IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Еден сведок дека Мехамед е пророк
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Еден сведок дека Мехамед е пророк

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 11>
Автор
Порака Обратен редослед
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 15:58
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

a ti sakas da kazes deka majk tajson e  pameten covek ? ... hahahahah ... bokser ... hahahahah .....

а што че кажес за 17 000 конвертирани Германски Христијани во Ислам, во 2005 год???


и не ја менувајте темава туку гледајте да одговорите на DAIJA или немате да одговорите ништо?

Изменето од zakon sam - 07.Јуни.2008 во 16:00
Кон врв
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 15:51
Originally posted by DAIJA DAIJA напиша:

Kolku li vi treba za da citate?


procitano e brate samo nemaat sto da odgovorat
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 13:56
a ti sakas da kazes deka majk tajson e  pameten covek ? ... hahahahah ... bokser ... hahahahah .....
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 13:54
Kolku li vi treba za da citate?
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Ezan-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ezan-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 01:40
Originally posted by IQ IQ напиша:

islamot se rashiril kako religija oti Muhamed im daval zemja na arapskite pleminja. zatoa tie go prifakjale islamot. a aristokratijata od Meka go prifatila za da si ostane na visokite pozicii.


hahaha opasni ste zimi se aj ako moze da mi iskomentirate segasnite konvertiti sto dobivaat sto preminuvaat vo ISLAM a ? i tie zemja da ne dobivaat hahah Tempo aj ziti se dosaden si so temava bistri ja ti malce tvojata vere baraj go ti tvojot JUDA vidi malce sto pisuva vo tvojata TORA pa posle jas ke ti dokazam kako Muhammed a.s bil prorok kako sto bil i Isa a.s.(Isus)vazi
Beautiful Mind

Кон врв
BUGS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Февруари.2008
Локација: India
Статус: Офлајн
Поени: 268
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BUGS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 00:02
Originally posted by zakon sam zakon sam напиша:

Brate ne go buni sega ima dosta za citanje DAIJA mu odrza edna dobra lekcija

Teshko deka ke uspee mnogu e toa za nego.Vo Ogranicenosta e problemot.
Кон врв
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:59
Brate ne go buni sega ima dosta za citanje DAIJA mu odrza edna dobra lekcija
Кон врв
BUGS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Февруари.2008
Локација: India
Статус: Офлајн
Поени: 268
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BUGS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:53
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Drugite ne se bozji sinovi ....

Nema bozji sin,ALLAH e eden i edinstven bez brat,sin ,kerka ili bilo shto drugo,a prevrtenata biografija ili promenetata Biblija se delo na losh*te misli na covekot.
Isa e isklucok,koj e dobien kako rezultat na voljata na ALLAH Merjem ili Marija da dobie sin,koj ke ja pokaze silinata i edinstvenosta na ALLAH i samo ALLAH ili gospod kako sakash.Isa ne e gospot toj e pratenik,za da ne izvadi ili da gi izvadi na prav pat nas tapcovcite.
Кон врв
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:51
Allah da te nagrade Daija!

Ajde,sega Risjanista Citajte!

Изменето од zakon sam - 06.Јуни.2008 во 22:50
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:42

Целиот негов живот бил чудествен и сите великани на светот се немоќни да остават зад себе една таква биографија. Во секој нејзин дел се огледа достоинство и величина: во снагата и спорската градба на неговото тело, во неговиот иницијативен дух, во тоа што победата никогаш не би го занела до таму за да го направи охол, ниту пак поразот толку го потресувал да би му предизвикал гнев или за да му ја згасне волјата; во неговата постојаност и непоколебливост во жестоките борби, така што и најхрабрите придружници зад него се засолнувале, во неговата храброст, пред која паѓале најголемите јунаци; во неговата понизност кон сиромашниот и бедниот и вниманието кон сиромашната жена, вдовицата и старицата; во неговото прифаќање на вистината и во искреното доставување на Божјата објава, така што ги обнародил и оние цитати што се објавени за да го прекорат и оптужат; во неговото почитување на договорот и спогодбата и чување на дадениот збор, без разлика колку труд и потешкотии ќе чини неговото одржување, и сеедно дали се работи во тоа за неговото лично однесување или за државните прашања.

 

            Чудесно е:

 

            Во неговото истенчено чувство и вкусот, во воведувањето на прописите на јадењата и поставувањето на темелот на чистотијата; во неговото однесување со другарите, бидејќи тој нив ги подучувал и со нив дејствувал. Живеел како што и тие живеат, со нив се советувал и нивните предлози ги прифаќал, седнувал таму каде ќе нашол празно место, при крајот на седенката, така што оној кој би дошол да го види, би погледнал во лицата на присутните и би прашал: „Кој од вас е Мухамед?“ Затоа што, Мухамед, нека е Божјиот мир над него, не се разликувал од нив ниту во седењето, ниту во облеката – во сè бил како нив; во неговото пристојно, крепосно однесување со жените, во однесувањето во куќата, и со семејството; во неговата искрена шега и во ведроста на неговата душа; во тоа што бил љубен од секое срце; во неговата понизност и во одбивањето да се смета за крал; во спречувањето на другарите да стануваат пред него; во тоа што сам ги извршувал потребите на своето семејство и со својата рака ги крпел своите обувки; во тоа што живеел со живот на сиромаштија, одрекувајќи се од богатството, а не заради немоќност да го поседува. Да сакал, дворецот ќе му бил поголем од кралските палати и од царскиот дворец. Меѓутоа, тој го избрал оној свет, па така должината на куќата на сите негови жени, неговите девет жени, не преминувала дваесет и пет метри.

 

            Куќата на Ајша се состоела од соба, изградена од глина и керамиди, и била толку тесна што не & била доволна за спиење и за молитва, и кога Пратеникот би клањал во неа, би ја отстранувал нејзината нога за да направи сеџда.

 

            А, што се однесува до нејзината храна, Ајша пренесува дека поминувал и по месец или два, а оган во куќата на Пратеникот не бил запалуван за да се испече на него леб. И кога била прашана:

 

            „Со што сте се хранеле тогаш?“ – одговорила: „Со вода и со урми!“

 

            Тоа било храна на семејството на Пратеникот.

 

            Потоа, во неговата красноречивост и реторика, затоа што бил најречитиот говорник, реторичар.

 

            Во сето тоа се огледува чудесата, како доказ дека Бог не го избрал за највозвишената мисија, ниту пак го направил последен веровесник, додека за тоа не го подготвил со подготовка која го направила единствен помеѓу синовите на Адам. Тој нема, Бог да му се смилува и да го спаси, ривал во неговите доблести!

 

            А, Бог најдобро знае на кого ќе му го довери Своето пратеништво!

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:41

Тие се сеќаваат на сето она што го правеле и знаат што заслужиле, меѓутоа, се присетуваат исто така и на Мухамедовиот морал и ги знаат неговите идеали, па рекле:

 

            „Благороден брате, сине на благородниот брат!“

 

            А, потоа замолчале очекувајќи ја конечната пресуда, и да била пресудата сите да се испоубијат, не би се нашол ниту еден историчар, било да е пријател или непријател, кој би го прекорил макар со еден збор. Меѓутоа, пресудата на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, била нешто друго. Таа била изненадување кое никој не го очекувал, изненадување кое го восхитил неговиот век и секој век кој ќе дојде после него. Им рекол: „Одете, вие сте слободни!“

 

            Жал ми е што оваа глетка (постапка на Пратеникот) овака скратено ја прикажав, а имав желба да &  посветам едно цело поглавје и да ви го осветлам онака како што заслужува да биде осветлено. Оваква постапка изискува снага на десет илјади борци.

 

            Се чудам зошто подоцнежните писатели на биографијата на Мухаммед се обидуваат да спомнат што повеќе чудеса, опширно говорејќи за нив, па додавајќи им ги и оние кои воопшто не се случиле? Зошто им е потребно тоа? Зошто им е потребно тоа кога секоја глетка од животот на Божјиот пратеник и секоја страна на неговата личност е една од најголемите чудеса?

 

            А, што е чудото? Зарем не е она што луѓето се немоќни да го направат?!

 

            Неговата искреност и доверба се чудо. Нема да ви наведувам многубројни примери, затоа што просторот е тесен, туку ќе наведам само еден настан покрај кој за време на читањето сум поминал стотици пати, читајќи го како обична вест, сè додека еден ден не го запазив, ненадејно... и еве го, одеднаш, чудо. А, колку известувања во биографијата има слични на ова? На сите им е познато дека Пратеникот во текот на хиџрата, во Медина на своето место го оставил Али да им ги врати на к*рејшиите доверените предмети кои му биле доверени на чување, па дали некогаш сте размислувале за приказната на тие аманети?

 

            Му оставил на Али да им ги врати на к*рејшиите, а не на муслиманите, затоа што Пратеникот бил последен кој направил хиџра (мигрирал), останувајќи во Мека, како што останува капетанот на бродот кој тоне, не напуштајќи го, сè додека не слегнат сите патници и не стигнат до чамците за спасување. Тоа е доблест која покрај останатото ја спомнав.

 

            Приказната за доверените предмети се состои во тоа што к*рејшиите, и покрај сето она што било помеѓу нив и Пратеникот, не можеле да најдат никого на кого би можеле да му го доверат своето богатство на чување, освен на Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Па замислете две различни партии меѓу кои владее војна, борба со јазик, рака, принципи и вера, а членовите на едната партија му ги поверуваат своите имоти и богатство на чување на човек од другата – противничката партија!

 

            Дали некогаш сте слушнале за оваков случај? И како ќе му го дадат на чување на тој противник, ако неговиот морал и доверба, не претставуваат една од чудесата, и ако секој сомнеж во тоа не е еден од апсурдите?

 

            Таков бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него,!

 

            Кога Пратеникот, на денот на Бедр, пред борба, ги израмнил редовите на својата војска, а во раката држел стрела, наишол на Суад ибну Газјет како штрчи надвор од редот, па го турнал со стрелата во стомак и му рекол: „Израмни се, о Суаде!“

 

            Овој му одговорил: „О, Алахов Пратенику, болка ми нанесе, а Алах со вистината и правдата те испрати!“ Замислете ја оваа глетка: на заповедникот на војската му се спротивставува обичен војник со овакви зборови, што мислите, што ќе направи со него?

 

            Ќе го казни? Ќе го остави? Или ќе биде толку великодушен и благороден, па ќе го помилува и ќе му прости? Или ќе се дигне над тоа, па ќе му рече: „Прости ми, јас ти се извинувам!“?

 

            Меѓутоа, Мухамед направил нешто што никој не би го направил, ниту пак на некој би му паднало на ум да го направи. Му го открил својот стомак, му ја дал стрелата и рекол: „Врати ми – изврши кисас!“

 

            Дозволил над него да се изврши кисас, т.е. да му се возврати за нанесената навреда, а тој е првенец на човештвото.

 

            Таков бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него!

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:40

И на жителите на Таиф (град во Саудиска Арабија), за кои сте слушнале што направиле со Пратеникот, им простил откако го прифатиле исламот. А, еве ви ја и најголемата глетка, највозвишениот пример во сите векови: жителите на Мека него и неговите придружници ги ставале на разни неволји и маки, го вознемирувале и телесно и душевно и во верата, го кажувале за него она што го кажувале, го навредувале и него и неговите придружници, ги прекинувале врските со нив, го бојкотирале, во го затворале меканските клисури, му ставале трње на патот, му фрлиле утроба од камила на главата (додека бил на сеџда), го исмевале на разни начини, а сето тоа не траело еден или два дена, ниту година или две години, туку тринаесет (полни) години! Потоа се бореле против него и му ги убивале роднините и другарите, додека не ги совладал и пред себе околу Ќаба не ги поставил, понижени и без заштита. И дошол моментот на осветата... Не, оставете го зборот освета, затоа што тој не приличи на овакво место; момент на шеријатска казна која ќе претставува одговор на долга серија на напади и навреди, и еве што (Пратеникот) им вели: „Што мислите, што ќе направам со вас?“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:40

И на Хинда, жената на Ебу Суфијан, чија омраза кон Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и неговата мисија ја достигнала границата да го направи она што не би го направила ниту една жена, што не би направил човекот, волкот, ниту дивата мачка - да ги расече градите на Хамза, да го извади неговото срце и да го изеде... На Хинда, која во борбата против Пратеникот направила чуда, Божјиот пратеник & простил, склучил со неа завет на верност и го прифатил нејзиното прифаќање на исламот.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:39

Тоа е прифатено општествено прашање за кое Пратеникот разновидно и во разни прилики се искажал, па рекол : „Не е силен, оној кој противникот ќе го совлада во борба, туку силен е оној кој во гневот ќе се совлада“. Ова е вистина која можете сами врз себе да ја проверите. Така, ако силата со која го совладуваш противникот се проценува, на пример, со единица, тогаш силата која ти е потребна да го совладаш гневот, да го изгаснеш неговиот оган во градите и да изгледаш мирен во своите движења, глас и говор, се проценува на сто, затоа што таа е сто пати потешка од неа. Пробај да му пријдеш на разгневен човек кого гневот го заслепил, па не гледа ништо пред себе, па обиди се да го потсетиш на убаво однесување, благост и простување, па види дали ќе наидеш на еден од десет илјади кој во таква состојба ќе ти се одѕвие?

 

            Замисли дека некој човек ти ја убил најдрагата и најомилената личност, а потоа ти дошол покорувајќи му се на твојот повик, а ти да си мисионер; сакаш ли да ги заборавиш солзите кои си ги пролеал за својот ближен и драг, и тагата во срцето и да простиш?

 

            Божјиот пратеник му простил на Вахши, убиецот на Хамза, откако го прифатил исламот, меѓутоа, го совладала човечката природа, во она што не му се спротивставува на исламот ниту му штети на човекот, па му рекол: „Не излегувај ми пред очи!“, па Вахши се тргал од пред неговиот поглед.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.