IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8283848586 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 14:19
Uste da veruvav vo ogranicuvanja .....
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
heptagram Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај heptagram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 19:40
Еве еден од лесните начини да определите кој подзнак сте. Во есејот нема што значат знаците, ниту пак подзнакот, ниту планетите и нивното влијание во зависност од тоа во која куќа, или пак меѓусебениот нивни сооднос.
Повелете, како да го определите својот астролошки подзнак!

Изменето од heptagram - 13.Јануари.2011 во 19:41
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 17:17
Близнаци: ........... па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано.  iiiiiiiiiiii ne sum znaelaизненадување
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 20:36
Овен: Пазете се од првиот знак во зодијакот. Овните се оргазмични и во тоа лесно ќе се уверите доколку се најдете во нивно друштво. Енергијата на овенот сугерира да преземете одговорност за да доживеете сопствено задоволство.

Бик: Воведете некое јадење во сексуалниот чин. Може да биде шлаг-пена, јагоди, чоколадо, мед или што било друго. Употребете ја вашата имагинација. Биковите управуваат со апетитот, па нивната космичка енергија вели: „Зошто да не се наполни стомакот и воедно да се задоволат и подолните предели?“

Близнаци: Овој знак сака муабетење, па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано. Нема да згрешите ако на близнаците им кажувате реченици од типот: „Сакам (придавка) да ти го (глагол) на твоето (некој дел од телото)“.

Рак: Обидете се со нежност, нежни бакнежи, слатки шепотења, бескрајни допири… Енергијата на ракот е сензуална. Овој знак владее со стомакот и градите, па може да почнете од таму.

Лав: Направете претстава. Лавот е знакот на шоу-бизнисот, а сите знаеме дека не може да има шоу без публика. Енергијата на лавот сугерира да се започне уште во диско-клубот. Фатете се за шипката или качете се на бината и почнете да работите на случајот.

Девица: Дајте им масажа, по можност со среќен крај . Истражете на интернет кои мускули треба да ги допирате и на кој начин. Нивната енергија се асоцира со здравјето и благосостојбата, и тоа во физичка смисла. Доколку научите повеќе за физиологијата, ќе бидете посамоуверени со девицата и ќе можете и самите да доживеете поголемо задоволство.

Вага: Вагата е знак на елеганцијата. Ќе ја возбудите со чипкана долна облека и/или чаршафи со специфични плетки. Секогаш мислете на извонредните додатоци кои ќе ја освојат вашата вага.

Скорпија: Срушете ги границите на перверзиите. Енергијата на скорпиите може да биде дива и животинска. За секого е различно. Запрашајте се која е вашата граница и границата на вашиот партнер, а потоа пречекорете ја.

Стрелец: Локацијата е сè за стрелецот. Извадете го надвор од креветот и однесете го во кујната, во вашиот автомобил, во лифтот, во просторијата за палта во дискотеката… секое место што ќе ви падне на памет, а притоа не би ве уапсиле.

Јарец: Неговата енергија е во знакот на моќта и авторитетот. Во играта со господарот и слугата, јарецот дефинитивно е господарот. Во овој дух, преземете иницијатива и направете нешто надвор од вообичаеното. Опционално можете да вклучите црна кожа во играта.

Водолија: Појдете во некоја продавница за „играчки“ и купете некои од најинтересните. Чисто за појаснување, ова се такви играчки кои не би ги отпакувале заедно со своите родители во собата. Има голем избор. Па, забавувајте се.

Риби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.

_______________________

Interesno u sekoj sluchaj xD
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 15:43
Sagittarius...комбинација со бик или рипче прашање е сега!!!


http://www.free-animations.co.uk/fish/mermaids/images/mermaid_1.gif    http://60sfurther.com/FrankFrazetta/TaiChiTaurus-th.jpg   http://www.zenskiprincip.com.mk/images/stories/horoskop/taurus.jpg http://astrologermo.files.wordpress.com/2010/04/taurus.jpg

Љубовта помеѓу СТРЕЛЕЦ и БИК  може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност. На почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа. Овие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира. Бикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.

http://th01.deviantart.com/fs30/300W/i/2008/117/5/0/TAURUS_by_hypnotises.jpg         http://www.astrocenter.com/us/images/horoscopeModule/UnpersBigIm_Horoscope_Sagittarius.jpg      http://www.lightparty.com/Artainment/images/SagJohfra.jpeg  

Бикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат. На стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“. Бикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.

http://i48.tinypic.com/3150fa8.jpg    sagittarius           Sagittarius_by_ming85.jpg%20Sagittarius%20by%20ming85%20on%20deviantart.com    http://thelittlechimpsociety.com/wp-content/uploads/2010/12/Sagittarius_LCS3.jpg  

Бикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала. Кога СТРЕЛЕЦ и РИБА  стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер. Стрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.


http://www.free-animations.co.uk/fish/sharks/images/shark_3.gif http://www.animationbuddy.com/Animation/Animals/Fish/Drunk_fish.gifhttp://www.eclectech.co.uk/b3ta/fishumbrella.gifhttp://www.capthooksportfishing.com/images/Fish_animated.gif http://gorillaartfare.com/wp-content/uploads/2008/05/fish_pipe.gif

Стрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии. Стрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите. Рибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.Понекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“. Стрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.

http://download.wapday.com/animation/connteent/15370-t/cartoon_beta_swimming.gif http://www.mwise.com/cdp-cms-ui/uploads/GIF/A/Animation_Animals_Golden_Fish_cV100_aquarium1.gif http://download.wapday.com/animation/connteent/15418-t/school_of_scuba_fish.gif http://www.free-animations.co.uk/fish/dolphins/images/dolphin_19.gif http://www.free-animations.co.uk/fish/mermaids/images/mermaid_6.gif

Најдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна.



Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 18:32
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 01:56
 
 
 

Овен
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, поднова… Со еден збор ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментно ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.

Бик
Биковите се повљубени од вообичаено. Денес може да ја „изгубите главата“, кога најмалку се надевате. Евидентни се засилени емотивни реакции. Под услов да сте исполнети, тие ќе бидат сведени на минимум. Во спротивно, ќе има неволји. Настојувајте вниманието да го насочите на позитивни работи, а не на судири со околината.

Близнаци
Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во практика и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

Рак
Со Близнаците одлично соработувате, што не е честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, па можеби сте малку површини. Ќе мине и таа состојба, но желбата за знаење нема. Ситуацијата бара преквалификација т.е. стручно усовршување. Планирате нови семејни средби. Не мирувате.

Лав
Лавовите се среќни и задоволни. Во ова расположение повеќе уживаат машките претставници на знакот, но ниту Лавиците нема да останат со куси ракави. Неочекуваните настани ви го враќаат оптимизмот, а една средба буди нови надежи. Со Водолиите ќе воспоставите другарски контакт, бидејќи тие имаат кренато раце од нешто посериозно.

Девица
Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Тие се далеку од стереотипното размислување и „проза“. Тоа е ваша мала интима. Фантазирате за една средба.

Терезија
Бурни реакции, кавги и нервирања… Терезиите што се обезбедиле на емотивен план нема да ги имаат овие проблеми. Тие се мирни како бубачки. Оние другите, со помалку среќа, незадоволството ќе го префрлаат на околината, обвинувајќи ја за сопствените неуспеси. Се надеваме дека припаѓате на првата група и не ширите нервоза.

Скорпија
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.

Стрелец
Се’ ви оди од рака. Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Со партнерот остварувате хармонична и корисна врска, од која обајцата профитирате. Тој мора повеќе да работи, а вие сте задолжени за „маркетинг“. Така се однесуваат повеќето припадници на знакот. Денес излезете во друштво и забавувајте се.

Јарец
Пред вас има многу работа, а малку помош. Под услов животот да го делите со Стрелец, морате постојано да работите. Додека тој себично ужива, вие се грижите за прозаични работи, зашто сте припадник на практичен земјен знак. Доколку сте здружени со припадник на некој воден знак, ќе имате поинаква среќа.

Водолија
Прекрасните мигови со Лавовите се базираат на другарство. Сфаќате дека од нив сте очекувале невозможно и не ви е јасно како е можно да сте биле толку „глупави“. Ситуацијата е разбистрена, па кон партнерот сте потолерантни од инаку. Семејните настани влијаат на плимата на оптимизам и аспектите на надворешна среќа.

Риби
Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте ги во недостатокот на виталност, па настојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е само субјективно и минливо.


Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 22:32
Јарец

Староста на Јарците е како виното - колку постаро, толку подобро. Тие се личности кои сигурно ќе уживаат во залезот на животот, па дури и ќе се препуштат на задоволствата кои ги нуди животот, и тоа повеќе отколку во деновите на младоста.

-Јес! Нема да бидам стара, огорчена, фригидна баба.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
bagzy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Декември.2010
Локација: Ireland
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bagzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 17:04
jas ne veruvam u horoskopi
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 17:02
Mora da mi e los horoskopot .... kako da sum blokirana ..... замисленост
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 22:37

Хороскопските знаци во староста

Не постои личност која барем еднаш не се запрашала како ќе изгледа кога ќе остари.

Пронајдете го својот хороскопски знак и дознајте нешто за вашата иднина.

Овен

Овните ниту во староста нема да се откажат од спортските активности, а ако во случај на болест бидат спречени да спортуваат ќе станат вистински гњаватори. Тие ќе се обидат да го задржат ритамот на дневни обврски, како и додека биле млади.

Бик

Биковите и во староста ќе се вртат околу материјалното богатство. Нема лесно да го делат. Во случај на немаштија во староста, ќе станат личност исполнета со горчини и незадоволства.

Близнаци

Близнаците се друштвени луѓе, поради тоа и во старите денови многу ќе се дружат. Доколку покрај себе имаат брачен другар сличен на себе, никогаш нема да им биде здодевно, нивната старост ќе биде исполнета со разни активности и патувања. Доколку останат сами, нема да им треба многу време за да ги обноват старите пријателства или пак да создадат нови.

Рак

Целиот живот се многу емотивни, па тоа нема да го променат ни во староста. Доколку имаат семејство, староста ќе им биде исполнета со постојани посети, а ако останат сами староста ќе им биде тажна и полна со меланхолија.

Лав

Често со своите вистински, претерани или измислени приказни ќе ги "воодушевуваат" своите блиски. Ако навистина постигнале нешто во животот ќе бидат многу горди.

Девица

Ќе се занимаваат со секојдневни активности и ќе уживаат во малите нешта. Ако имале среќен живот или пак брак, ќе бидат задоволни и во староста. Девиците сакат да имаат домашна аптека во која може да најдат лек за физичките и менталните проблеми.

Вага

Идеал гледаат во брачниот живот и ако во староста останат без брачниот партнер, лесно ќе ја пронајдат своја друга половина. Љубовта и искреноста им се водичи низ животот, друго ништо не им е важно.

Шкорпија

Кога ќе ги победат сите важни животни борби и ќе постигнат нешто важно, ќе ги пребродат сите проблеми, староста ќе ја поминат размислувајќи за своите борби. Никогаш нема да се препуштат на годините, секогаш ќе се занимаваат со различни активности.

Стрелец

Заштитен знак за староста на овој знак ќе бидат мудрите совети кои ќе ги дели насекаде. Постои можност и да се повлечат сами во себе, но со веселиот темперамент ќе успеат да го надминат тоа.

Јарец

Староста на Јарците е како виното - колку постаро, толку подобро. Тие се личности кои сигурно ќе уживаат во залезот на животот, па дури и ќе се препуштат на задоволствата кои ги нуди животот, и тоа повеќе отколку во деновите на младоста.

Водолија

Никогаш не е предоцна да научите да возите автомобил, да се занимавате со јога, па дури и да имате 80 години. За вас не постои клaсична старост, бидејќи нема да се чувствувате старо или барем тоа нема да го признавате. Со вас никогаш нема да биде здодевно, бидејќи секој ден ќе откривате нешто ново.

Риби

Интересно хоби, креативна работа или одмор - тоа целосно зависи од вас. Нема да биде необично ако живеете во свој свет, но некои остроумни Риби ќе бидат во состојба и да глумат. Не се грижете доколку староста ја поминете во излежување. Во тоа ќе уживате.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 20:19
Бик: Напрво ќе се однесува како да не слушнал/а што сте му кажале. Потоа ќе негодува и ќе се спротиставува (мора да се работи за грешка). Ако не ве увери како што треба -следи мито.

Близнаци: Истата секунда кога ќе ги обвините за лажење, тие ќе почнат со раскажување вицови, еден по друг, за Шехерезада и 1001 ноќ и така во недоглед. Како и обично, ќе заборавите што сте сакале да кажете и како се викате.

Vistina :))))
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 14:31
Љубовната врска помеѓу  ВАГА и СТРЕЛЕЦ

претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг.

 http://images04.olx.com.br/ui/2/15/90/20371590_1.jpg   http://mobilewallpapers.narod.ru/zodiac/images/strelec_1.gif   http://www.zamirzine.net/IMG/jpg/zena-muskarac-vaga.jpg    luk%20i%20strela

Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.Покрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.

http://fineartamerica.com/images-medium/sagittarius-katerina-tsibouraki.jpg      http://nd01.jxs.cz/945/500/1c8e43f3b2_36040360_o2.jpg      http://media.comicvine.com/uploads/0/8632/270709-190008-libra_large.jpg         http://x79.xanga.com/b60864637073212159868/z7570814.jpg

Несогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.Вагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.

http://lava360.com/wp-content/uploads/2010/08/fantastic_worlds3.jpg         http://fortunita.info/Image/zodiak/strelec.jpg         http://1.bp.blogspot.com/_EBVu9ShWDgA/SUAbmvkc0gI/AAAAAAAAAhg/-d8Z03xTrjc/s320/sagittarius.jpg

Стрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови. Најдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план...да



Изменето од bijonse1 - 26.Декември.2010 во 14:46
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 19:41
Хороскопот владее со јазикот
 
Прочитајте како вашиот хороскопски знак ви налага да се однесувате.

Ви се случува ли да го изгубите трпението и да кажете работи кои можеби вистински, не ги мислите?!

Како хороскопот влијае на вашиот "јазик"?

Некои хороскопски знаци полесно проценуваат кога е исклучително важно да ја држат устата затворена.

Знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се Стрелец, Водолија, Овен и до извесен степен Близнаци. Стрелецот и Овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.

Водолијата ја цени искреноста, и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината.

Близнаците исто така се склони да кажат повеќе работи одошто е потребно, и потоа да се каат за тоа.

Девицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.

Шкорпиите се промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и знаат луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро. Можеби не звучи добро, но тие уживаат во тоа.

Бикот, Вагата и Рибите преферираат да останат смирени и мили, секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите лоши мисли кои ги имаат. Но, ако доволно го иритирате Бикот, тој ќе "експлодира" и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара.

Лавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.

Јарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.
 
Ракот и Рибите не сакаат бурни ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. На овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им пречи, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 19:35
Бик: Најпрво ќе се однесува како да не слушнал/а што сте му кажале. Потоа ќе негодува и ќе се спротиставува (мора да се работи за грешка). Ако не ве увери како што треба -следи мито. смеење
--------------------------------------------------------------------------------
Има вистина во оватрепкање
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8283848586 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,273 секунди.