|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 678910 58> |
Автор | ||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pak isto mi doagja na dusata
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
kole12
Нов член Регистриран: 22.Март.2014 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дневник за на училиште на писмена имам
Изменето од kole12 - 20.Мај.2014 во 21:28 |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таа вечер после убавиот помин во паркот тие тргнаа дома.
Тој почуствува дека нешто помеѓу нив не е исто како порано, и дека е болна тишината меѓу нив двајцата. Го замоли да ја паркира колата,бидејќи сакаше нешто важно да му каже, таа сакаше да зборува со него. Му кажа дека веќе чувствата не се исти кон него дека се сменети, и дека е време да раскинат. Во целата таа тишина,солза се стркала по неговото лице,и нежно падна на дуксерот, го зема нотесот и напиша нешто на него,и ја бакна на челото. Во тој момент еден бесен пијан возач,удри во нивната кола... од големиот удар момчето погина.. За чудо девојката го преживеа ударот. Се сети на нотесот и го отвори да прочита што напиша тој и прочита:
„Без твојата љубов,јас ќе умрам’’..... |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секоја доживеана болка останува зад нас како некое овенато цвеке..
Одвреме навреме се подсетуваме на нив... разни бои, разни мириси ,разни чувства ,разни зборови... Зборови кои се искристализирани длабоко во нашата меморија тие повторно оживуваат со нашето потсетување на нив . При секое наше потсетување стануваат уште по длабоки... Подсетувајки се на нив а заборавајки на сегашноста несвесно забораваме дека ни поминал животот .. Зад нас останува само една тажна празнина .... еве во тој момент раскажуваме за минатите тажни времиња....
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Утро е веќе. Сонцето повторно се обидува да го разбуди денот и да ги растргне сите темни облаци наоколу. Едно такво сонце лежеше и во неговиот кревет. Таа дишеше тивко, спиеше мирно, лесно покриена со белиот чаршав кој ги исцртуваше контурите на нејзиното топло и меко тело. Додека таа уште спиеше, тој не можеше да ги исклучи гласовите во главата и да ужива како неа. Токму поради тоа, понекогаш тој и беше љубоморен. И се чудеше на нејзината психичка подготвеност, и се чудеше на нејзината храброст или можеби неразумност. А нели таа беше девојка како и секоја друга водена од чувства и емоции. И не му беше јасно, кога во секој нејзин збор, во секој нејзин потег ја бараше таа емоција, го бараше тоа чувство што никогаш не го доживеал, а сепак барајќи луташе низ ходниците, се губеше низ лавиринтите на својот ум. Како месечината која самува на темното небо меѓу толку ѕвезди и го чека сонцето за да и го осветли небото, не знаејќи дека таа сепак ќе треба да замине, така тој не беше свесен како не може да го најде тоа што му треба, а сепак самиот чувствува нешто ново, некоја чудна зависност од нејзината едниствена енергија. Тој бараше чувство, а ја најде неа. Тој го бараше чувството во неа, а го најде во себе. Хаосот во главата го ограничуваше и не му дозволуваше да ги усогласи мислите и чувствата, како што облаците ја гушат месечината и нејзината светлина на небото ја губи својата моќ. Колку тој ја губеше својата моќ, толку повеќе и го дозволуваше нејзиното влијание врз него, беше свесен за тоа и покрај тоа што си негираше. Ги негираше и нејзините гестови, ги негираше и нејзините емоции, а толку уживаше во нејзината насмевка кога тој беше нејзина причина. Толку се исполнуваше кога таа спиеше мирно покрај него, поради него. Ја обожаваше секоја нејзина реакција за која тој беше виновен. Сакаше кога таа го прегрнува и обидувајќи се да го обвитка целосно, го притискаше кон себе до степен кога на моменти остануваше без воздух. Сакаше кога е само негова. САКАШЕ ! Сите размислувања го наведуваа на едно, додека, свртен со грбот кон неа, седеше на креветот. Пред да одлучи, за миг се сврте и ја погледна. Ја погледна со поглед кој велеше – „ Која си? Што си ти? Мене што си ми? “. А одговор немаше. Со страв во очите се доближи кон неа, уште еднаш да ја помириса нејзината коса, уште еднаш да ја почувствува топлината на нејзиниот нежен врат… Уште еднаш, знаете, ко за последен пат. Но тој повторно сам се излажа, повторно не можеше, повторно се врати на почеток. Повторно сакаше да го најде тоа чувство во неа, несвесен дека чувството во него е таа. Несвесен дека ТАА е чувство. |
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"okean od misli, okean od zar, patnik li si na zivotot tvoj zar?..bezbroj prasanje mozat da se nizat, oci mozat otvoreni da bidat ili ednostavno da mizat..." ednas edna licnost mi go napisa ova vo mojot spomenar i ostanaa so mene kako i toj pokraj mene...
|
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
sparki 13,pusti toa televizorot...prevrti gi MK kanalite...
i ...ete ti inspiracija za samoubistvo... |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ljubovta ja izmislija siromasnite...
za da mozat dzabe da dupat... PS;ne e bitno koj go kazal,ali drzi... |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Автор е едно другарче |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А од каде да знаеме ние што мислиш да напишеш за да ти помогнеме (напишеме)?
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Sparki13
Нов член Регистриран: 11.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓе пиѓувам еден текст со кој сакам да го погодам мојот дечко мене ми текна како тоа се да го напишам ноо незнам како да започнам.иначе текстот е како расажување на една љубов во која девојката умира а дечкото останува сам... Паа ќе сакате ли да ми помогнете
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Декември. Сив и студен. Ми се чини студот, како да пробива длабоко низ моите коски и предизвикува кратки треперења на мојата душа. Додека декември ги одсликува своите пејзажи пред моите очи, ветерот како да ми ги носи твоите невкусни зборови упатени на моја сметка. Демек малце ми беше еднаш да ги слушнам, па сум принудена да ги почувствувам со секое шумолење на ветрот. Да не се сфатиме погрешно, тоа што твоите навреди и твојот длабок поглед кон мене се насекаде околу мене, не значи дека и ти си тука. Напротив. Те нема.Знаеш… Не си ти декемвриски тип. Ти не си го почувствувал студот во душата, кој е полош и од декемврискиот. Ти не мирисаш на снег, не мирисаш на студ. Ти не изгледаш сиво, ниту пак тажно. Ти никогаш не си слушнал за тоа. Ти си јули. Топол, разнобоен, прекрасно миризлив и среќен. Каква (не)комбинација… Како што никогаш не би ги споила декември и јули, не би не споила ни нас. Ми изгледа како залудно спојувањето на мразот и огнот.Страшно е да се спојат разумот, гордоста, љубомората и љубовта.Тоа никаде не води… Затоа не останувај, не губи време безнадежно. Оди што подалеку те молам. Оди бакнувај, уживај, живеј. Само оди.Оди и не враќај се.Не враќај се на местото на спомените, не враќај се на нас, на ништо повеќе.Оди без причина и не враќај се со изговор. Бидејки како и да е, декември и јуни ќе се спојат во мај и септември, а јас и ти никогаш повеќе. Изменето од evangeline - 07.Декември.2013 во 14:36 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бев само...веќе не сум
Бев само минута во твоите часови. Бев само капка вода во океанот на твоите страсти. Бев сосема незначајна планета во твоето соѕвездие, само момент на сјај во твоите очи. Бев само еден трендафил во многуте цветови и капка вода во преполнетата чаша. Бев само чекор во аргентинското танго и тоа оној последниот. Бев само мало интермецо, но сепак те сакам, иако бев само сосема мал дел од твојот живот! Штом ноќта се спушти на прозорот твој низ небесната површина ти праќам бакнеж мој, нека стигне таму каде што не можам јас и нека ти каже те сакам најмила! Некогаш толку многу ми фалиш и се обидувам сè да ставам во пределот на заборавот. Се она што се вика спомени, а тоа се река од убави моменти што живеат во мене! Нездраво, несватливо, тотално, незамисливо, невозможмо, ненормално, лудо, волшебно, крајно, неодоливо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ. Никогаш не вели “те сакам„ ако не ти значам. Никогаш не зборувај за чувства ако не постојат. Никогаш не ме допирај ако имаш намера да ми го скршиш срцето. Никогаш не вели “ке биде со време„ ако не мислиш да почнеш. Никогаш не ме гледај во очи ако се што правиш е лага. Никогаш не вели здраво ако мислиш збогум. Никогаш н...е вели никогаш затоа што тоа “никогаш„ ме тера да плачам..Те сакам.. ама џабе е! |
||
Внеси реплика | страница <1 678910 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |