![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7980818283 157> |
Автор | |
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Емоционалната отвореност на хороскопските знаци
Некои хороскопски знаци е лесно да ги наговорите да ви се доверат, но за други пак, ќе се измачите додека да ги одгатнете нивните мисли. Раковите и Вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика. Шкорпијата обожава интензивни, страствени разговори од срце, па не би било невообичаено таа да го подбуцнува нејзиниот партнер да навлегува подлабоко во искажувањето на емоциите. Шкорпиите се навистина исклучителни типови на луѓе. Лавот попрво би зборувал за она што тој го мисли и чувствува, отколку да се обидува да сфати кои работи е неопходно да се споделуваат помеѓу партнерите во врската. За да го задржите фокусот на Лавот кон љубовната врска која ја имате со него, потребно е да го храните неговото его и да му дозволите да биде во центарот на вниманието. Гордите и самоуверени Лавoви немаат никаков проблем во искажувањето на нивните чувства, барем не на почетокот од врската. Рибата на почетокот од врската е многу нежна, заводлива и поетична во изразувањето на нејзините чувства. Но со текот на времето, таа може да стане нејасна и двосмислена за партнерот, а тоа се случува секогаш кога е принудена да донесе некаква одлука. Девицата, Бикот и Јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Дури и да се случи тоа “отвoрање”, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не Биковите.Близнаците, Стрелците и Овните можат да разговараат на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе. Водолијата е многу емотивна личност. Таа умее да биде незаинтересирана, самостојна, но и љубопитна. Тоа e знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А за кинески хороскоп некој нешто ќе каже? Во последно врене нешто популарен станува... кинескиот хороскопски ѕнак мислам дека се одредува според годината на раѓање, а оваа, 2011-та година била година на Зајакот...
|
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Извини Кукоч,ама морав да им се придружам на ѕвездиве. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
KUKOC7 ![]() Сениор ![]() ![]() Барон Минхаузен Регистриран: 26.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 1852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хороскоп за Вас:
Работа - Ѕвездите ви се смешкаат. Здавје - Ѕвездите ви се смешкаат. Љубов - Ѕвездите ви се смешкаат. Секс - Ѕвездите се утепуваат од смеење. ја отворив .....и глеј што ми пишује :))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))) |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фала многу...ова секако повеќе ми се доападна, нема нешто негативно
![]() малку ми мати умот ова со телепатскиве способности ![]() |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сигурно никој сам на себе не си е досаден, туку таман си е :) текстот е искарикиран, замислен е да биде хумористичен, но основите, според мене, му се вистинити... и мене ме исплукале во него, што да се прави |
|
![]() |
|
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Жената Бик има голем дух и карактер. Таа може да издржи повеќе и од Тантал и Сизиф заедно. Нема таков проблем со кој оваа жена нема да излезе на крај! И нема да Ви изгледа дека прави нешто невозможно (иако заправо тоа и ќе го прави), но никогаш нема да се жали. Не се служи со солзи, заводливи игри и никогаш не игра на женска слабост. Таа знае што сака и има доволно сила тоа и да го оствари. Свесна е дека е вистинска жена, па во склад со тоа покрај себе сака да има и вистински маж. Доста е практична и реална, има здрав разум и практично размислува. Потолерантна личност од неа нема да најдете! Личностите родени со овој подзнак се емотивни, благи и романтични. Срамежливи се и тивки, па се повлекуваат дури и кога тоа не е потребно. Покажуваат големо разбирање за другите, добри се пријатели и грижливи родители. Извонредни медиуми, имаат способност да развијат и телепатски способности. Ете, не знам дали ти е погодено но ова повеќе ќе ти се допадне :) |
|
![]() |
|
ANITA11 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овен – Агресивецот
Дружељубив. Симпатичен. Спонтан. Не се закачајте со него. Забавен. Одличен бакнувач. Екстремно шармантен. Сака врски и семејството му е многу важно. Овновите се познати по тоа што се дарежливи. Зависни сте од него. Секогаш мора да биде во право. Ќе се расправа со часови за да докаже дека е во право. Некои од најпрекрасните луѓе на светот се овен во хороско.........ajjjjjjjj ![]() ![]() Изменето од ANITA11 - 16.Март.2011 во 14:22 |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() што ти викам јас она од погоре е тотална утка ![]() затоа барам поконкретно со подзнак ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Градинарство? ![]() ![]() А нешто за плетење пишува ли... чорапи, шалови, џамадани волнени? |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас па воопшто не се пронајдов во она од погоре
![]() молчеливи, досадни, да јаде од утро до мрак ![]() па и градинарство на крај, нема што ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шаци ај не си барај бељата. Според погоре напишаното сега ќе ни каже дека сме досадни. ![]() |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ај пиши нешто и за мене
Бик, подзнак риби ![]() |
|
![]() |
|
Airsolid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ејј ова е претерано... амо две- три поѕнанички се такви, не ѕначи дека сите се. Потребата секогаш да бидат во право не е карактеристична за раковите, повеќе за лавовите, овните, девиците, па и близнаците во некоја смисла. На коментарот дека сите жени рак не се нормални, ако пишуваме во тој тон никој не е нормален. Па од тоа вадиме ѕаклучок дека нормално е да сме сите ненормални :) Нема човек кој не е посебно чувствителен и иѕраѕено реагира на нешто, и нема човек без трауми и комплекси. drama queens - па во некоја смисла да- рачицата никогаш, ама никогаш нема да направи сцена, но низ глава неа ќе и помине се. Јас сепак за шампиони на напорноста ги ставам лавовите- јас пак јас, гледајте ме-чудете се, а површни се и смешни во тие празни пофалби. Биковите се според мене на второто место (кое е сепак многу далекоу од првото), зошто- досадни муабети ми прават! Секако, од секое правило има исклучок... ПС. јас не сум рак- риба сум, но неколку мои најдраги жени се рачици |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7980818283 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |