Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2012 во 11:35 |
Крцкава пита со јаболкиВкусен десерт кој одлично оди во комбинација со сладолед:) Потребни состојки за тестото: - 280 гр брашно - 140 гр путер - 70 гр шеќер во прав - 2 жолчки - 1 лажица бело вино За филот: - 1 кг јаболки - цимет - сок од лимон - ореви - суво грозје - ванилин шеќер Подготовка: Измешајте ги состојките за тестото. Путерот мора да биде на собна температура и никако не го месете тестото премногу долго. Откако ќе го измесите тестото ставете го на ладно место да стои 30 минути. Исчистете ги јаболките и исецкајте ги на коцки. Додајте им малку цимет и сок од лимон. Оревите, сувото грозје и ванилиниот шеќер додајте ги во смесата со јаболките. Одвојте 2/3 од тестото и ставете го во калапот за печење, па одозгора сипете го филот и со пресотанатото тесто прекријте ја питата. Печете од 30 до 45 минути на средна температура. Питата послужете ја со топка сладолед од ванила.
Изменето од емил - 21.Март.2012 во 11:36
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2012 во 11:01 |
Крцкави пилешки прсти
Има ли нешто поубаво од крцкаво и вкусно јадење….???
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
½ килограм пилешки гради исечкани на долгнавести парчињa
3 големи лажици сенф
3 големи лажици мед
60 грама солени грицки
сол и бибер
мало лажиче лук во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во помал сад измешајте ги сенфот и медот.
Солените грицки истолчете ги и измешајте ги со останатите зачини.
Парчињата пилешки гради ставете ги прво во смесата од сенф и мед и подоцна во
миксот од грицки и зачини.
Вака подготвените пилешки прсти наредете ги во тава за печење обложена со
хартија и печете 20 минути на 22о степени Целзиусови во претходно загреана
рерна.
Уживајте во крцкавиот вкус!!!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Март.2012 во 09:39 |
Пилешки крокети со морковПотребни состојки: 150 гр. пченкарно брашно 500 мл. млеко 2 жолчки 300 гр. варено пилешко месо 1 лажица зачин ц 100 гр. варен морков Сол и црн пипер За похување: 4 лажици брашно 2 јајца 4 лажици презла Припрема: Ставете го млекото и пченкарното брашно во тенџере, па згответе ја смесата се додека не се згусне. Оставете ја да се излади, па додадете ги шолчките, ситно сецканото пилешко месо и морковот. Зачинете со вегета, сол и црн пипер и промешајте ја смесата се додека не добиете хомогена смеса. Од смесата оформете крокети, извалкајте ги прво во брашно, па во разматено јајце, па во презла и испржете ги во тава со врело масло на оган. Откако ќе се испржат, ставете ги на салфета за да ја упие вишокот на маснотија. Крокетите сервирајте ги на чинија за сервирање со сос по желба. Добар апетит!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Март.2012 во 23:24 |
Кралски компирчињаНа многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…Потребни состојки: - 1 кг компири - 3 жолчки - 100 гр путер Подготовка: Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат.
Изменето од емил - 13.Март.2012 во 23:24
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Март.2012 во 15:19 |
Макарони со зеленчук и сланинаПотребни состојки: 200 гр. Тестенини 1 тиквичка 1 домат 2 главици бел лук 150 гр. Сланина 50 гр. Кашкавал Сол Босилек Подготовка: Макароните варете ги 15 до 20 минути. Ситно исецканата сланина ставете ја во тавче, додадете ги исецканите тиквички, излупениот и исецкан домат, белиот лук и зачините. Целата смеса пржете ја на тивок оган 15 минути. Извадете ги макароните, исцедете ги убаво, ставете ја смесата со сланината и зеленчукот, а на крај ставете го кашкавалот. Ставете ги во рерна и потпечете ги уште 5 до 10 минути.
Изменето од емил - 11.Март.2012 во 15:19
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 16:33 |
.
СОСТОЈКИ (за 8 сендвичи) • ½ шолја крупно рендан морков • ½ шолја рендан дајкон • 1 голема лажица оцет • 3 мали лажици шеќер • 1/2 мала лажица сол • 3 големи лажици чили сос • 450 – 500 гр свинско филе • 3 големи лажици мајонез • 2 француски лепчиња • 1 краставица • 16 фиданки коријандер • 2 млади кромидчиња (тенко насечкани) • халапењо пиперка (тенко насечкана) ПОДГОТОВКА Измешајте ги морковот, дајконот, оцетот, ½ лажица шеќер и солта. Смесата оставете ја да отстои половина час. Исцедете. Загрејте ја рерната на 200°С. Измешајте чили сос со 1 ½ мала лажица шеќер. Месото ставете го во тава со решетка и порпскајте го со масло. Одозгора премачкајте го со смесата со чили сос и посолете го. Печете околу 20 минути. Откако ќе се испече, ставете го во фрижидер. Измешајте го мајонезот со преостанатиот чили сос и смесата ставете ја во фрижидер. Исечете го францускиот леб на 4 дела. Секој дел пресечете го како за сендвич. Секое парче премачкајте го со смесата мајонез и чили сос. Месото исечкајте го на ситни парчиња и ставете го рамномерно во секој сендвич. Потоа додадете моркови, краставица и коријандер. На крај, завршете со млад кромид и халапењо.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 16:29 |
Унгарски гулаш
СОСТОЈКИ • 100 гр сува сланина • 600 гр јунешко месо • 150 гр кромид • 400 гр пиперки • 600 гр компири • 100 мл бело вино за маринада • 5 големи лажици масло • 1 мала лажица ким • сол и бибер • 1 мала лажица црвен пипер • 1–2 мали лути пиперки • 3 чешниња лук • кора од лимон • 1 лажица Вегета ПОДГОТОВКА Исечете го месото на коцкички и подгответе ја маринадата. Измешајте го маслото, згмечениот лук, исчеканиот ким (кој претходно малку сте го навлажниле), изренданата кора од лимон, мелениот црвен пипер, исечкана лута пиперка, малку сол и вегета. Вака подготвената маринада се меша со месото и се остава да отстои барем еден час. Доколку имате услови, најдобро е да се остави да отстои преку цела ноќ. Исечкајте го кромидот на тенки тркалца, пиперките на поголеми парченца и излупениот компир на кругчиња. Земете огноотпорен сад и на дното наредете тенки парчиња сува сланина. Потоа, распоредете дел од компирите и пиперките, малку посолете и ставете слој на маринирано месо. На крај ставете го кромидот. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате материјал. На крајот може да прелиете со масло и садот затворете го со поклопец. Ставете го гулашот во загреана рерна на 180℃ и печете околу час и половина.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:42 |
Таљатели со три вида печурки

СОСТОЈКИ (за четири лица) • 500 гр таљатели • 3/4 чешниња лук • 500 гр печурки (три вида по избор) • 1 ½ лажица путер • свеж магданос • павлака • пармезан ПРИГОТВУВАЊЕ Во претходно загреан маслинов зејтин ставете го ситно исецканиот лук и пржете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки, претходно зачинети со сол, бибер и лимон по желба. Садот за пржење треба да е доволно голем за да може сите печурки рамномерно да се распоредат и да не дојде до нивно преклопување. Времето на приготвување да не биде повеќе од 15 мин на силен оган. Во меѓувреме, сварете ги таљателите, за кои ви се потребни 7–8 минути. Сварените таљатели ставете ги во тавата со печурки, заедно со мала количина од водата во која се вареле. Промешајте ги добро сите состојки. Потоа, садот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан и сецканиот магдонос. Повторно целата смеса убаво се промешува. Сервирајте во чинија со малку маслинов зејтин, магдонос и пармезан насечкан на тенки ленти. На крај, додадете павлака по желба.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:34 |
Говедско филе во пршута и песто

СОСТОЈКИ (за 10 лица) • 14 тенки парчиња пршута (околу 120 гр) • 1.5 кг говедско филе • свежи листови од босилек • 150 гр песто ПРИГОТВУВАЊЕ Загрејте ја рерната на 200℃. Наредете 7 парчиња пршута во форма на правоаголник, а потоа и преостанатите парчиња во продолжение, за да можете да го обвиткате филето од говедско месо. Целото говедско филе премачкајте го со песто и потоа месото ставете го врз пршутата. Превиткајте го со пршутата. Ставете го филето во сад и печете околу 45 минути. Кога ќе се испече, ставете го месото во сад и покријте го со алуминумска фолија. Оставете 10-тина минути. Потоа, сервирајте со листови свеж босилек. Совет: не го препекувајте месото, затоа што ќе стане суво и тврдо.
|
 |
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Февруари.2012 во 14:40 |
Пилешки ролатчиња во сланина
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 1 мала лажица Црн пипер
- 1 мала лажица Црвен пипер
- малку Сол
- 150 грама Сланина
- 400 грама Пилешко
- 200 милилитри Пилешка супа
- 100 грама Пармезан
- 5 милилитри Оцет
- 100 грама Моцарела
- 100 грама Кисела павлака
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
ПОДГОТОВКА:Пилешкото филе измијте го, исушете го на кујнска хартија и надолжно исечете го на две тенки парчиња.
Секое парче зачинете го со сол, црн пипер и мелен црвен пипер.
На секое ставете по едно парче моцарела сирење и парче пармезан.
Сета тоа заедно замотајте го во ролат, намотајте со сланина, која ќе ја наботете со чепкалки за да се држи за месото.
Рерната загрејте ја на 50 степени.
Најпрво пропржете ги ролатчињата на малку масло од сите страни, па извадете и ставете ги во загреаната рерна.
На маслото во тавата што ви остана додадете му малку вински оцет, па павлаката за готвење и пилешката супа.
Сосот варете го 5-10 минути, додека почне да се згуснува.
Ролничките послужете ги топли, прелиени со подготвениот сос.
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:56 |
Полнети компири со кашкавал и печурки

СОСТОЈКИ • 8 компири со иста големина • 200 гр шампињони или вргањ • 100 гр кашкавал (едамер или друг погоден за топење) • 1 главица кромид • магдонос, лук, сол, бибер • бешамел сос ПРИГОТВУВАЊЕ Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омекнати (доволно за да можете да ги издлабите), исечете ги на половинина и на средина издлабете ги со лажица. Во меѓувреме, исецкајте и издинстајте го кромидот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки. Посебно направете бешамел сос со маргарин, брашно и млеко, или можете да ставите само хопла за готвење. Дури е уште топол бешамелот, додадете ги сите состојки. Со смесата наполнете ги компирите, зачинете по ваш вкус и ставете ги да се печат во огноотпорен сад. Печете 20 минути, дури не добијат златеста боја.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:50 |

Чаден лосос со мед и бибер СОСТОЈКИ (за 4 порции) за леб • 450 гр брашно • 225 гр интегрално брашно • 20 гр сол • 5 гр прашок за пециво • 15 гр сода бикарбона • 165 гр овесни снегулки • 25 гр мед • 900 мл матеница • 50 гр малтодекстрин за лосос • 1 кг чаден лосос • 80 гр мед • 8 големи лажици сечкан млад кромид (само зелениот дел) ПОДГОТОВКА Леб Загрејте ја рерната на 200℃. Тавата обложете ја со хартија за печење. Сите состојки (освен медот, малтодекстринот и матеницата) се мешаат во длабок сад. Потоа се додаваат и претходно споменатите три состојки. Притоа, смесата постојано ја мешате со рацете, сѐ додека не добиете влажно тесто. Со рацете го оформувате тестото, во зависност од тавата за печење. Со остар нож направете крст на средината од лебот. Се пече околу 45 минути. Потоа, се покрива со крпа и се остава да се излади. Чаден лосос Лососот се сече по должина, на парчиња со дебелина од 5 мм. Се отстранува кожата. Се сервира на чинија и секоја порција се попрскува со 2 мали лажици мед и малку свежо мелен бибер. На крај, ставете 1 голема лажица сецкан млад кромид на врвот од јадењето. Сервирајте со две кришки од печеното лепче
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:50 |
Брзи солени колачи од јајца
Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.
Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.
Состојки
3 |
јајца |
3 |
жолчки од јајца |
1/3 шолја |
шолја млеко (80ml) |
1/3 шолја |
шолја слатка павлака (80ml) |
100g |
брокули |
2 |
моркова |
50g |
пченка и зелена боранија (замрзнати) |
1 |
мал домат |
1 кафена лажичка |
крупна сол |
1/2 кафена лажичка |
црн пипер |
100g |
крупно рендан кашкавал |
|
Масло за готвење или путер |
Инструкции за приготвување
- Загрејте ја рерната на температура од 180°C.
- Премачкајте калапи за мафини (не хартиени) со масло или путер.
- Ставете на оган мало тенџере со вода и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
- Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
- Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка црн пипер. Добро изматете ја смесата.
- Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
- Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“ изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од калапите.
- Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.
Варијации
Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси, чаен колбас или кулен.
Вкусни комбинации:
- Сланина и праз. Наместо зеленчуците, во смесата со јајца ставете ситно исечкани и пржени парчиња сланина и праз.
- Колбаси и печурки. Испржете колбаси и печурки, исечкајте ги и додајте по малку во секое колаче, наместо зеленчуците.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:36 |
Макарони со туна
Состојки
250g |
макарони |
|
сол |
1 лажица |
путер |
1 лажица |
обичнo сeнаменско брашно |
1/2 чаша |
Битолско трајно млеко со 3,2% мм |
3 |
јајца |
|
кромид (по вкус) |
1/2 лажичка |
црвен пипер |
|
сок од цеден лимон |
250g |
конзервирана туна |
1/4 шолја |
БиМилк Ајдамер (рендан) |
|
магдонос |
|
пармезан |
Инструкции за приготвување
- Загрејте ја рерната на 180°C.
- Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на кесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
- Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
- Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го Битолското трајно млеко, постојано мешајќи додека не се згусне.
- Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот Ајдамер.
- Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
- Печете во рерна околу 20 минути.
- Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.
Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:43
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |