IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2015 во 08:32

ФРАНЦУСКА ЧОКОЛАДНА ТОРТА

4

Колку и да се трудам вкусот нема да можам да ви го доловам, затоа припремете ја и уживајте во неверајотниот вкус на чоколадата.

Потребни состојки:

–      140 гр маргарин

–      140 гр шеќер

–      ванилин шеќер

–      6 јајца

–      140 гр мелени ореви или лешници

–      3 реда чоколада – вашата омилена

–      една лажица какао

–      рум

 

За филот:

–      125 гр путер

–      125 гр шеќер во прав

–      ванила

–      3 реда чоколада

–      една лажица какао

–      2 јајца

 

Подготовка:

Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.

За филот:

Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2015 во 09:21

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ЈАБОЛКА

15
Состојки:

4-5 големи јаболка

3 и пол шолји брашно

прстофат сол

кесичка прашок за пециво

шолја шеќер

3 лажички цимет

2 лажици какао

3 јајца

80 мл. масло

100 г. чоколадо, исецкано на коцкички

100 г. исецкани ореви

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 160 степени. Изрендајте ги јаболката.

2. Во сад измешајте ги брашното, солта, прашокот за пециво, шеќерот, какаото и циметот.

3. Во поголем сад измешајте ги изренданите јаболка, изматените масла и јајца. Измешајте го брашното со додатоците, па додадете ги исецканите чоколада и ореви. Мешајте додека состојките не се поврзат.

4. Ставете масло во калап за торта и ставете ја смесата. Печете 60 до 70 минути. Оставете малку да се олади, па по желба прелејте ја тортата со чоколадна глазура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2015 во 08:46

Пробајте: Сочен колач кој брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде


Ако не сте многу по кремастите торти и повеќе ги сакате сочните колачи со шербет, тогаш овој колач ќе сакате да го изедете толку брзо колку што ќе го подготвувате.

prsti-da-izlizete-brz-i-socen-kolac-bez-shlag-001

Одличен е и за со кафе, но и за намалување на апетитот пред спиење. Наместо обилна вечера, едно парче од овој колач ќе ве засити.

Потребни ви се само неколку состојки, кои најверојатно секогаш ги имате дома.

Потребни состојки:

За тестото

  • 4 јајца
  • 200 g шеќер
  • 200 g путер
  • 200 g гриз
  • 2 супени лажици брашно
  • 1 кисела павлака (250 ml)
  • Пола кесичка прашок за печиво

За шербетот

  • 500 g шеќер
  • 750 ml вода
  • 1 ванилин шеќер

prsti-da-izlizete-brz-i-socen-kolac-bez-shlag-01.jpg

Подготовка:

Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додадете ги и останатите состојки за тестото и изматете сè со миксер.

Печете во загреана рерна на 180-200 степени, додека колачот не биде испечен, а тоа може да го проверите со чепкалка која не треба да има залепени остатоци од тесто, кога ќе боцнете и ќе ја извадите.

На страна подгответе го шербетот, така што ќе ја зовриете водата со обичниот и ванилиниот шеќер додека не добие златна боја и густина малку поретка од мед. Со шербетот прелијте го испечениот колач и вратете го во рерна уште 5 минути.

На крај исечете го на коцки и послужете го за да уживате во неговиот сочен вкус кој ќе ви се топи во устата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2015 во 08:04

Мангомису



Веро­јатно сите сте слу­шнале за пре­кра­сното ита­ли­јан­ско колаче тира­мису. Денес, ние ви пре­дла­гаме да напра­вите една посебна вари­јанта, која како што кажува и самото име Ман­го­мису, содржи манго.

Едно­ставно, десерт во кој ќе ужива секој.

СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 500 гр маска­рпоне
• 600 мл слатка павлака
• 50 гр шеќер
• 2 жолчки
• 1 вани­лин шеќер
• 125 мл ликер од пор­то­кал
• сок од 2 пор­то­кала
• 300 гр бисквити — пишкоти
• 3 манго пло­дови, исеч­кани со 1 цм дебелина

сос од малини
• 55 гр шеќер
• 250 гр свежи или замр­знати малини
• сок од 1 лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Обло­жете ја тавата за печење (по можност кру­жна, со дија­ме­тар од 22 см) со хар­тија за печење. Ста­вете го маска­рпо­нето, шеќе­рот, слат­ката павлака, жолч­ките и вани­ли­ниот шеќер во дла­бок пла­сти­чен сад и матете со помош на мик­сер сѐ додека не доби­ете густа, хомо­гена смеса.

Изме­шајте ги лике­рот и сокот од пор­то­кал во посе­бен сад. Секоја од пишко­тите пото­пете ја до поло­вина во лике­рот и наре­дете ја во садот за печење. Кога ќе напра­вите еден ред со пишкоти, ста­вете една тре­тина до сме­сата со маска­рпоне и една тре­тина од пар­чи­њата манго. Пов­то­рете го про­це­сот сѐ додека имате состојки. Нај­горе, покријте со пар­чиња манго. Пре­кријте ја тавата и оста­вете да се лади околу 2 часа.

Во меѓу­време, при­го­твете го сосот од малини. Ста­вете го шеќе­рот и 2 големи лажици вода во мал сад на уме­рен оган. Рас­то­пете го шеќе­рот. Потоа, малку изла­дете го шеќе­рот и дода­дете ги мали­ните и сокот од лимон. Изме­шајте ги сите состојки во блен­дер. Оста­вете да убаво да се излади во фрижидер.

Пред серви­рање, вни­ма­те­лно изва­дете го кола­чот од садот за печење и ста­вете го во сад за послу­жу­вање. Деко­ри­рајте со спи­ра­лно пре­сечно манго и сос од малини.



Изменето од Valerija - 28.Април.2015 во 08:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2015 во 21:06

Десерт на денот: Киндер пингви чоколадни коцки


Домашни Киндер пингви коцки со кои ќе ги израдувате најмладите, а и вие ќе бидете воодушевени со денови.

desert-na-denot-kinder-pingvi-cokoladni-kocki-01.jpg

Откако еднаш ќе го пробате, големи се шансите овој рецепт да ги надмине купечките тортици.

Потребни состојки:

За бисквит

  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици шеќер
  • 6 јајца (одвоено белки и жолчки)
  • 6 лажици жешка вода
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици какао прав

За крем

  • 3 крем сирења (од 70g)
  • 5 лажици шеќер во прав
  • ½ литар слатка павлака за шлаг
  • 1 желатин во прав

За чоколаден крем

  • 100g чоколадо за готвење
  • 50g путер
  • 1 лажица масло
  • 50ml вода

За глазура

  • 100g за готвење
  • 50g путер
  • 1 лажица какао прав


Подготовка:

Жолчките изматете ги со шеќерот и врелата вода додека смесата не стане густа и кремаста. Измешајте го какаото, прашокот за печиво и брашното во посебен сад, а потоа измешајте ги сувите состојки со жолчките. Додавајте лажица по лажица и мешајте со миксер.

На крај изматете ги белките додека не добиете снег, со неколку зрна сол. Додадете го во смесата од жолчки и брашно.

Печете во калап со мрсна хартија на 175 степени околу 40 минути. Изладениот бисквит пресечете го на 2 еднакви дела.

Во меѓувреме направете го кремот.

Желатинот прелијте го со 4 лажици вода и оставете го да нарасне. Измешајте го крем сирењето со шеќер и додајте слатка павлака. Желатинот стоплете го на ниска температура, па потоа додавајте го во смесата од крем сирење.

За чоколадниот крем потребно е чоколадото ситно да го исечкате, а во посебен сад да го загреете путерот со маслото и водата. Кога течноста ќе се соедини, тргнете од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи.

Глазурата ќе ја подготвите така што на тивок оган ќе го загреете какаото со путерот додека не добиете еднолична смеса. На крај додадете го чоколадото.

Глазурата правете ја на крај, затоа што треба да е топла кога ќе ја прелиете.


Редење на слоеви:

Првиот дел од испечената кора ставете ја во калапот во кој ја печевте и на неа намачкајте половина од кремот. На кремот ставете го чоколадниот крем и оставете да отстои во фрижидер 15 минути.

Откако ќе се олади, ставете ја и другата половина бел крем, па покријте со втората кора.

Прелијте со топла глазура и оставете го колачот во фрижидер неколку часа.

Потоа сечете коцки и уживајте! Ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута....

desert-na-denot-kinder-pingvi-cokoladni-kocki-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 11:11
Валерија еден пост погоре е истава торта голема насмевка Изгледа стватно ни се бендиса
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 08:22

Рецепт на денот: Несквик карамела торта

Откако ќе видите како изгледа оваа Несквик торта нема да поминат повеќе од 2 секунди, а да не си го замислите кремот кој се топи во уста.

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-01.jpg

Можеби нема да биде готова додека трепнете, но ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута.

Потребни состојки:

За кори

  • 7 белки
  • 125g шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 180g печени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица Несквик
  • Прашок за печиво
  • 100ml масло


За фил

  • 1l млеко
  • 7 жолчки
  • 200g карамели
  • 160g густин
  • 150g шеќер + 1 ванилин шеќер
  • 125g маргарин
  • 200ml слатка павлака


За потопување

  • Млеко и Несквик


За глазура

  • 200g Милка noissete
  • 200ml слатка павлака
  • 2-3 лажици Несквик


Подготовка:

Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.

На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.

Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.

Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.

Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.

За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.

Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.

Пресечете и уживајте!

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-02.jpg

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:14

Несквик карамела торта


Откако ќе видите како изгледа оваа Несквик торта нема да поминат повеќе од 2 секунди, а да не си го замислите кремот кој се топи во уста.

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-01.jpg

Можеби нема да биде готова додека трепнете, но ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута.

Потребни состојки:

За кори

  • 7 белки
  • 125g шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 180g печени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица Несквик
  • Прашок за печиво
  • 100ml масло


За фил

  • 1l млеко
  • 7 жолчки
  • 200g карамели
  • 160g густин
  • 150g шеќер + 1 ванилин шеќер
  • 125g маргарин
  • 200ml слатка павлака


За потопување

  • Млеко и Несквик


За глазура

  • 200g Милка noissete
  • 200ml слатка павлака
  • 2-3 лажици Несквик


Подготовка:

Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.

На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.

Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.

Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.

Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.

За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.

Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.

Пресечете и уживајте!

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-02.jpg

recept-na-denot-neskvik-karamela-torta-03.jpg

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 10:46

НАЈВКУСНИТЕ КОЦКИ СО ПУДИНГ

15
Смеса за пандишпан:

8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
150 мл. млеко

Прв фил:
2 кесички пудинзи од ванила
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Втор фил:
2 кесички пудинзи од чоколадо
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Трет фил:
10 жолчки
400 гр. шеќер во прав
500 гр. маргарин

2 кесички шлаг пена
1 чоколадо за готвење

Се бијат белките со шеќерот и им се додава брашното. Смесата се става во правоаголен плех намачкан со масло и посипан со брашно и се печи 30 минути на 170 степени. Откако ќе се излади се полева со млеко.

Првиот фил се добива со варење на пудинзите од ванила, шеќерот и млекото.

Вториот фил се добива со варење на пудинзите од чоколадо, шеќерот и млекото.

Трет фил: жолчките се бијат со шеќерот во прав и се варат над пареа. Откако ќе се изладат им се додава претходно убаво избиениот маргарин. Овој фил уште еднаш убаво се бие и се дели на две половини. Едната половина се става во првиот фил со пудинзите од ванила, а другата половина се става во вториот фил со пудинзите од чоколадо и убаво се бијат со миксер.

Над пандишпанот се става прво чоколадниот фил и убаво се мазни, па тортата се става да постои 5 до 10 минути во фрижидер за смесата да се стегне.
Потоа се става филот од ванила, се мазни и се става повторно во фрижидер 5 до 10 минути.

Откако ќе се стегне тортата, над филот со ванила се става шлаг пена, а над неа се става изрендано чоколадо за готвење.

Се служи како ладен десерт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2015 во 11:21

За Велигден послужете: Торта бело зајче со кокос и ванила

Веќе се почнати подготовките за велигденската трпеза, па за да ги примамите дечињата да седнат и да пробаат по нешто, нема подобра идеја од тоа да вида мало бело зајче кое може да го вкусат.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-01

Не ви се потребни многу состојки и време, само желба за да направите нешто ново со што ќе ги изненадите сите.

Потребни состојки:

  • 300 g путер
  • 2 ½ филџани шеќер
  • 6 големи јајца
  • 1 ½ кафена лажичка ванила
  • 3 филџани брашно
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 филџан млеко
  • ½ лажица морска сол
  • 100 g кокосов шеќер
  • Крем-сирење замрзнато
  • Кокос

Рерната загрејте ја на 350 степени.

Со миксер изматате ги крем-сирењето, путерот, шеќерот, ванилата и јајцата.

Во посебен сад измешајте ги брашното, печивото, содата, солта и шеќерот. Смесата додајте ја во садот со путерот и мешајте со повремено додавање на млеко.

На крај додајте го кокосот и измешајте целосно. Истурете ја смесата во тркалезен калап, кој претходно ќе го обложите со хартија за печење. Печете околу 30 минути.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-1

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-2

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-3

Како да го подготвите филот:

  • 200 g путер
  • 1 парче од 250 g крем-сирење
  • 8 g шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила
  • ¼ филџан млеко

Измешајте ги заедно путерот и крем-сирењето, додајте го шеќерот во прав, ванилата и млекото. Мешајте ги со миксер додека не добиете кремаста смеса која не се растекува.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-4.JPG

Од испеченото тркалезно тесто отстранете ја хартијата за печење и пресечете го на пола.

Двете половини спојте ги странично, како сендвич, а меѓу нив ставете поголем слој од филот.

Со нож отсечете еден дел за да ја формирате главата на зајакот. Потоа премачкајте целосно и од сите страни со останатиот фил додека не биде целосно бела тортата. Може да ја ставите и во замрзнувач некое време за да го задржи обликот подолго време.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-5

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-6

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-7

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-8

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-9.JPG

Посипете од сите страни со кокос за да се добие приближен изглед на крзното на зајчето.

За да ви стои поцврсто може да искористите и парче картон. Од картон може да ги направите и ушите кои ќе ги забодете на крај.

Декорирајте со украсен зелен мов од шлаг или прехранбено обоен кокос и никој нема да може да му одолее.

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-10

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-11

ednostavno-i-neodolivo-veligdenska-torta-belo-zajace-od-kokos-12

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 22:17
Ми пратија од дома ЈАБОЛКА, патуваа 800 км демек овде немаме и јас јаболка не јадам, немам навика. Затоа направив несто вакво:

- 400 гр лиснато тесто
- 500 гр јаболка
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер
- 1 лаж павлака
- 1 јајце
- 1 лажица цимет

Јаболката ги рендате на ренде, кората останува во рака, и после тоа со шеќерот и путерот ѓи пржите 5-10 мин максимум.
Тестото го делите на два дела, во тава за печење, ставате хартија малце масло, едната половина од тестото, филот и втората половина. И со нож го сечете на 8 дела.

Се става да се печи на 200 степени околу 40 минути.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 20:58

ЗАХЕР КОЦКИ


Захер коцки




  1. 1.Со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете поцврст шлаг.
  2. 2.Настрана, со виљушка, изметете ги жолчките. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа или пак во микробранова печка и измешајте ги со жолчките.
  3. 3.Во помал сас, брашното измешајте го со какаото.
  4. 4.Во садот со белките, мешајки со миксер на најспора брзина, додадете ги изматените жолчки со чоколадо и путер.
  5. 5.Додадете го и брашното и какаото но овојпат мешајки со силиконска лажица (не со миксер).
  6. 6.Тавата за печење обложете ја со хартија за готвење и смесата за пандишпанот истурете ја и добро распоредете ја.
  7. 7.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.
  8. 8.Изладениот пандишпан, поделете го на три идентични дела.
  9. 9.Секој дел премачкајте го со мармалад од кајсии, неставајќи на последниот дел.
  10. 10.Оставете го да се олади и исечете го на коцки.
  11. 11.Чоколадото заедно со маслото за готвење растопете го пареа. Секоја коцка потопете ја во растопеното чоколадо и ставете ја врз мрсна хартија за да се стврдне чоколадото.
  12. 12.По желба, декорирајте ги со бело чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 16:27
Српска бајадера

Светол дел:                                         
- 120 мл млеко                                      
- 120 гр шекер                                      
- 50 гр путер
- 180 гр ореви
- 180 гр бисквити
- 1 пак ванилин шекер

Темен дел:
- 120 мл млеко
- 120 гр шекер
- 100 гр чоколада
- 80 гр путер
- 170 гр ореви
- 170 гр бисквити

Глазура:
- 100 гр чоколада
- 20 гр путер
- 3 лаж млеко
- 3 лаж масло


Светол дел:
Путерот заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото се ставаат во тенџере на ниска температура и се меша од време на време додека не зоврие и не се стопи шеќерот. Се додаваат оревите и бисквитите и се се меша. Се остава да се лади.

Темен дел:
Исто како светлиот дел одкако се ќе зоврие се додава чоколадата, се меша па потоа се додаваат бисквитите и оревите. Се остава на ладење.

Ако смесата ви е премногу течна се додаваат бисквити, а ако е премногу густа се додава млеко.

Одкако филовите ке се стврднат се става прво темниот дел на хартија за печење и со влазна рака се обликува тестото оти е многу лепливо, над него се става светлиот и тој исто така се обликува со влазна рака и на крај во мала тегла наводенета во вода се ‘‘пегла‘‘ да биде се рамно.

Глазурата како глазура: се се става на минимална тњемепература и се меша додека не се добие хомоген производ. Се потура на бајадерата одозгора и се става во фрижидер да се стегни убаво.

Уште еден совет: оваа бајадера нема да биде тврда како бајадерата што ја правите дома (со шербет) туку ке биди малце помека и посочна. За да не пука чоколадата додека ја сечите користете танок нож наводенет и сечете полека.

Немам слика да ви покажам како изгледа ама многу е вкусна 100% !!!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 18:57

КОЛАЧ ОД ЈАБОЛКА И БАДЕМ

13
Состојки:

220 г. интегрално брашно

80 г. шеќер

2 лажички прашок за пециво

прстофат сол

100 г. путер

4 големи јаболка

500 мл. млеко

40 г. густин

2 кесички ванилин шеќер

40 г. шеќер

2 јајца

50 г. ливчиња од бадеми

малку цимет

Подготовка:

Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта, јајцата, парчињата путер и замесете тесто.

Сипете во подмачкана округла тепсија и со прсти извлечете го тестото кон рабовите, околу 3 сантиметри во висина.

Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртини, извадете ги семките, распоредете ги врз тестото и посипете со цимет.

Пет, шест лажици млеко измешајте со густин, шеќер и ванила, а остатокот сварете го, сипете во изматен густин и уште кратко гответе.

Тргнете го садот од рингла, посипете шеќер во прав, шеќер. изладете ја смесата, потоа додадете ги прво желчките, а потоа измешајте снег од белки.

Сипете врз јаболката, посипете со ливчињата од бадеми и печете во рерна загреана на 180 степени, околу 40 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.