|
Денес... |
Внеси реплика | страница <1 7891011 566> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...... Ја сам Изненаѓена... али не и Увреѓена....
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес ме седнаа на столче да чекам дваесетина минути...
Ме понудија кафе,али без можност за цигара.Па го одбив. Не идеше така пицнат сега со цигарата у уста пред фирма ко пред кооперација. После додуша кога влегов кај директорот ме испоштува и со кафе и со цигара. Нејсе...Што верглаат по турскине филмои. Отворив фејсбук.Прво ми излезе интервју со Варвара Визбор. Па оти така си ја симпатишем,земав да го читнам. Откако го прочитав се утепав од враќање филмои има ли некој што ова би го кажал за Скопје,а би сакал. Најповеќе да тоа чувство за Скопје го носам у себе, а не само носталгија за тоа како некад било убаво. Ете ти има градови кои како раснеме се разубавуваат. Кога некој денес би ме прашал,јас без размислување би ја одбрал Москва. Не од перспектива на стандард и ред други параметри.Но заради топлината со која зрачи,дури и на стотици метри под земја.Во метроата. |
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Денес zamislena ми го стопи срцето . Или сум слаб на срце, или ти си многу јака, или и двете. Во секој случај некое време останав без зборови, а и ми беше убаво додека собирав импресии од тебе (откако прочитав се од денеска) иако во исто време се осетив и немоќен.. нема врска, сакам да кажам морав да изразам љубов према тебе
Загледав прееска еден филм на телевизија (A Wrinkle in Time), имаше една жена mrs Who (госпоѓа Што) и цело време збореше во цитати од разни свери ама секад ја погаѓаше поентата, па незнам дали ти ме потсети на нејзе или она на тебе и така.. https://www.youtube.com/watch?v=sLm3Khusq_8 fun fact: Додека го пишував постов врвцата од дуксерот ми се заглави во кулерот од лаптопот, го укочи, ама искочи лесно добро е :D |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво,браво ортак...Па после да делиме пола-пола че речиш!
И вчера и денес па и утре застојот од две недели низ нос ми излегува. |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes shubo si vrnucka sade za prilegnuvanje na rabota e,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес.. залади многу.. можеби и вчера завчера.. вардете се..
Изменето од paralelogram - 19.Ноември.2018 во 00:23 |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес идам у маркет рано посабајле!
Како за недела у тренерка,со елече и оти маркетот ми е блиску у пластична папуча. Оние модерните со дупчиња. Пред мене на каса наконтена чиниш за сваќа една го наполни кесето,плати кеш. Е маци дај ми бе и една кутија вест ама на картичка!Впишуе пин и ги наплаќа. Е цуци дај и за оној мојот еден бос. Пак пишуе пин,и дава сметки.Како ја вади продавачката картицата...Лелеееее душо кај ми е паметов дај и едно кесенце(денар е чоеЧе,денар!) исто на картица си ги чувам овие у црн фонд! Прибира кесите,у меѓувреме ја си зимам и наплаќам една кутија цигари.Па заедно излегуваме. Од вратата лево после две скали има корпа за отпад, сваќава нога само шо пушти надвор од маркет ги пушти онака пеерски фискалните покрај врата и се заврте. У тој момент се наведнуем и ги зимам демек да види кај им е местото,ма јок бре!Мациво,срцено душана уште побрзо се заврте назад и му ја летна... И така денов бош ми почна,а ми текне а не можам да се изначудам шо се шета низ градов. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес, некој се радуваше, некој тагуваше
а јас си добив кладба
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес од муабетите со баба ми...
-Касни мандарини. -Бабо уште ми е тешко од доручекот. -Ако ме сакаш ќе земеш! После половина час.. -Земи си од политанките ќе се расипат така. -Бабо... -Ако нејќеш да умрам ќе земеш. А шта речи кога си имаш работа со девеесе годишен мариоец. |
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес е посебен ден, денес се чуствувам посебен..
Данас нема хлеба данас нема млека.. Денеска сакам кафето да биде горко, не, денеска сакам кафето да биде отров.. Данас за нас шансе више не постоје, данас спремни сви за пут према доље.. Денес е специјален ден денес можам, кого сакам да извадам од кожа.. (ова се стихови од песни мене денес не ми се случи многу) |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес,не по моја вина неделаааа!
И иако идивиди си знае да си ја фатам јас хронологијата. Со еден апаш си имав маки на терасата.Кафето никако раат. Дигни канта,собери ѓубре,па у тој моментум на нервоза бигот јаде над осум иљади обртаи да се запали првата цигара. Неколку дена наназад приказната беше поинаква.Поодамна навечер оставам на терасата без можност за диверзии.Подметачот од столчето фатен со штипкаааа...И нема лезет некако ми фали оној мини хаос од пријателоооот.Но небитно,си го терам редот.Иако у глаа ме јаде јанѕата што ли он сега,тоа и каде. Па ете ти го пред некој ден.Излегувам јас,а он убавец ко и ја со светли очи зелени мислиш ќе ме пробие со погледот,и збори без збор да каже. Ме скрши тука.Два дена ко два мачори се гледавме он на работ од балконот јас прилепен за ѕидот на столот. И ете ме аха за денес зборевме... Со виршла во рака излегувам на тераса,тој ербап слободен од никого не зависен!Помислив гордоста нема да му даде и лут ми е,па само ќе скокне од балконот.Може некои десетина секунди виршлата не ја ни регистрираше.Ме стави на детектор,поглед од мене не симна.Почна виршлата да ми се клати во рака и на мисла бев гордоста да не му ја повредувам. Скоро да го фатив замавот за да ја фрлам во тревникот.Кога ете го мајчиниот елегантно ми се приближи сврте два круга околу моите нозе и застана пак простум да ме гледа.Седнав.Ко најбољи другар од војска без мислење ми рипна во скут ја зема виршлата и помирувањето го склопивме. Еве му се мислам у тек сум со сите политички збиднувања,али овој ербапот не е ко кладнециве од дпне-то,а за воља на вистината па и ја не сум гладен ко чакаливе од есдеес-то. Значи да скратааам Денес со мачето на тераса цел ден лабаво. |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes ulplativme za Lido Di Jesolo Italija i se custvuvam srekno,vozbudeno.Inaku premnogu obvrski nedelava se cuvstvuvam izmoreno.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес одлично тргна денов.
Пладнево ми го расипа продолжениот викенд. Се измкнав од кревет во шест сабајле.Со поглед на енѕероно сркнав каве.Отидов на чорба у Европа...Не,не провоцирам ништо политики.Онаа Европа во Охрид кај старата автобуска.И после ми се деси најубавото привидение.Ос северо-источната страна после чинарот тргнав накај амфитеатарот за да стигнам до Плаошник.На самиот влез кај капијата седеше девојка со укулеле чинам беше,во широки панталони со црвена марама на главата и боже мој како ли го викаат долго тенко палтенце,а не е палтенце знам ама како го викаат не знам.Ги вадеше најнежните звуци.Со насмевка само ги сретнавме и разминавме погледите.Дури и од скришум не сакав да вадам телефон за да сликнам. Над нејзе после зидината ѕиркаше и камбанеријата како од некоја прикаска. Но не македонска и народна,туку онаа која започнува некаде после седумте мориња. Туку да си скратам јас убаво тргна но тој мој потпис утре у онаа скапаница од град денес од тука ме брка. И не беше тој таков,цело убаво детство тој ми даде.Но...друг пат,ќе ги оставам убавите моменти од денес да потраат. Изменето од Орка - 11.Октомври.2018 во 11:58 |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес ќе пробам барем еден дел од оние
работи ај утре ќе видам,да ги завршам. Се надевам,еве реков од девет ќе почнам да мислам по кој ред. |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 566> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |