![]() |
|
Пратеничка функција-етика и морал |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Автор | |
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
По неодамнешната одлука на владата за ’стегање’ на ременот и барање начини на справување со кризата први реагираа нашите пратеници. Сакаат штедење, треба да има рецесија, ама никако тоа да не важи за нив. Нека се избркаат договорците, нека се намали платата на административците, нека не се дадат оние останати 10% покачување на плата за кои гласавме , ама никако да не се чепне во нивната плата, односно во нивната вкупна заработувачка. Толку ми падна жал за Рафиз Алити, Роза Топуровска, Бучковски и другите ’јадници’ кои прокукаа , проплакаа пред камерите и не гледаат зошто во време на економска криза би си ги намалиле своите плати?!Нашите ако, ама нивните, таа светост треба да се чува, да не се чепне. Замајани пред катадневните афери на укинати закони, закони/незакони, одлуки/неодлуки, организирани хајки на оние кои како така барем си ја вршат работата подзаборавивме на овие 120 ’апостоли’ . Заборавивме дека сите овие дејанија во државата се случуваат токму по нивна вина. Законите се нивно промашување, биле тие позиција или опозиција (не се гласани да бегаат од парламентот како пишман невести која го напушта мажот кога ќе и текне и зошто ќе и текне). До кога овие наши избраници ќе земаат плата која не ја заслужиле затоа што сиромаштијата е длабоко навлезена во нашите домови? До кога овие наши избраници ќе се местат себе во комисии, управни одбори, ќе патуваат во странство ко ние што одиме до маалското гранапче? Ката дневно слушаме, читаме изјави за непочитување на закони, за самоволија, за однесувања кои не одговараат на функцијата која ја имаат. Очигледно е дека овие поклоници на титовата максима - За мене постои само судот на мојата партија!? треба малку да закочат, да сватат дека не се избрани од народот за да го иритираат, туку да работат за доброто на народот. Имаат ли тие некој лимит во своето однесување. Има ли шанси тие да научат дека на народот водата му дојде не до грло, туку над вегите и веќе се дави. А давеникот го повлекува со себе и оној кој е до него?! Додуша овие наши мили избраници одамна не се до нас, тие се некаде горе, и со однесување и со плата. До кога?
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |