|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 678910 137> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5+
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... сила сум, енергија, на повеќе места што се движи, на ниедно место
не бев без тебе иако сите патишта водат до тебе, се сеќаваш на силата
која не’ спои?
Не побарав ништо од тебе, само ти го дадов клучот од моето срце, спремен бев и да патам, силата ме тешеше и ми даваше верба во тебе, знаеше што е подобро за мене иако не знаев што е тоа сила. И’ одаде почит на твојата моќ која умее да ги избрка сеништата во моите соништа, немаше веќе пусти ноќи со очајни звуци на чкрипења со забите, само успиена спокојна насмевка. „ Колку е часот ?“... „ Сакаш да ме бакнеш ? “...„ Време е, доста се чекавме “...„ Балавица она моја “... Со испотени и треперливи дланки допрени додека усните ни’ лачеа лепак, од оној кој поврзува со вкус на мед и хранлив како млеко. Лебот остана за тој ден, расеано го пржевме следното утро додека мислите ни’ раскажуваа мрсни случки кои сеуште не се случиле, црпеа инспирација од оние што се случија. Шума од мисли низ која одекнуваа наши замислени чекори „ Дали се покажавме во добро светло ? “, посакувајќи да ги видиме мислите едниот на другиот, а сигурноста не се стекнува лесно, времето секогаш ја игра својата игра оставајќи возбудлив простор на незнаење со повремен скаменет грч на залудна мисла. Пецкања додека заоѓа времето заради доловување на вообичаена слика на сигурност, но по тој момент веќе не можевме еден без друг, во нашите истории се појавија провалии, конечно се родивме. А потоа клупчето се разврза играјќи со него како палави мачиња, се плетеше нашата иднина... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
, daj nesto po veselo
|
|
apce
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
вистина...
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... ликовите кои изгледаат осамени имаат најдобри приказни додека ја
бараат свеќата за да тргнат кон среќата. Такви беа и нашите додека се
храневме со тага, се навикнавме, немаше подобар избор. Тогаш бевме свои
не делејќи со никого, тие што беа со нас, беа на некое друго место.
Дали доживувавме оргазми ? Познато ни’ беше тоа чувство како кога устата ќе ја наполниш со снег и чекаш да се растопи за да можеш да ја пиеш водата. Се тешевме дека само невротичните се гладни за пријатели, дека пријателството е преценето, а љубовта само бајка со која се успивавме. Тоа беа големи молитви за мали чуда, а некои цимолеа за изгубени љубови, но ние бевме надмоќни затоа што знаевме дека е мртва како во некоја сообраќајка. Сакавме само да бидеме мистериозни, бар на првата средба, мразевме секс со полни стомаци, секогаш го прескокнувавме главното јадење, непотребна предигра за недозреани, ние немавме време, возрасните секогаш го немаат. Верувавме дека сме квалитетни глумци соживеани со улогата, не сакавме да помислиме дека сме само експериметални глувци. Кога кажувавме за себе внимававме да не не’ чуе никој на тој начин што кажувавме многу, а навистина не кажувавме ништо. Душите ги претворивме во пари, само разгледувавме, не трошевме многу, само се штедевме, не можевме да се преболиме. Во вообичаено време застанувавме во излог со цена закачена за нас, се купивме по вообичаена тарифа за сезонска распродажба. По некое време кога рокот кој ни’ го предвидоа измина, кога останавме без гаранција, станавме чудни како колачиња без вештачки засладувачи...продолживме да се држиме за раце без цена закачена за нас. Ако нешто не може да се купи престануваат да важат вообичаените правила...продолживме заедно надвор од секоја вообичаена логика од каде започнува слободата... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tuka sme, citame i uzivame. Ama da ne se uobrazi pa da prekine da pisuva ne mu delime komplimenti |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ми приоѓаш нежно и тивко, која жртва и да ја побараш, за неа спремен сум додека се посилно ме допира твојот поглед кој се приближува. Сетила во ерупција, црвената наежена кожа е надмината, сега сум факел.
Ми поминува смешна мисла дека на истото место секогаш паркетот ми крцка, тебе никогаш: „Е тоа е женственост ! “ Слухот не помага многу додека се приближуваш, ниту промена во воздухот не се случува додека зад тебе бесшумно вратата се затвара. Само милион скокотливи боцки од стомакот до рамената ми шетаат, за потоа рацете стишано да ми отрпнат додека наидува бура низ вените, ми минува смешна мисла дека и мртви негодуваат кога јас ја затворам вратата. Ја оставаш чантата, ги шириш рацете и сето тоа во еден шум претопен со твојата насмеана воздишка низ заводливи усни од кои изледува воздушест шепот:„ Најпосле си мој ! “. „ Е тоа е женственост! “, наместо моето трупкање како разулавен бик додека зад мене сеуште се слуша тркалањето на чевлите шутнати низ ходникот и шушкање на паднато палто кое ја промашила закачалката од кое истрчуваат како глувци клучеви и некои ситни пари од џеповите. Тресната врата зад мене која те праплашува немајќи време да се повратиш од шокот додека ти рипам во прегратка напаѓајќи ги веднаш познатите скокотливи места со моите излигавени и нестрпливи усни... А ти тоа го правиш како да си дел од мене, се прилепуваш полека освојувајќи го секој дел од моите бранети подрачја кои веднаш предавнички го истакнуваат бело знаме за предавство - ни три пара темни наочари не можат да ми помогнат бар да изгрувам воздржаност макар и на кратко: „ Е тоа е женственост ! “... |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |