другите многу ја искористуваат и поради тоа многу патат, но своето патење не го искажуваат јавно. Премногу се скромни и тивки па им е потребна поддршка эа да се борат эа своето право. Впечатокот на жените на нив влијае многу, но не се слабичи и папучари. Хармонијата во бракот эа нив е света. Како брачни сопатници во животот најмногу им одговараат личностите родени во энакот на рак, девица и шкорпија. Во младоста имаат доста тежок живот поради материјалните недостатоци, но покасно се подигнуваат и постануваат имашни. Со тоа не се эадоволуваат. Поголемиот живот го посветуваат на друштвената работа.............среќа
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 03:21
riba pirana
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 23:53


ЖЕНА БЛИЗНАЦИ
Жената родена во овој знак, убава е и полна со женственост. Со својата нежност и љубезност освојува све околу себе и каде и да оди, сите ја сакаат. По својата душа е уметник, природно е интелигентна и сака све што е убаво. Поради својата остроумност и блескав дух се истакнува како советник кој е секогаш добро да се послуша. Во младоста премногу живее за друштво, а се снаоѓа во секое друштво и друштвото ја обожава, но и искористува. Со себе носи љубов која се гледа и осеќа во секој нејзин потег и дел. За неа може да се рече дека е светлост која вечно зрачи. Не знае да каже не, кога нешто ја молат, иако молбата е неоправдана. Поради тоа и многу пати и се одрекува од најпотребните работи за живот. Најголем успех во животот постигнува ако се посвети на уметноста, но и во секоја нејзина работа се осеќа нејзината чувствителност. Педантна е и уредна во секоја работа, а нејзиниот дом е нејзината гордост. Многу се ангажира во работата, работата и оди од рака, но и заработката од работата исто така и заминува брзо од рака. Премногу нагла е во одлуките, кои ги анализира кога е веќе све готово. Тоа и донесува многу грижи и тешкотии. Особено мора да пази кон стапување во брак, затоа што не се мажи од идеали или младелачка љубов.
 Среќните броеви за личностите родени во знакот на близнаци се: 5, 6 и 8, а нивните поволни денови се среда, петок и недела. Бојата на близнаците е сива.
Познати личности родени во овој знак се: John Kennedy, Dante, Bernard Shaw, Richard Wagner, Gerrard Phillipp.........голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.