![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8182838485 157> |
Автор | ||
Lilith Lolit ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Najprvo sekoja cest za lugeto vo nasava drzava sto se zanimavaat so astrologija, i sto sakaat da naucat nesto poveke za astrologijata
![]() Me interesira dali nekogas nekoj slusnal deka site aspekti vo natalnata karta se vazni ne samo sonceviot znak i poznakot koj se naoga vo prvoto pole, za vlijanijata na planetite i znacite vo natalnata karta. Ako ima nekoj zainteresiran za pravenje muabet na temava neka pise. Raspoozena sum za muabet na temava. P.S Odnapred blagodaram za razbiranjeto |
||
![]() |
||
Lilith Lolit ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Najprvo moram da ti kazam deka mnogu gresis sto mislis deka najgup znak e riba... Zatoa sto ribata e mnogu moken znak vo horoskopot, da precustvitelni se i podozni na vlijanijata od nadvoresnata okolina ama i jas sum riba i znam na sto mislis :). Se registrirav na forumot otkako go procitav tvojot post ![]() pozz |
||
![]() |
||
pillot ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 836 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
bidi sekogash onoj sto vistinski si
|
||
![]() |
||
zverka_ ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Близнаци – Близнакот
Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив. Neverojatno......no vistinito ![]() |
||
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
||
![]() |
||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
Incredible Blue
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бик - Страв од сиромаштија Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот “имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба. има вистина во сето ова![]() |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
![]() |
||
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ХОРОСКОП , ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ ?
Овен - Страв од ропство Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“. Бик - Страв од сиромаштија Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот “имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба. Близнаци - Играта ги штити од страв Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли. Рак - Фантазиите ги хранат стравовите Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените. Лав - Страв од предавништво Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја. Девица - Страв од неред Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата. Вага - Страв од караници На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања. Скорпија - Страв од немоќ Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување. Стрелец - Страв од притисок (искористување) Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода. Јарец - страв од туѓо мислење На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име. Водолија - Грижа за целиот свет Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер. Риби - Страв од се живо Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации. За стрелец се е погодено ЦЕЛ МОЈ ЖИВОТ ЈАДАМ ГОМНА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
mariija ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Водолија:
Ќе смисли крвна одмазда.. Ќе плете интриги, ќе донесува планови и стратегии. Ќе подаде молба за развод, кога целиот имот, сите акции се на нејзино име. tocno taka |
||
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."
|
||
![]() |
||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Па јас сум близнак и некој да ми збори така ![]() ![]() не сакам........... |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јарец:
Способна е да те шутне само при помислата, дека си имал возможност за погледнување на страна. Ќе си тргне од секоја забава, само ако забележи дека погледнуваш друга. Ќе ти залепи шамар пред сите, без да се срами. Никогаш нема да те сожалува. Ако те остави пред вратата со куферите, а ти се обидеш да влезеш преку прозорецот, тој ќе биде закован. Освен тоа способна е да се одмаздува, и ќе смисли многу варијанти за да ти напакости. ![]() |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Риби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.
Риби: Ќе си отиде, ќе ти посака среќа со другата. Нема да се бори за љубовта. Нема ни да заплаче. Таа е машко девојче. РИБИ Денес не сте добри, ама не сте ни лоши...... moze da si promenam znakov ![]() ![]() |
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
![]() |
||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ДНЕВЕН ХОРОСКОП 25.01.2011. вторник ОВЕН Дефинитивно нема да ви оди на статусен план, и не дека тоа е нешто ново за вас, бидејќи ова се случува со месеци наназад, едноставно во тесно сте од тешки планети со тешки аспекти кои траат, а богами и ќе траат. Немате среќа а ни трпение со партнерот денес, нешто и тој дезориентиран, крут, непристапен, а колку до вчера се беше во ред и со него и со вас. Малку ми сонувате повеќе на јаве од што е природно за вас, а бидејќи не сте навикнати, да не помислите дека сонот е јаве. Посебно во новите врски. Алооо, полека, тукушто се запознавте. БИК Денес имате солиден ден иако рака на срце не сте го заслужиле со ништо. Некој наоѓате постојано да ви помага и да ве вади, на деловен план колешка и тоа таква што се грижи за вас, без оглед на полот на којшто му припаѓате, колку да не ви паднат некакви грешни мисли на ум. Значи добивате помош, услуга, информација, тековните обврски ви се средуваат, односно некој ви ги средува. Нешто зајакнато либидо денес, мислите нешто повеќе на секс од вообичаено, но внимавајте што правите по грмушките, ако сте по таа чест, може некој да ве види и да си ја упропастите брачната кариера. БЛИЗНАЦИ Ептен сте ми опоравени од стресната состојба пред и нешто по Новата година кога бевте со еден збор за жалење. Сега богами веќе се наоѓате во ситуација и состојба да ги жалам оние од вашата околина, бидејќи на моменти сте неподносливи со својата брзина, и во говорот и во гестикулациите, што на човек едноставно може по малку и да му се врти во главата. Освен тоа одлично ви оди на партнерски план, на планот на јавноста, во сериозните нови врски што сакате да траат, а оние што нејќете, самите ги буткате во пропаст. РАК Знаете, сите се нешто сентиментални кон вас, демек сироти Ракчиња, чувствителни, повредливи, поглед ги повредува и ничкосува. Ама не е така, барем јас ве познавам. Денес малку подотворени оклопчињата токму колку што треба да излезе нешто повеќе од амбициозноста, иако за јавност и јавно презентирање пред поголема толпа луѓе не сте. Имате доста страсти во себе, госпоѓите нешто малку повеќе од господата, па затоа и прават работи за кои колку до вчера се колнеле дека во живот нема шанси да ги направат. Први дигаат телефон да се јават. ЛАВ Дааа, на вас пак промоцијата на јавен план ви е "добро утро" и си ја практикувате кога и да можете, па макар имале и пола од полушанса што секако е доблест оти секој тоа не го може, мислам нема таков капацитет за себепрезентација. Отаму и со партнерот како дел од вашата "јавност" ќе ви оди прекрасно, во новите љубовни врски и понуди уште повеќе. Приказна од темната страна се дневните обврски со кои тешко се справувате, а сте си зеле малку повеќе на грб, па сега и ќе подлажнувате за причините поради кои не се завршени. И приватни и професионални. ДЕВИЦА Вие сте на лер како да речам, малку горе малку долу, со раположението, нешто може да ви се случува на статусен план, со партнерите поуспешни машките од овој знак, женските многу понервозни. Некакви проблеми и со деца, на релација баба-дете, учителка-дете или пак трошоци во врска со истото, иако имате дарба денес и не само денес за правење пари. Но и во понекоја нова љубовна врска мајката на партнерот, читај партнерката, претерува со својот интерес каде, што, до колку, тамам колку да се почувствувате како под специјален надзор да сте. ВАГА И вие сте денес доста променливи, иако многу помалку од другите такви. Може да бидете час еуфорични час патосирани, но во секој случај владеат големи вибрации, во среде голем воздушен тригон сте што ги забрзува сите ваши интелектауални зафати, потфати, акции, ама од друга страна во сред сте и на вибрациите на големиот кардинален квадрат, значи голема планетарна констелација која дава се саде "борбени" и антагонистички вибрации, посебно на емотивен план, на планот на етаблираните врски и домот, родителот. За невидено чудо, во новите реалции, пасторала. СКОРПИЈА Вторникот благото кострешење на темето ќе ви е знак дека нешто некој ви работи зад грб, има конспиративни намери кон вас, некаков заговор, озборување, најчесто сето ова на работа, на деловен план, но и на сите кај што остварувате труд, амбиции, поретко на чувствен и љубовен план, ама Скорпија си е Скорпија, ако нема нешто тајно, не сите ама добар дел од знакот, ќе си направи како да има само поради имиџот. Добро, шегата на страна, но внимавајте на конспиративниот план на вашиот љубовен живот, посебно ако сте од машките од овој знак. СТРЕЛЕЦ Денес сте со чувство на среќа, саканост, можеби заљубеност ако сте по таа чест, во секој случај на некого ако не им се стемни вам како да не ви осамнува. Во домот ви е насочено вниманието, или пардон, некакво случување, гланц ново, на интимен план, припадниците на овој знак кои не биле одамна со некого ете прилика во ни таму-ни ваму ден од седмицата да сторат нешто со својата љубовно-сентиментална перспектива. Пријателите се насочени кон вас, ги привлекува вашиот енергетски биланс кој вели имам енергија и за извоз. ЈАРЕЦ Денес непотребно може да влезете во расправии со помлади машки лица, велам сосема непотребно бидејќи сте вие малку повеќе нервозни денес, вашиот владетел Сатурн кочи со сите сили, за утре да тргне во рикверц па оттаму малку поголема вибрација на нервоза, чувство на притисок, очекување или мислење дека вие треба да понесете одговорност за сенешто. Значи едноставно, внимавајте на комуникацијата на вербален план, но комуникацијата преку сметки и електроника одлично ви оди. Со истите и се заработува, а тоа денес ептен ќе ви оди. ВОДОЛИЈА Мразите да лажете нели, ама денов ви е за проверување на истото. Значи ќе бидете ставени во позиција сакале-нејќеле да морате, ако не да излажете, тогаш барем да ја премолчите вистината. И вам Сатурн ви ги мати работите, пораки од авторитетни роднини преку помладите за некакви документи околу имот, денационализација, делба што ли, судски допис, опис, попис, нешто со суд, институции, на тој пат доста опструкции на помлади вработени, демек на шалтерите ќе има агилност, младост и знаење, ама од наведеното изгледа ги има само првите букви. РИБИ Денес не сте добри, ама не сте ни лоши. Госпоѓите и госпоѓиците од овој знак имаат потежок ден на чувствен план, посебно ако имаат некаква конспирација зад себе или преболуваат некаква таква работа. Во секој случај замешателства на релација чувства, страсти, па рацио, па пак чувства, па ќе се јавувам, па не се јавувам, нека се јави тој и така господата од машкиот пол поконкретни и поегзекутивни. Денес не работете со пари, демек прогласите мораториум за парите денес, а не ќе е лошо и утре, нема да ви оди и нема да ве лажат. |
||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Секоја жена реагира различно кога е во прашање изневерувањето.
Овен: Никаде нема да оди. Нема да има сили да превземе ништо како одговор. Ќе го прифати "машки", можно е дури и да не обрне внимание – всепак партнерот и носи доволно пари дома- ќе стигнат за сите. Но, исто како хамстер, од тука натаму ќе започне да купува кожни палта, накит и акции. Бик: Ќе прости, но ќе запомни. Развод нема да ти даде никогаш. Но ова не е повод да си помислиш дека се поминало. Како одговор ќе ти стави такви рогови, за кои не си ни помислувал. Во оваа цел активно учество ќе земат и твоите пријатели, колеги и началникот. Близнаци: Зависи од расположението. Може да тргне по трупови (началник, родители, пријатели), за да ја носиш својата казна. Но може и да те зачуди со идејата дека и таа има љубовник, и дека нема ништо против, дури може да направите тројка (бидејќи, гледаш, и ти не ја задоволуваш нешто посебно ). Рак: Експлозијата од гнев може да избувне ненадејно. Но, наскоро таа ќе дојде до заклучокот дека ти не си човекот кој и е потребен. Таа не трпи изневерувања, припреми се за развод. Лав: Таа као резерва има премногу кавалери, така што нема многу да страда-оди си бидејќи и ти ми си здосаден. Скоро сите славни модели се родени под овој знак. Дали си сигурен дека пронајде жена подобра од твојата? Девица: Внимај горчивите реки од солзи да не потчет кон соседите. Ден и ноќ ќе плаче. Од солзте дури и тебе ќе ти се приплаче. Вага: За неа секогаш може да се реши важен проблем: да го сака овој или другиот, или двајцата во исто време. Таа секогаш има резервна варијанта. Оваа жена едноставно не може да живее сама. Ако размислиш и се вратиш кај неа, знај дека семејството ќе ти биде зафатено. Шкорпија: Многу е љубоморна, а со тоа и гази се пред себеси. Но, нема да се обидува да те задржи, веќе си мината етапа. Веќе не постоиш за неа. Но, и покрај се ќе ти се одмазди, и тоа капитално. Или ќе останеш гол како пушка, или веќе нема смисла да бараш друштво од жени. Стрелец: Ќе си дозволи понижувачки реплики, што често води до разделување. Ако тоа се случи, долго време ќе остане сама. Јарец: Способна е да те шутне само при помислата, дека си имал возможност за погледнување на страна. Ќе си тргне од секоја забава, само ако забележи дека погледнуваш друга. Ќе ти залепи шамар пред сите, без да се срами. Никогаш нема да те сожалува. Ако те остави пред вратата со куферите, а ти се обидеш да влезеш преку прозорецот, тој ќе биде закован. Освен тоа способна е да се одмаздува, и ќе смисли многу варијанти за да ти напакости. Водолија: Ќе смисли крвна одмазда.. Ќе плете интриги, ќе донесува планови и стратегии. Ќе подаде молба за развод, кога целиот имот, сите акции се на нејзино име. Риби: Ќе си отиде, ќе ти посака среќа со другата. Нема да се бори за љубовта. Нема ни да заплаче. Таа е машко девојче. _____________ ![]() ![]() ![]() |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8182838485 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |