|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 8182838485 200> |
Автор | |||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Messenger пријтеле, те разбирам ти што сакаш да кажеш, но изгледа не ти е јасна фактичката ситуација во Р.М. Ако дојде СДСМ (или било кој) на Власт и одлучи да не ја плаќа таа половина од рата, нема да ја плаќа и не постои Суд на светот што ќе ја натера Владата да плаќа. Банките, бидејќи скоро 90% од нив им треба Владата и сателитските бизниси што се вртат околу неа (за жал во мкд бизнисот се движи таму каде што се движи Владата), ќе си ги наплатат побарувањата од граѓаните. Не го барам јас гарантот во типот и видот на договор што ќе се потпише, туку во доследното почитување на истиот. Сакам да имплицирам за ефективноста, независноста и арбитражата на Судовите. Во мкд, 90% од вработените се со партиска книшка и партиски послушници. Остантите 10% се администрација и технички сервис на судовите (хигиена, ИТ сектор и слично, што врска нема со право). А не знам дали си запознаен, Банките сорабутаваат и даваат овердафт кредити на оние мали бизниси кои се блиски до тендерите и проектите кои ги работи Владата. Па, така како најголем гарант, работодавач и двигател на бизнисот во мкд, не е приватниот независен сектор, туку Владата како таква, и претпријатијата сателити на Владата. Така е поставен темелот уште од 1991 година и нема индикации дека тоа ќе се смени во наредните , па да не претерам, 50 години. На Банката, многу поважен играч му е Влада, одколку јас како граѓанин, јас како успешен стопаственик, јас како претприемач. Ако утре, Влада одлучи ради ххх причини да не ја плаќа таа половина рата, едноставно кажано, чао пријатељу, ќе си плаќаш цела рата. Ако немаш, остана ти без кров на глава. Влада никој нема да ја чепне, ниту нешто ќе и приговори. Да, Судот ќе осуди, но нема да изврши.
Ако јас земам партиска книшка од актуелната Влада (СДСМ, ВМРО, ЈМРО, СДРТО и не е ни важно), отворам фирма, верувај ми, дека 90% од тендерите на кои ќе се јавам, ќе ги добијам. Ако припаѓам во оние 15% (а припаѓам) претприемачи, кои немаат никаква врска со политика и Влада, Банката или не ми одобрува кредити или ми одоборува со половична сума, на пократок рок, со астрономска камата( ова од лично искуство, верувај ми мака си имам). Многу е важно да Владата на Р.М. те покрива на некој начин. Владата на Р.М. е секаде итегрирана во бизнис сферата во Македонија. Најмногу во Судовите, а од Судовите најмногу во арбитражните, извршните и стопанствените. Сите судии се нивни. За да ме разбереш ќе споделам личен пример со тебе. Пред изборите во МКД, добивме проект за обука, кој секако беше во соработка со Влада. Потпишавме договор со Влада како правно лице. За да се реализира проектот, ни требаа финансии. Побаравме кредит од приватна странска Банка во МКД. Ни го одобрија веднаш, со поволности, со се. Проектот требаше да трае 4 години. Арно ама, дојдоа изборите, се смени администрацијата, и директорот на подрачна единица на министерството со кое требаше да се реализира проектот, оп, на сред проект вика, не работам јас со вас повеќе, нема да се работи проектот. Договорот јасно кажува дека ако Влада го стори тоа, треба да ми исплати како за цел проект. Пријателе, ни денар не ми платија за дотогаш сработеното, не па ли остананто да го платат. Судот пресуди во моја полза, но во разговори со судии и адвокати, ми кажаа да си ги заборавам парите, зошто никој нема да изврши наплата на побарувања. Банката, од посредни извори дозна за раскинувањето на договорот, ми ја сменија каматна стапка на редовна. Така да јас фини лепо, потоа цела година работев за да вратам пари на Банка (скоро дупло). Тоа е Мкд пријателе. Е сега те прашувам, кој гарантира за после тие 5 години? Изменето од pHp - 01.Февруари.2012 во 13:47 |
|||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересна работа како тоа овој народ чека се на готово.
Зачуден сум од некои коментари дека Владата на РМ треба да дели станови на тие што немаат. Како бе?!? Владата треба да гради?!? Како тоа?!? Владата може да гради објекти за општо добро на граѓаните, токму оние што вие ги имате спомнато, спортски сали, тениски игралишта, згради за министерствата (или СК 2014) и слично. Не може да влегува во бизнис зделки кои чинат милиони евра. А што, тие станови ќе ги гради со парите на граѓаните и пак кој лапне, лапне. Кој не, ем му ги потрошиле парите што му ги (на некој начин) украле од него, ем ни С од стан нема да види. И секогаш и секаде е така. Кој има ќе има, кој не треба да се избори за да има. Ниту една држава од рангот на МК нема да донесе одлука да дели станови на кој стигне затоа што немале пари. Не е ова Катар или ОАЕ па имаат одвише пари и ај ќе поклонуваме станови. Одиш на пазар и купиваш банани. И сиромашниот и богатиот толку ги плаќа. Одиш во градежна фирма или агенција, купуваш стан. И сиромашниот и богатиот исто ќе го плати станот. Никој не е обесправен. Зошто за сиромашните да е гратис, за богатите дупло поскапо... |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...ochigledno e za kogo se ''nameneti'' tie (po)eftini stanovi , zatoa shto retko koj vo zemjava moze da zema ( i zima) 900 evra sekoj mesec,...pa , makar i dvajca rabotele. ...pogleednete samo koj së moze i ke pobara kredit( i chii se tie!!) i se ke bide pojasno toa,... za kogo e izmislena ovaa ''neverojatna'' moznost,....i ''najshirokite'' masi,..... da si ja pokrijat glavata. ...znachi,...i tuka vazi onaa:...koj ima ...ke ima ushte povekje ,..a,koj nema ...nikogash i nema da ima! |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во врска останатиот дел: Се согласувам дека економијата функционира така - но затоа и се јавуваат разни кризи, тој начин на функционирање не е добар и ако не ни се допаѓа треба да се направи нешто да се смени - екномијата треба да биде во служба на луѓето, а не обратно. Интересно што иако сме неаздоволни од таквиот свет малце или ништо не правиме тоа да се смени, или некои го прават тоа на погрешен начин(кршење излози, окупирање на берзи, непотребни расправии со полицијата и тн.) Системот најубаво се менува од внатре. |
|||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А јас пак забележувам дека вие во секое нешто гледате само негативности.
Дури и кога свети сонце велите дека не е фер оти ги осветлува и грее оние кои не го заслужуваат тоа. Но, било како, ќе дозволам ти да си во право. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
едно другарче во скоро време ме насмеа, вика „Проектов требало да го крстат купи си станче во Скопје“
инаку, јас сум револтиран од истите ствари од кои се изреволтирани и mamamd и којсумјас, досегашното искуство ни кажува какви се луѓе не се доселени (барем во мојот град) во станови кои беа на сличен ваков начин предвидени... видете какви коли само се паркирани пред социјални станови и какви се социјалните станови, и ќе ви стане јасно само не сакав да започнувам дискусија, бидејќи немаше да биде цврсто основана... реално гледано, ваквите проекти се со добра цел, но нема еден пример каде не се на велико злоупотребени од оние кои ги спровеле, па нормално е да се биде скептик околу сето ова... инаку, меси, тоа што го набројуваш како влијание врз стандардот и економијата, се всушност индиректни влијанија кои постојат со, или без проектов... како и да е, продажбата на мебел, цените, капиталот и вработувањата не се директно загарантирани со изградбата на било кој објект... во најголема мера зависат од тоа како понатаму народот ќе се однесува... и сам кажа дека владата создава услови, ама џабе ако создава услови, дури и со најдобрите проекти на светот, тие услови на крај остануваат на милост и немилост, на начинот на нивното користење, тоа е факт, без разлика каква е владата и какви проекти носи како и да е, криминалот во оваа држава постои во секоја зделка, а општеството е далеку од здраво и разумно за да ги користи условите ти правиш исто како што збореа за споменициве, дека развивале туризам... да направам груба споредба отсекогаш ти се чудам за тоа колку наивни ти се постовите, збориш за тоа што сите го знаеме, за тоа како треба да биде ама никаде не збориш за тоа како всушност е |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Премногу се револтираш пријателе... премногу.
Ајде, ќе повторам уште еднаш:
Ова е факт, без обзир кој ќе ги купи становите, без обзир што ние си мислиме или посакуваме, без обзир кој е во владата, без обзир за која партија гласаме, без обзир која вера сме, без обзир што сме по националност, без обзир каде живееме, без обзир колку пари имаме... тоа е економија... ... И без обзир дали мене ми допаѓаат или не вакви акции. Едноставно, економијата нема апсолутно ништо со сето тоа. И тоа мора да се признае и да се прифати. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е па јас истото го кажувам од почеток на дискусијава за станови...
и Меси ме прашува што сум бил револтиран...? па тоа де... кој има-пак да има... кој нема-пак да нема... а башка она окулу продажба на станови на оние кои ги изградија, а немаат купувачи... и уште побашка што сето ова е со пари од буџетот... значи со пари од рајата... заеднички... а како испомош за оние кои ионака... се полни со пари... За оние кои можат да си го дозволат купувањето станови. - вика Меси... и чекај сега... ние што немаме, да им плаќаме на тие што имаат... и после што сум бил револтиран... а бе ајде... и на крај... а да почекаме да видиме колкава ќе биде бројката на оние кои ќе се пријават... и од кој слој на општеството... па да видиме кој е у право... и никако не ми е јасно после целава дискусија...
каков стимулатор на економијата... а...? |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||
За оние кои можат да си го дозволат купувањето станови.
Да бидеме реални, станот е најголемата инвестиција во животот на човекот. И да бидеме реални до крај - не може секој да си дозволи таква инвестиција... ниту во една држава во светов. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па токму тоа де-Кој има пак да има, кој нема ич да нема. Зошто тогаш толку помпа-затоа што владата им помага на оние кои имаат да си добијат уште малку, па да се зголеми уште повеќе јазот меѓу богатите и сиромасите. Зошто тогаш зборуваме дека ова е добро за народот-за кој народ? |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Знам дека ова што ќе го речам можеби звучи грдо, но тоа е во ред - сиромаштијата не може да купи стан, неа може само да и биде подарен стан. А акцијава е за купување станови, не за подарување. Ninja 35 е потполно во право кога вели:
И така е насекаде... становите не се новогодишни пакетчиња, па да се делат секому на кој му треба. Кога спомнав дека акцијава не е наменета за оние кои немаат пари тоа беше упатено конкретно кон болдираново:
Се надевам дека сега сум појасен. Изменето од Messenger - 31.Јануари.2012 во 19:05 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...valjda ne me razbra: ..nema ti da im ja namalish cenata , ako tie sekojdnevno se prodavaat so nabiena cena a ti...samo eden den im ja prepolovish ! ...taka i so tie stanovi,..ako postojano pravish eftini stanovi , togash toa sigurno ke vlijae na cenite,..ama , ako napravish samo , da recheme, 1000 ,...edinstveno ke imaat srekja onie shto gi nabavile poeftino, a ..otkako ke se potroshat eftinite ,...bidejki za kupuvanje na stanovi nikogash nema da ima ''smrt''....pak po staro. |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сепак овој проект не е наменет за сиромашните , туку за оние што имаат пари....
оној што нема не може да си дозволи ниту да плати учество ниту да издржи рата од 200-250 евра во никој случај...па дури и оние од средната класа не можат да си дозволат вакви услови а не пак сиромашните...
|
|||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Малку офф-упатено кон Меси-добро е што не си тука па можеш да зборуваш со ваков ентузијазам, бидејки си негде кај што важат правила, закони,каде што владите (политичарите) доаѓаат и си одат, ама администрацијата е јака. Е мој Меси, откако че прочитам што си напишал задолжително ме боли глава (не од тебе, од она како треба да биде -а не е) Зошто- еве токму ова поцрвенетото. Праксата досега покажала дека кај нас се оди обратно од тоа како треба.И токму кај оние кои имаат пари (нивните мајковци и татковци имаат) ќе одат овие станови, ќе ги добијат по разноразни основи овие бенифиции (и оние од опозицијата и оние од позицијата). Ниедна сиротиња со малку пари нема да добие ваков стан или евентуално еден /двајца колку за на телевизија да зборува некој дека добил и дека алал да и е на владата за ваквиот проект. Ова ти е ко она со рекламата-отвори фирми, стани бизнисмен а они сите до еден налегнале на државна цуцла-цуцлаат ли цуцлаат. Си ги испозапослија и своите деца по свои стапки во институции кај не мора да му ја чукаат главата (ова важи и за опозиција и позиција). Ако толку е лесно да се стане бизнисмен зашто не ни покажаа со свој пример-да станат бизнисмени без ќор денар? Зашто прво влегоа во партии, да се нафатираат па после ќе живеат ( и живеат) од камати по белосветските банки. Катадневно читаме како по разноразни основи цицаат енормно големи суми (како онаа со патните трошоци, членување во разноразни управни одбори и што ли не) И како за крај- ако дојде до промена на власта- тогаш ќе зборуваме колку МОРА да се придржува новата влада по законите на Груевски. Само да сме живи-ќе зборуваме. |
|||
Внеси реплика | страница <1 8182838485 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |