|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 7891011 58> |
Автор | |
bilokoja
Група Регистриран: 24.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 68 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Barajki gi tvoite baknezi Trgnav na patot koj ne vodi nikade tamu na edna livada tecese izvor od strasti od kok zedno piev jato od ptici nad mojata glava mi se potsmevaat i peat OVA E PESNA ZA LJUBOVTA barajki gi tvoite baknezi pocukav na rajskite porti Samo edna zana vo bel fustan izleze i me prsa STO BARAS se rasplakav na kraj se sramev o kolku se sramev da kazam me zade vo skut i me pogali Barajki gi tvoite baknezi pominav kraj ezeroto mladost poglednav vo vodata i go vidov tvojot lik se obidev da go dopram No potonav vo dlabicinite na ladnats voda A tamu nemase Nikoj kraj. B Batajkki gi tvoite baknezi tsmi vo |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eh, sto tekst sega ke iznapisev....ama koga ne me biva ...
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ovie zborovi doajgaat od dlabocinata na nesto,nesto koe nie lugeto go vikame dusa,a jas i sama vejke neznam zosto toa mora preku poraka da bidat iskazani.bla bla bla .......................
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за мене ти си цвеќе
не можам душо веќе да ти одолеам и искрено се смејам
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те чувствувам во себе и сакам да ти признаам дека тоа е едно од не честите убави чувства кои ретко беа дел од мене.Се восхитувам на тоа што господ те создал таква, различна од другите, необична....
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
роден сум сред пурпурни водопади дете на ѕвездите господар на желбите ратник, трагач таинствен осаменик!!!!
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sakajki da ve zaboravam,se pronajdov sebesi.I,se setiv na onasto sakav da go zaboravam.Ve zaboraviv na mestoto kade sto ve i sokriv.A se setiv na ona sto sakav da go zaboravam.SE PRASUVAM PO NEKOGAS ,,MOZNO LI E TOLKU DA SUM VE SAKALA GOSPODINE?,,Pomnenjeto slabo me drzi ,ne zameruvajte mi.No se sejkavam na edni oci,edno ime i dusa megu dvata ogna rastrgnata.Sepak sakajki da ve zaboravam se pronajdov sebesi.................
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оди си.Те молам исчезни од мојот живот.Си ја исполни својата цел,зар не?На сите им била позната,освен на мене.Па,да ја знаев,немаше да ти дозволам да ја оствариш,зар не?Ги знаеш правилата,искуството е зад тебе.Ти честитам,одлична претстава.Искрено и јас уживав во неа.Но,крајот ме погоди,ме рани во срцето.Мора некој да го извлече подебелиот крај.А колку само проклето те сакав.Зошто ги сменивме улогите?Јас треба да сум пресреќна што се ослободив од болката,а ти да жалиш за највредното нешто што постоело во твојот живот.Помниш ли се што имавме?Мене секој ден ме прогонуваат спомените како духови.Се плашам,бегам од нив но тие се побрзи од мене.Не заслужуваш да ти го споменам името,а постојано си во моите мисли.Твојот лик ме прогонува каде и да одам,ти си насекаде околу мене.Ти си мојата болка,раната во срцето.А се беше толку прекрасно.Скоро совршено.Љубов како сонце.Секој ден се повеќе и повеќе ме грееше.Толку голема што и планини можевме да поместиме.Прекрасни погледи,преубави зборови.Среќни мигови,поминати во прегратките на саканиот.Ах,колку е убаво чувството кога те буди секое утро неговиот глас.Мислев дека никогаш нема да престане.Каде ли замина се?Зарем е можно од таа љубов што гореше да остане само пепел?Па со неа ги победивме сите препреки во животот.Зошто нен и сега?Што се смени,што се случи?Мене не ми се потребни зборови,јас знам да читам и од делата.Дури и од тишината која убива.Се е кристално јасно.Само една мисла ме убива,ми го кине срцето.А ти тоа не го гледаш.Ти дури не ни приметуваш во што се претвори.Ајас,јас ги исплакав сите солзи,срцето постојано крвари..на секој збор,на секоја постапка.Порано тие зборови живот значеа.Но,сега се изменети..Сега срцето почна дури и да се плаши од нив.Се плаши од уште еден нож забоден во него.Зборовите како олово тежат.Ништо не боли повеќе од зборот.Целиот мој живот на дланка ти го дадов.Се што имав ти дадов.Повеќе немам ништо.Никогаш не мислев дека ќе ме разочараш.Нема повеќе во мене љубов за друг,целата ти ја зема.За цел живот....
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некоја Надеж, безобразна...
не турка Напред..и кога би сакале да застанеме.. Уморни... Наоѓаме ситни, радости ..за да преживееме.. Се радуваме..со туѓите Среќи кога не сме успеале да создадеме свои.. Ти доаѓа...Да го запреш Времето... Да врескаш...до бесознаие..поради својата Немоќ, да промениш нешто... Ти доаѓа..Да ги кренеш рацете да се откажеш од Животот.. Но кои сме Ние...Да го Разочараме ..Бог... Кои сме ние да не го Почитуваме неговиот ...Подарок.. Каде би заминале нашите души , ако го отфрлиме она што ни е од Него.. Што би биле Ние..ако не сме Благодарни.....!!! |
|
Linda-Lolita
Нов член Регистриран: 16.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-Ода на Романтиката во една зима по Транзицијата-
Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година... Ех, зима. Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето. Ме потсетува на љубов и романтика. Романтика ми фали...некогаш. Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата. Како и да е...констатацијата беше глобална. Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место. Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми. Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж... Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност. Сега таквите приказни се знаат од почеток. Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека? Таа: Ух...Колку си сладок. Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене. Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб). Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила. Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор. Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични. Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни. Мора да е до транзицијата. Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика. Ова излагање е само пуста носталгија. А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља. Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство. |
|
Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Молк, тишина. Без непотребни зборови, тие се потрошени одамна. Па и потребните, ако веќе зборуваме искрено.... повремено им се сретнуваат погледите изгубени, прашални.
„Каде погрешивме?“ -праша таа... непотребна реченица... непотребно прашање...... повторно... „Не знаевме да молчиме кога требаше!“ И одговори тој и зеде уште еден дим. „Зошто тогаш повторно сме овде? На истото место, заедно?“ повторно прашања... тешки... а толку сакаше таа само да молчи, само да молчи. „Затоа што си сѐ она што сум, а не сакам да бидам... затоа што сум сѐ она што сакаш, а не умееш да го имаш...“ Се заврте кон него, се припи до неговото тело, му ги отвори очите и го погледна... со показалецот му го погали левото око. На тој чин уште имаше право. „Но, зошто да зборуваме за нас, кога нас веќе нѐ нема?“ рече и легна врз него. Можеше против сѐ, но против желбата за него... овде беше беспомошна. „Но, ти...“ почна да зборува, а тој и ја затвори устата со рака... можеби сакаше, но не смееше да ги слушне тие зборови... зборови кои повторно би го вратиле на почеток... не сакаше да ја слуша бидејќи таа не беше повеќе негова, како што и тој одамна не беше нејзин.... |
|
butterfly1436
Нов член Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Seuste topliot veter me potseka na tvoite dopiri..te custvuvam nasekade okolu sebe iako pomina doooldo vreme od koga nasata ljubov stana zabraneta!Sega mozam da ti objasnam se,sega ke znam kako da ne te povredam,sega ke znam da si zaminam bez traga...ama te nema zatoa sto te otfrliv bez objasnuvanje!A dusava seuste place barajki te!
Ljubovta mi vraka so istata tezina so koja sto ja povrediv..a nikogas ne bi te povredila SEKOGAS KE TE SAKAM! Zosto ljubovta tolku boli koga e nevozmozna!............. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Setam vo nokta pod vedro nebo i si pomisliv kako bi bilo da se pojavi NLO. Pa bi postoele dve verzii od koi ednata bi bila da me grabnat i da me seckaat za eksperimenti, a drugata kako se velikodusni vonzemjanki koi licat kako amazonki od filmovite i kako me kanat da me odvedat na nivnata planeta i da ja zgrizat mojata napatena dusa, a bogami i telo, i sto e normalno, bi odbil.
Utroto e daleku, a uste nesozreani misli vo mojata glava cekaat na red |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТИ СИ КАКО УТРОТО... ЗНАМ ДЕКА СЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДЕШ !!!
... Те гледам во очите и го чувствувам твојот длабок и продорен поглед, кој го чуваш љубоморно, само за да го милува моето насмеано лице... Небаре сунѓер сум, па сите твои емоции ги впивам... Убаво ми e кога чувствуваме исто... Секое УТРО твојот шепот ми е се помил и помек, како постелнината која мириса на тебе... Понекогаш, се завиткувам цела во тие бели чаршафи, кои се навикнале на мирисот од порите на твојата кожа... Се претопувам во нив... На моите прозорци нема повеќе тага... Низ тие стакла, замачкани со ЉУБОВ и утрински колачиња, секое УТРО продираат најсјајните сончеви зраци и се протнува, како крадец, најчистиот воздух... И кога не си до мене, ТИ си тука, а ЈАС те гледам почисто од било кога... ТИ СИ КАКО УТРОТО... ЗНАМ ДЕКА СЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДЕШ !!! |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |