|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 7891011 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАВЕТ
Христос умре за да ги ослободи од казната оние што згрешија и го прекршија Стариот Завет. Така Исус стана посредник меѓу Бог и луѓето на еден нов завет преку кој сите што се повикани од Бога ќе го примат вечното наследство што Бог им го вети. Ваквиот Завет , всушност, е тестемент:тој стапува на сила само откако ке умри тој што го напишал. Се додека е живо лицето што го остава тестементот, тој не може да се користи. Тестементот станува на сила дури откако ке умре оној што го остава. Затоа и првиот Завет беше воспоставен со употреба на крв како доказ за смрт. Откако мојсеј им ги предаде на луѓето сите Божји закони,зеде крв од бикови и јарција помеша со вода па ги попрска книгата на Божјите закони и сите луѓе, употребувајки гранче од исоп и црвена волна. Потоа им реце: Оваа крв го потврдува заветот што Бог го склуци со вас. Потоа Мојсеј ги попрска со крви Светилиштето и сите предмети што се употребуваат за служба. Всушност спрема Мојсеевиот Закон се се исчистува со попрскување на крв; и без пролевајње на крв нема простување на гревовите. Евреите 9:15-22. Библија. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС ХРИСТОС ЌЕ СЕ ВРАТИ
Откровение 22 6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро. 7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга! 8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!” 10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу! 11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!” 12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! 13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот. 14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите! 15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.” 16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!” 17 Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот! 18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга. 19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга. 20 Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе! 21 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
6 Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде;
Власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. Исаија 9:6 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПСАЛМ 119
123 Моите очи копнеат за Твоето спасение, за Твојот праведен збор. 124 Постапувај со Твојот слуга според Твојата милост и научи ме на Твоите повелби. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Бори се до смрт за вистината,и Господ Бог ќе се бори за тебе.
Мудрост Сиракова 4:32 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се! Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде. Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате. Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос. За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето. Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.
Филипјаните 4:4-9 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован 16:33
Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЈОВАН КРСТИТЕЛ ГО НАЈАВУВА МЕСИЈАТА
Лука 2:15-17 Бидеки народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е Јован Месијата?Затоа Јован им се обрати на сите:Јас ве крштавам со вода, а помене иде поголем од мене,толку голем што јас несум достоен ни сандалите да Му ги одврзам. Тој ке ве крсти со Светиот Дух и со оган. Тој ја има лопатата во рацете и ќе го исчисти Своето гумно: Житото ке го собере во своите амбари, а плевата ке ја изгори во оган што не гасни. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Palavka
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 138 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!” Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина. Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило. Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае. Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА ЛАЖНИТЕ ПРОРОЦИ
Матеја 7 15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци. 16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. 18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. 19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. 20 И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
95:1 Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител!
Ефесјаните 6:17 Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, Ефесјаните 6:18 со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Исаија 55
6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! 7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Зашто земјата која го впива дождот, што често паѓа на неа, и која им раѓа полезни растенија на оние за кои и се обработува, добива благослов од Бога; А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението. Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите. Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно, и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
Евреите 6:7, 9-12 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
6 Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде;
Власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. Исаија 9:6 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |