|
Вистина или фарса - Реформите во здравството |
Внеси реплика | страница <1 678910 55> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Цц,цц сегде во свет кога има штрајк влада крши нозе да го смири штрајкот, преговара со нив, нуди опции само кај нас штрајкувачите стануваат невидливи (стелтови), министерот води инат, а народецот се залажува дека за се се криви оние кои штрајкуваат оти се од оние другите
Лекарите денеска пред ВладаА знаат ли дека џабе одат оти е празник и сите минисстри ќе бидат растрчани по цвеќари да положуваат цвеке и после так нормално на коктел.Докторите едино може да бидат видени ако недај боже на она коктелите овие главушиве г фати стомак од некое јадење па им притреба лекарска услуга. Ај да видам јунак лекар кој ќе одбие пациент (министер) |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека...
како и за се кај нас... у врска со штрајкот илити протест... кој како милува и му се се допаѓа... доктори vs министерче младо... ем младо ем не е докторче... кое абер нема да попушти... сите се у право... само у овој случај... пациентите се ебана странка... а они се дел од народот... значи... тоа е бе брат... народот е ебана странка... |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И сега...
што е приказнава... зошто некој штрајкува... од кеиф... од сопствени интереси... од политички интереси... а...? Целосен прекин на работата, ако продолжат притисоците... реформи ли се... политика ли е... фрустрации ли се... надмоќ ли е... покажување сила ли е... или само... уште една... мути вода, да не биде бистра... што би рекле... видете ме... јас работам нешто и то се гледа... Изменето од којсумјас - 12.Ноември.2012 во 19:10 |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.24vesti.com.mk/plakjanjeto-po-uchinok-ne-funkcionira
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ова е ВИСТИНА,СИТЕЛ снимал овие прскале ноќеска....да,со специјално возило zastava 101 poly (као секаде на запад,еве нека кажат нашинците кои се таму дека не е така)се прскало против комарци во две-три улици од градов,за да го убијат тигрестиот комарец кој од Нил ја донел болеста кај нас,која ве зафаќа откако комерецот звани тигар ќе ве уапе било каде,па дури и на гс....дури и од таму доле (да ми простите)може да ве зафати болеста.По мои проценки вкупно во РМ има близу 6x10 на 15 комарци....што не е мала бројка. За жал,можеби во оваа хајка ќе загине и некој од нашиве питоми комарци од кои не ни е ништо освен што се досадни и немаме сон и за неколку денови чешањето поминува како на кутре..ама тоа ти е..покрај сировото и сувото гори...не не, обратно беше. Изменето од zagor - 30.Септември.2012 во 00:26 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас затоа кажав дека дијалогот води кон решенија или компромиси. Се додека не се произнесат двете страни на една маса нема дијалог и ќе има протести.. Просто ко гравче. Тие имаат свои барања, министерот има свои мислења за нивните барања. Работна средба би го решил спорот.
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ne izbrzuvame so izjavi...kako so onie na nekoi koi tvrdea deka Makedonija e pozadolzhena od Grcija, pa izleze deka sme edni od najmalu zadolzhenite vo Evropa.
Dali se raboti deka ministerot ne sakal da gi soslusha ili se raboti deka ne im se udovoluva na baranjata da im se zgolemat platite povekje od opshtite lekari i da mu pokazhat na ministerot deka ne im se dopagja zatoa shto pochna da gi stega od site strani i da im bara odgovornost vo organizacijata i rabotata ?
Oti da se ima sluh za razgovaranje vo dadenite uslovi i mozhnosti e edna rabota, a da se udovoluva na baranja iako nema mozhnosti vo tie uslovi e druga rabota.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа баш заради тоа што министерот не сакал да ги сослуша, тие преземале соодветна мерка наречена штрајк... Доколку министерот имал слух и седнел да разговара и двете страни се произнеле пред и после работната средба немало да дојде до ова. Сепак доколку се разговара, ќе се најде некоја заедничка платформа со взаемен интерес.. Проблемот настана откако министерот одби да дискутира за барањата, а потоа дојде до штрајк.
А тоа дека е многу текст, ништо во него не е лажно или пренапумпано, туку е реалната слика за Македонија и таканареченото "демократско" општество во кое живееме ние тука... И пак ќе кажам.. дијалогот (комуникацијата помеѓу луѓето од едната и другата страна)носи решенија, законот е закон, треба да се почитува но ниеден закон не е вечен и е подложен на промени, се разбира доколку постои можност... Неможеме постојано за нешто што не ни е оди по ќеиф да се повикуваме дека е тоа против уставно или дека тоа крши некаков закон. Тогаш не ни е потребен никој, си го имаме законот па со законот ќе си разговараме. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Premnogu tekst za neshto shto e mnogu ednostavno - demokratijata e odgovornost.
Demokratrijata, iako gi shtiti malcinstvata, pred s'e sluguva na mnozinstvoto (demosot). I ako mnozinstvoto se najde zagrozeno poradi odnesuvanjeto na malcinstvoto togash kje mu odzeme oderedeni prava za da se zashtiti. Mnogu ednostavno, neli?
Vo konkretniot sluchaj ministerot postapil tokmu taka - go zashtitil mnozinstvoto od posledicite na postapkata na malcinstvoto, od organiziranje shtrajk.
A toa ne znachi deka im uskratil ili im onevozmozhil megjusebni pregovori za razreshuvanje na neshtata koi toa malcinstvo gi naogja za problematichni. Reshenijata, dokolku postojat vo momentov, mozhat da se najdat i bez siluvanje i oshtetuvanje na zdravjeto i zhivotite na nevinoto gragjantvo.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи според кажаното имате право на протест ама сепак ако јас сакам сите ќе ве отпуштам. Нели беше демократијата и право на протест под услов да се барањата легитимни и издржани во рамките на нормалата?
Или тоа не важи во демократијата. Ако убаво го прочиташ линкот ќе видиш дека протестот на авио контролорите и отпуштањето на штрајкувачите бил со една цел, т.е да се пренесе порака до останатите синдикати дека штрајкови нема да се толерираат. Кога некој излегува на протест во демократско општество претпоставувам дека е со легитимни барања. Нели според тебе е правично од страна на министерот да ги сослуша тие што протестираат или штрајкуваат и да ги разгледа нивните барања на работна средба? Па после кој бие тај добије... ако се барањата издржани и се во нормала а не претерани, а министерот смета дека не се според него ок, во кој правец ќе се движат работите? Дали тука излегуваме од параметрите на демократско општество и се префрламе во друг вид на општество? Ти работиш, сметаш дека си обесправен... Дали ќе упатиш еден вид протест до твојот претпоставен доколку сметаш дека твоето барање е издржано но не и претерано? Да се навратиме на протестите на бранителите пред неколку години... Дали нивните барања за донесување на закон не беа издржани? И што добија? Ништо.. Значи во рамките на демократско општество испаѓа дека владее законот на посилниот и помоќниот. Послабиот има право да се буни ако е обесправен, ама посилниот има право да му удри и воспитна зошто овој се бунел. Погрешно се толкуваат нормите и правилата на демократското општество во оваа држава друже.. Кај нас работите почнаа да се сведуваат на тоталитаризам повеќе отколку демократија. Полека и правото на протест почнува да се укинува, и тоа некогаш јавно а некогаш потајно со скриени притисоци. Неможе државата за некого да е мајка а за некого маќеа... Јас ти го посочив примерот погоре.. Проблемот е тоа што кај нас државата и народот се премногу поделени и се функционира партиски. Систем кој владее подолг период. Систем кој никој не ни пробува да го искорени, туку само се модифицира согласно потребите на власта или поединци од власта. Се додека власта и опозицијата го делат народот на твои и мои, наши и ваши, Македонија само подлабоко ќе тоне. Во ниедна демократска и здрава држава, власта не се занимава со рекла казала и со опозицијата. Секогаш е опозицијата таа што се занимава со власта и нејзиното работење. Но кај нас е обратното. Се дефокусира јавноста од многу работи со изговори кон опозицијата само за да би се одбегнале некои витални проблеми или да се заташкаат проблемите и да се добие на време. Се додека министрите ќе изиграваат шерифи наместо раководители нема да имаме здрави сектори во владата. Не ги бранам штрајкувачите, но сепак мислам дека министерот треба да ги разгледа нивните барања. Бидејќи ако мисли да го применува Регановиот модел далеку нема да дотурка. Ниту тој смее да стане заложник на штрајкувачите, ниту штрајкувачите смеат да станат негово поле за тренирање строгост. Сега е времето да се докаже зошто бил поставен за министер. Ако успее правилно да ја изменаџира ситуацијата тогаш е достоен да биде министер, во спротивно декор на сликите од владата може секој да биде, како тој што е министер за образование во оваа влада. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оноа другото не го читаш, дека од 13,000 контролори кои штрајкувале 1,650 се вратиле на работа, а 11,350 се отпуштени ? Не гледаш дека биле отпуштени сите (100%) штрајкувачи ? Тоа нaвистина не го гледаш ? Или можеби не си забележал дека на место отпуштените контролори на нивно место ги вработиле претпоставените, војни контролори и друг цивилен персонал? И уште еднаш да ја потенцираме поентата поради која ги дадов овие примери - демократско општество не значи виза секој да прави што сака или што мисли дека има право да прави. Во демократско општество може да не се доделат некои права кои се уживани од други групи граѓани, како што може и да се одземат права доколку тоа е за добро на граѓаните во општеството. А тоа е затоа што демократијата претставува одговорност за оној кој ја ужива, оној кој ја спроведува и оној кој ја надгледува. Постапката на министерот за здравје е потполно на место. Секој одговорен човек поставен на неговата позиција би постапил истоветно. Изменето од Messenger - 25.Септември.2012 во 03:19 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сеа ваљда знам што читам на англиски ... Through the use of flow control, the remaining 10,000 workers were able to maintain over 80% of scheduled air traffic. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од околу 13,000 контролори појдени на штрајк 1,650 се вратиле на работа, а 11,350 штрајкувале и понатаму. Сите штрајкувачи до еден (100%) беа отпуштени од работа ! |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
President Reagan then threatened to fire all the ATC's who did not return to work within 48 hours. Only 1,650 did, and the remaining 11,350 lost their jobs. The FAA had to immediately implement their newly advised plan to offset the effects of the strike. Through the use of flow control, the remaining 10,000 workers were able to maintain over 80% of scheduled air traffic. Јас колку што можам да разберам 50 % од сите авио контролери биле отпуштени но не и 100 %... http://www.stfrancis.edu/content/ba/ghkickul/stuwebs/btopics/works/atcstrike.htm А откако убаво го прочитав текстот увидов дека тоа бил начинот на Р.Реган да постави диктатура врз Синдикатите. Штрајкот на авио контролорите всушност бил порака до сите синдикати да не се обидуваат да штрајкуваат.. Е сега се навраќаме на нашиот штрајк во здравството. Јас не ги оправдувам оние доктори кои одат на работа колку да земат плата, а се придружуваат на штрајкот. Факт е дека се мрзливи и си прават нишај врата земај плата. Само можам со пример да дополнам. Сите го знаеме случајот со докторката од ноќната служба што се случи пред неполн месец. Е сега бидејќи јас имам многу близок во фамилија кој работи иста позиција можам со тие доктори од ноќната служба највеќе да разберам. Тие се на фиксна плата. Кај нив нема учинок. Е ама не е можна споредба со останатите доктори од клиничкиот центар. Докторите од ноќната служба немаат право на штрајк, всушност не смеат бидејќи немаат дури ни замена. Недај боже да се разболи некој доктор од ноќна смена, нема кој да го замени. Работат во ненормални услови. Во една вечер имаат и по 100-150 случаеви. Многу од тие случаеви завршуваат фатално. Условите во кои работат се далеку под нормалните. Скоро без шприцови, без завои... Само со апаратот за мерење притисок, неколку гази, малку алкохол и по некоја инекција... А не смеат А да кажат бидејќи директорката која има едвај 20 години дели отказни решенија небаре на татко и е ноќната служба... Искрено.. има некакви реформи во здравството но сето според мене е повеќе шминка отколку реални реформи.. Кога работите од корен не се потфаќаат, неможеме да збориме за реформи. Поставување за управни кадри на лица со 2-3-4 години работен стаж во јавното здравство не води на арно. Потребни се лица со силно искуство и бекграунд да ги водат работите во еден од највиталните сектори во државата. Жално е кога гледаш д-р специјалист со над 20 ++ години р.стаж работи во ноќна служба каде некоја ај да не речам мрсулка со 4 години искуство во здравството и пола испити положени од тато и мама му лепи отказно решение само заради приговор. Коренити реформи од најдолните структури се потребни. Но Македонија поделена и партизирана го нема капацитетот за такви нешта. Изменето од NRGMKD - 25.Септември.2012 во 02:51 |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |