![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 18> |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Почнуваат подготовките за двобојот со Австрија
![]() Селекторот Глигоров одбра 20 ракометарки за оваа акција, досега има само еден отказ. Александра Славковска од Кале Кичево поради повреда на менискус и лигамент на коленото нема да може да биде дел од овие квалификации. До вчера немаше најави дека и би можело да има и други откажувања, единствено што однапред се знае е дека Наташа Коцевска и Олга Бујанова нема да бидат денеска на пладне во "Континентал". Тие ќе се приклучат подоцна на подготовките. Другите 17 ракометарки, вклучувајќи ги и сите интернационалки, треба да бидат денеска на првиот собир. Македонија на 7 јуни, во "Борис Трајковски" ќе ги одмери силите со една од најслабите репрезентации (од редот на тие кои се редовни учесници на првентвата). Реваншот е на 12 јуни во Инсбрук, Австрија. На списокот на Глигоров сега се наоѓаат вкупно 19 ракометарки: Тања Андрејева и Ева Диневска (голмани), Ана Десподовска, Тања Цаневска, Симона Николовска, Наталија Тодоровска (крила) Мирјета Бајрамовска, Наташа Коцевска, Надица Трајковска, Олга Бујанова, Билјана Црвенкоска, Драгица Кресоја, Јулија Партенко, Елена Георгиевска, Душица Георгиевска, Даниела Новеска (бекови), Наташа Младеновска, Робертина Мечевска и Ленче Илкова (пикери). Има повеќе измени во составот во однос на тој со кој Македонија настапи на Европското првенство, но суштински нема битни разлики. Костурот на тимот и играчите врз кои ќе падне најголемиот товар се истите кои играа и на првенството во Македонија. Останува да видиме во каква форма доаѓаат интернационалките затоа што од нив првенствено ќе се очекува да бидат играчите кои би ја однеле Македонија на уште едно СП. Домашните играчи, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа нашиот најсилен тим, ќе имаат можност во подготовките кои следат да надополнат од сето што во текот на сезоната го загубија. Во секој случај нема место за песимизам, противникот е по мерка, па се очекува Македонија по две недели во Скопје да го направи исчекорот кој ќе ја однесе во Шангај во декември. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Коцевски и Бујанова ќе доцнат
Наташа на почетокот на јуни игра плеј оф со својот Баер (Л) и ќе дојде на подготовките на 3 јуни, а од истите причини ќе задоцни и Русинката со македонски пасош од Динамо (Волгоград) Селекторот на женската репрезентација на Македонија Владимир Глигоров, кој веќе го објави поширокиот список од 20 ракометарки за претстојните бараж средби со Австрија за СП 2010 во Кина, контактира со репрезентативките кои играат во странство. Така, на првиот собир, закажан за 27 мај во Скопје, нема да присуствуваат две интернационалки. - Се слушнав со сите ракометарки кои играат во странство и засега се е во ред со нивното доѓање на подготовките со исклучок на Наташа Коцевска и Русинката со македонски пасош Олга Бујанова - вели Глигоров. Коцевска, која е членка на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, игра плеј оф на 1 и 2 јуни со Нирнберг за шампонската титула и најави дека следниот ден доаѓа на подготовките. Од истите причини ќе задоцни и Олга Бујанова, која со рускиот прволигаш Динамо од Волгоград во овој термин ќе се бори за титулата. Очекувам да бидеме во комплетен состав, сериозно ги сфаќаме дуелите со Австријките, веќе собираме информации за нив и мислам дека со добри подготовки можеме да ги минеме и Македонија по шести пат да игра на Светско првенство, со што ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите европски и светски натпреварувања. Што се однесува до контролните средби, се уште немам информации од РФМ дали пред дуелите во баражот со Австрија ќе се одржи "Трофејот Македонија" или ќе одигравме две пријателски средби со селекции од соседството. Засега се комуницира со репрезентациите на Хрватска, Србија, Словенија, Романија, Црна Гора... заврши Глигоров. ![]() Taa Kocevska uste li e vo reprezentacija, vrska nema od rakomet ima sto pati bolje rakometarki od nea vo MK! |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ракометна завршница во Купот на Македонија
Достоинствено и во фер игра пред полна сала да поминат полуфиналето и финалето на ракометниот Куп на Македонија што викендов ќе се одржи во Скопје, е пораката која ја испратија претставниците на клубовите учесници во завршницата. Купот ќе се одржи викендов во салата „Борис Трајковски“, а организатор е Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција беше соопштено дека се запазени сите детали околу регуларноста на натпреварите и во тој контекст е жребувањето на судиите на два часа пред почетокот на полуфиналните дуели. - Еден натпревар е во прашање и нема поправен. Се е можно во Купот. Очекувам да играме финале без во ниту еден момент да го потценам противникот во полуфиналето Пелистер, изјави тренерот на Вардар Про Веселин Вујовиќ. Тренерот на Пелистер Борче Марковски ја истакна фаворитската улога на Вардар, но нагласи дека ќе го дадат максимумот за да го направат полуфиналето неизвесно. - Имаме млада и перспективна екипа и нема да му дозволиме на Металург лесно да стигне до финалето иако има поквалитетна екипа од нас, е коментарот на Стојан Петрушевски, тренерот на МРК Вардар, за мечот со Металург. Во Металург посакуваат сменети улоги со Вардар Про од ланската сезона. Репрезентативците Лазаров и Миркуловски се едногласни дека ќе се спротивстават со сите сили и покрај повредените играчи. - Ако Металург лани беше шампион, а Вардар ни го зема Купот сега нека биде обратно кога веќе Вардар ја обезбеди шампионската титула, истакна Филип Лазаров. Вардар Про - Пелистер од 18:30 и Металург - МРК Вардар од 20:15 се двете полуфинални двојки за в сабота. Финалето е закажано за в недела со почеток од 17:30 часот. ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Без промени на табелата по 24. коло во ракометната Супер лига
Постигнатите резултати во синоќа одиграните натпревари од 24-тото коло од ракометната супер лига не донесоа промени на табелата. Резултати: * МРК Вардар - Вардар Про 28:44 * Металург - Пелистер 36:29 * Преспа - ВВ Тиквеш 33:35 * Борец Младост - Тинекс Пролет 22:30 Табела: 1. Вардар Про 68 бодови 2. Металург 62 3. МРК Вардар 42 4. Пелистер 36 5. Тинекс Пролет 34 6. ВВ Тиквеш 32 7. Борец Младост 6 8. Преспа 4. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Борба за третото место во ракометната супер лига
![]() Во 23-тото коло беа постигнати следниве резултати: Вардар Про - Борец/Младост 46:26, Тинекс Пролет - Металург 30:33, Пелистер - Преспа 39:22, ВВ Тиквеш - МРК Вардар 24:29. Табела: Вардар Про 65, Металург 59, МРК Вардар 42, Пелистер 36, Тинекс Пролет 31, ВВ Тиквеш 29, Борец/Младост 6 и Преспа 4. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Vardar - Metalurg 28 : 27
I vo cetvrtoto derbi pobedi Vardar, mnogu jaka utakmica so mnogu ubavi akcii od dvete ekipi. Imase negde 4'000 publika, odlicno navivanje od Komiti uste ednas povise pokazaa kako se bodri svojata ekipa... Golmanot na vardar e car 16 odbraneti topki!!! Pribak najefikasen od Vardar bese potoa Mojsovski koj so povreda sepak dobro odigra. Igra magicno magicnoooo, Vardar igra fantasticnooooo, oooooo, oooooo ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лазаров го чекаат во Шпанија и во Германија
Ако Кроација Осигурање му понуди неприфатливо финансиско намалување на договорот на Кирил Лазаров, нашиот најдобар ракометен интернационалец кариерата може да ја продолжи во Шпанија или во Германија, соопштува весникот „Дневник“. Тамошните клубови повеќе години по ред се обидуваат да го донесат во своите редови, а сега можеби ќе добијат шанса ако Загреб, поради финансиската криза, не сака или не може да го плати квалитетот на нашиот ракометар. Како можни дестинации за Кире често се споменуваат Сиудад Реал и Барселона. Во Германија повеќе пати го бараа од Флензбург. Април и мај се месеци кога се прават трансферите во европските клубови, па следниве недели можно е да има новини. Леворакиот Лазаров би требало денеска во клупските простории на загрепчани да разговара за својот договор. Тој засега нема најави дали клубот нему ќе му понуди договор со помала вредност. Дојде во клубот како големо засилување, две сезони по ред е најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Пред СП во Хрватска го продолжи договорот со клубот за уште две сезони, па и не може да размислува за заминување, освен ако не го пушти клубот. Загреб Осигурање во моментов има 500.000 евра помалку во буџетот по заминувањето на Теле 2 и ХЕП, и кредит од околу 1.000.000 евра, што беше земен за да се донесе Ивано Балиќ. Според Зоран Гобац, менаџерот на загрепчани, сезонава клубот е задоволен од Вори, Тончи Валчиќ и Дувњак. Повеќе очекувале од Балиќ, кој ниту маркетиншки не им донел профит. Токму за неговиот договорот кој годишно тежи околу 350.000 евра, најмногу се зборува во медиумите. Според хратските медиуми договорот на нашиот Лазаров е помеѓу 150.000 и 300.000 евра по сезона. „Двајца, тројца или четворица ракометари ќе ги задржат сегашните договори, на двајца ќе им се понудат зголемувања, а кај повеќето ќе има намалување“ изјави Гобац за хрватските медиуми. Златко Хорват не го прифатил покачувањето, Домагој Дувњак побарал неколку дена да размисли дали му е доволно зголемен договорот. Во некои европски клубови рецесијата е веќе присутна. Перо Метличиќ кој игра во Сиудад Реал вели дека нема „кратење“ на договорите на играчите, иако рецесијата се чувствува, па клубовите ги намалуваат трошоците на друг начин. ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Стојановиќ преку Катар до Вардар
Раде Стојановиќ, чиј репрезентативен статус стана нејасен по конфликтот и наводната физичка пресметка со селекторот Илија Темелковски за време на СП во Хрватска, следната сезона би требало да се врати во Македонија, по седум години интернационална кариера. Се очекува поранешниот лев бек на Пелистер да го облече дресот на Вардар, откако веќе имал прелиминарни контакти со претседателот Михајло Михајловски. Во меѓувреме, Стојановиќ треба да замине на едномесечна печалба во Катар за да му помогне на тимот на Ал-Рајан во тамошниот суперкуп. По заминувањето од Битола, Стојановиќ прво го носеше дресот на Тримо Требње, а потоа стана еден од клучните поединци во сега веќе пропаднатиот проект Голд клуб, кој прв ја начна доминацијата на Целје на домашната сцена. Оттаму си замина по завршувањето на минатата сезона и оттогаш кариерата му е во застој, прво поради погрешниот избор на новиот клуб, шпански Октавио Пилотес, а потоа не се изнаигра ниту во Горење, кој не му го продолжи договорот зимоска. ![]() Leleee zakooonnn so Mojsovski rastur ke pravat ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Одложениот меч Белгија - Македонија на 6. јуни во Херстал
Одложениот квалификациски натпревар за Европското првенство 2010 година во Австрија на македонската машка сениорска ракометна репрезентација со Белгија, на гостински терен ќе се одигра на 6. јуни во Херстал. Првично мечот беше закажан и требаше да се одигра на 22. март, но поради лошите временски услови и затворениот скопски аеродром репрезентацијата не отпатува за Белгија и истиот требаше да биде презакажан. Двете репрезентации седум дена подоцна ќе играат во Македонија. До крајот на квалификацискиот циклус Македонија ќе одигра уште три натпревари, на 10. јуни против Норвешка на гости, на 17. јуни со Исланд исто така на теренот на противникот и со Норвешка на 21. јуни во Скопје. Првопласираните две репрезентации од групата ќе играат на завршниот турнир. Македонија моментно е на четврто место со три бода од три меча. Лидерската позиција ја делат Исланд и Норвешка со по 7 бода. ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Веселин Вујовиќ му пропаѓа инвестиција вредна 350.000 евра?!
Тренерот на машкиот ракометен прволигаш Вардар Про, Црногорецот Веселин Вујовиќ, деновиве има мака целосно да се посвети на клучниот меч на неговиот тим против Металург, кој треба да го даде новиот шампион на Македонија. Причина за тоа се големите проблемите кои ги има со својата инвестиција во српскиот град Шабац, каде што со години настапуваше во дресот на некогашниот европски шампион Металопластика, кои се закануваат целосно да го банкротираат. Според пишувањата на српскиот весник „к*рир“, Вујовиќ и неговиот некогашен соиграч Бранислав Ѓукановиќ, можат да останат без повеќегодишното вложување во спортски комплекс вреден повеќе од 350.000 евра. Тоа може да се случи поради промените во Урбанистичкиот план на Шабац поради кои Вујовиќ и неговиот партнер веќе поднеле кривични пријави против одредени локални функционери, кои засега седат затскриени во полициските фиоки. Инвестицијата на тренерот на Вардар Про почнала уште во 1992 година преку фирмата „Марбо“, која склопила договор со спортскиот сојуз на Шабац за заедничко вложување за изградба на спортски комплекс. - Ѓукановиќ и јас целиот свој капитал заработен со играње во странство сакавме да го вложиме во нашиот Шабац и тоа во спортски комплекс по принципот „ние парите, вие земјиштето“. Тоа веднаш беше промовирано во проект на деценијата. Договорот предвидуваше изградба на два базени, тениски терени, деловен објект и ресторан. Сè беше добро додека ние дававме пари и додека не потрошивме во тоа време 650.000 германски марки. Е, после тоа општинските моќници почнаа да ја стопираат работата со разни оправдувања. Сето ова е навистина непријатна ситуација - изјави за „к*рир“ тренерот на Вардар Про, Вујовиќ. ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вардар Про остана на првата позиција
Во ракометниот шампионат, во 20. коло, Вардар Про очекувано триумфираше над Винарска визба Тиквеш со 39:22 и остана на првата позиција на табелата. Вардар Про има предност од три бода пред единствениот ривал Металург, кој се радуваше против МРК Вардар со 37:24. Во мечот за опстанок Борец Младост ја совлада Преспа со 29:22, па сега има бод повеќе од конк*рентот и е на седмото место што обезбедува натамошен настап во Супер лигата. Ракометарите на Пелистер го дополнија успешниот ден за битолските екипи со победа кај Тинекс Пролет со 27:20. Samo napred vardare!!! |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Komitsko ludilo vo novata sala
Vardar - Metalurg http://www.youtube.com/watch?v=Rpm6mPVWFRM&feature=channel_page Изменето од Vardar1947 - 14.Април.2009 во 11:44 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |