|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 7778798081 200> |
Автор | |||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бог да чува Меси! Па ако во Канада, Америка, Британија и слично кои што се така богати држави, има одреден наменски фонд за помагање на оние што немаат никакви примања, во Македонија фондот е оној истиот што го имаат и за градење споменици, и за скратување на бенефициите на земјоделците, и за социјална помош, и за уживање во друштво со шеикот итн итн итн, а е определена сума која што на сите ни ја земаат во форма на данок и останати давачки. Но ако така гледам па Америка а сигурно и Канада, Австрија и сл. ги помагаат и мајките со новороденче уште од прво дете, има вистинско бесплатно основно образование (ова за образованието ми е од роднини таму) и ред други поволности. Па во Грција делеа одредени парични надоместоци за купување автомобили што имаат пониска емисија на гасови, што ме чуди, пак од парите на сите граѓани. Интересно е што во законот никаде немам прочитано дека социјална помош добиваат тие што немаат никакви примања, ама го имам прочитано ова... За материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува приходи по сите основи пониски од износот на социјалната парична помош, утврден со овој закон и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува. Значи сепак можат да имаат примања до висина на социјалната помош. И во врска со проектов, колку што сум запознаен за стан може да аплицира СЕКОЈ што има приходи до 900 евра а нема имот на свое име. Значи тој некој може да има пола милион евра под перница (како бабата што и ги украдоа оние) а да нема имот на свое име. Не гледам дискриминација тука, па така и богаташот ќе си купи стан од 950 евра. Жалосно е она што го гледам додека сум во Скопје, становите во оние реонски центри и населбите што се подалеку од градот се само со цена до 950 евра. А другите и да сакаш да купиш, ќе си свиркаш затоа што се по 1300 евра Лојална конкуренција гледам Сиромавиот ќе си остане пак сиромав, ем заглавен до гуша во оваа Македонија. Нема да има никаква перспектива ни во следните 20 години. А ова го немам прочитано, но сигурно е вака....Нема да можат да го продадат станот ако им се родат уште 2-3 деца кои ќе бараат уште една спална. Нели за тоа постојат хипотеките и слично. Па додека магистрираат децата, родителите ќе го отплатат кредитот, може тогаш ќе им обезбедат стан со 3-4 спални Во интерес на дискусијата, ќе престанам со коментирање на оваа тема. Далеку е Македонија од западниот свет. А и не личи двајца Администратори да се препукуваат на ниедна тема .
Изменето од Santijago - 09.Февруари.2012 во 18:33 |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас уште на почетокот реков дека не ми се допаѓаат вакви акции. Ако побараш поназад ќе видиш зошто. Инаку разбирам зошто државата го прави тоа. И за ова ќе најдеш појаснување во моите постари коментари. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бог да чува! Не мешајте баби и жаби. Парите на социјалците им се даваат како неповратна помош за да преживеат додека немаат никакви примања. Тие пари се одделуваат од наменски фонд за ваквите прилики кој се надополнува со порезите собрани од платите на луѓето додека работат. Тоа се НИВНИ пари кои можат да ги користат кога се невработени. Акцијава со државното дотирање на каматите за купување на стамбени објекти нема блага врска со тоа. Луѓе, размислете што ќе прокоментирате пред да стиснете на тастатурата... не е работата само да тераме контри и инаети. Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 00:31 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е да си жив и здрав За луге со 900 евра месечни примања (семејно) државата ги помага со парите на оние кои земаат 200, 300 а кои незнаејки за ова си уплатиле стан и си плаќаат сами. Не може и не треба државата да биде за едни мајка а за други маќеа. |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако е така, тогаш и социјалците треба да ги вратат парите(бенефициите) кога ќе се вработат
За секоја година по 600 евра.
Имаат пари, зошто да не ги вратат? |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сантијаго, можеби тебе ти изгледа глупаво гледајќи од твојата перспектива на земање бенефиции кои ќе ти ги намалат давачките, но воопшто не е глупаво од страна на оној кој ти ги дава бенифициите.
Доколку имаш пари за целосна исплата тогаш ќе ги вратиш дадените бенефиции. На овој начин се избегнуваат можности за манипулации со акцијава. Во спротивно, кој е будала да не искористи земање стан кој делумно ќе му го плати некој друг ? За така поставените услови јас би бил првиот кој би бил против. Зошто државата да дели пари од џeбовите на СИТЕ граѓани да ги дотира оние кои имаат пари да ги испалатат становите ? Ако немаат во моментот на купувањето, а имаат подоцна, тогаш треба со исплатата на станот да ја вратат и помошта која им била дадена од државата. И тоа не треба да го гледаат како негативност, туку напротив, како позитивен потег на државата која им подaла рака тогаш кога им била потребна. Оноа другото би било "преку симит, погача". Изменето од Messenger - 08.Февруари.2012 во 17:24 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А чекај малку, од кај знае државата дали ти ќе имаш по 5 години? Мислам дека е толку глупаво да се зборува за тоа, поглупо нема Еве ти еден пример, двајца браќа, едниот женет едниот не. Женетиот зема кредит а неженетиот оди да работи надвор од МК. После 5 години му дава на братот 25.000 евра да си го исплати станот. Тој не дошол до пари, ама ете има за да ги исплати. Или примерот што го кажав. Ќе добијат подобра работа и пак ќе имаат да го исплатат предвреме. Па така ако до сега работеле двајца и земале по 300 евра. Тоа се вкупно 600. Може да биде задолжен во одредена банка 1/3 од вкупните примања, а тоа се 200 евра. По 3 години се вработуваат на подобро работно место и земаат по 600 евра плата. 600 евра не е невообичаена плата во МК, особено за високо образован кадар. Ќе имаат 1200 месечно и ајде и да сакаат да го исплатат кредитот, ќе си свиркаат. Поглупаво нешто од начинот на исплата на кредитов немам видено. Му викаш дека ќе ги исплатиш средствата во висина на долгот плус камата плус провизија, а тој ти вика Не може дечко, кај си се затрчал. 2. Не постојат банкарски кредити без камата. Постојат кредити без провизија за предвремена исплата. И навистина не верувам дека постојат банки во МК кои даваат да исплаќаш кредит на две недели. Изменето од Santijago - 07.Февруари.2012 во 22:47 |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ама јасно е дека не е за оние кои немаат пари. Кредитите можат да ги земат само кредитоспособни граѓани. Државата ќе ги субвенира оние кои го задоволуваат тој услов, а сепак немаат доволно средства за да ги исплаќаат целосните камати во рамките на условите поставени со договорот. Акцијава не е поставена како решение за сите стамбени потреби до државата и не треба да се посочи како неуспешна доколку не го направи тоа.
Паѓањето на цената на становите е нешто што би се очекувало како последица од оваа акција, иако сум убеден дека денес повеќе се говори за тоа отколку што навистина се случува... сепак малу е прерано толку брзо да се манифестира на пазарот. Треба да се достигне една критична маса на луѓе кои ќе се вклучат во акцијава и која ќе се рефлектира со намален интерес за купување станови по старите услови и цени за да може тоа да резултира со општо намалување на стамбените цени. Изменето од Messenger - 07.Февруари.2012 во 22:43 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1. Тоа е во ред, држават го предвила и тоа, па затоа вели:
Тоа е фер. Државата помага каде што нема, а не каде што има или ќе има. Инаку ќе се јават сите оние кои имаат пари и имаат намера да купат стан, а ќе се претставуваат дека немаат доволно средства... барем додека државата според договорот им ги субвенира каматите... а потоа ќе си ги изм'кнат готовите пари и ќе го исплатат станот. Демек, ем имаме пари, ем ќе ја изработиме државава да ни плати дел од станот ??? 2. Не знам дали постојат банкарски кредити без камати (провизии), но ако има такви, тогаш користете ги ! Кој е будала да плаќа камати ако може да мине без нив. Инаку, постојат разни варијанти на кредитно исплаќање и треба убаво да се заинтересирате за сите нив. Банките нема туку-така да ви ги кажат бидејќи не е во нивен интерес да ги исплатите кредитите со помал вкупен исплатен интерес. Каматата на кредитот може да се исплаќа месечно, на две недели (два пати во месецот) и неделно. Значи оноа што ќе се плати месечно се поделува на две или четири. Таквото полаќање помага вкупниот изнес на пари како исплатена камата во текот на амортизационото време значително да се намали. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи со вака мал број на апликанти... некако повторно се актуелизира прашањето... за која целна група на граѓани е наменета оваа акција... за оние кои немаат или за оние кои имаат... секако, крајниот број на апликанти ќе ни го даде одговорот... и на тоа дали акцијата е успешна или неуспешна... иако уште сега го знам одговорот... секако е успешна... еве токму сега гледам на МТВ кажуваат нешто за темата... ќе паднела цената на становите... ај и тоа чудо да го видиме, ако го видиме... но признавам... имаат јака пропагандна машинерија... јака... |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1. Државата помага на тие што денес немаат пари, немале во минатото и нема да им изникнат од никаде парите во следните 2-3 месеци. Но тоа не значи дека по 3-4 години тие луѓе нема да најдат работа за двојно повисока плата, па така би биле во можност да си ги отплатат долговите предвреме. 2. Комерцијална банка нуди кредити без провизија за целосна или делумна предвремена исплата. Тоа било така со години и сеуште е. Што значи дека сепак има... Никој не рече дека некој бара да го отплати кредитот без пенали. Ете ќе го земам и после 4 години сакам целосно да го отплатам. И како кај сите други банки ќе платам 1.5 до 2 % провизија за предвремена отплата, но колку што гледам овие бараат многу повеќе од стандардните 1-2%. А не сум запознаен со такви кредити во МК на двонеделна исплата. Сите имаат достасување на ануитетот на 16ти во месецот. Ден два разлика од банка до банка.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тој дел има логика иако изгледа нелогичен. 1. Државата помага под претпоставка дека луѓето немаат доволно пари. Доколку некој сака предвреме да го исплати кредитот тоа значи дека има пари и држата субвенирала некој на кој не му требала помош. Ако се дозволи ваквата опција, тогаш акцијава нема да има никаква поента, освен осиромашување на државниот буџет ... патем секој граѓанин со право ќе праша зошто државата тогаш не им ги субвенира кредитите на сите луѓе ??? 2. Тука постојано читам за немањето опција на предвремно исплаќање на кредитот. Тоа е навистина опција која ја нема никаде во светот без плаќање пенали кон оној кој го дава тој кредит (банката или во овој случај државата и банката). Но проверете дали договорот дава шанса за извесно допаќање на кредитот еднаш во годината до одредена висина. Во "нормалните" договори обично постои опција за едногодишно доплаќање во висина од 3 рати. На страна од сето ова, на оние кои земаат кредити би им препорачал кредитите да не ги земаат со 30-40 години амортизација, туку доколку можат на 15-20 години и со неделно или двонеделно исплаќање наместо месечно. На овој начин ќе зашетедат голема количина пари. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
глупости.....прави.....од ден на ден се поголеми.......
|
|||
Внеси реплика | страница <1 7778798081 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |