|
Семејно насилство |
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Автор | |||||||||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
mislam deka tie ludje treba da se utepaat po kratka postapka ........ so kundak da se tepaat do smrt ............ ne vredi ni k*rsum da se arci na niv . osobeno ne vo sostojba na ekonomska kriza
|
|||||||||||||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|||||||||||||||||
Wonderful_Life
Сениор Амбициозна Бебушка Регистриран: 30.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7264 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Изјави на жртви
А.Б. 56 годишна жена, клиентка во Центарот за правна помош од Скопје: Се случуваше уште во почетокот, само јас не бев свесна, бев млада, со деца мали, со обврски. Секогаш да биде по негово, секогаш да се направи тој како што ќе каже, зашто јас сум била глупа и не сум знаела ништо. Не дај боже да подигнев глас или да му речев не е точно, тој веднаш ќе ме удреше. Затоа што го разбудил некој на телефон, не знам кој беше, се развика по мене, по име. Јас влегов во ходникот, правев зимница со роднини. Тој ме фати во ходникот и ме удри така силно. Падна, беше пијан. Тоа беше страшно. Јас само викав: Немој, немој роднините гледаат! Немој, зошто ме удираш?! Се ме болеше. И навредите негови и ударите. Со клоци некој да те мава по стомак или по гради и главата, да те фати за коса, и да ти ја удира од ѕид ... болките се јасни. Колку пати не сум можела да се издишам. Малтретирањето траеше цела ноќ. Ни самата не сум свесна зошто го правеше тоа. И кога ќе ме удреше, јас ќе свриштев, ќе речев: Зошто ме тепаш, па јас не сум стока. А тој ќе речеше: Што? Ова е тепање? Па, ти не си видела ќотек! Секогаш бев крива. Еднаш не рече јас сум крив. Во целиот наш живот од 36 години тој не рече јас сум крив, извини. Постојано се испитував, дури и него го оправдував. Ајде млад е, па може му смета тоа што сум го направила. Не знам што повеќе ме болеше – дали неговите навреди или ударите. Ми се собра сеж и едноставно, верувајте ми, се собрав едно сабајле кога тој отиде во град, ги зедов торбите и излегов од куќа. Да не ја повторат мојата грешка и да не чекаат времето да донесе некоја промена, туку тие самите да променат нешто во животот, и тоа веднаш. Затоа што со првото преќутување, со првото не сега, утре или следниот пат ќе направам нешто, веќе губат драгоцено време. Н.Г. 58 годишна жена, сместена во засолниште: Многу ми бил животот пеколен. Кога ќе ме тепа со стап, кога со клоци, кога со боксови, ќе ме фатеше за коса, главата од ѕид ќе ми ја удираше, морав да клекнам на коленици за да го молам, за да попушти. Животот таков ми беше скоро 15-16 години. Знаеше да фрла по станот, да крши. Цело време живеевме под стрес и под тензија. Во моментот знаеше да го смени расположението. Да заѕвони телефонот тој е веќе вознемирен. На коленици ќе клечи, те молам тоа веќе нема да се потвори. Но, само еден месец, по еден месец истата песна. Ги трпев сите последици, да не направам срам, да не речат децата мајка ни оди од маж на маж. Не го направив тоа. Заради тоа останав со него. Животот ми беше пеколен. Почна во 5 изутрината. Стана и го бркаше детето да си оди. Јас му реков: Ако си оди моето дете, си одам и јас. Си одам и јас од овде, па еве ти куќа и живеј. А тој го зел ножот без да го видам, кујнски голем нож, го зел и го скрил зад себе. Јас мислам како и друг пат дека само ќе ме удри. Но, кога го видов дека со ножот сака да ме погоди директно во срце, се настранив и место во срце ме погоди во стомак. Почнав да крвавам, ја затвори вратата и не ме пушташе за да искрвавам до смрт. Го фати и детето за рака, го вртеше ножот за да го убоде и детето. Обид за убиство кон двајца! Јас не знам како може таков убиец да шета на улица, само тоа не ми е јасно... В.К. 49 годишна жена, клиентка во Центарот за правна помош од Скопје: Зошто баш таа кошула што тој сакал да ја облече, таа не е испрана или не е испеглана или специјални некои чорапи што му одговараат во тој момент не се спремни. Ќе почнеше демек да се извинува што не запоставува и мене и детето, демек ќе се промени, само малку да се стрпам, или ќе избувне, па сето тоа ќе се завршеше со... не беше тоа водење љубов, туку силување. По тоа се чувствував уште помизерно. Не можев да внесувам храна доволно колку што ми треба. Почнав да повраќам во нервоза. Тахикардиите станаа секојдневни. Неколку пати морав да одам на дежурен лекар за проблеми со срцето. После една таква нервоза мораше да викне итна помош бидејќи се онесвестив. Цела ноќ ме држеше стиснато во себе, се извинуваше и рече дека никогаш повеќе нема да се повтори. Меѓутоа работите се повторија по неколку дена. Ќе се наљутев, ќе му речев ќе те оставм, не можам веќе. Добро, ќе ме видеше дека сум на крај, дека викам, дека лексилиуми пијам со години, од утре ништо не ти зборам, ништо не ти правам. Тоа траеше два – три дена. Во почетокот вината ја барав во себе, да не сум погрешила некаде. Разговарав со блиски пријатели, од страна како ме гледаат, да не грешам некаде, меѓутоа јас барем не најдов вина во себе. Се обидов да кажам на многу блиска моја пријателка, меѓутоа таа не ми веруваше. Мислеше дека така ми се причинува бидејќи тој беше типичен пример на класичен домаќин, на стар домаќин. Секоја жена која е жртва на семејно насилство нека го пријави случајот, нека не седи, за да не дојде до степенот до кој јас дојдов. Тоа го препорачувам на секоја личност, а знам дека во Македонија ги има многу. Многу прикриваме, знам дека се плашат. Не треба да се плашат веќе. Јавно треба да се излезе и да се каже што се случува. |
|||||||||||||||||
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
|
|||||||||||||||||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
ми остави длабок впечаток еден расказ:
за една македонка оставена од мажот си по време на летен одмор. еj така, оставил е со две деца сама. но не тоа ми направи наj длабок впечаток него силата коjа има таа жена- сама, со две деца , без дом , без работа , во туга држава да има успех. сама си е намерила работа, живее при приjатели / плакjа и наем/ и децата и не се останали ни боси , ни гладни. од мажот - ништо , ни вест, ни кост. сакам да се запознаам со неjа. за мене таа е хероj на нашето време. |
|||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Според написот во Нова Македонија
Мажи пак тепаат сопруги и родители Двајца скопјани што ги малтретирале своите родители, односно сопругата и малолетната ќерка, ќе одговараат за семејно насилство, информираат од скопската полиција. Тие деновиве биле пријавени од своите жртви и против нив експресно биле поднесени кривични пријави. Во првиот случај четириесет и петгодишен скопјанец со години психички и физички ги малтретирал своите родители. Тој, незадоволен од својот живот, вината ја лоцирал кај своите родители и постојано им се заканувал дека ќе ги избрка на улица или ќе ги убие. Завчера осомничениот С.Џ. дошол во станот на родителите К.Џ. (69) и Л.Џ. (64), кој се наоѓа на улицата Ангел Димовски во населбата Аеродром, и почнал да им вика и да ги навредува. Беспомошните родители само седеле настрана и ги слушале гадостите на своето чедо. Набргу тој почнал да фрла и да крши низ станот, а како капак на сè отишол во кујната и зел два големи кујнски ножа, со кои почнал да замавнува кон родителите. Тие исплашени за својот живот излегле од станот и побегнале, а кратко време потоа го пријавиле насилството на синот во полициската станица во населбата. Истата вечер тој бил лоциран и приведен. Во неделата, пак, во селото Волково, во полициската станица дошле мајка и ќерка, кои го пријавиле В.Т. (44) за насилство. Тие на полициските инспектори им раскажале оти сопругот често им викал и ги навредувал, а понекогаш и ги удирал. Така во неделата тој без никаква причина или повод се нафрлил на сопругата и почнал да ја удира, а потоа ќотекот продолжил и врз недолжното седумнаесетгодишно девојче. Според статистиките и анализите на МВР, семејното насилство е најзастапено во Скопје како град со најголем број жители во земјава. Во минатата година биле регистрирани вкупно 378 кривични дела, 730 прекршоци, а полициски екипи интервенирале по 3.671 поплака. Споредено со 2007 година, случаите на семејно насилство бележат пораст од околу 15 отсто. Само во Скопје полицијата минатата година регистрирала третина од сите кривични дела - 110 и прекршоци 235. Зад Скопје во сите статистики се Куманово и Битола. Гледано според сторители, деведесет отсто од пријавените се сопрузи или синови, а нивни најчести жртви биле брачните партнери, децата и родителите. О.Ч. Во Тетово намалена стапката на семејно насилство Тетовската полиција од почетокот на годинава евидентирала три кривични дела од областа на семејното насилство. Двајца од пријавените се сомничат дека ги тепале сопругите, а за насилство врз таткото треба да одговара еден тетовец. Според полициските податоци, бројот на семејни насилства во споредба со 2008 година е намален за три пати, бидејќи тогаш биле евидентирани девет случаи. - За разлика од минатите години, деновиве сè погласно се зборува за семејното насилство. И не само тоа, туку и сè почесто се пријавува во полицијата. Очигледно целосно се менуваат старите стереотипи и предрасуди дека сите кавги и недоразбирања во семејството треба да останат внатре -изјави Марјан Јосифовски од канцеларијата за односи со јавност при СВР-Тетово. Психичките растројства се најчеста причина на осомничените да дигнат рака врз своите блиски, а во трите кривично санкционирани случаи е употребена физичка сила, што завршило со нанесување телесни повреди. Покрај кривичните пријави, годинава тетовската полиција поднела и седум барања за поведување прекршочна постапка поврзани со семејното насилство, а примени биле и 32 поплаки, кои се финализирани со писмено предупредување на насилниците . |
|||||||||||||||||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
toa site go znaeme...i tuka nema resenie...go imalo i ke go ima...pricini ima mnogu...i nema sansa da gi iskorenime ovie gluposti...mozeme i morame da gi namalime!
|
|||||||||||||||||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
|||||||||||||||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Rabotata e sto ne smee da dojde do problem... |
|||||||||||||||||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
se i za razmisluvanje...kako da se resi problemot.
|
|||||||||||||||||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
|||||||||||||||||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Zakonot si e dobar, samo statistikive se uzasno zagrizuvacki.
|
|||||||||||||||||
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Едно мало потсетување.
Дефиниции и видови на семејно насилство Како семејно насилство се смета однесување сторено:
(дефиниција за семејно насилство КЗ на РМ, чл.122 ст.17) Семејното насилство се одредува како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите преку примена на сила, застрашување и манипулирање. Таквото одредување се однесува на најчестите облици на насилство во семејството: телесно злоставување, емоционално злоставување, сексуално злоставување и материјално/работно искористување.
Видови на семејно насилство: Психичко насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања и тоа: контрола, изолација, љубомора и емоционални страдања на жената, состојба што жените ги навредува или сопругот се однесува кон неа на начин таа да се чувствува лошо, доминација на мажот во семејството дека неговиот збор треба да биде последен, заплашување, заканување дека ќе ја повреди неа или блиски луѓе, спречување да работи надвор од домот, омаловажување или понижување пред другите, барање дозвола да побара здравствена заштита , инсистира да знае каде е и со кого цело време. Физичко насилство е дефинирано како: употреба на физичка сила или, пак, закана дека истата ќе биде употребена врз жената од страна на нејзиниот брачен (сегашен или поранешен) сопруг или вонбачен партнер или од друг полнолетен член од нејзиното домакинство. Сексуално насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања: силување, несакан сексуален однос, понижувачки сексуален однос, присила на гледање на порнографски филмови и подведување.
......во Р.Македонија секоја втора жена е жртва на психичко насилство. .......секоја петта жена е жртва на физичко насилство.......секоја десетта жена е жртва на сексуално насилство.
.....23,1% од жртвите на семејното насилство пријавиле дека барале медицинска помош.
.....55,4% од жртвите на семејното насилство се определиле на пасивност,се согласиле да го трпат насилството и да не превземат ништо да се ослободат од него.
Изменето од marija1000 - 09.Април.2009 во 01:57 |
|||||||||||||||||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|||||||||||||||||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
E toa e nesto sto navisitna nemozam da go podnesam, nasilstvo tepacki postojani raspravii, pijancenja i sl. A edna od pricinite, spored mene e toa sto mnogu zenski si mislat deka ke mu dojde pamet ili pak obratno maskite mislat deka ke se pribere i zasaka so vreme, pa i pokraj toa sto znaat so kogo se vo vrska pristanuvaat i na brak.
|
|||||||||||||||||
Klapsomun
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2050 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Ako ne mu se dopaga nesto moze da ja ostavi a nema potreba od tepanje zivotni ne se tepaat ne pa luge.
|
|||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Нормално не е... човечки не е...Каде замина нашето трационално почитување кон родителите????
Ја скршил од ќотек мајка си оти не му го препишувала станот Инцидентот се случил околу 19,20 часот во Скопје на улицата "Кеј 13-ти Ноември" , кога во станот на М.П.(55) дошло до расправија бидејќи таа одбила да го потпише договорот за препис на станот на нејзиниот син А.П. А.П.(35) од Скопје, пред три дена и скршил четири ребра на мајка му М.П. (55) оти таа не сакала да му го препише станот во кој што живеле. По крвничкото тепање тој мајката 24 часа ја држел затворена во станот. Наредниот ден кога ја ослободил таа побарала лекарска помош во Градската општа болница каде што била задржана на лекување, а случајот бил пријавен во полиција по што А.П. Бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.Инцидентот се случил околу 19,20 часот во Скопје на улицата "Кеј 13-ти Ноември" , кога во станот на М.П.(55) дошло до расправија бидејќи таа одбила да го потпише договорот за препис на станот на нејзиниот син А.П. Изреволтиран од непослушноста на неговата мајка А.П. се нафрлил врз неа и почнал да ја мава со тупаници и клоци по главата и телото. По бруталното претепување тој мајката ја заклучил во една од собите. Наредниот ден околу 17,30 часот А.П. ја пуштил да излезе од собата, по што таа побарала лекарска помош во Градска Општа болница, каде и се утврдени тешки телесна повреди -скршеници на четири ребра. |
|||||||||||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
НЕ ... ПСИХИЧКОТО НАСИЛСТВО Е КАРАКТЕРИСТИКА И НА МАЖИТЕ ... И ТОА КАКО ... ЗНАМ СЛУЧАИ ВО КОИ МАЖОТ МАЛТЕИРА ПСИХИЧКИ И САМО ПСИХИЧКИ ... ГО ВРТИ МУАБЕТОТ НАКАЈ МАЈКА И ... ТАТКО И ... И НАКАЈ НЕА ... А ТОЈЕ СЕКОГАШ, АМА БАШ СЕКОГАШ `ВО ПРАВО`... А НЕ СИ ГИ ГЛЕДА МАНИТЕ ... САМОУВЕРЕН, СИГУРЕН, ПСИХИЧКИ СИЛЕН... ЛИЧНОСТ НА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВРАТИ т.е. РЕПЛИЦИРА... |
|||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |