![]() |
|
Македонија-земја на информатичари |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 19> |
Автор | ||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
... dilema...POLITIKA ili OBRAZOVANIE... kje da e politika..
Компјутерите ги изместија чекорите Чекор напред, три назад направи Владата со идејата за експресна компјутеризација на училиштата, која не само што не им помогна на учениците туку сега им создава проблеми да ја следат наставата. Најавите на Владата дека со набавка на компјутерите во училиштата како нација ќе скокнеме една цела ера во нашиот информатички прогрес како да паднаа во сенка. Како што изминува времето, прашање е дали воопшто компјутерите ќе к*ртулат од насилници, кражби и од забот на времето. Не беше малку тоа што се покажаа слабостите на проектот „Компјутер за секое дете“, туку сега Владата реши да набави и 75 илјади лаптоп-компјутери за основците. Намерата е сите да станеме информатичари пар екселанс. Од мали до најстари, од 7 до 77 години. А за тоа колку оваа замисла ќе не' удри по џебот - никој не зборува. Има ли Владата воопшто кочница во трошењето пари кога станува збор за компјутеризацијата во образованието и дали се прави процена за успешноста на самиот проект? Вистинска мистерија е колку пари од буџетот ќе треба да се издвојат за компјутерите и кој ќе плати ако тие се украдат, оштетат или расипат. Опозицијата пред извесно време ја прозва власта дека набавката на компјутерите е матна зделка, но надлежните не излегоа со конкретни детали за проектот за компјутерите, кои барем засега се само декор во училиштата. При првичната најава за проектот „Компјутер за секое дете“ беа одвоени дваесетина милиони евра, но оваа сума е многу повисока, знаејќи го фактот дека ќе се набават и над 70-ина илјади лаптоп-компјутери вредни 10 милиони евра. За нив учениците ќе имаат и нови клупи и столчиња кои, исто така, не дознавме колку ќе чинат. Само за подготовка и материјали за проектот се одвоени девет милиони евра и дополнителни 300 илјади евра компјутерите да се донесат до училиштата. Сега Владата има намера да ангажира и администратори за да се грижат за одржување на компјутерите и мрежата, но сумата за нив се' уште не е позната. Нема месец Владата да не најави нови „проектчиња“ поврзани со компјутерите. Де ќе се набават маси и столчиња, де ќе се набави ова, де она, само да им се сервира компјутеризација на учениците. А притоа како да заборава во какви услови учат тие деца. Дека секој ден им е буквално преживување, бидејќи немаат каде да одат по нужда поради засмрдените тоалети, кои не се одржуваат поради недостигот од средства. Ги прашал ли некој учениците во какви објекти учат, кога прашање на време е кога ќе им се сруши покривот на глава. Никој во Владата не се најде засегнат да одговори и на други прашања. На пример, како надлежните ќе го објаснат фактот што дел од компјутерите се' уште фаќаат прашина по магацини додека нивната гаранција истекува. Зошто Владата, по претходна опомена од државните институции, платила осигурување на компјутерите, но само за периодот од јануари до март 2008 година. И кој ќе им гарантира на учениците дека ќе добијат исправни компјутери, чија вредност од ден на ден се намалува? Компјутерите пристигнаа, ама само во средните училишта. Ај што пристигнаа, ама учениците не научија ниту една електронска лекција, бидејќи не се направени дигиталните содржини што треба да се внесат во компјутерите. Може само да замислиме што ли ќе се случува со новите лаптоп-компјутери кои наставниците и професорите од основните и од средните училишта ќе можат да ги носат и дома. В ред е што сакаме да создадеме компјутерски писмена нација уште од мали нозе, но работите треба да се одвиваат по ред и транспарентно. Јавноста остана покуса и за објаснувањето за ефектите и трошоците за проектите за компјутеризација на училиштата, бидејќи оние кај кои лежат вистинските одговори сметаат дека проблемите не се од таков размер како што се претставуваат. Според нив, ефектите од овој проект ќе се докажеле по неколку години. Ќе видиме дали ќе биде така. |
||
![]() |
||
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кога мислиш дека си сватен, дека во светот можеш да го продадеш твоето техничко-технолошко образование од сверата на информатичката технологија, првин треба да се запрашаш колку пари твоите родители плаќаат на новите технологии кои ТИ самиот ги злоупотребуваш на конто на твоите желби, други СВЕТСКИ компании го црпат основниот бенифит ( народски кажано) парите на твоите родители кои мислат дека се инвинстирани во твојата иднина,......, зборуваме за асиметричната интернет мрежа, за дигиталната телевизија, за мобилната телефонија за безжичниот интернет и ред други дитални играчки кои новите надри компании потпомогнати од ВЛАДАТА во интерес на нивните задни политички екпанзионистички цели со кои ја бомбардираат младата популација,......,со бесплатни сметачи и ред други еднокартни рекламни атрибути . ВАС МЛАДАТА МАКЕДОНСКА ПОПУЛАЦИЈА ВЕ МОРАЛНО ЕКСПЛОАТИРААТ за нивните потреби во наредната изборна битка!? ... ЗАПРАШАЈ СЕ САМИОТ„ТИ“ ДАЛИ ГИ ВИДИШ ИСПОЛНИТЕ ТВОИТЕ ИНТЕРЕСИ, ВО ДРЖАВА ЗАТВОРЕНА ВО МАЛОГРАЃАНСКО ПОЛИТИЧКИ БАЛКАНСКИ ГРАНИЦИ......тука неможе да ти помогне ниту „моира“ како модератор!??? |
||
![]() |
||
mileg ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Модераторке сакам да ве надополнам дека сите треба да бидеме ЗА за информатичкото општество,бидејќи ние сега сме технички подготвени за новата технологија која ни диоаѓа од западот. |
||
![]() |
||
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...јас сум за...по можност MacBook Air...
|
||
![]() |
||
Red`Black ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
idejata e super treba na sekoe dete po eden apple laptop ne kompjuter
|
||
![]() |
||
Палестинец ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добив појасна слика за многу ликови, за градови, шеми по стручните предмети,....и т.н.... А не само професорот да застане и да ја изрецитира лекцијата т.е сувопарно предавање со креда на табла....едноставно повеќе нагледни средства....кои се неопходни за современа настава.......
|
||
![]() |
||
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
која беше целта на професорите!?..... што добија учениците!?.... еве на пр. конкретно ТИ! ..... дали ти се во моментот подобри образованието, односно дали го подобри ТВОЕТО владение, осносно понашање према професорите, дали СИ ја подобри ОПШТАТА КУЛТУРА користејки ги сметачите,..... вопшто зборувам за твојата генерација....... ако грешам ...секако би сакал да го прифатиш моето извинување однапред!....
|
||
![]() |
||
Палестинец ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Абе што шлапате глупости..........воведувањето на компјутерите имаше цел за презентирање на часови и целта, каде што работат професорите е остварена......еве јас каде што сум ученик половина од професорите ги користат.......и супер е.....
|
||
![]() |
||
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дали ни беше потребно толку пари да инволвираме во проект кој во моментов нема завршница? кОМУ ТРЕБА ДА ЈА ИСПОРАЧАМЕ СМЕТКАТА ЗА ШТЕТАТА КОЈА ЈА ТРПАТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ?
|
||
![]() |
||
dras ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пак се враќам на темата, не толку дека е интересна! него во прашање се секако парите кои некој ги преточи таму каде што не треба.
Многу пари многу евтини сметачи кои не се доволни ниту учениците да си играат на нив наместо да ги користат за учење односно да станат информатичари. Мака мачат професорите да ги правилно испрашат учениците на тестовите зошто тие се доволно паметни да се кријат зад мониторите и лесно да се служат со недозволени активности (тука веројатно неможат да помогнат ниту полицајците на министерката).
И што е секако најинтересно не се предаваме, отидовме дури во силиконската долина, да објасниме на нашите пријатели од зад барата дека „Македонија е земја на информатичари“, а ние патриотски расположени ќе им ги испорачаме сите наши „информатички“ сили да им помогнат, иако сметачите на кои ги учевме нашите стручњаци се од „кинеско потекло“, не дека се сметачите лоши, но дека се секакомногу евтини и скапо платени, а секако не функционални во моментов.
Само се прашувам како им објаснивме на нашите пријатели како оваа зделка со сметачиве не ја направивме со нив туку со кинезите , а секако бараме тие да инвестираат во Македонија, или пак уште подобро да им испорачаме од нашите ново образувани кадри!
Кој кого надмудрува, дали кинезите Нас, дали Владата кинезите,дали кинезите новиот министер,или пак новиот министер министерството за образование.
Што работат државните механизми за антикорупција, кој ги троши парите на граѓаните и зошто?!
|
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
kje gi renoviraat i niv ... koga kje dojde na red provizija i od takvite raboti
![]() |
||
![]() |
||
K7 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 65 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
e da so tie pari sto gi potrosija mozea celi ucilista da renoviraat. Изменето од K7 - 25.Септември.2008 во 14:52 |
||
![]() |
||
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ма какви компијутери бе?!Како можеш да му дадеш нешто толку осетливо(на физичка сила) на народ како нашиов?!Еве пишував и на истата тема во образование-кај нас донесоа компјутери,почнаа да ги кинат жиците,некој ги зел копчињата од сите компјутери и ги измешал-и сега на некој компјутер има пример копчиња а или 5 едно 10парчиња на тастатурата!На мојот компјутери има четири 1 а фалат 9,5,8 кој се некаде низ компјутерите во училницата!Исто така се искрадоа куп подлоги за мауси,жици и т.н.Кога веќе имаа толку пари за фрлање нека ни набавеа тлалбли и клупи(Метални)и нека сменеа дограма и врати,нека ги поправеа клозетите и сите други дефекти во училиште!
|
||
![]() |
||
Паланчански ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вистинската вина е во оној што избрзува со проектот. Професорите не виделе компјутер, а сега ќе ги учат децата да работат со него. Исто како јас да ве учам да пилотирате. (Јас барем сум патувал ео авион, а некои од професорите компјутер имаат видено само во банка или некоја друга установа.)
|
||
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |