IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 01:37
Шахтјор ќе ја брка својата прва Евро титула
 
ImageТимот на Шахтјор е првиот финалист во Купот на Уефа по победата над Динмо Киев во првото 1/2 финале.

 

      Тоа претставува првиот тим кој ќе стигне до завршницата на Уефа Купот. Се очекуваше тврд натпревар со малку погодоци, но украинското 1/2 финале не беше такво. Гледавме добар меч кој возбудливата завршница го даде победникот, т.е Шахтјор на самиот крај дојде до 2:1.
      На самото отваранје на мечот нешто подобра игра понуди Динамо Киево, но многу брзо Шахтјор успеа да воспостави рамнотежа и од првата опасна ситуација пристигна водството. Во 17-тата минута кога Срдна сјајно нафрли во опасниот дел пред голот, по лошата реакција од страна на одбраната на Динамо искористи Жадсон со топовит удар од 15 метри ја испрати топката под пречката на немоќниот Богуш.
      Погодокот на Жадсон додатно ги ослаби и онака бледите обиди на гостите. Единствената шанса за гол во првиот дел Динамо Киев ја оствари во 38-та минута. Алијев од слободен удар упати остар центаршут во 16-тикот на Шахтјор, а Вукојевиќ ја подметна ногата и ја затреси мрежата на домаќините. Славјето на хрватскиот репрезентативец кратко траеше, затоа што судијата оправдно го поништи погодокот поради офсајд.
      Подобро отварање на 2-от дел Динамо Киев не можеше да посака, затоа што во 2-та минута од 2-от дел момците од Киев стигнаа до изедначуцање. Беше тоа мат од 3 потези. Милевски беше со грб свртен кон голот па затоа му подаде на Алијев, па тој му намести шанса на Бангура, која напаѓачот од Гвинеја рутински ја искористи за 1:1.
      Раниот погодок на Динамо прилично ги здрма момците на Луческу кој требаше 10 минути да го сврти мечот. Откако Шахтјор повторно ја превзеде инцијативата, додека Динамо пред се се ориентираше на одбрана на својот гол преку контранапади беше незгоден преку Бангура.
      Кога веќе се чинеше дека мечот ќе оди на продолженија, на сцената во 89-тата минута повторно на сцена стапија Шахјоровите бразилци. Вилиам ја нафрли топката на десната страна за Илсињо, а бразилецот со сјајен дриблинг го сломи Аил и ја пласира топката во спротивниот агол за големо славје на домаќините.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 01:25
Вердер во Финале
ImageБременскиот Вердер со 3-2 победи во Хамбургер, и по основ на повеќе постигнати погодоци во гости, избори пласман во финалето на Купот на УЕФА кое ќе се одигра на 20 мај во Истамбул.

По првиот натпревар во Бремен, Хамбургер имаше предност од 1-0, но во вториот натпревар скапо ја платни ноншалантната игра во одбрана, но мораме да признаеме дека Вердер одигра далеку подобро од тоа што го покажа во првиот натпревар, вкупно земено подобрата екипа во 180те минути.

Веќе во 13. минута Хамбургер преку Ивица Олиќ дојде до предност од 1-0 или вкупно земено тоа беше добар во тој момент резултат од 2-0, кој гарантираше финале за домаќините.

Но Вердер го возврати удаарот преку Диего кој во акција со Пизаро ја посрамоти целокупната одбрана на Хамбургер.

Диего имаше шанса да постигне уште еден погодок во првиот дел, но неговиот топовски удар заврши во гредата.

Во продолжението Вердер играше се подобро и подобро па така во 52 минута постигна и погодок преку Пизаро кој беше поништен поради сомнителна офсајд ситуација, но четиринаест минути подоцна, истиот играч сепак донесе водство за Вердер.

По гужва во шеснаесетникот одлично се снајде Бауман и го постигна третиот погодок за својата екипа а тоа значеше 3-1 и обезбедено финале за гостите од Бремен.

До крајот на натпреварот домаќините повторно преку Олиќ успеаа само да го намалат резултатот на 3-2, што беше недоволен за обезбедување виза за Истамбул.

Куп УЕФА, полуфинале, реванш:

Хамбургер - Вердер 2-3 / 1-0

/Олиќ 13,87 / Диего 29, Пизаро 66, Бауман 83

Шахтар - Динамо Киев 2-1 / 1-1

/Јадсон 17, Илсинхо 89 / Бангуора 47



Изменето од fiks - 08.Мај.2009 во 01:26
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 11:54
Триумф на Хамбургер, реми во Киев

Хамбургер со една нога е веќе во финалето на УЕФА-купот, а пресметката за пехарот во Истанбул му се насмевнува и на Шахтјор, по првите дуели од полуфиналето на купот на УЕФА.

Хамбургер со 1:0 славеше кај Вердер во Бремен, а Шахтјор се избори за реми 1:1 кај Динамо во Киев.

Шахтјор извлече одлично реми со постигнат гол на гости во Киев против Динамо, што го носи во подобра позиција за пласман во последното финале на УЕФА-купот.

На „Валери Лобановски“ стадионот, домашниот тренер Јури Семин се надеваше на првата победа во последните пет средби со украинскиот конк*рент, откако на средина од првото полувреме дефанзивецот на Шахтјор Дмитриј Чигрински си даде автогол.

Динамо пропушти неколку шанси за поголема предност, а казна за неефикасноста доби точно на средина од вториот дел, кога Фернандињо го постигна злато вредниот израмнувачки погодок.

Хамбургер му испорача слатка одмазда на омразениот регионален ривал за минатонеделната пенал-елиминација во полуфиналето на германскиот Куп.

Идентично, тимот на Мартин Јол вечерва возврати со успех на гостински терен, победувајќи го вердер на „Везер“ во Бремен со 1:0 со голот на Пјотр Троховски во 28. минута.

За пресврт во двомечот, екипата на Томас Шаф ќе мора да слави во реваншот во Хамбург.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 12:07
Почнува разврската за украинско-германското финале

Со денешните први полуфинални натпревари почнува разврската за финалето во Купот на УЕФА што на 20 мај ќе се одигра во Истанбул.

Едно е познато дека ќе има по една екипа од Украина и од Германија.

Во првото полуфинале вечерва Динамо Киев го пречекува Шахтјор, додека во второто ќе се состанат германските екипи Вердер и Хамбургер.

Прв меч е довобојот помеѓу Динамо К. - Шахтјор со почеток во 18:30,додека Германското полуфинале е со почеток во 20:45.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 01:34
Украинците и Германците во 1/2 финалето на УЕФА
 

Image

Две германски една против друга, Вердер - Хамбургер и две украински екипи меѓусебе, Динамо Киев - Шахтјор се полуфлиналните двојки од Уефа Купот...

     По првиот меч ко заврши со 0:0 во Париз, Динамо рутинирано во Киев го совлада Пари Сен Жермен со 3:0 со погодоците на Бангура и на Вукојевиќ и со автоголот на гостинскиот голман Ландро.

     Шахтјор со триумф и на Велодром од 2:1 го елиминираше Марсеј, иако и во Доњецк го совлада со 2:0. Гостинскиот успех беше во реализација на бразилцското дуо Фернандињо-Адријано, голот на Бен Арфа не е утеха за лидерот во француското првенство кој се збогува од ова натпреварување.

     За двете германски екипи клучни беа домашните победи од 3:1. Хамбургер загуби од Манчестер Сити само со 2:1, со тоа единствениот англиски претставник во оваа фаза беше исфрлен од ова натпреварување. Најпрвин Хамбугер поведе со голот на Гереро, резултатот го свртија Елано од пенал и Саиседо, недоволно за полуфинале.

     Вердер се извлече кај Удинезе, 3:3 иако Италијанците на полувреме имаа 3:1. За Удинезе погодија двапати Кваљарела и Инлер, Диего беше двоен стрелец за Вердер, конечниот резултат го постигна Пизаро за пласман на германците во 1/2 финалето од УЕФА Купот.

     За прв пат Украина ќе добие финалист во УЕФА Купот. Тоа ќе биде одлучено од дуелот на ривалите Динамо Киев и Шахтјор. 

     Вердер и Хамбургер со меѓусебното полуфинале ќе и донесат 14-ти обид на Германија за седмиот трофеј. Последен пат Бундес-победник на Купот на УЕФА беше Шалке пред 12 години.



Изменето од fiks - 29.Април.2009 во 01:34
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 10:52
Куп УЕФА - во полуфиналето украински и германски тимови

Фудбалерите на киевски Динамо се пласираа во полуфиналето од Купот на УЕФА, откако во реванш мечот лесно излегоа на крај со Парис Сент Жермен. Успешен беше и другиот украински претставник, Шахтјор, кој во Марсеј оствари уште една победа и ги потврди големите амбиции.

Највозбудливо беше во Удине. Домаќините на полувремето имаа резултат кој им гарантираше продолженија, но тимот од Бремен предводен од Бразилецот Диего во продолжението од средбата си обезбеди пласман во следната рунда. Рано постигнатиот гол од страна на Гереро му овозможи на Хамбургер мирен меч во Манчестер. "Граѓаните" се трудеа и успеаа да направат пресврт, кој сепак беше недоволен за пласман во следната рунда.

Резултати:

Динамо Киев - Парис Сент Жермен 3:0 (прв меч 0:0)

Бангура 4', Лондро 16'(аг), Вукојевиќ 61'

Олимпик Марсеј - Шахтјор 1:2 (прв меч 0:2)

Бен Арфа 43' - Фернандињо 30', Луис Адријано 90'

Манчестер Сити - Хамбургер 2:1 (прв меч 1:3)

Елано 17'(пен), Каиседо 50' - Гереро 12'

Удинезе - Вердер 3:3 (прв меч 1:3)

Инлер 15', Кваљарела 30', 38' - Диего 28', 60', Писаро 73'

Полуфиналните дуели се играат на 30 април и 7 мај, а ќе се сретнат Вердер - Хамбургер и Динамо Киев - Шахтјор.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 16:29
Македонија со три екипи во купот на УЕФА

Европската фудбалска асоцијација-УЕФА денеска ја информира ФФМ дека Македонија во купот на УЕФА ќе биде претставена со три претставника.

Покрај второпласираниот тим во првенството и третопласираната екипа ќе учествува во ова елитно натпреварување, додека победникот на купот (или финалистот) ќе се пласира директно во второто квалификациско коло.

Шампионот на Првата македонска фудбалска лига ќе игра квалификации за Лигата на шампионите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 18:26
Солидна предност за Германците

Диего во дуел

Двата германски преставници Вердер и Хамбургер обезбедија идентична предност од 3:1 против Удинезе односно Манчестер Сити во првите четвртфинални дуели од Купот на УЕФА. Во таква ситуација ќе се обидат да издржат во реваншот и да се пласираат во полуфиналните борби. На мечот во Бремен главна ѕвезда за домаќините на беше бразилскиот ас, Диего постигнувајќи два гола, еднаш во листата на стрелците се запиша и Хуго Алмеида, а во самиот финиш Кваљарела им даде мала надеж на гостите пред реваншот закажан за идната недела. Првпат мрежата на Удинезе беше начната во 34. минута. Диего поведе една акција и со шут по земја од косо, со десната нога, го матира голманот Хандановиќ. На почетокот на второто полувреме Италијанците ја отворија играта и притоа имаа две добри шанси. И двете ги пропушти најопасниот нивни напаѓач, Кваљарела (првата заврши покрај голот, а при втората, Визе го одбрани неговиот обид за лоб).

Во 67'. минута Диего влезе во шеснаесетникот на гостите, сам си обезбеди позиција за шут и го постигна својот втор погодок. Веќе во следната минута дефанзивците на Удинезе не поставија добра офсајд замка по која Алмеида излезе сам пред Хандановиќ и по трет пат ја тресе неговата мрежа. Во финишот италијанскиот преставник само го ублажи поразот откако Фабио Кваљарела во третата своја шанса го матира Визе.

Вториот германски преставник, Хамбургер се престави во одлично издание играјќи доста отворено и напаѓачки против англискиот претставник Манчестер Сити. Уште не беа седнати навивачите на Нордбанк арената, а веќе имаа можност да видат гол. Можеби најбрзиот погодок во историјата на ова натпреварување го постигна Стивен Ајрелнд, уште во 29 секунда на додавање на Робињо. Само осум минути подоцна Трошовски изведе корнер, топката стигна до Јорис Матијсен кој го израмнува резултатот. До крајот на полувремето имаше уште неколку шанси но резултатот не се промени. Во 63. минута дефанзивецот Ричардс игра со рака во сопствениот шеснаесетник по што следуваше пенал за Хамбургер. Трошовски сигурен и прави пресврт од 2:1. Во 71. минута во игра на местото на Олиќ влегува Гереро и само осум минути подоцна носи добра предност од 3:1 пред реваншот идната недела.

И украинскиот Шахтјор си обезбеди солидна предност над Марсеј од 2:0 пред преполниот стадион во Доњецк. Головите беа дело на дефанзивецот Томас Хубшман во првото и Жадсон во второто полувреме. Домашниот состав на чело со Мирчеа Луческу беше подобар противник и имаше шанса да обезбеди и поголема предност, но напаѓачите во неколку ситуации беа немоќни.

Единстената шанса за гостите беше ударот на Нианг во 36. минута кој заврши во гредата, а веќе три минути подоцна домашните навивачи се радуваа. По центаршутот на Срна, Хубшман успеа да го совлада Манданда и да обезбеди предност на полувремето.

Во 65. минута одличната комбинација меѓу Фернандињо и Жадсон, вториот ја претвора во водство од 2:0 што се покажа како конечен исход на овој натпревар.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 11:03
Во УЕФА купот вечерва првите четвртфинални дуели

Вечерва треба  да се одиграат првите натпревари од четвртфиналето од Купот на УЕФА.

Во терминот од 18:30 часот се игра натпреварот Шахтјор - Олимпик Марсеј.

Другите три натпревари почнуваат во 20:45 часот. Двојки се: ПСЖ - Динамо Киев, Хамбургер - Манчестер Сити и Вердер - Удинезе.

Реванш дуелите се играат на 16 април (четврток).
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
karlo_mkd Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karlo_mkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 14:06
јако ќе биде на вердер - удинезе
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 17:58
European Cups - UEFA Cup
     
March 18
FT     Saint-Etienne     2 - 2     Werder Bremen
AET     Ajax Amsterdam     2 - 2     Marseille

March 19
18:00     Metalist Kharkiv     ? - ?     Dynamo Kyiv
18:30     Shakhtar Donetsk     ? - ?     CSKA Moscow
18:30     Zenit St. Petersburg     ? - ?     Udinese
20:30     Galatasaray     ? - ?     Hamburger SV
21:00     Aalborg BK     ? - ?     Manchester C.
21:30     Braga     ? - ?     Paris S.G.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 14:58
Источноевропска инвазија за четврт-финале

Денеска се играат првите осминафинални натпревари во Купот на УЕФА.

Дури шест источно европски екипи се најдоа во можноста да се борат за четврт-финалето, а во оваа фаза и два поранешни европски шампиони меѓусебно ќе ги одмерат силите.

Минатогодишниот освојувач на трофејот, Зенит, за пласман во четврт-финалето се соочува со единствениот "преживеан" претставник од Италија, составот на Удинезе.

Рускиот претставник со големи амбиции им приоѓа на мечевите во Купот на УЕФА, а тренерот Дик Адвокат се надева дека неговата екипа ќе продолжи успешно да се претставува како што беше случај и минатата година.

"Удинезе не е лесен противник. Тие играат дефанзивен фудбал и сигурно нема да ни дозволат да играме како што знаеме. Во секој случај мора да бидеме претпазливи, зошто кога се игра во нокаут фазата секој гол е може да биде решавачки", рече Адвокат.

Холанѓанецот не ќе може да смета на дефанзивецот Томаш Хубочан, но затоа неговото место ќе го заземе Белгиецот Николас Ламбертс, кој заздрави од повредата. Во екипата се враќаат и Тимошчук и Ширл, кои ја одлежаа суспензијата од еден натпревар.

Освојувачот на трофејот од Купот на УЕФА од 2005 година, ЦСКА од Москва, на свој терен го пречекува одличниот состав на Шахтјор.

Рускиот гигант на чело со прославениот Зико имаат големи амбиции оваа сезона како во домашните така и во европските натпревари.

"Екипата е во добра форма. Минатата недела го освоивме домашниот Супер куп, а во ист стил се подготвуваме да го елиминираме и Шахтјор. Украинците секогаш важеле за незгоден противник, но нема да дозволиме да се радуваат на наш терен", изјави Зико.

Во Киев, пак, се игра украинското дерби меѓу домашниот Динамо и Металист од Каркив. Како што успешно грабат во домашното првенство така двете екипи феноменално играат во Купот на УЕФА. За само осум дена ова ќе биде втор меѓусебен дуел. Првиот одигран на 4 март им припадна на Динамо со 2:0, но овој пат Металист нема право на грешка.

На Велодром силите ќе ги одмерат два поранешни европски шампиони, екипите на Марсеј и Ајакс. На Марсеј му беа потребни вкупно 210 минути и 13 пенали да го елиминира Твенте во претходното коло, но тренерот Ерик Геретс верува дека овој меч ќе биде сосема поинаков бидејќи и двата тима играат офанзивен фудбал.

Германскиот гигант Вердер, кој го елиминира големиот Милан, очекува да обезбеди солидна гол разлика против Сент Етјен, екипа која грчевито се бори за опстанок во француското првенство. Додека, пак, амбициозниот Манчестер Сити ќе ја тестира својата подготвеност за големи дострели против изненадувањето во Европа во оваа сезона, данскиот Алборг.

Центарот на вниманието во фудбалска Европа го привлекува и вториот германски претставник, Хамбургер, кој на Нордбанк арената го очекува пресметка со турскиот Галатасарај.



ДВОЈКИ

ХАМБУРГЕР - ГАЛАТАСАРАЈ 18 ч.

ДИНАМО (К) - МЕТАЛИСТ

ЦСКА (М) - ШАХТЈОР

ПСЖ - БРАГА 20:15

ВЕРДЕР - СЕНТ ЕТЈЕН 20:30

УДИНЕЗЕ - ЗЕНИТ 20:45

МАРСЕЈ - АЈАКС

МАНЧЕСТЕР (С) - АЛБОРГ


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 18:32
Originally posted by fiks fiks напиша:


Вистинска драма се случуваше синоќа на стадионот Али Сами Јен во Истанбул. Домашниот Галатасарај имаше 0:0 од првиот натпревар против Бордо, но уште во првата минута од реваншот прими гол и значително си ја искомплицира својата работа. Првиот пресврт се случи пред крајот на првото полувреме кога домашните фудбалер во период од само две минути преку Арда Туран и Хари Кјуел дојде во предност од 2:1 и тоа со два прекрасни голови, кој од кој поубав. Тешко дека некој на стадионот во Иснабул помислуваше дека Бордо ќе се врати во игра кога во 63. минута Туран со својот втор погодок го донесе Галатасарај во водство од два гола разлика. Прославата за пласманот во осминафиналето веќе почна кога резервистот Фернандо Кавенаги почна со своето шоу. Прво, во 74. минута му асистираше на Шамак за 3:2, за само 60 секунди подоцна самиот да се запише во листата на стрелците. Сега психолошката предност се врати на страната на Бордо кој со 3:3 обезбедуваше пласман во следната фаза. Но, ни тоа не беше доволно за францускиот тим да излезе како конечен победник. По стариот добар рецепт од европското првенство во Австрија и Швајцарија, Галатасарај чекаше да дојдат последните моменти, па преку Сабри Сариоглу да го постави конечниот резултат. Со тоа Турците ја продолжија кризата на Бордо, а во исто време му посакаа убаво добредојде на својот тренер Булент Коркмаз и останаа во игра за остварување на својот сон, настап во финалето на Купот на УЕФА кое сезонава се игра во Истанбул.

Само Манчестер Сити остана на фудбалската сцена во Купот на УЕФА од англиските екипи откако Астон Вила и Тотенхем не успеаја да излезат на крај со ЦСКА Москва и Шахтјор. Тоа и беше очекувано бидејќи и Вила и Тотенхем преку изјави во последните денови потврдија дека за нив приоритет сезонава е Премиер-лигата. Тотенхем се бори за опстанок, додека Астон Вила има шанса првпат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.




 
 
 
Galatasaray mozno e i po vtor pat da go osvoi UEFA kupot i Super kupot kako sto osvoija vo 2000 ta godinaголемо%20гушкање
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 16:01
Уште една бламажа на Милан

И покрај големите ѕвезди во тимот, Милан дефинитивно игра уште една очајна сезона. Откако заостанаа 11 бода зад градскиот ривал Интер во италијанското првенство, "росонерите" вчера си дозволија уште една бламажа, овојпат пред своите навивачи и испаднаа од последното натпреварување во кое имаа какви-такви шанси за титула. Пред почетокот на сезоната, но и пред одигрувањето на 1/16-финалната фаза Милан беше посочен како најголем фаворит за освојување на трофејот во ова натпреварување, но заврши полошо дури и од Баерн минатата сезона кога баварскиот тим испадна во полуфиналето.

Веројатно никој не можеше да очекува ваков развој на настаните откако по нешто повеќе од половина час имаше предност од 2:0 во дуелот со Вердер што заедно со оние 1:1 од првиот меч го носеа во осминафиналето. Пирло погоди од белата точка по играта со рака на Торстен Фрингс, а Алесадре Пато потоа постигна ремек-дело со кое конечно малку ги израдува навивачите на Сан Сиро. Но, со стартот на второто полувреме, комплетно падна играта на домаќините. Милан во вторите 45 минути немаше речиси ниеден удар кон противничкиот гол, но многу полошо од играта во нападот беше одбраната која не можеше да ги запре акциите на противничкиот тим. Како последица на тоа паднаа двата гола на Клаудио Пизаро во период од само десетина минути и двата на многу сличен начин, со глава од непосредна близина. Веќе немаше време да се постигне уште еден гол, а до крајот на мечот Вердер имаше шанса дури и да стигне до победата на Сан Сиро. Уште еден голем срам за Милан и веројатно почеток на крајот на Карло Анчелоти во миланскиот гигант. Ако за него се уште е неизвесно, јасно е дека Паоло Малдини синоќа го одигра својот последен натпревар во европските купови во кариерата.

Вистинска драма се случуваше синоќа на стадионот Али Сами Јен во Истанбул. Домашниот Галатасарај имаше 0:0 од првиот натпревар против Бордо, но уште во првата минута од реваншот прими гол и значително си ја искомплицира својата работа. Првиот пресврт се случи пред крајот на првото полувреме кога домашните фудбалер во период од само две минути преку Арда Туран и Хари Кјуел дојде во предност од 2:1 и тоа со два прекрасни голови, кој од кој поубав. Тешко дека некој на стадионот во Иснабул помислуваше дека Бордо ќе се врати во игра кога во 63. минута Туран со својот втор погодок го донесе Галатасарај во водство од два гола разлика. Прославата за пласманот во осминафиналето веќе почна кога резервистот Фернандо Кавенаги почна со своето шоу. Прво, во 74. минута му асистираше на Шамак за 3:2, за само 60 секунди подоцна самиот да се запише во листата на стрелците. Сега психолошката предност се врати на страната на Бордо кој со 3:3 обезбедуваше пласман во следната фаза. Но, ни тоа не беше доволно за францускиот тим да излезе како конечен победник. По стариот добар рецепт од европското првенство во Австрија и Швајцарија, Галатасарај чекаше да дојдат последните моменти, па преку Сабри Сариоглу да го постави конечниот резултат. Со тоа Турците ја продолжија кризата на Бордо, а во исто време му посакаа убаво добредојде на својот тренер Булент Коркмаз и останаа во игра за остварување на својот сон, настап во финалето на Купот на УЕФА кое сезонава се игра во Истанбул.

Само Манчестер Сити остана на фудбалската сцена во Купот на УЕФА од англиските екипи откако Астон Вила и Тотенхем не успеаја да излезат на крај со ЦСКА Москва и Шахтјор. Тоа и беше очекувано бидејќи и Вила и Тотенхем преку изјави во последните денови потврдија дека за нив приоритет сезонава е Премиер-лигата. Тотенхем се бори за опстанок, додека Астон Вила има шанса првпат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

РЕЗУЛТАТИ

ЦСКА - АСТОН ВИЛА 2:0

Жирков 61', Лав 90'

МЕТАЛИСТ - САМПДОРИЈА 2:0

Ваљајев 30', Јаја 40'

ХАМБУРГЕР - НЕЦ 1:0

Олиќ 9'

ТВЕНТЕ - МАРСЕЈ 0:1 (6:7 на пенали)

Бен Арфа 24'

ВОЛФСБУРГ - ПСЖ 1:3

Хасебе 63' - Луиндула 38' (п), 74', Ротен 59'

ГАЛАТАСАРАЈ - БОРДО 4:3

Туран 42', 65', Кјуел 45', Сариоглу 90' - Белион 1', Шамак 73', Кавенаги 75'

МИЛАН - ВЕРДЕР 2:2

Пирло 27' (п), Пато 34' - Пизаро 68', 78'

АЈАКС - ФИОРЕНТИНА 1:1

Леонардо 87' - Џилардино 61'

МАНЧЕСТЕР С. - КОПЕНХАГЕН 2:1

Белами 73', 80' - Вингард 90'

СТАНДАРД - БРАГА 1:1

Мбокани 78' - Агуиар 87'

ШТУТГАРТ - ЗЕНИТ 1:2

Гебхарт 80' - Семшов 42', Фајзулин 86'

УДИНЕЗЕ - ЛЕХ 2:1

Пепе 56', Ди Натале 90' - Ренгифо 13'

С.ЕТЈЕН - ОЛИМПИЈАКОС 2:1

Паје 45', Илан 57' - Оскар 75'

ЛА КОРУЊА - АЛБОРГ 1:3

Серхио 37' - Шелтон 41', Јохансон 44', Еневолдсен 45'

ТОТЕНХЕМ - ШАХТЈОР 1:1

Џовани 56' - Фернандињо 86'

ВАЛЕНСИЈА - ДИНАМО (К) синоќа

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ВЕРДЕР - С.ЕТЈЕН

ЦСКА - ШАХТЈОР

УДИНЕЗЕ - ЗЕНИТ

ПСЖ - БРАГА

ВАЛЕНСИЈА/ДИНАМО (К) - МЕТАЛИСТ

МАНЧЕСТЕР С. - АЛБОРГ

МАРСЕЈ - АЈАКС

ХАМБУРГЕР - ГАЛАТАСАРАЈ

*Првите натпревари се играат на 12, а реваншите на 18/19 март


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.