|
Вистина или фарса - Реформите во здравството |
Внеси реплика | страница <1 7891011 55> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И ти се еден од тие кои мислат, не веруваат... ??? Не веруваш дека сите контролери на летови кои појдоа на штрајк (11.000 луѓе) беа отпуштени од работа ? Ти го посочувам овој пример како еден од најдрастичните, така што треба да ми веруваш за другите кои ги спомнувам во коментарите. Министерот за здравство постапил потполно исправно. Одењето на лекарите на штрајк е од највисока важност за општеството, па како такво бара максимална експедитивност во заземањето соодветен однос кон него. Секакво одложување би имало несакaни здравствени и животни последици за граѓаните. Ако министерот не постапи така требаше веднаш да биде избркан од таа позиција. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа дека контролорите на лет биле сите до еден избркани чисто се сомневам во тоа, бидејќи доколку тоа навистина се случило мора да имале армија на работници кои биле спремни во секој момент да ги заменат старите, а се со една цела да не настанат краш н бурн на 1000 авиони во еден ден, или да не заличи Торонто на огромна депонија. Дека имало избркани имало, но сигурно биле во некоја процентуалност заради кост катинг програм... Така да за ова и не ми е многу верна работава... Кога тоа би се случило Канада би ја потресол еден огромен бран на незадоволства и штрајкови, и според тоа како реагирала власта во Канада би ја прогласиле за диктатура или тренирање строгост... Малку повеќе работите не ми се ок доколку навистина толкав број останал без работа одеднаш а притоа немало никакви други последици и се поминало ок... |
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Со должна почит кон Канада и Канаѓаните... посебно кон Премиерот... ама... ме заболе таквото за тоа што он правел... од кои причини го направил... што сакал да постигне... дали го прекршил законот и процедурите... дали донел политичка одлука... и дали требало или не требало да направи така... врска немам за тоа какви закони има во Канада... какви овластувања има министер или премиер... и таканатамуитаканатаму... П.С. Дојди ти да чекаш кај нас процедурално по нашиве институции... со месеци... па уживај кога некој ќе ти се бутне преку ред... процедурално... Изменето од којсумјас - 23.Септември.2012 во 09:44 |
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се согласувам, иако мислам дека е генерализирање на приказната... А министерчето според мене е во ред... сака да воведе некој ред, да подобри услови на пациенти... плаќањето по учинок е еден дел од приказната... овозможување на работа на приватни специјалистички ординации со плави картони... ене ги во Скопјево доволен број, со квалитетна услуга... па нека ги натера министерот и специјалистите да работат по број на пациенти... немам против... нека ги приватизира како и матичните... негово е да мисли како и што да прави... ама треба ли да се чуе и другата страна...? ми смета донесување на закони за одредена бранша... без да се има консултација и дискусија со претставници од нив... а начинот на работа се однесува за нив... нека прави министерот што замислил, тоа е негово право и должност... ама поминување преку законски процедури... и практично кршење закон од оној кој треба да биде пример за законско работење... не иде... значи ако законот не му овозможува предност на засегнатиот министер... тогаш секој од нив треба да прибегнува кон политички притисок... а бе не може така... освен ако со закон не е така регулирано... а колку што знам, не е... Изменето од којсумјас - 23.Септември.2012 во 09:44 |
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Министерот колку и да се труди да подобри нешто во здравството во МК, рака на срце има и подобрување, постегнати се работите сега, барем од она што можев да видам летоска, а и од кажување на мајка ми која работи во здравството, крајно педерски изигра што му даде на судот да решава за штрајкот.
Инаку ги подржувам лекарите за штрајкот комплетно, бидејќи не може некој да одредува кој лекар ќе зима колку плата. Што ако некој лекар кој отишол да работи во некоја вукојебина, кај што живеат 20 старци, реално е да не исполнува некакви си норми поставени од незнам кого. Тој треба да биде цел живот казнуван со -20 % од плата поради тоа што од објективни причини нема потребен број пациенти. Додека од друга страна некој во Скопје ќе има по 100 пациенти во смена, и глава нема да може да дигне од работа. Е па налет и на такви пари и на некакви си бонуси. А нај педерски од страна на министерството беше кога направија анкета меѓу граѓаните да ги прашаат што мислат за законот за плаќање по учинок на лекарите, кои немаат ама никакво право да се мешаат во тоа. Дека треба да се потстегнуваат работите, тоа стои, ама на ваков начин не. За секоја смена на нештата потребно е време. И покрај тоа судот што одлучил и донел политичка одлука во моментот, или барем под присила од политиката, лекарите да си ја тераат својата работа и да си се изборат за она за што верувам дека имаат право. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мисли што сакаш, само за да имаш уште нешто повеќе да мислиш, Премиерот (не министерот) на провинцијата Онтарио (Канада) преку ред и надвор од нормалните процедури им забрани на учителите да одат на штрајк од први септември, па до неопределено натаму... а нивниот синдикат објави дека токму тоа сакаат да го направат незадоволни од скусувањето на платите, бришењето на заштедени денови и т.н. и т.н. Проблемите што се од посебна важност за најширокиот круг граѓани во општеството секогаш добиваат посебен експедитивен третман. А ти мисли и натаму како што сакаш... или како што би сакал да биде. П.С. Патем, другите процедурално си чекаат на ред со месеци... |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, за жал мнозинството од докторите (особено специјалисти) во оваа земја, баш ги боли за пациентите! И го поддржувам плаќањето по учинок но тоа да биде малку подобро огранизирано, па да не се брои само бројот на пациенти туку и комплексноста на проблемот. Не може во болницава во Прилеп едни да си свиркаат додека 30 пациенти чекаат ред и се молат побрзо да ги примат а други да се утепуваат од работа и не можат ни во тоалет да одат. И не е само тука така, а за жал одамна е..не рекле старите за џабе нишај врата земи плата. А тоа мора да се искорени, само никако да не се потцени трудот на докторот и да се стави на понизок ранк од еден обичен матичен доктор што (ако е како мојов) не знае ни кое апче за што е од овие поновите. Не дај Боже да му спомнеш некој нов лек за обична настинка, ќе мора Гугл да го искористи затоа што прв пат слуша.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Меси, почнувам да мисалм дека ти се забаваш со нас...
а...? Прво - што е тоа што ти е јасно, тебе како поборник на уставот и законите... тоа дека министерот излегол на суд преку ред и надвор од нормални процедури... додека други чекааат со месецим за тебе е ОК... демек било заради заштита од последиците по граѓанството... што збориш бе... ти што мислеше - дека докторчињата ќе штрајкуваат и ќе ги остават болните и итните случаи без грижа...? од кај ти е таа идеја, кој од нив најави такво нешто...? и кои тоа од нив би се осмелиле да направат такво нешто, па малоумни ли се...? Второ - ти што мислиш дека јас, и сличните на мене, сум од Зимбабве, па ќе ми објаснуваш кои служби смеат и под кои услови смеат да штрајкуваат... Трето - Министерското реагирање било на место и фала богу што тоа го сторил навремено. Па ти направи дека докториве ги боли кур за пациентите, а министерчево е херој... ајде бе... па уште фала му на господа... А бе Меси, сега стварно мислам дека ти се заебаваш со нас... море не дупиш бе... или си па толку наивен да веруваш во се што пишуваш... или па сум јас приглуп, па верувам дека ти веруваш во се што пишуваш... и Четврто - алооо... политичка е приказната окулу штрајкот... на тие што им забрануваат штрајк, е затоа што ги сметаат дека се опозициски настроени... и дека позади нив стои опозицијата... блага врска нема она што ти го пишуваш... за малку ќе речев... лупеташ... ама ми текна на она што го напишав како Трето... |
|||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Moreeeeeee kolku nevraboteni imalo vo Toronto i SAD,,,daj da im pomogneme , neka se prijavat kaj nas vo zavodot
|
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не навлегувам во тоа колку се длабоки корените на проблемот во здравството, туку дискутирав за правото на штрајк и како тој се изведува. А околу забраните за штрајкување во високоразвиените земји... токму ТАКА се работи кога се во прашање основните дејности, услуги и сервиси во државата. Не може кога ќе им текне и како ќе им се присака на лекарите, полицијата, учителите, пожарникарите и неколку други струки да одат сите на штрајк и да го остават општеството на цедило затоа што некои работи не им се бендисуваат. Во САД контролорите на аеродромите до еден беа избркани од работа затоа што појдоа на штрајк оставајќи го воздушниот сообраќај без контрола, избркани од работа беа учителите кои појдоа на штрајк оставајќи ги училиштата на почетокот на учебната година, ѓубреджиите во Торонто беа избркани од работа затоа што од градот направија буниште бидејќи отидоа без дозвола на штрајк и не се враќаа кога им беше кажано... да не редам натаму. Во цивилизираните демократски држави демократијата е одговорност. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Апсолутно така мора да биде. Во сите држави е така. Не може вработените во основните општествени сервиси да одат на штрајк како ќе им падне на ум и како што сакаат. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имаме среќа шо дел од Хирурзите кои се во државните болници се во поодминати години или во средно доба па не се одлучни да ги запалат кломпите и да му кидосат преку граница па после тоа да треба да факаме пријатели и за најобична посекотина.
Тоа шо работат приватно и земаат мито не е за оправдување но во услови кога Хирург кој посветил 20 години на учење па повторно субспецијализација па специјализација за на крај да зема плата пониска од стражарот во некои државни институции создава голем револт. Шо сака министерот да направи и тие добри специјалисти кои останаа во државните болници да преминат во приватните болници ..?? |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не би рекол дека 99% од дејностите се покриени т.е рефундирани од фондот. Зошто тогаш жениве се пораѓаат во Свети Лазар или Систина а си плаќаат од свој џеб? Да беше така сите ќе одеа кај што е почисто, поубаво и не им ги "убиваат" децата со професионализмот. А Клинички центар МОРА да работи затоа што е финансирана од државата за да им овозможи услуги на граѓаните на оваа земја. Патем, дури и да рефундира фондот секаква интервенција, таа претходно мораш да ја платиш па да чекаш фондот да ти рефундира средства. А тоа може да потрае прилично долго. Како и да е, ќе се испружиш таму на шалтер пред да си заминеш.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
,,,tolku se razbiram od ovie raboti taka da brishenje ili pokrivanje na moj tekst ,,za mene e seedno ,,,tolku se razbiram od rabotite,,,,
,,,toa i mi beshe poentat ,, kako pacienti ne si gi znaete ,svoite socijalni prava od zdravstvenata svera ,,,,,so site visoko sofisticirani kliniki fondot ima sklucheno dogovori za davanje na medicinski uslovi od site dejnosti vo 99%od zdravstvenite uslugi,,,a posebno od urgentnite,,,,, ,,,,se raboti za neznaenje na sopstvenite prava na pacientite,,,da ne gi poimenichno naslovuvam da ne ispadne reklama ,,vo tukurechi site privatni kliniki ima istaknato na javni i vidlivi mesta za uslovite i pravata na pacientite ,,,,taka da dali klinichki ke raboti ili ne sovrsheno ne e vazhno bidejki ova bi bilo mozhnost i pacienti koi ne bile poprivatnite ova bi im bilo dobra prilika istite da gi posetat ,,,,znachi se ima prostor za izbor ,,,,dodeka so po;icija i vojskata rabotite se poinaku postaveni tie se edni i edinstveni,,,, ,,,,tuka e kraj na mojata diskusija ,,,koj znae znae i ke koristi ,,,a koj ne ,,ke cheka i ke se oslonuva na klinichki,,,, ,,,, pozdrav,,,, |
|||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|||
Внеси реплика | страница <1 7891011 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |