|
Посни јадења |
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Автор | |
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ехеееееееј...не да ја биде.....ми мириса дека ќе бидат вкусни....
И после кажи како испаднаа, дали беа добри.... |
|
МИР со сите
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne sum probala sejtan da gotvam, a redovno si kupuvam sendic so sejtan i salati od NINO....
Sega sakam da napravam tortilji so sejtan- sto mislis polzavce- kje ja bide kombinacijava? Изменето од Kali - 31.Март.2010 во 22:50 |
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сејтан во сос од тофу
Сејтанот се сече како шницли. Се премачкува со малцуцка ајвар и малцуцка лукче. Се остава да отстои и потоа се пржи на масло. За сосот: Тофуто се сечка на коцки, се става во малку млака вода, се додава сечкан компир на ситни коцки,печурки буковки, лукче, магдонос, млеко од соја и соја сос, бибер и сол. сето се динста на тивко. Кога се ќе омекне се блендира во блендер. Се служат шницлите од сејтан полиени со сосот и одозгора се накапува маслиново масло... |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тофу во фолија
Се сечат тенки и долги парчиња тофу. Секое парче се премачкува со сенф и се накапува со една, две капки сос од соја и маслиново масло. Врз едното парче тофу се става патлиџан и малку босилок. Врз второто парче се става оригано. Врз третото парче се става гомасио. Врз четвртото парче се става кари. Сите парчиња тофу поединечно се завиткуваат во фолија и се ставаат во рерна. Готови се кога тофуто ќе омекне и ќе поприми од мирисот на зачините. Овој рецепт дава можности за развивање на фантазијата и експериментирање со вкусовите |
|
МИР со сите
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК
1-2 моркови
Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз...... Изменето од bijonse1 - 18.Февруари.2010 во 17:51 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КРЕМ-СУПА
основа за крем-супа: Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос. Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл....................... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХУМУС 200-250 гр. печена лебле*ија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус........ |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ
4-5 компири Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините........ Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:32 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни рецепти без масло (на вода)
ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час......... Изменето од bijonse1 - 18.Февруари.2010 во 17:50 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да го прочистиме нашиот организам...... да му дадеме можност за ревитализација по некоја болест..... да му дадеме можност за ослободување од вишокот на килограми..... да му дадеме можност за стабилизирање после празниците.... таканаречени манастирски или посни рецепти со или без масло....
Гладувањето е храна за молитвата - Постот и молитвата ни се голем дар од Бога без кој за нас луѓето нема обожавање и спасение. Нив ги осветил и ни ги подарил во Црквата самиот Господ, богочовекот Исус Христос, постејќи во пустината четириесет дена и четириесет ноќи. Телесниот пост е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината и е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите свети добродетели во што се состои и нашата подготовка - велат монахињите од Марковиот манастир. - Гладот е храна за молитвата, а вистинската молитва проследена со плач и солзи не' соединува со Бога. За нас, монасите, целиот пост, па и крајот на постот, е проследен со вежбање пред се' во духовниот пост, а тоа е смирението, трпението, љубовта кон ближните и кон се' што не' опкружува. Благодатното чувство на покајание, солзите, плачот за сите луѓе кои се во болка, во тага, во неволја е нашата награда од постот. Тоа е благодатно чувство, преку кое љубовно го прегрнуваш целиот свет - потенцираат во манастирот.Тие велат дека работните обврски што им се доверуваат на сестрите како пред постот така и за време на постењето се извршуваат во целост. - Постот во никој случај не може да биде пречка за извршување на дневните обврски. Напротив, тој ни дава телесно и духовно здравје и сила. Сите што го практикуваат со благослов од духовниот отец, го знаат тоа и ги вкусуваат плодовите од постот - се зборовите на сестринството....... горенаведениот текст нека не води во нашиот пост без разлика за која цел и причина.......да бидеме силни и да истраеме во посната трапеза.... Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:46 |
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се бендисува рецептов..ќе го пробам...
|
|
МИР со сите
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема поубава манџа од посната со печурки,морков,компир,брокула, грашок,пченка,пашканат,целер, и секако запршка со пченкарно брашно...
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас знам како мајка ми го има правено макалото,
вариш сув пипер додека омекне нормално, вариш и компир, после све тоа заедно ке истолчиш убаво со толчник во дрвен сад и ситно сецкана празоина, зејтин, сол и после макаш...
и за крај како шлаг на се,те жеже стомак и се дружиш со ве-цето многу почесто од вообичаено Изменето од GlenKlouz - 11.Декември.2009 во 23:20 |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може ли некој да ми каже како се прави некое убаво макало со суви пиперки, компири, таква работа?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |