![]() |
|
ПОСТЕЊЕ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 50> |
Автор | |
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
karamandi
za sto se zbori tuka za postenje ili ...... Да, пријателу, станува збор за пост, проследен со задолжителното - правење добри дела. Тоа е најдобрата храна за човековата душа. |
|
![]() |
|
karamandi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 1496 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a inaku ubavo e da se posti koj moze neli?
|
|
![]() |
|
karamandi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 1496 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Asya ![]() Сениор ![]() Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Da, megjutoa ne e razumno da se isprakjaat pari po poshta, osobeno ne, vo korumpirana zemja kako Makedonija, bidejki vo sluchaj ako se izgubi ispratnicata, i parite kje bidat izgubeni. Vprochem, vo normalni drzhavi, nikoj ne mozhe da isprati ispratnica na pari, bez da gi napishe svoite podatoci. A na Boga ne mozhe neshto da mu bide ugodno, ako e protiv zakonot i poredokot. Ne treba da se preteruva, nitu bukvalno da se svakja se shto e napishano vo Evangelieto. Tuku, koja e smislata, ako tebe ti ja otkril tajnata, vo prisustvo na negovite dve race? Изменето од Asya - 05.Декември.2008 во 17:08 |
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
16.9: Одличен пример како треба да се помага, „кога дава левата-да не знае десната„ не учи Писмото.
БРАВО за момчето, Господ нека му ги умножи сите дарови. Чисто технички, мислиш дека може да се прати пратка без податоци за испраќачот? Знам дека во банка тоа е невозможно, мисламд ека е така и во пошта, посебно кога се прачаат пари. Не знам, можеби грешам. Прости ако со ова ставам сомнеж на твоето сведоштво, не ми е таква намерата-само коментирам и прашувам логички. Може, брат, може да се испраќаат - веќе се уверив. Само тие би ти скренале внимание дека ако на адресата не најдат никој не ќе можат да ти се вратат сретствата. Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 15:35 |
|
![]() |
|
16.9 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 16.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 8 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одличен пример како треба да се помага, „кога дава левата-да не знае десната„ не учи Пимосто. БРАВО за момчето, Господ нека му ги умножи сите дарови. Чисто технички, мислиш дека може да се прати пратка без податоци за испраќачот? Знам дека во банка тоа е невозможно, мисламд ека е така и во пошта, посебно кога се прачаат пари. Не знам, можеби грешам. Прости ако со ова ставам сомнеж на твоето сведоштво, не ми е таква намерата-само коментирам и прашувам логички. |
|
![]() |
|
Litvinenko ![]() Група ![]() Регистриран: 02.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 52 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овие 10 дена кај муслиманите е доброволниот пост на месецот Зул Хиџе..
|
|
![]() |
|
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 "Зашто ние постиме, велат, а Ти не гладаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш" - Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од другите барате тешки трудови. 4 Ете, вие постите за караници и расправии и за да биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините. 5 *Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа? 6 Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; 7 *раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, - облечи го, и од еднокрвниот не се криј. 8 Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува. 9 Тогаш ти ќе повикаш - и Господ ќе те чуе, ќе извикаш - и Он ќе рече: "Еве Ме." Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо, 10 кога ќе му ја дадеш на гладниот душата своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, - тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне; 11 и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат. 12 Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги востановиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби. (Исаија 58:3-12) |
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Деновиве видов еден пример на поинаков, вистински пост.
Отидов в пошта по една потреба. Таму сретнав човек, кој пополнуваше испратница за пари. Му ги испраќаше на некој. Мене ми требаше пенкало и го причекував да заврши со пополнувањето на испратницата. Кога ми рече дека завршил со пополнувањето, забележав дека остана празна графата каде што требаше да ги внесе податоците од испраќачот. Мислејќи дека направил превид, му реков: Пријател, случајно да не направи грешка, ти фалат податоци за испраќачот! Тој се заврти кон мене, милно ме погледна, и ми рече: Ве молам пријателу, да не ми го земете за грев (за фалба) ова што ќе ви го кажам - често, во пости, практикувам да испраќам пари во висина на еднонеделен трошок за храна и пијалок на луѓе кои ги познавам и знам дека се понеимашни, а мои податоци не внесувам зашто знам дека така Му е угодно на Бога. И ми цитираше еден цитат од Евангелието – Што дава твојата десна рака да не знае левата. Останав без зборови. Значи, намерата му била, човекот што ќе ги добие парите да не разбере кој му ги испраќа, т.е. ќе знае дека тоа некој му го прави во името на Бога. Немам зборови – вистинско дело и вистински пост во вистинско време. Му благодарам на Севишниот Господ Бог што ме удостои да го видам ова, а Господ, на овој млад човек, нека му ги намножи сите добра, и да продолжи да си ја спасува душата. Изменето од Miki_P - 01.Декември.2008 во 21:26 |
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Правило за Божикен пост
Овој пост е востановен во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Тој се пости вака: За целото време додека трае постот од исхраната се исклучува употреба на производи од месо и млеко. Пост во поединечни денови: Во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино; во сабота и недела се дозволува масло и риба. Ако се случи да има празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако се случи празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во среда и петок се допушта, покрај масло, и риба. Ако се случи ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба. Ако се причестуваш во недела - од понеделник, заклучно со сабота не треба да јадеш масло и да пиеш вино или негови производи. Изменето од Miki_P - 30.Ноември.2008 во 21:35 |
|
![]() |
|
belichka ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
na site brakja i sestricki mili vo Hrista im posakuvam lesen post,
mir ljubov cista molitva vo radost da go slavime golemiot praznik Bozik!! ![]() |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Подготовка за одење во храм
Облекување; Облекувањето на верникот секогаш мора да биде пристојно, а особено кога се оди во храм. Машките влегуваат во храмот гологлави а жените со покриени глави. Облеката треба да биде свечена и прикладна. Не е пристојно во храм да се оди облечен во фармерки, маици, шорцови, кратки сукњи, влечки или патики. И мажите и жените не треба да влехуваат во храм со недоволно покриено тело. Ова особено важи за жените. Не е долично жени во храм да доаѓаат облечени во пантолони, нападно нашминкани и со кармин на устата, особено кога треба да примат света Причест. Однесување во храмот Храмот е свето место, и кога човекот влегува во него мора да влегува тивко, внимателно и со големо стравопочитување. Кога се дојде до црковните врати, малку се подзастанува, се прекрстува и се поклонува кон храмот. Како е правилно да се осенуваме со крстен знак, т.е. да се прекрстуваме. Кога треба да се прекрстиме, тоа го правиме вака: Цврсто ги зближуваме првите три прсти од десната рака (палецот, показалецот и средниот) така што нивните завршетоци мора да бидат рамни (и Лицата од Светата Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух се еднакви, рамни по достоинство), а малиот и домалиот прст ги прилепуваме на дланката (малиот - ја означува човечката природа на Господ Исус Христос, а домалиот – Божествената). Кога вака се подготвени сите прсти почнуваме да се осенуваме со крстен знак, т.е. се прекрстуваме. Движењето е проследено со кажување на формула, и тоа: Кога ја додирнуваме средината на челото, посветувајќи му го умот на Бога, велиме: „Во името на Отецот“, потоа ја спуштаме раката во висина на појасот, посветувајќи му го своето срце на Бога, велиме: „И Синот“, потоа ги допираме - прво десното а потоа левото рамо од предната страна, посветувајќи му ја својата сила на Бога, велејќи: „И Светиот Дух“. На крај велиме: „Амин“, што значи: така нека биде. Палење свеќи; Ако има присуство на повеќе луѓе, трпеливо се ческа на ред за да се купат свеќи. Кога ќе се купат свеќи се оди до местото каде што се палат свеќи, водејќи сметка да на се застане со плеќите кон олтарот или кон свештеникот ако за тоа време се покадува низ храмот. Се прекрстува и почнува со палење на свеќите, велејќи: Ти се молам, Господи, за телесно здравје и духовно спасение на мојот брат (сестра, мајка, татко, син, ќерка, другар, пријател итн.) и се кажува името за кој се пали свеќата. Или: Ти се молам, Господи, за упокоение на душата на мојот дедо (баба, татко, мајка, стрико, стрина, пријател, другар и тн.) и се кажува името. По обичај, свеќи за здравје се палат на горниот дел од шанданот а за упокоени – долу. Кога ќе се заврши со палењето, тивко, како и дотогаш, појди и целивај ги иконите што се поставени за целивање. Ова е најдобро да се прави десетина минути пред да започне Богослужбата, зашто ако е започната (Богослужбата), со движењето низ храмот се попреќува истата и се одвраќа вниманието на верниците. Мажите обично стојат на десната а жените на левата страна од коработ – храмот. На одбраното место се стои мирно, без вртење, шетање или разговор со некој. Ако некој, од одредени причини, не може да стои за време од целата богослужба, може во одредени моменти и да седне. Во никој случај не треба да се седи ва време на Малиот и Големиот вход, за време то кога се чита Евангелие или кога се кади. Ако се почувствува умор потребно е да се засили молитвата зашто ѓаволот се труди да го спречи човекот во молитвата. За време на молитвата новите треба да бидат зближени, а рацете прекрстени на градите или спуштени покрај телото, но никако ставени на плеќи или во џебови. Молитвите се кажуваат во себе. Дискретно се внимава на работењето на свештеникот, и кога тој се прекрстува, така правиме и ние, особено кога се спомнува Светата Троица, т.е., Отецот и Синот и Светиот Дух. Кога свештеникот покадува низ храмот треба да се завртиме кон местото каде што треба да помине, благо ја наведнуваме главата, но не се прекрстуваме. Ова особено важи кога се прави Мал вход (кога свештеникот го носи Евангелието од на св. Престол низ храмот ‘кораб - лаѓа’ и пак го става на св. Престол) или Голем вход (кога свештеникот ги пренесува предложените Дарови од Жртвеникот на св. Престол). Тогаш сите се повлекуваат за да може свештеникот слободно и непречено да помине, со Евангелието односно, со светиот Принос. Тогаш не треба да се прекрстуваме или да го допираме свештеникот, туку, како што веќе рековме, само благо да ги наведнеме главите, стоејќи на местото. Не е дозволено тогаш да се преместуваме од едно на друго место како и таму би го дочекувале свештеникот, туку секој стои таму каде што му е местото или каде што во меѓувреме се затекнал. Доколку некој знае да пее тој треба да пее тивко и полека за да не им попречува на црковните пеачи. С# на с#, со своето однесување во храмот треба да бидеме како невидлива сенка, а не да бидем забележани. Гоределивото однесување на фарисејот во храмот Господ Исус Христос го осудил како неисправно и грешно, а го пофалил скромното однесување на цариникот и неговата скрушената молитва. Кога се излегува од храмот (по богослужбата) на еднаков начин како и при влегувањето, се целиваат иконите што се определени за целивање, излегува тивко и внимателно, се завртува кон внатрешноста на храмот, се прекрстува и благо се поклонува. Како се целиваат икони? Во почетокот на храмот или на средината е поставена икона на светителот на кого е посветен храмот, десно од неа - икона на Спасителот Христос, а лево – на Мајката Божја. Со побожност се застанува пред нив, се прават два поклони со прекрстување, се целиваат иконите, прво – на храмот, потоа на Спасителот, и – на Богородица, а на крај пак се прави поклон со прекрстување. Штом се заврши со целивањето се оди на слободно место, или на место што вообичаено си стоел и таму се стои со голема побожност и се учествува во Богослужбата. Нафора На крајот од Богослужбата свештенослужителот (свештеник или епископ) поделува нафора на верниците. Нафората е осветен леб што на верниците им се поделува на крајот од светата Литургија. Тоа е потсетување на првите христијански вечери на љубовта – агапи кога после Богослужбата заедно се вечерало, се пееле духвни песни и се делела милостиња. Нафората се зема – добива на следниот начин: Полека, во ред, се приоѓа кон свештенослужителот што поделува нафора. Кога ќе се дојде на ред, со внимание се прекрстува, го целива крстот што го држи во рацете свештенослужителот, ја поставува десната рака преку левата, вкрстено, му дава нафора (парче леб) во десната рака а тој му ја целива десната рака. Нафората веднаш штом се прими се става во устата, трудејќи се да не падне ниедна трошка на земја. |
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не постење = нејадење, туку -
ПОСТЕЊЕ = ВОЗДРЖУВАЊЕ Изменето од Miki_P - 30.Ноември.2008 во 22:46 |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() Тоа е добро, кога имаме трезвен пристап кон реалноста!
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 50> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |