![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 157> |
Автор | ||
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изјавување на љубов и е неопходно. Жената Рак не е љубоморна, но е посесивна, се плаши да остане без партнерот, зошто кога сака- сака фатално и до гроб. Ќе биде спремна да Ви прости било што. За да биде среќна неопходно и е да е некому потребна. Срамежлива е и чувствителна па не впуштајте се во било каква игра со оваа ранлива девојка. Ако сте искрени од неа ќе добиете безгранично разбирање и искрена љубов. Лојална е и стрплива како ниедна друга, а на прво место секогаш ќе бидете Вие, децата и куќата. |
||
![]() |
||
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако мечтаете за бајки, романса и принц на бел коњ- на погрешно место сте. Изјавите од овој маж ќе ги распрскаат сите Ваши соништа што ќе заборавите дека некогаш воопшто стеги читале Пепелашка и Заспаната убавица. Овој рационален и материјалистички тип цврсто стои на земја и тоа нема да се промени. Важно е да знаете дека тој е исклучително педантен и уреден . Неговата облека е здиплена под конец. Неговиот шкаф е како војнички. Целиот дом му свети од подот до таванот; со еден збор- се му е цакуп-пакум. :D :D (tekstov e od (astro24h.mk) |
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Женски рак одсекогаш ми биле крајно одбивни, пред се бидејќи се лигуши и плачипички во душа и постојано бараат потврда за љубовта.
Треба да бидеш крајно внимателен со водново створење, бидејќи најлесно и најбрзо се вреѓаат. Сакаат да бидат сакани, да им се дава безусловна поддршка и секогаш да бидат во право. Уствари, нема жена рак која е нормална. Или ќе плаче по мечето или ќе се заканува со самоубисто кога ќе ја оставиш. Сигурно е девица, бидејќи ракчиците имаат претензии да читаат бајки и да веруваат во принцот на бел коњ кој ќе ги дефлорира и ќе си живеат среќно до крајот на животот. Имаат афинитети кон интересни, но емотивни момци кои имаат бескрајна доза на трпение. А, да... drama queens. Многу, многу напорни створења. |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
||
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ај малце за рак... цура е во прашање....
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јарец – Вистински садисти се и гоничи на робови. Зборот „извини“ не постои во речник на Јарецот , зошто мислат дека се непогрешлив. Душата би ја продале за углед и материјална добивка.
Леле... ![]() That would be me... ![]() |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
||
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најлошите особини на Вашиот хороскопски знак
Никој не е идеален. Секој има мани кои се покажуваат во одредени моменти во помала или поголема мера, а астрологијата може доста да каже за тоа. Ако не сте знаеле како другите ги доживуваат Вашите најлоши особини, време е да ги отворите очите и да дознаете. Прочитајте го овој хумористичен текст за хороскопот ; но велат, во секоја шега има пола вистина… Овен - Суров, размазен, себичен гад кој секогаш мора да биде шеф и главен во се. Причините се две – мал полов орган кај мажите или мали гради кај жените. И цел свет да се сврти против него, Овенот и понатаму би тврдел дека сите луѓе грешат, а само тој е паметен и секогаш во право. Бик - Самозадоволен, молчелив и досаден- досаден како клуб на пензионери. Во состојба е да јаде од утро до мрак и да се мрдне од фотелја која веќе е обликувана според нивната задница. Градинарството за Биковите е спорт. Близн аци – Близнаците се како тетки кои можат со часови да оговараат; лигави, дволични и превртливи, го менуваат мислењето како што дува ветерот. Кога ќе помислите дека се скрасил, тој веќе ќе биде на друг континент. Рак – Посесивни, мазохистички лудаци кои стануваат хистерични ако не им кажете добро утро со вистинската интонација. Своите комплекси Раковите ги лечат берејќи пари во касичката од својот чукун дедо. Менуваат расположение како им падне на памет – од депресија до хистерија. Лав – Арогантни и препотентни, ги потценуваат сите и се гледаат од високо. Нарцисоидни комплексаши кои се во состојба цел ден да го поминат пред огледало. Лавовите се полни со „големи“ идеи и планови кои на крај им користат само ним, бидејќи секако не им е гајле за другите (обични смртници). Девица – Опсесивно - компулсивни неуротичари кои од стресот се ослободуваат чистејќи го станот, кинескиот порцелан и рачно берат трошки од подот. Напорни се и вечно незадоволни во состојба да се жалат по цел ден. На Девиците ни премногу не им е доволно. Вага – Нарцисоидни, самобендисани „добротвори“ кои не можат да си помогнат ни себе, а камоли на другите. На една Вага и треба цела недела да се реши дали да нарача кока-кола или пепси, а толку се мрзливи што ни земјотрес не би ги натерал да излезат од кревет. Шкорпија - Саможиви се, перверзни и самодеструктивни. Своите маки Шкорпиите не можат да ги поднесат сами, па со себе повлекуваат уште сто луѓе. Ако е утре крај на светот, не би се потресле многу, само би продолжиле со своите садо- мазо оргии. Стрелец - Најголеми коцкари и распикуќи, да можат би ја прокоцкале и сопствената жена. Толку се ненормални оптимисти што ентузијазмот кај Стрелецот е толкав, што мисли дека дигањето од мртвите и телепортација на Марс според нив е сосем возможна. Ни во лудило не би признале дека им е тешко и на сите им солат памет. Јарец – Вистински садисти се и гоничи на робови. Зборот „извини“ не постои во речник на Јарецот , зошто мислат дека се непогрешлив. Душата би ја продале за углед и материјална добивка. Водолија – Вулгарни, непристојни и мислат дека секогаш знаат се и го пикаат носот во туѓи животи. Препотентни, квази филозофи, Водолиите се секогаш полни со совети и планови за другите, но тие самите не си ги почитуваат тие совети. Риб и – Депресивци кои само се жалат и цмиздрат по цел ден, чекајќи да дојде некој кој ќе ги утеши. Не се во состојба ни да се потпишат без туѓа помош, и најситната глупост за Рибите е светско чудо па стануваат еуфорични поради таквите сознанија. Кога ќе излезат од депресија времето го исполнуваат помагајќи им на другите, а потоа пак се депримираат – па се така во круг. |
||
![]() |
||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Карактерот според хороскопот
Сигурно нема да ви биде прв пат да прочитате каков е карактерот на вашиот хороскопски знак. Но, сепак решивме да го споделиме со вас овој хороскоп затоа што ние неверојатно многу се пронајдовме во него. Овен – Агресивецот Бик – Скитникот Близнаци – Близнакот Рак – Убавецот Лав – Лавот Одличен соговорник. Атрактивен и страствен. Опуштен. Најчесто среќен, но кога не е тогаш е намуртен и детинест. Неговиот проблем е сечив проблем. Предвидлив и некогаш монотон. Знае да се забавува. Во сè е добар. Одличен бакнувач. Дружељубив. Спуштен на земја. Зависни сте од него. Гласен. Сака долги врски. Зборлив. Не се закачајте со него. Редок да се најде. Добар кога ќе се најде. Девица – Чекачот Вага – Досадниот Скорпија – Зависникот Стрелец – Промискуитетниот Јарец – Страствениот љубовник Водолија – Непредвидливиот Риби – Животниот партнер Се сложувате? |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
![]() |
||
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
[QUOTE=bijonse1]
... /[QUOTE] Heheh super e horoskopov :) |
||
![]() |
||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сексуална позиција на зодијакот...
![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Овенот… Овенот е страствен ..многу бара, моќен , секси и навикнат да е лидер во сексуалната игра…знае да направи романтична атмосфера , просто обжава пред сексуалниот чин да се чита нешто љубавно па да зборувајќи околу тоа да се продолжи во сексуалната игра…обожава да клекнува пред вас кога длабоко пенетрира , да гризе за уво , да гребе со нокти за да на крај вришти во екстаза… ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Бикот… Бикот е многу сензуален и лесно се потчинува на вашите хирови … обожава да приоѓа одпозади масирајќи го грбот , па рамењата , па градите , па стомакот на партнерката продирајќи полека во длабоки спори па побрзи покрети… тој не сака да биде насочен од друг т.е. да биде љубовен слуга и секој потез му е пресметан и кога ќе реши да ве задоволи тоа ќе го направи секогаш на различен начин со истражување на осетливите места на вашето тело… ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Близнаци… Близнаците се највесели љубовници кои многу сакат да се зезат и играт во сексуалниот чин …најдобра позиција е кога се партенрите свртени едни кондруг со слободни раце за бескрајни милувања посебно обожават обострано мастурбирање…посебно сакаат во сексуалниот чин да гледаат , помирисат пот и да чујат еротски зборови така да тие преферираат повеќе секс во градина отколку во спалната… интересно да сајбер да не речам виртуелен секс како и тлефонски секс посебно е атрактивен за нив така да почнувајќи на таков начин врската со нив нема да зажалите за конечните резултати… ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Ракот… Посебна омилена позиција на ракот е кога тој е седнат а партнерката е со нозете околу него… посебно обожава орално стимулирање како петинг … тој воопшто не се срами да ви ги шепне сите еротски фантазии кои ги има и дека ќе ви ги исполни скоро сите сексуални желби тоа е факт… посебно мото му е да ,, во сексот и двата партнера треба да си веруваат еден на друг ,,.. тој ќе ви овозможи едноподруго о вишеструк оргазам посебно милувајќи ве со рака…посебно обожава во сексуалната игра да гледа во огледала …
Сексуална позиција на Лавот… Посебна омилена поза на лавот е дефинитивно од позади што не му пречи тоа да го направи ниту во спалната посебно кога жената е клекната и длабоко пенетрира додека тој одпозди со една рака ги стега градите , а со другата де задницата де клиторисот доведувајќи ја посакуваната особа на многу висок еротски оргазам … лавот има посебна почит кон петингот да не речам предиграта и него посебно го возбудува процесот на градењето на љубавниот чин а не резултатот…лавот е многу едноставен кога е во прашање разговор околу сексот и истото го бара и од својата партнерка… ![]() ![]() Сексуална позиција на Девица... Кај Девица имаме префинета интимност , таа просто обожава позиција на раширени нозе да не речам futton позиција на ивицата на креветот додека нејзиниот партнер клекнат пенетрира во неа со контролирање и на аголот и нан брзината на пенетрацијата… карактеристично за Девица е дека се љубители на мастурбирањето па често ниту бараат партнер…посебно Девиците обожаваат да се спротистават за да набргу целосно прифатат во експлозивен оргазам…Девиците секогаш знаат што сакаат од својот партнер со свои посебни методи и упорност, но од Девица не очекувајте сексуални фантазии... ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Вага… Вагите се многу романтични и кај нив не мора да се иде со голе еротика … тие се возбудуваат на полу облеченост и во спална соба каде доминира уметноста… најомилена поза му е мисионерската со нозете на рамо… обожава предигра во допири на интимните делови и многу дава нота на уметноста и сензуалноста во сексуалниот чин … најсилна точка му е предиграта и никој не може да биде толку нежен и остварувач на вашите еротски желби во ден здив… ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Шкорпија… Шкорпијата преставува најненаситен во љубов знак во зодијакот …неговиот темперамент се открива со положување на партнерот на грб и лизгајќи се по целото тело стимулирајќи ги своите гениталии па се префрлува на орална стимулација , па гризење на стиснат дел , па после да длабоко пенетрира… Шкорпија знае да завива често и од сексуална болка обожава да биде сексуален роб со врзување за крвет и разни сензорни апарати…доколку не сте сигурни за ваков вид секс на време реагирајте оти ако ,,паднете,, во кревет нема веќе бегање… ![]() ![]() ![]() Сексуална позиција на Стрелец… Стрелец е ,, див,, љубовник кој добива задоволство од брзо љубење , може да ве има на пола пат на скалите или пак додека сте во кујна…еден од најомилените стилови му е доги стилот … посебно обожава додека пенетрира да му се допираат и стимулираат гениталиите … секогаш се труди да применува нови стилови да не речам позиици и различни места за водење љубов…најдобро од него можете да добиете еротска масажа , прстите толку му се нежни и брзи да ќе ви го прекрие целото тело стимулирајќи ги сите ваши ерогени зони толку брзо да нема да бидете свесни… Сексуална позиција на Јарецот… ![]() ![]() Сексуална позиција на Водолија … Е овде имаме посебен однос кон сексот и тоа интелектуално … толку може да ја понесе сексуалната игра да својата партнерка ја доведе до оргазам без пенетрација , посебно знае да возбудува стимулирајќи го клиторисот на партнерката додека е целосно телесно допрен до неа… со овој хороскопски знак никогаш нема да имате досаден секс…
Сексуална позиција на Риба… Рибите се најшармантни љубовници …просто се родени да имаат интуиција за вашата најслаба ероген азона и страна …посебно обожаваат потполен контакт со телата во сексуалниот чин …обожават секс во када со топла вода во долго мрзоволно уживање додека не ви изнашепоти сите еротски зборови преминувајќи во погрубо задоволување така да немојте да се изненадите ако ви побара покорност во сексуалната игра…п.с. ...каде ќе се пронајдете не го земајте за зло ако не ви се стрефна… сепак е ова забава!!! ![]() Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 18:58 |
||
![]() |
||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ova za ribite ...
![]() ![]() ![]() ![]() |
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
![]() |
||
Lilith Lolit ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
www.astro.com --> Free Horoscopes --> Extended Chart Selection
tuka na stranava imate da si napravite natalna karta for free |
||
![]() |
||
Lilith Lolit ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чекај сеа, многу ме збуни, на првата куќа влладетел ти е шкорпијата, а владетел на сите други куќи ти е водолијата, со исклучок на осмата со која владеат рибите и петтата со која владее овенот. А планетите во кој знак, во која куќа и тоа е многу битно, т.е се е битно. На мене пример владетел на првото поле ми е девицата, во второ владетел ми е вага а во него се наоѓа планетата јупитер во вага, на трето поле владетел ми е скорпија, на четврто поле стрелец и во него се наоѓа плутон вов шкорпија и северен месечев јазол стрелец, петто поле јарец и нетун, уран и месечината во јарец, 6 поле владетел водолија и во него се наоѓа сатурн во водоија, 7мо поле владетел риби а во него се наоѓа мерк*р во риби и и Лилит во риби, со осмото поле владее овенот и во него се наоѓаат венера во овенн и сонцето во риби, деветто поле владете бик и нема планети, 10 поле бизнаци владетел, 11 поле владетел рак и во него се наоѓа марс во рак и 12 поле владетел лав и Кирон ми е во знакот на лав ама не сум сигурна во која куќа ми беше. Провери си ги планетите во кои знаци ти се и исто така аспектите меѓу нив
![]() Изменето од Lilith Lolit - 26.Февруари.2011 во 20:09 |
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имам читано дека Лилит, местото кое го зафаќа во наталната карта е многу побитно за жените. Мојата Лилит е во шкорпија. Првата куќа ми е исто шкорпија. Со скоро сите други куќи ми владее водолијата, со исклучок на осмата со која владеат рибите и петтата со која владее овенот. И то. |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
||
Lilith Lolit ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Рибите се последниот, дванаесетти знак во зодијакот. Тоа значи дека ги обединуваат сите доблести но и мани на останатите единаесет претходни знаци. Припаѓаат на променливиот квалитет, претставници на водените знаци.
Тие се романтични, сензитивни, интуитивни, променливи, неодлучни, нереални, но и многу повеќе. Нептун, како планета на илузиите се смета за владател на овој знак. Јупитер, како совладетел, ги обдарил со дарба за филозофија и визуелизација. За жал, ниедна од тие планети не ги обдарила Рибите со практичност, и со тоа се препуштени на своите длабоки емоции и фантазии. Рибите може да ги имитираат перфектно другите знаци: во однесувањето, начинот на говорот, зборувањето итн. Но тие никогаш всушност не се менуваат самите себе си. Замислете најразлични садови, со различна форма и големина, а Рибите се течност која слободно продира во секој сад, се прилагодува на неговата форма, но својата содржина никогаш не ја менува. Затоа, Рибите се често погрешно оценети од другите како дволични. Сепак многу е тешко да видите како една Риба презема иницијатива; најчесто и е потребна голема мотивација, а таа да доаѓа однадвор. Осетливи се и на најмалата забелешка од другите луѓе; дури може да почувствуваат лоши струења меѓу луѓето па лесно да се расплачат. Толкавиот сензибилитет ги прави лесно кршливи и ранливи пред другите знаци. Затоа, можат лесно и да избегаат ако се најдат пред некој поголем проблем, да станат неодговорни. Најлоша реакција од нив ќе видите ако ги подложите на емотивен притисок. Тогаш едноставно ќе се повлечат и ќе побегнат во својот имагинарен свет. Нивната фантазија е една од најдобрите особини што ги поседуваат. Тие умеат на сликовит начин да се изразат, користејќи ги емоциите а не разумот како средство за искажување. Рибата е најголем алтруист во зодијакот, покажувајќи ненадминлива сочувствителност со другите, дури и со непознатите. Се обидуваат да ја намалат болката на другите превземајќи ги нивните маки и искажувајќи утешни зборови. Има една работа за рибите која другите знаци многу тешко ја разбираат. Кога реалноста е досадна и тешка, тие создаваат своја реалност, вистина и правила, со кои ја ублажуваат болката. Но, проблемот е во тоа што кога ќе се вратат во реалноста, не можат да се снајдат во секојдневните работи и почнуваат да пливат под дејство на брановите кои ги носат горе-долу (симболот на Рибите). Рибите и работа Се што работат рибите работат со срце; затоа, тешко поднесуваат работа која бара прецизност, детали или повторување. Не ја знаат вредноста на парите и не се многу вешти при склучување на финансиски договори, па затоа бараат некој друг да се погрижи за тоа. Со својата бујна фантазија и креативност се наоѓаат себе си во филмот, уметноста, театарот, балетот, рекламна индустрија итн. Но често може да ги најдеме и во организации од затворен тип: болници, затвори, големи организации каде припадниците на посрамежливите Риби ќе може мирно да работат, да помагаат на другите луѓе и притоа тивко да сонуваат. Рибите владеат со течноста, а рековме дека многу добро знаат и да имитираат така што може да ги најдеме и како сопственици или продавачи на алкохолни пијалоци, во хемиската индустрија, индустријата за бои и лакови итн. Рибите и здравјето Рибите владеат со стапалата. Рибите често имаат кревко здравје, анемични се но за чудо многу издржливи. Имаат слаба циркулација, рамни стапала, често страдаат од несоница, депресија и разни психосоматски заболувања. По секоја цена треба да избегнуваат големо количество алкохол, седативи и антидепресивни средства. Рибите, како што видовме, лесно се подложни на туѓите сугестии и лошите зборови. Затоа, им е потребен многу одмор, сон, и прошетки во природа, кадешто невидени од другите ќе може да ги наполнат своите длабоки мисли со позитивни вибрации. Рибите и љубовта Колку само сакаат да љубат некого, а колку пати само остануваат разочарани. За Рибите најважна работа во светот е љубовта. Проблемот е во тоа што повеќе се заљубени во љубовта отколку во некоја конкретна личност. Сакаат нежна и романтична љубов, но знаат да потпаднат под влијание на променливото расположение, па да влезат во сомнителни, таинствени, забранети врски. Најпрво, платонски и на идеалистичен начин ја замислуваат секоја идна ситуација со симпатијата, чувствувајќи ги првите замислени бакнежи. Но, бидејќи по природа се резервирани тешко го прават првиот чекор и се случува да им избега саканата личност па тие да се почувствуваат неразбрани. Инаку во една љубовна врска Рибите се топли, романтични, пожртвувани за саканата личност. Во однос на тоа каков партнер им одговара, секако на прво место, како критериум, доаѓа убавината, внимателноста, разбирањето, интелегенцијата, добрината. Не ги сакаат премногу грубите личности, иако често сакаат да ја препуштат лидерската улога на партнерот а тие се задоволуваат со ситните работи. Рибите се дежурни поети и боеми. Но тие знаат да бидат исклучително еротски настроени, често покажувајќи и садомазохистички тенденции. Не толку по темпераментот, туку по нивниот жар и креативната имагинација, знаат, и тоа како, да остават трајни впечатоци. Затоа ги нарекуваат и неспоредливи љубовници во хороскопот. Им одговаараат личности родени во водени (Рак, Шкорпија) и земјени (Бик, Девица, Јарец) знаци, а потешко се разбираат со огнени(Овен, Лав, Стрелец) и воздушни (Близнаци, Терезија, Водолија) знаци. Совет: Трудете се да не сонувате многу преку ден зошто животот е тоа што се случува околу вас додека сонувате за него. Потребна ви е само малку храброст и амбиција и да станете идеални. Не плашете се, никогаш нема да ја изгубите својата индивидуалност ако го сторите тоа. http://www.horoskop.com.mk/www/vie%20i%20znacite/riba/riba.htm |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |