|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 678910 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Евреите 4
14 И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето! 15 Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сè како нас, освен гревот. 16 И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА МОЛИТВАТА НА ФАРИСЕЈОТ И НА ДАНОЧНИКОТ
Лука 18 9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; 12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’ 13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лука 18
9 А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10 ”Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. 11 Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; 12 постам двапати во седмицата и давам десеток од сè што придобивам.’ 13 А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’ 14 Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА УПОРНОСТА ВО МОЛИТВАТА
ЛУКА 18 1 Им кажа порабола за тоа, оти секогаш треба да се молат и да не паѓаат со духот. 2 И рече: “Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. 3 Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ‘Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, 5 но, бидејќи оваа вдовоца не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’” 6 И рече Господ: “Чујте што зборува несправедливиот судија! 7 Та Бог нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? 8 Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ДУХОВНА СЛЕПОТА
ЈОВАН 9 35 Исус чу дека го истерале надвор, го најде и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?” 36 Тој одговори и рече: „А Кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?” 37 Исус му рече: „Си Го видел, Кој зборува со тебе - Тој е.” 38 А тој рече: „Верувам Господи”, и Му се поклони. 39 Тогаш Исус рече: „Јас дојдов на овој свет за суд, а да прогледаат кои не гледаат и за да ослепат кои гледаат. „ 40 Некои од фарисеите, кои беа со Него, го чуја тоа и Му рекоа: „Да не сме и ние слепи?” 41 Исус им рече: „Да бевте слепи, немаше да имате грев; но сега велите: ‘Гледаме;’ затоа гревот ви останува.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован 16:8
А кога ќе дојде Тој (Светиот Дух), ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1 СОЛУНТЈАНИТЕ 4
3 Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство, 4 секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест, 5 не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога; 6 да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сè тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано. 7 Имено, Бог не нè призва на нечистота, туку на осветување. 8 Затоа, кој го отфрла тоа, не го отфрла човекот, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свети Дух. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1Тимотеј 6
3 Ако некој поучува инаку и не ги следи здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и на науката на побожноста, 4 тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања, 5 празни препирки меѓу луѓето со изопачен ум и лишени од вистината, кои мислат дека побожноста е средство за печалба. 6 Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство. 7 Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто. 8 А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа! 9 А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел, 10 зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 Тимотеј: 2:22
Бегај од младински желби! Стреми се кон правда, вера, љубов и мир со оние кои Го повикуваат Господа од чисто срце. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Римјаните: 16:17
Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован: 6:35
Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ДРВОТО СЕ ПОЗНАВА ПО ПЛОДОТ
Вие добро знаете дека питомото дрво раѓа питом плод, а дивото дрво раѓа див плод, зашто дрвото се познава според плодот. Змиски рожби! Како може од вас да произлезат благородни зборови, кога сте зли!? Устата го зборува тоа што човекот го има во срцето! Благороден човек изговара благородни зборови, бидеки срцето му е благородна ризница, а лошиот човек изговара лоши зборови, бидеки срцето му е зла ризница. Ве предопредувам дека за секој непремислен збор што ке го изговорат лугето, ќе одговараат на СУДНИОТ ден. ТВОИТЕ СОПСТВЕНИ ЗБОРОВИ ИЛИ ЌЕ ТЕ ОПРАВДААТ , ИЛИ ЌЕ ТЕ ОСУДАТ. Матеја 12:33-37. Библија. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм 1
1 Блажен е оној, *што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи *во друштво на развратници, 2 па *му омилел законот на Господа *и во законот Негов дење и ноќе се поучува; 3 тој е како дрво *посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во се што прави, напредува. 4 Но не се такви безбожниците; тие се како *прав, што го растура ветар по земјата. 5 Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на преведниците. 6 Зашто *Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСАИЈА 9:6
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. 7 Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |