![]() |
|
"Изгубените" години Исусови |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678 |
Автор | |
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За да не бидам предолг со претходниот пост го пишувам овој како продлжение на претходниот.
Многумина прашуваат, и се соблазнети се на некој начин, од малкуте информации за Христовиот живот, посебно пред неговат проповед.Но треба да се има предвид дека тоа ќутење на евангелијата не е чудно бидејќи евангелијата не се биографски дела.Не е тоа дело и портрет на неговиот живот туку ИКОНА т.с приказ на неговата служба.За тоа што Господ направил за нас и нашето спасение. Во тоа е разликата меѓу евангелијата и апокрифите.Христос не чини бесмислени чуда,не прави ништо само што шокира.Во канонските евангелија сите чуда Христови се однесуваат на оживување на човечката природа. Човек занесен со чуда од година во година,не би ги приметил двете главни работи Страдањето и Пасхата. Приказот на второстепеното би го одвлекол вниманието на она главното.Така не е чудно што евангелеистот Јован кој има најсодржајно евангелие и речиси целиот свој живот го поминал под исти кров со Богородица(нели се грижел за нејзе по воскресението) и имал огромна шанса и можност да дознае повеќе за младоста на Христос пред неговат проповед,е истиот тој еванглеист најмалце обрнал внимание на тоа во неговото евангелие. Но токму тоа што апостолите пропуштаа да говорат за младите годни на Христос ,тој дел од Неговиот живот сега им станува мноогу интересен на окултистите. Апостолите не говорат за раните години Христови "бидејќи и бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос и тоа распнатиот"(1 кор.2.2). Апостолите се обземни од мистеријата на крстот - и зборуваат само зе неа.Додека окултистите не го сакаат крстот.Крстот им е непојмлив,и за да не останат во близанат на Голгота и пред тајната на истата тие бегаат во Христовата младост.Тие не сакаат да бидат христијани и не сакаат да се угледаат на Христа туку сакаат Христа да го угледаат на нив самите,затоа и измислуваат цел куп на приказни каде се не бил Христос(де у индија ,па тибет ,па јапонија, па кај египетските магови и кај ли уште не).Нема везе што немаат никакви докази ,но на тој жанр тоа и не му треба тоа:пропаганда си е пропаганда. Главно е да се поткопа довербата во црковната традиција. Ова е голема разлика од сегашните времиња и од минатите векови:гревот се нарекувал грев. Ако некој христијанин блудничи не го нарекувал и Христос блудник. Додека денес на некои им е малку што самите прават духовен блуд со паганизмот(од секаков тип),сега сакаат и Христа да го вмешаат во тоа. Изменето од ahmar1 - 20.Март.2009 во 15:45 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
![]() |
|
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Здраво на сите
![]() ![]() Еве ја темата што сакав од порано да ја отворам.Каде се "изгубените" години Исусови. Ниедна од легендите за тоа дека Христос имал патешествија до Индија не може да се фиксира пред 19 век. Век во кој се појавила општа алергија кон евангелието во атмосфера на марксизам,дарвинизам,ничеанизам и повампирен паганизам со спиритизам.Сите тие легенди се стварани по иста шема:некој некаде видел "древен ракопис" кој послем никој не можел да го види ни да го провери. Прва ваква документира легенда потекнува од 1889 година од еден шиитски свештеник од кашмир-Мирза Гулам Ахмад Кадијани. Он го промовирал овој став зашто сакал да докаже дека он е муслиманскиот пророк Махди,Месија и ново овоплотување на Кришна(која комбинација човече!!)Тој сметал дека Христос не воскреснал и дека уствари правиот месија е лично он т.с Мирза Кадијани. Први европејци што се заинтересирале за оваа приказна биле ТЕОЗОФИТЕ.На нивниот ко основач(на теозофите) Николај Рерих,следбениците на Мирза дури и му го покажале Христовиот "гроб" во Кашмир. Независно од овој муслимански секташ, идејата дека Исус бил во Индија се појавила во 1910 година од некој руски самонаречен научник Н.А.Нотович во "Тајниот живот на Исус Христос (тибетски сказни)-животот на иса" Инаку тој не знаел ниту снаскрит,ниту пали(јазик на кој се напишани најстарите будистички текстови)дури ни тибетски. Велел дека он го дознал ова се по преведувачи.Најголема слабост и мана на неговото тврдење е дека немал никаков доказ за да го потврди тоа. Биле пратени истражувачи(кои биле иначе теозофи) во манастирот Хемис во Ладакија(на границата меѓу индија и тибет)но не нашле ништо.Интересно е што и лично Николај Рерих негирал дека видел таков ракопис. Нотичевиот "ракопис" бил критикуван од тогаш познатиот ориенталист Макс Милер така да од тогаш никој од ориенталистите не го сметал за сериозен документ. За неговиот ракопис повеќе слушале(отколку што го читале )оклутистите и прифатиле само една идеја- дека Исус бил на исток. Навистина интересно е што окултистите(од сите ковови) многу често судат за книги кои не ги прочитале(на пример Библијата) и се повикуваат како за авторитет на книги што истотака не ги прочитале.(како на овој Нотович). Што уствари пишува во овој "ракопис".(кој е напишан во стилот како евангелијата со глави и подстихови) (на српски е издаден 1993 год.од издавачката куќа Орбис) Историските факти се изменети до непрепознатливост. На пример дека Египќаните ги земал израелците во ропство од палестина(2,1-2).Мојсеј дека бил роден египќанец а не евреин(2,7).Дека он влегол во палестина и таму им го дал Декалогот(2,17).Израелската држава била најсилна во светот(2,19),но римјаните дошле и им ги срушиле СИТЕ ХРАМОВИ на израилците(3,9)(иако имало само еден храм во израилот но Нотович е поинформиран и од самите евреи нели). Потоа дека понтиј пилат уствари ја иницирал целата таа фрка на Пасха и го осудил Исус а синедрионот залудно се обидувал да го спаси и на крај ги мијат рацете и му велат на пилат невини сме за крвта на овој праведник(13,25). Од теолошкиот дел од ракописот што може да се дознае..Иса(тоа име се користи во ракописот) го порекнувал божествениот статус на ведите,и протестирал против хиндуизмот и зороастризмот,и им велел на браманите-"Постои само Он единствениот,кој сака и делува;Он постои од вечноста,и неговото битисување нема крај,и ништо нема слично на небото и земјата на Него".(5.16). По долгогодишна обука кај браманите кои очигледно не му делувала отишол кај будистите но не се сменил неговиот став-""Човекот мора да ја очекува милоста Божја која Бог му ја дарува по своја воља"(7,8)"и "Човекот е ништо пред вечниот Судија,како што се животните пред луѓето"(6,14) и за на крај да ја порекне основната источњачка теза за преселба на душите "Бог никогаш нема да го понизи своето чедо ,принудувајќи ја неговата душа да се сели ,како во чистилиште,во тело на животни".(6.11). И сега се отвара прашањето што може окултистите да превземат од овој ракопис?! одговорот е едно големо НИШТО .Во најдобар случај може да кажат дека уствари не им е важна толку содржината ма овој ракопис(која им контрира на нивните ставови)туку основата на сижето:книга која ни носи информација дека он бил во Индија. Изменето од ahmar1 - 20.Март.2009 во 13:18 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |